
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Света Троица — македонски православен храм во градот Охрид. Црквата се наоѓа во северниот дел на градот, односно во населбата Радојца Новичиќ во местото викано Дебело Поле. Таа е парохиска црква на Осмата охридска парохија. Осветена била на 15 јули 1990 година. Најактивен и најзаслужен човек за изградбата на оваа црква бил Јордан Петрески, работник од Охрид, по потекло од село Црвена Вода. Осветувањето и светата Лигургија ги водел Митрополитот ...
Непосредно пред својот роденден и пред почетокот на преобразителната и спасителна своја мисија во светот, мајката Црква денес човекољубиво нѐ повикува на грижлива молитва за покојните наши отци, браќа, сестри, роднини, родители и прародители. Со тоа таа ни укажува дека во неа сите ние, и живите и покојните, сме едно, еден свет, едно семејство, и дека во неа, всушност, сите се живи. Во овој дух, Бигорската Света Обител, собрана околу својот ...
Два попа пееја молитва, ги прскаа со света вода и ги благословија фудбалерите на еден фудбалски тим од Хилнадија и друг тим составен со фудбалери од Охрид. Овој несекојдневен верски обред се одржа на стадионот во Охрид., каде молитвата се пеела дваесетина минути. Тимот фудбалери од Холандија во Охрид пристигнале во организација на една македонска од Холандија, па нејзина била и идејата фудбалерите да бидат испејани од свештеници. Погледнете во ...
Во овие жешки летни денови, продолжуваме со активности за превенција и заштита од топлотниот бран. 💧❤️ Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и денес беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи им делеа вода и им даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран. 🤝 Акцијата ја помогнаа маркетите „Тамаро“, уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност. ☀️ Продолжуваме со ...
Питачи од цела македонија пристигнаа и ова лето на „печаба“ во Охрид. Сосема е јасно дека некој организирано ги транспортира овие луѓе во градот и ги остава по улиците да питаат,а од тоа заработува пари. Користејќи го топлото време тие не се трудат ни да се сместат некаде во некаков објект , туку ноќеска спиеа во парковите низ градот , а утрово продолжија да одмараат под сенките во тревниците на центарот во Охрид. Распослани по тревата со ...
Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените. Затоа, Црквата која на Педесетница упатува молитви за оживотворување со Светиот Дух на сите живи, на самиот ден на празникот, ја проси и за упокоените благодатта на сесветиот и сеосветуваштиот ...
21 јуни традиционално го означува почетокот на целосната туристичка сезона во трите општини кои се опкружени со Охридското Езеро – Струга, Охрид и Поградец. За прв пат Денот на Охридското Езеро беше одбележан во 2002 година, со цел да се придонесе за заштита на природното и културното богатство на регионот, како и натамошно приближување на жителите од двете страни на езерото. Земјата домаќин на настанот циркулира од една општина во друга, но ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43%, а 35,57% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64,65%, кон Итната медицинска помош 24,14%, a кон пожарникарите 6,32%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 856 повици за итни случаи на 112 за во ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министер во Министерство за транспорт, Александар Николоски во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека трите проекти со кои ќе занимава следната недела, веднаш по преземањето на функцијата се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп за кои прашања и граѓаните бараат одговори, како и браната Отиња која што е исклучително важна за источниот регион на Македонија. ...
Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. На 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“ Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на свети Теодор Стратилат. Кога ...
Во проактивен чекор кон одржливост и со цел одбележување на Денот на Охридското Езеро кој е утре, 21 јуни, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, организираше чистење на брегот на Охридското Езеро Под слоганот – „Чистиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, утрово организираше акција за чистење долж брегот на Охридското Езеро, како проактивен потег кон ...
Денеска се сретнав со членовите на боксерскиот клуб “Алексо” од Охрид кои на 22 јуни ќе земат учество на државниот натпревар што се одржува во Тетово. Како Локална самоуправа кој е постојан ветер во грб на сите спортисти и лично како поранешен спортист вложивме напори и на учесниците им обезбедивме спортска опрема. Сега и боксерите од клубот “Алексо” ќе настапуваат со унифицирана и брендирена опрема. Им посакувам успех , напиша на својот ФБ ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 69-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. – Пријавениот, од мај 2024, во својство на инвеститор на катастарска парцела во сопственост на државата, извршил ископ на карпа – природна реткост, со што ја нарушил стабилноста на столбови за пренос на електрична енергија и поставил бетонска плоча со која узурпирал ...
Возљубени верници, Ве известуваме дека по повод големиот празник на Светата Педесетница во Бигорската Обител ќе се отслужи: Сабота – 22 јуни 19:00 ч. – Бдение со повечерие, вечерна, утрена и прв час Недела – 23 јуни 07:30 ч. – Трети и шести час, Архијерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, Игумен на Бигорскиот Манастир, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител. ...
Прегазена змија на патот кај Студенчишта кој води до објектите на АРМ. Инаку на секои неколку денови има пријава за видени змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека во земјата нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отранување. Од ЦУК велат дека претходно граѓаните се жалеле дека не ги упатуваат до заловувач кои би можеле да го исконтактираат, а сега кога дежурните служби им нудат контакт со ...
Му беше претходник на престолот на римскиот папа Маркел. Па кога Диоклецијан го повика и му се закани со маки, тој им принесе жртва на идолите, заради што царот богато го даруваше со скапоцена облека. Маркелин горко се покаја и плачеше дење и ноќе за своето одрекување од Христа, како некогаш апостолот Петар. Во тоа време имаше некој епископски собор во Кампанија. Папата се облече во кострет, си ја посипа главата со пепел, па влезе во соборот и ...
Архивската документација на НУ Охридско лето, значајна за зачувувањето на документарното богато наследство, за првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив. Согласно Меморандумот за соработка помеѓи НУ „Охридско лето“ и Државниот Архив како и меѓусебниот договор помеѓу двете институции, архивската документација на НУ „Охридско лето“, од нејзиното создавање до денес, беше во целосна процедура на средување и обработка. Тимот на Охридскиот Архив ...
Викендов што доаѓа, на 22.06 2024 (сабота) , по четврти пат ќе се одржи Меѓународен Теквон-до ИТФ натпревар по сите Европски стандарди “ОХРИД ОПЕН 2024″, во организација на Македонската Традиционална Теквон-до Федерација и Теквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид. Генерален спонзор е “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за издигнувањето на овој спортво Македонија и за сите нивни успеси. Овај натпревар ќе биде под покровителство на Општина Охрид и ...
Со тетарската претстава ,,Цветко и неговата градина” започнува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња под мотото „Културата расте со децата“. Тетарската претстава ќе се одржи на сцената кај ТЦ Амам со почеток од 20:00 часот. ,,Цветко и неговата градина” е најновата хит претстава за деца која е создадена тематски за зачување на животната средина, за природата, екологијата, но и за здравата храна. Низ призмата на оваа претстава ...
На сцената во училишниот двор блеснаа талентираните ѕвезди, нашите вредни и талентирани ученици, кои цела година се подготвуваа за овој настан. Ученикот Симеон Целакоски со најголем број гласови од публиката го освои првото место, Климент Ковачески со ефективна музичка изведба го освои второто место, Розе Паункоска трето место, а наградено од жири комисијата беше дуото виолина и флејта Марија Лазаревска и Горазд Вељаноски. Честитки до ...
Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку ...
Особена чест и задоволство ми претставуваше извршувањето на функцијата Претседател на Советот на Општина Охрид. Во овие без малку три години како совет донесовме важни одлуки кои ја манифестираа нашата одлучност за воведување ред, реализација на ветените проекти, финасиска стабилизација на Општина Охрид и јавните претпријатија, решавање на долгогодишните проблеми на граѓаните со процесуирање на наталожените предмети… Верувам дека и понатака ...
На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот ...
Изминативе два месеца, откако мајка ми доживеа силен мозочен удар, животот ни се измести од колосек. Таа го помина работниот век како лекар по општа медицина во Охрид, посветено работеше, пациентите и беа на прво место, секогаш. Сега, ете се случи нејзе да и биде потребна помош, за да добие шанса да оздрави, за ,,Фокус” раскажува Александар Јанески, син на д-р Ружица Јанеска (74), која откако го добила мозочниот удар, по што паднала во кома, ...
Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица. Од Центарот за управување со кризи информираат дека возилото е лоцирано на место викано „Превој“ на Галичица. -Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“, велат од ЦУК. Екипа на СВР Охрид, планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, ...
Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга. Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната ...
Во сабота, на 22 Јуни, вечерта во 20, оо часот, со посебна свечена програма, во Уметничката галерија, во селото Белчишта, општина Дебрца, ќе биде отворена 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “, на која, учествуваат 11 ликовни уметници. На Колонија „Дебрца“, најстарата ваква манифестација кај нас, годинава, од Македонија, ќе творат: маестро Јордан Манасиески – Охрид, Лара Ташковска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, ...
Со голем елан и ентузијазам ја започнавме, но со уште поголем успех и гордост ја завршуваме оваа учебна година.🏆 ✔️Следните резултати од 🇲🇰 Државниот натпревар по Природни науки за учениците од IV, V и VI одделение се врвот на завршницата од изминатите училишни денови.⭐️⤵️ 4️⃣одделение: 🥇Дејана Спалевиќ – Прва награда 🥈Дарија Стефаноска – Втора награда 👩🏫Ментор: Елизабета Русеска 🥈Марија Савев – Втора награда 🥉Јана Мицеска – Трета ...
Во просториите на Општина Охрид, остварив срдечна средба со американската амбасадрока Н.Е. Анџела Агелер која беше придружувана од тим на експерти од областа на заштитата на животната средина и влијанието на луѓето врз езерата, напиша на својот фб профил градоначалникот Кирил Пецаков. Во објавата во продолжение се додава: Фокус на разговорот беше животната средина, УНЕСКО и развојот на градот. Ја информирав амбасадорката дека во тек се неколку ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 3ти до 9ти Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Караорман“ – „Богомилска“ – „Гоце Делчев“ (3 дефекти) – „Питу Гули“ – „Стив Наумов“ – „Коста Абраш“ – „Македонски Просветители “ – „Вардар“ – „Аџи Мустафа“ – „Ристо Чадо “ – ...