Екипата на Алкалоид убедливо го совлада Охрид 28:36 во дерби натпреварот од 4 коло од плеј-офот во Супер лигата, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“. Гостите имаа водство во најголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено ги освоија бодовите. Охрид беше рамноправен во првото полувреме во кое Ѓорѓески беше одличен на голот, но повторно “гладијаторите“ не го искористија добриот моментум на својот голман. Второто полувреме ...

Актерката Марија Новак наградена за најдобра споредна женска улога на четвртото издание на театарскиот фестивал „5РЕ” во Велес за улогата во претставата “Секс лаги и љубомора” од Народен театар Охрид. Во урнебесната комедија “Секс лаги и љубомора” Марија ја обликуваше својата улога со толку природност, харизма и прецизност, што нејзиното присуство на сцената не можеше да остане незабележано. Со вештина што извира од љубовта кон театарот, таа ...

Со цел да разубави просторот на охридскиот плоштад, во пресрет на Велигденските празници, денеска на тревната површина пред споменикот „Свети Климент Охридски“ беа поставени велигденски реквизити. Во ова привлечно катче за најмладите поставени се зајчиња, велигденско јајце, столчиња како и други шарени украси со велигденски мотиви и пораки. Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити кои ќе го красат градот за време на ...

Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, се воведува контролирано спуштање на рампата во стариот дел на градот со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот, информираат од ЈП Билјанини Извори. Посочуваат на рампата кај Горна Порта и тоа во периодот од 18 април, петок, од 07 часот до 22 април, вторник во 07 часот. Во тој период ќе биде ограничен ...

Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид. „Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дадат максимумот иако имаат неколку повредени играчи. Очекуваат поддршка и од охридската публика. Средбата, велат, ќе ја одлучи добра одбрана и што помал број на технички грешки. Натпреварот се игра во салата „Билjанини извори“ со почеток во 18 ...

Општина Охрид и ООУ „Христо Узунов“ со пригодна програма ќе го одбележат јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов. Настаните од програмата започнуваат во вторник, 22-ри април, со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор. Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и услови за дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. До петок ќе се задржи променливо облачно и ...

Охридските стрелци бележат два последователни настапи на Државното првенство и вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Двата натпревари се одржаа на стрелиштето во Битолската касарна каде учество зедоа повеќе од 70-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол во јуниорска и сениорска категорија. Старо-нов државен првак за 2025 год, во категорија на јуниори во дисциплината воздушен пиштол е Климент Мостро од ...

Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на солидарност од 14 до 20 април под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“ Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население. Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехрамбени ...

Саем за образование и кариера ќе се одржи на 30 април во Касарна Охрид со почеток во 12:00 часот во организација на Младински Центар Охрид. На едно место ќе може да се разговара со претставници од факултети, училишта и организации, да се дознае за стипендии, обуки и практики, да се добијат совети за CV, интервјуа и професионален развој, посочуваат од Младински Центар. Воедно, информираат дека наскоро ќе биде објавена и листата на учесници ...

Во среда не очекува тежок натпревар против екипата на Алкалоид со која имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона. Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Имаме неколку повредени играчи. Се надевам дека тие кои ќе излеземе на терен ќе дадеме максимум за да оствариме победа. Средбата ќе ја одлучи добра одбрана и што помал број на технички грешки, вели голманот на ГРК Охрид Даниел Ѓорѓески. Натпреварот се игра во салата „Билjанини ...

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале ...

Се одигра шестото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид. На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Градски гробишта Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО Дизајн Принт Студио Охрид и УИТ Апостол Павле Охрид. Во шестото коло постигнати се следните резултати: Моментална табела после шестото коло во Бизнис лига Охрид 2025: Бизнис лига Охрид ...

Претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални ...

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17 април (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“. На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна ...

Изминатиов викенд Штип беше домаќин на првото коло од бокс лигата на Македонија. Охридските боксери од клубот на “Алексо Огненовски” настапија со петмина натпреварувачи. Боите на клубот и градот ги бранеја и извојуваа победи: Михаил Аврамоски, Петар Трајчески, Христијан Стојаноски и Енис Алиу додека единствено поразен беше младиот и перспективен боксер Андреј Мајкиќ. Следното коло ќе се одржи во Делчево, по што следува државното ...

Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид во среда ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид. Иако не сме во нашиот најсилен состав и се наоѓаме во тешка ситуација, веруваме дека со Вашата поддршка можеме да го надмииме и следниот тежок натпревар. Да се бориме заедно, вели бекот Хироки Матсуока обраќајќи се до своите фанови. Натпреварот се игра во среда во салата „Билjанини извори“ со почеток во 18 часот. ...

Вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците во Скопје и надвор од држвата. Сите паценти се во стабилна состојба, освен двајца кои и натаму се во критична, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Од 57, деветмина се во Скопје, од кои двајца се на Клинички на Пластична хирургија, четворица во Свети Наум Охридски, еден пациент во ГОБ 8 Септември и двајца во приватните клиники. Во ...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,50, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продваат по 64,00 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 71,50 ...

Стручните служби во ООУ „Св. Климент Охридски” изработија едукативно видео во пресрет на уписите за прво одделение за учебната 2025/ 2026 година. Во видеото се опфатени практични вежби, совети и насоки за родителите на идните првачиња преку кои физички, емоционално и когнитивно ќе го подготват своето дете за поаѓање на училиште, посочуваат од училиштето. Изработката на видеото, велат, произлегува од бројните прашања кои родителите ги ...

Објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој се обезбедува помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100 проценти од направените трошоци, соопштија денеска од владината прес-служба. Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава ...

Во врска со објавениот напис во рубриката “Отворена” со наслов ,”Македепонија”, ЈП Охридски Комуналец информира дека посочената локација во Лагадин, каде често никнува дива депонија, претстсвува горлив еколошки проблем и дека и покрај сите напори и акции за расчистување, се повторува грдата слика. Ја информираме јавноста дека истата локација на ден 09.04.25 (среда) Ј.П.,,Охридски Комуналец” самоинцијативно ја исчисти од отпад кој несовесни ...

По тригодишна пауза, младиот охриѓанец Марко Пејчиновски е пред нов голем предизвик кој ќе го реализира на празникот Голема Богородица, на 28 август. Предизвикот е… “IRONMAN TRIATHLON” – три маратони во еден – токму поради тоа што не можам да трчам и скокам, причина која ме спречува да живеам нормален живот во последниве девет години. Тоа е најисцрпувачкиот, најискушителниот и најтешкиот триатлон. Специјално за мене – малку потешко. Од Св. ...

Профсионалната територијална противпожарна единица Охрид остро реагира на зачестените пожари на отворен простор кои ги уништуваат природните богатства. По пожарот во Дебрца неодамна, кога намерно беше запалена шума, охридските пожарникари вчера се бореа со пожар во трската кај кампот „Андон Дуков“, за кој исто така сметаат дека е причинет од човечки фактор. Тие бараат помош од граѓаните во борбата со подметнувачите на пожари кои ја ...

Продолжуваат пожарите на трска в долж крајбрежјето на Охридското Езеро. Последниот случај евидентиран е синоќа во близина на авто кампот „Андон Дуков“, информира Центарот за управување со кризи – ЦУК. Пожарот почнал околу 18:30 часот и се движел во правец на селото Подмоље. Во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникари и 3 противпожарни возила. Гаснeле запалена трска на охридското крајбрежје од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максимаплната температура во Охрид ќе достигне 16 степени. Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а ...

За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри и во моментов надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Посочуваат дека во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“. Во ...

На 12.04.2025 година во 03 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, две лица физички нападнале едно лице, сите од Охрид. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 12.04.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, по претходна судска наредба, извршија претрес во домот на 44 годишно лице од Струга. Притоа, пронајдена е, и ...

Во февруари годинава во земјава се евидентирани 45 992 туристи, од кои 34.7 % биле домашни туристи, а 65.3 % странски, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Најбројни биле туристите од Турција-6 485, Германија-3 971, Србија-2 875 и Грција-2 061, покажуваат податоците на ДЗС. Бројот на ноќевањата во февруари 2025 година изнесувал 94 981, од кои 40.0 % се од домашните туристи, а 60.0 % од странските. Во периодот јануари – февруари ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
94%
1022
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
72%
1019
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
4.93
96%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
0.89
91%
1014
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -2ᴼ
12.35
89%
1023
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
64%
1022
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1016
Currency

61.645

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.57584

Сребро

2644.72

Алуминиум

3.08

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Иридиум

212342.22

Бакар

11.67

Злато

162791.45

Платина

69349.16

Родиум

352854.44

Кобалт

64.04

Калај

46.26

Паладиум

5562.08