
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



ЈП “Билјанини Извори” – Охрид во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид организира и оваа година втор по ред 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”. Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список ...
Денеска почнаа вежбите на руската морнарица „Океан-2024“, а во нив ќе учествуваат повеќе од 400 воени бродови, подморници и помошни бродови, соопшти руското Министерство за одбрана. Во маневрите, кои ќе се одржат во водите на Тихиот и Арктичкиот Океан, Медитеранот, Каспиското и Балтичкото Море, ќе бидат вклучени повеќе од 400 воени бродови, подморници и пловни објекти за помошната флота, се вели во соопштението. Во вежбите ќе учествуваат ...
Важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. МВР денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и ...
Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.25 м.н.в што е за девет сантиметри под просекот за септември (693.34 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според податоците од УХМР нивото на езерото е 15 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 8 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в). Неделната ...
Од 2 до 8 септември, тестирани се вкупно 449 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2 при што регистрирани сe 111 нови позитивни случаи, со намалување од 15,3% во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 13 градови. Најголем дел од регистрираните ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното масло ...
Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на ...
Со новиот ребаланс на буџетот Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата. Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година. Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата, посочуваат од Владата. На ...
Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ која има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината. Општина Струга како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“. Доколку ...
Џудистите од ЏК Дрим Струга се закитија со 6 медали од кои два златни, три сребрени и еден бронзен на двата меѓународни натпревари “Трофеј Зворника” и “Алексинав 2024”. Со златен медал се закитија Мила Стојанова и Анамарија Стојмиловска, сребрен: Амар Бајрамоски, Мила Стојмиловска и Елеонора Јосифовска, додека бронзен медал освои Софија Матоска. Одличен настап имаа и Давид Спироски, Драгица Рафтоска, Јован Наумоски и Матеј Димитроски, но, не ...
На 93-годишна возраст во Охрид на 10.09.2013 почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколку вековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство. Во филигранот на Дерабан се вградени национални белези и во него пулсираат исконските дамари на македонската стара цивилизација. Тој беше синоним за македонскиот филигран и во неговиот дуќан ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град. Во Охрид времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 16, а ...
СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка. Вчера (08.09.2024), во координирана ...
Легендарниот италијански фудбалер и најдобар стрелец на Мундијалот 1990, Салваторе Скилачи, кому во 2022 година му беше дијагностициран рак на дебелото црево, е примен во болница, објави денеска неговото семејство. Легендарниот италијански напаѓач Салваторе Скилачи познат како Тото е во стабилна состојба во болница во Палермо, се наведува во соопштението. Со оглед на безбројните повици од медиумите и непријатните гласини кои кружат, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари. Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани од порно ѕвезди, но и други познати личности, соопшти дека на креаторите на содржини исплатила 6,6 милијарди долари, што претставува зголемување од околу една милијарда долари во споредба со претходната година. Бројот на профили на креатори на оваа ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја зголеми предноста на врвот на АТП листата по триумфот на Ју Ес Опен над аметиканецот Фриц (3:0), додека Србинот Новак Ѓоковиќ прв пат до долго време се спушти на четвртото место. Германецот Александр Зверев од четвртото се искачи на второто место, додека Шпанецот Карлос Алкараз остана третопласиран. АТП листа: (1) Јаник Синер (Италија) 11.180 (4) Александар Зверев (Германија) 7.075 (3) Карлос Алкараз ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Попладне, како и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Охрид до 28 степени. Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со ...
Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал и поранешен долгогодишен капитен Горан Пандев оцени дека вчерашниот резултат на македонската репрезентација против Фарски острови (1-1) е „понижувачки, кој ја прелеа чашата“ и ги повика претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот Благоја Милевски, да поднесат неотповикливи оставки. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно шесt години во Гибралтар му дадов поддршка ...
На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1970 година и од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010, Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Фарски острови вчера на гостински терен во воведниот натпревар од новата сезона во Ц дивизијата во Лигата на нации. Натпреварот во Торашвн почна непријатно за избраниците на селекторот Благоја Милевски, откако капитенот на Фарски острови Вилјормур Давидсен, им донесе водство на домаќините од пенал во 9 минута. Македонскиот состав во продолжението на првото полувреме беше немоќен да ја ...
Со дружење до доцна во ноќта, камперите од Авто кампот Љубаништа, го одбележаа крајот на уште една летна сезона. Повеќе од една деценија камперите од Охрид и други градови од земјава, традиционално се собираат на крајот од летото на голема забава покрај оган со музика, скара, „бакљи“ и неодминливото ноќно капење. Ова е прекрасен настан кој веќе премина во традиција, со кој завршува летното дружење на камперите кои се разделуваат со мисла дека ...
Ракометарите на Охрид ја декласираа екипата на Радовиш на гости на отворањето на новата сезона во Супер лигата. Синоќа во салата „25 Мај“ во Радовиш Охрид славеше со 18:36, полувреме 8:18. Домаќинот немаше одговор за цврстата одбрана и разноврсниот напад на Охрид на чија страна беше квалкитетот во овој натпревар. Најефикасен кај „Гладијаторите“ беше Ојлески со 7 гола, Бојаниќ постигна 5. Чаневски и Ристевски остварија 16 одбрани. Статистика ...
Белорусинката Арина Сабаленка ја освои титулата на последниот тениски гренслем турнир во сезоната во конкуренција на тенисерки, откако синоќа во финалето на Ју Ес Опен во Њујорк ја победи Американката Џесика Пегула со 7-5, 7-5. За Сабаленка ова е втора „гренслем“ титула во 2024 година, откако во јануари беше најдобра на Австралија опен. Откако лани загуби во финалето на Ју Ес Опен од Американката Коко Гауф, Сабаленка годинава направи чекор ...
Овој историски датум е важен за сите денешни но и идни генерации, ден кога се остварија долгогодишните желби и стремежи на македонците за суверена и независна држава, да бидеме свои на своето. Празникот претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу претходни генерации кои живееа со мислата за слободна и самостојна држава. Ова го истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, во честитката по повод 8. ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Охрид стабилно со температура до 29 степени. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник, под влијание на влажна ...
Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со ...
Турскиот кошаркарски репрезентативец Џеди Осман, кој е роден во Охрид, следната сезона ја напушти НБА лигата и следната сезона ќе го носи дресот на грчки Панатинаикос. Ова денеска го потврди сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос преку објава на својот личен профил на социјалната мрежа Инстаграм. Осман (29) е слободен играч откако минатата сезона ја мина во Сан Антонио, а неодамна се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Пред да ...
До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. Во интервју за неделникот „Фокус“, тој нагласува дека постојат бројни проблеми за изградба на автопатот, бидејќи се работи за земјиште што не одговара со класичните геолошки стандарди за изградба на автопат, но како што вели, нема да ја заморува јавноста со проблемите со кои се соочува Министерството. ...
Бигорскиот манастир, традиционално ќе го одбележи патрониот празник, „Отсекување на главата на Свети Јован Крстител“ и по тој повод, Свештената бигорска Обител ги поканува верниците на заедничка прослава на главната манастирска слава. Одбележувањето започнува на 10 септември (вторник) во 18 часот со празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во текот на ...
Од 17 до 22 септември во Охрид ќе се одржи 67. Светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА). На овој највисок репрезентативен собир на државите и полициите од светот-членки на ИПА, свое учество најавија 64 ИПА држави и нивни национални ИПА секции како и други меѓународни организации членки на Обединетите нации, со присуство на 240 учесници-високо рангирани полициски службеници во матичните министерства за внатрешни работи, ...