Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и Еколошкото друштво ЕКО ФАП од Охрид, реализираа еко акција во близина на авто кампот „Љубаништа“ и на брегот на Охридското Езеро во атарот на Љубаништа. Засадивме зимзелени дрва, а потоа на местото каде што се влева реката Черава во Охридското Езеро, им се придруживме на вредните ренџери и заедно, собравме околу 8 метри кубни отпад. На овој начин, ИПА Охрид се придружи кон акцијата IPA ...

На 01.05.2025 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 30.04.2025 година во 23.30 часот, во стан во Охрид, едно лице физички нападнал 34 годишна жена од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 30.04.2025 година во 13.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во кругот на Општата болница во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од охридското село ...

Празникот 1 Мај традиционално е репер за тоа како ќе изгледа главната туристичка сезона која е на прагот. Иако годинава се падна во четврток, многумина го споија празникот со викендот, а слично е и во земјите од регионот. Тоа придонесе голем број туристи од земјава и околните држави првомајските празници да ги минат на Охридската ривиера која изгледа како во шпиц на сезона. Убавото време ја раздвижи и Езерската флота. Бродови, катамарани, ...

Ниту една од предвидените регионални депонии не е на повидок, а нестандардните како Буково, иако требаше да бидат веќе затворени, продолжуваат и натаму да бидат жешки еколошки точки. Големо прашање е дали ќе профункционира регионалната депонија во Мегленци каде е предвидено да се депонира и отпадот од Охрид, вели хроничарот и еко активист Ѓорги Љатко во емисијата Интервју на Охридњуз, посочувајќи дека Македонија остана меѓу последните на ...

Од 5-ти мај ЈП Охридски Комуналец започнува со реализирање на Календарот за 2025 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид. Со календарот, велат, е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации можат да ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со честитка по повод 1. Мај – Меѓународен ден на трудот. Денес го славиме достоинството на трудот, посветеноста на работниците и сите оние кои со своeто знаење и работа го движат општеството напред. Нека овој ден биде потсетник за вредноста на праведните услови за работа, заштитата на работничките права и важноста на солидарноста. Честит 1. Мај – Меѓународен ден на трудот! Имајте пријатни ...

Во врска со одлуката на ФФМ за суспендирање на Оптинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС-Охрид), сојузот се огласи со соопштение во кое објаснува зошто и како настанала актуелната ситуација и тоа во годината кога се одбележува половина век од неговото работење. Соопштението на ОФС Охрид го пренесуваме во целост: ОФС – Охрид 50 годишнината од своето постоење ќе ја прослави како суспендиран сојуз, благодарение на „ОХРИДСКИТЕ АНОНИМУСИ” кои и се ...

Управниот одбор на ФФМ на седница одржана деновиве, донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија. У.О. на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид). Главните причини за ...

Доцна синоќа македонскиот фудбал и прилепска Победа загубија големо име. Во својата 54-та година од животот прерано почина легендарниот фудбалер и тренер на Победа, Николче Здравески. Николче Здравески речиси цела своја кариера ја мина во Победа, а играше и за Вардар и за Пелистер. Со Вардар во 1998 година го освои Купот на Македонија и постигна еден од двата гола во победата во финалето против Слога Југомагнат. Со својот матичен клуб ...

Охриѓанка од сограѓанин изнудила 44,9 милиони денари. Според МВР се работи за лихварска шема во која било инволвирано уште едно лице. СВР Охрид поднел кривична пријава против 39-годишна охриѓанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, како и против 35-годишен жител на Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично ...

ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради во населбата Бејбунар. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, посочуваат од Водовод, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 1305 метри и тоа: Средствата во вредност од 11.973.439,00 денари, за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Во првата фаза поставен е ...

Во тек се градежни активности за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ на потегот од ЕВН до Противпожарната станица. Денеска се вршеше поставување на нов асфалт на коловозот, по што ќе следува поплочување на тротоарите со камени плочи, информираат од Општина Охрид. Со оваа реконструкција, посочуваат, се комплетира сообраќајната мрежа во овој дел од градот, каде што претходно се изврши реконструкција на улицата „Дејан Војвода“. ...

На 28.04.2025 во 11.20 часот во ОВР Струга е пријавено дека екипа на ЕВН Македонија, при изведување работи во атарот на струшкото село Калишта, пронашла стара граната. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за артилериски проектил од Првата светска војна, калибар 105 милиметри и една чаура со каписла калибар 105 милиметри. Пронајдените предмети безбедно се подигнати од овластени претставници на Дирекцијата за заштита и спасување за ...

Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница – Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид објавуваат литературен и ликовен конкурс на тема „Глас на хуманоста“. Право на учество ...

Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, синоќа се одигра седмото коло од Бизнис лигата „Охрид 2025“ во шах. На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Градски гробишта Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО Дизајн Принт Студио Охрид и УИТ Апостол Павле Охрид. Во седмото коло постигнати се следните резултати: Конечна табела после седмото коло: Бизнис лига Охрид ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Охрид сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура до 18 степени. Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност, освен во четврток и петок кога претежно во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните ...

Се поништува Јавниот повик за финансирање проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите, информираат од Општина Охрид. Посочуваат дека утврдени биле пропусти, воопштеност и недостаток на критериуми по основ на кои би се разгледувале поднесените апликации. Се известуваат апликантите во периодот од 05.05.2025 година до 09.05.2025 година, да ги подигнат своите поднесени апликации во просториите на општина Охрид (канцеларија за ...

Репрезентацијата на М.Т.Т.Ф од денес до 4 мај ќе земе учество на Европското првенство во Талин, Естонија. Десет членови ќе ги бранат боите на Македонија, меѓу нив Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф и национален тренер црн појас V дан, Зоран Парулески, потпретседател на М.Т.Т.Ф, Даниел Крстески, претседател на дисциплинска комисија на М.Т.Т.Ф, Давид Велковски, Меѓународен лиценциран судија црн појас II дан и шест натпреварувачи, ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг., соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со оваа Одлука новата малопродажна цена на литар Еуросупер БС-95 ќе чини 73,5 денари, литар Еуросупер ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45 годишно лице од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед извршен на граничниот премин „Св.Наум“, како и при претрес во објект во Охрид, каде привремено престојува, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа амфетамин. На ...

Изминатиов викенд (26/27.04.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по ...

Во мај во основните училишта почнува уписот на ученици во прво одделение. Уписите ќе траат до крајот на месецот односно 31 мај. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. Училишата во Охрид веќе ги објавија известувањата во кои точно се наведени сите потребни документи и условите за упис на учениците во прво одделение. По исклучок детето може да ...

Од фирмата „Мактек Дооел“ известуват дека денес на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба, „стационажа“ – 14+500 ќе се изврши минирање во времето од 12:00 до 16:00 часот за потребите на „Гранит“ АД – Кичево. Од Центарот за управување со кризи информираат и дека од денеска до 02.05.2025 стручниот тим на „Мактек Дооел“ ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Мактек Тропикана“ Доо Скопје –„БЕХТЕЛ И ЕНКА УК 2 ЛИМИТЕД – Обединето ...

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура до 18 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утре и во среда утринските температури ќе бидат ...

Ракометарите на Охрид обезбедија пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија. Вечерва во салата “Билјанини извори” во финалето од групата 4, ГРК Охрид го совлада ГРК Тиквеш 34:25, полувреме 15:14. Првото полувреме мина во израмнета игра. Тиквеш подобро отвори и имаше предност во голем дел од првиот дел. Охрид играше стрпливо, Чаневски и Ѓорѓески на голот добро функционираа, разликата почна да се топи и Охрид успеа да го преземе водството ...

На 26.04.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од воздушно оружје бил испукан проектил во куќа на улица „Даме Груев“ во Охрид, при што било оштетено стакло од прозор. По насоки на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. На 26.04.2025 во 21.05 часот, на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, едно лице се обидело со ...

Екипта на Тиквеш од Кавадарци го совлада младиот тим на Аеродром во второто полуфинале од групата 4 од Купот на Македонија. Кавадарчани славеа убедливо со 41:30 и обезбедија пласман во финалето во кое ќе се сретнат со домаќинот на турнирот Охрид кој претходно беше поуспешен од Прилеп. Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Ангелов со 13 гола, кај Аеродром Симоновски постигна 8 гола. Победникот од мечот Охрид – Тиквеш, ќе избори пласман на ...

Македонскиот атлетичар, олимпиецот Дарио Иваноски, кој беше дел од спортската експедиција на „Охрид трчаТ“, победи на полумаратонот во Дубровник (Du motion), што се одржа денеска низ улиците на најпознатиот туристички центар во Хрватска и регионот воопшто. Дарио постави нов рекорд на 21 километар на „Du motion“, кој сега изнесува 01:08:02 часа. Иваноски им се заблагодари на организаторите за прекрасната организација и ги покани нив, како ...

Ракометарите на Охрид се пласираа во финалето на турнирот од Групата 4 од Купот на Македонија, кој се игра во салата „Билјанини извори“. Претпладнево Охрид во полуфиналето го совлада Прилеп со 32:27, полувреме 19:13. Во финалето Охрид ќе се сретне со подобриот од натпреварот Тиквеш – Аеродром, кој се игра попладнево. Најефикасен во редовите на Охрид беше Винисиус со 7 гола, Мацуока постигна 5. Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Мацуока 5, ...

Кадетите на ГРК Охрид синоќа во салата „Билјанини извори“, загубија од Еурофарм Пелистер 22:25 (8:13) во разигрувањето за пласман на Ф4 турнирот од Кадетската лига на Македонија. И покрај поразот, младите „гладијатори“ покажаа борбеност, игра и залагање, особено во второто полувреме, што ветува добра иднина на ракометот во Охрид. Клучно беше првото полувреме кое младите охридски ракометари го отворија во грч и речиси половина полувреме беа ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
4.12
75%
1018
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.75
94%
1023
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
91%
1015
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
12.86
86%
1023
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.6
63%
1023
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.57584

Паладиум

5562.08

Цинк

3.29

Родиум

352854.44

Сребро

2644.72

Рутениум

45750.51

Калај

46.26

Алуминиум

3.08

Платина

69349.16

Иридиум

212342.22

Злато

162791.45

Кобалт

64.04

Бакар

11.67