ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига. Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани. Вардар е добра екипа со физички силни играчи. Имаме доста време за работа, подготовки и анализа на противникот. Очекувам тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. Покажавме дека знаеме да играме со квалитетни противници, не очекувам ништо помалку ни сега и ќе продолжиме така ...

Ракометарите на Охрид се пред уште едно тешко гостување во Скопје. По возбудливото реми со Алкалоид во Автокоманда на отворањето на сезоната, викендов, „гладијаторите“ ќе одат на мегдан кај најтрофејниот Вардар, во едното од двете големи дербија на колото во Суперлигата. Еден од ракометарите кој што најмногу покажа досега во Охрид, Анте Иванковиќ очекува тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. „Во Скопје како и против Алкалоид ...