Денес заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски,градоначалниците на општина Кичево Александар Јовановски и општина Дебарца Златко Сиљаноски,пратеникот Ѓоргија Сајкоски,заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски извршиме увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Па така, од Изведувачот и Надзорот бевме известени дека во моментов се работи на стабилизација на косините, како дел од подготовките за ...

„Убавините на езерото, градот и спортот“ е насловена првата самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник, што ќе биде отворена во петок, на 26-ти декември 2025 година. Преку оваа изложба на едно место ќе ја доживеете смеата, тагата, возбудата, мирот и пред сѐ љубовта кон малите и големите нешта што животот и природата ни го даваат. Отворањето на изложбата е во 19:00 часот, во просториите на Младински центар Охрид, а промотор ќе ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 15ти до 21ви Декември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници . Отстранети се дефекти на следните локации: – „Момчило Јорданоски“ – „Радојца Новичиќ“ – „Коста Абраш“бр.4 – „АРМ“ бр.8 – „Петар Поп Арсов“ (2 дефекти) – „Спас Банџов“ – „АСНОМ“ – „Ариф Мустафа“ – С.Лескоец – ...

Својот јубилеј од полни 5 години Православна Младина кои дејствуваат во рамките на Вранишката парохија ќе го одбележат со пригодна црковно забавна програма на која покрај младите од од оваа парохија, ќе бидат поканет и гости надвор од нашата земја, а кќе биде промовирана и изложба на ретки рачно изработени дела. На ден 27 декември (сабота), со почеток во 16:00 часот, во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи свечен ...

Ги повикуваме сите деца кои се црковуваат во парохиската црква „Св. вм. Георгиј“ – Охрид, да ја изразат својата ликовна креативност и да се вклучат во ЛИКОВНИОТ КОНКУРС за престојниот БОЖИК 2026 година. Вашите цртежи оставете ги во црквата и на задната страна од цртежот не го пишувајте вашето име и презиме, туку составете шифра и потоа во заграда ставете ја годината на вашето раѓање. На пример: Канео (2020). А потоа ве покануваме на Божик ...

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против лице на (33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило. Тој, на 18.11.2025 година во 00,05 часот, кај месноста „Шуланска раскрсница“ во близина на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, управувајќи возило „Волксваген Амарок“ со дебарски регистарски ознаки, удрил во службено полициско моторно возило „Дачиа Дастер“, управувано од ...

Роден е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Египетска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Египетската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но, кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава ...

Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид донесе врвна уметност и празнична атмосфера. На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со нивната импресивна изведба и извонредна ...

На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз лице на (44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон. Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека лицето починало. Увид на местото на ...

Најмладите верни чувари на Христијанството и верата, дечината од Православна младина при Парохијата Вранишка, полека ги отпочнуваат подготовките на Бадниковата поворка, која традиционално ја реализираат на Бадник, денот предвесник на Христовото раѓање. Драги дечиња и родители, со радост ве информираме дека во пресрет на големиот празник Рождество Христово како и секоја година ќе се организира Бадникова поворка во нашата парохија. Оваа ...

Концесионерот на рекреативната зона „Охридско Езеро“ „Питон Фишинг“ ги пориби Сатеска и Песочка река со повеќе од 10.000 рипчиња подмладок охридска пастрмка. – Како концесионери на рекреативниот риболов, извршивме порибување на Сатеска и Песочка река, а во денешниот ден и Коселска река со најмалку 10.000 рипчиња подмладок од охридска пастрмка. Овие реки не биле порибени повеќе од 20 години. Грижата за природата е наша обврска од која нема ...

Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излеаја мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше: „Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“. По смртта на својот татко, царот го постави за свој намесник на ...

Собранието на здружението на пензионерите на општинте Охрид и Дебрца на ден 17.12.2025 ја одржаа својата шеста редовна соедница со своите членови од мандатниот период 2023/27 во проширен состав. Седницата се одржа во два дела и тоа работен ки свечен дел. Со седницата претседаваше Ристо Трајкоски , претседател на собранието . Во работниот дел се донесоа повеќе одлуки за тековното работење на здружението, се донесе одлука за измени и ...

Со искрена радост денеска присуствував на големата хуманитарна манифестација на градскиот плоштад на која беа поделени над 3.500 новогодишни пакетчиња за дечињата од охридската градинка, првачињата од основните училишта во Охрид, како и дечињата со посебни потреби. Детските насмевки се најголемата потврда дека заедништвото, солидарноста и грижата за другите се вистинските вредности кои треба да ги негуваме, особено во празничниот период. ...

Чест ми е што денеска мој гостин беше амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата разговаравме за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и сите значајни капитални инвестиции кои се приоритет на локалната власт во иднина. Беше разговарано и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и ...

Четвртиот по ред еко пазар на “Училиштата без пластика” ќе се одржи утре, 20ти декември од 12.00 часот во Охрид Мол. Пазарот на облека, обувки, книги и други предмети на втора рака е дел од напорите на програмата за подигање на свеста за опасностите од текстилниот отпад и негативните ефекти врз здравјето на луѓето и животната средина на брзата мода. Заради зголеменото производство на облека и олеснет пристап до нови парчиња на текстил, ...

Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на ...

На 17.12.2025 година во 17:50 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (35)г. од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност. Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов“, им упатувал закани и оштетил дел од апаратите. По целосно документирање на настанот, против ...

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода лице на (40) од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ...

На 17.12..2025 во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода лице на (45) од Кичево. При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во ...

Директорот на училиштето Ристе Јанкоски приреди свечен пречек за ученикот Владимир Димитриевиќ, по повод неговиот исклучителен спортски успех и освојувањето на бронзен медал на Светскиот ИТФ куп во Солун. Медалот е освоен на престижниот меѓународен турнир „King of Taekwon-do“, на кој учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава, што дополнително ја нагласува тежината и значењето на овој успех. Во рамки на средбата, директорот Јанкоски ...

Во сабота, 20 декември, еден од најпрепознатливите ноќни клубови во Охрид – INclusive Disco, одбележува 4 години постоење со голема роденденска забава. По тој повод, на сцената ќе настапи Ѓоко Танески, во вечер исполнета со емоции, музика и енергија. Во изминатите четири години, INclusive Disco изгради уникатен идентитет на клуб кој не следи трендови, туку создава свои. Преку инклузивна тематска програма, разновидни музички настани и ...

Родум од Битола. Се подвизуваше најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа премина во Кареја, на Света Гора, каде што го продолжи подвигот под раководство на старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Светите Архангели. Откако ги победи човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се пресели во Царството Христово, на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени ...

В недела, 21 декември од 19 часот во ланџ бар „Долна порта“ ќе биде промовирано новото книжевно остварување на Марина Шикова Димовска, романот „Повторно роден“ – издание на ПНВ Публикации – Скопје. Промотори на книгата ќе бидат м-р Милчо Јованоски и писателот Јордан Коцевски. Ова дело е создадено според вистинска животна приказна, која во себе носи многу искушенија, многу душевни превривања, пороци, покајание, сиви и тмурни денови на ...

Епохалното откритие на архајското богатство од Корошишта, Струшко предизвикува голем интерес низ Европа, вели директорката на Археолошкиот локалитет на Македонија, Магдалена Манаскова. Перо Арџанлиев, кустос-советник и раководител на проектот, вели дека во 2020 за време на земјени работи во близина на селото Корошишта сосема случајно беше направено извонредно археолошко откритие – беа откриени бронзен шлем и фрагменти од бронзен сад. Овие ...

Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги ...

Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата на општината. Оваа активност е дел од пошироките напори за воспоставување одржлив и ефикасен систем за управување со отпад. Со воведувањето на оваа иницијатива, граѓаните ќе имаат можност својот стар, оштетен или непотребен текстил да го одложуваат ...

На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на Македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, охридскиот музички ас Ѓоко Танески, DJ Yuxell и DJ Bagzi. Музичкиот дел започнува во 20:00 часот. ‎ ‎ ‎Новогодишната програма и оваа година го вклучува проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе ...

Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Охрид во соработка со OHRID MALL, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебните лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца Ве очекуваат во посебни подготвен новогодишен пакет-кутија веднаш покрај големата новогодишна елка во Ohrid mall. Благодарност до голем број наши ...

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
29%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
54%
1019
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
63%
1015
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
4.99
55%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
5.14
50%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
35%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
7.72
57%
1018
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
2.24
25%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
39%
1017
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Алуминиум

3.54

Калај

49.49

Паладиум

46200.62

Рутениум

52984.43

Сребро

2365.28

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

147447.44

Платина

62147.39

Цинк

0.00

Бакар

11.92

Родиум

321507.47