„Има помош, за живот без насилство“ е новата проектна активност што СВР Охрид отпочна да ја реализира на целото подрачје што го покрива. Проектот има превентивно-едукативен карактер а се спроведува со понагласени и интензивни контакти на полициските службеници од отсекот за превенција со граѓаните. Целта е нивно поблиско информирање за појавните почетни форми и манифестации на семејно и родово базирано насилство, механизми за рано ...
Од февруари започнаа активности кои во март прераснаа во целосна кампања посветена на жената, насочена кон превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“. Иницијативата е на Секторот за полициски работи од општа надлежност – Оддел за униформирана полиција, а се спроведува во координација со одделенијата за превенција, одделенијата за полиција и одделенијата за криминалистичка ...

