Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Родум од Штип. Вo 1963 година замина на Света Гора. Беше замонашен во манастирот „Свети Павле“. Сето време додека престојуваше на Света Гора избегнуваше контакти со луѓе. Меѓутоа, неговиот престој таму не траеше долго; мораше да се врати во својата родна земја и се насели во Лесновскиот манастир. Никогаш не му даваше одмор на своето тело – речиси никогаш не спиеше, а и кога спиеше, секогаш лежеше на земја или на тврда рогозина. Иако многу ...
Покрај дежурните екипи кои беа ангажирани во текот на ноќта и утринските часови за интервенирање со абразивни средства со специјална механизација, од раните утрински часови на критичните точки се ангажирани сите расположиви екипи за одржување на јавната чистота; Рачно се нанесуваат абразивни средства каде има потреба за непречено движење на пешаци: по тесни улици и скали во стариот дел од градот, тротоари и други јавни површини Покрај ...
Од 09:00 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21:00, информира ЈП „Македонија пат“. Претходно беше соопштено дека од 08:20 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25. Од 09:00 часот утрово е укината ...
Младиот кошаркар Лазар Гиноски од Струга испиша златна страница во својата млада кариера во Соединетите Американски Држави, каде што настапува за својот средношколски тим во сојузната држава Тексас. Неговиот тим ја освои државната титула, а Лазар беше прогласен за МВП (најкорисен играч) на шампионатот – признание што зборува за неговиот огромен придонес и квалитет. Неговите поени, асистенции и одбрана беа клучни во решавачките натпревари, ...
Светиот Јосиф Обручник потекнувал од родот на царот Давид. Од првиот брак тој имаше четири синови и две ќерки. Откако стана вдовец, светиот Јосиф живееше во строго воздржание. На осумдесетгодишна возраст беше избран од првосвештениците да биде чувар на девството на Пресвета Богородица, давајќи завет на безбрачност. За воплотувањето преку неа на Синот Божји му беше јавено од Ангел. Светиот Јосиф беше присутен при поклонувањето на пастирите на ...
На 10.01.2026 во 04:15 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (27) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал лицето и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и ...
СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против лице на (61) од Охрид и лице на (62) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а ст.1 и „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по чл.389 од КЗ. На 12.03.2021 год. од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид извршен бил увид на парцела во Велестово, каде како инвеститори биле прво и ...
СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т. (52) од Охрид и Е.Д.Г. (43) од Радовиш поради сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а ст.1 од КЗ. На 17.12.2025 од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид извршен бил увид на парцела во Велестово, каде како инвеститори биле прво и второ пријавениот, при што на лице место констатирана била градба ...
Делови од ѕид на стара и дотраена куќа се урнаа на улицата Питу Гули во Охрид – алармираат жители на овој дел на Охрид. Куќата е стара и се урива дел по дел , а врз неа нема никаква имтервенција бидејќи сопствениците живееле во Австралија. Жителите велат дека куќата може да се урне цела и е опасност за минувачите Делови од ѕид на стара и дотраена куќа се урнаа на улицата Питу Гули во Охрид – алармираат жители на овој дел на Охрид. ...
На 09.01.2026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Охридско Езеро, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад лишени се од слобода две лица и двајцата од с.Пештани, охридско. При преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските службеници во координација со рибочуварска служба, на ...
Силниот дожд што непрекинато паѓаше во текот на изминатата ноќ предизвика проблеми и материјални штети на повеќе локации во Охрид. На улицата АСНОМ е скршен бор кој паднал на тротоарот и врз неколку паркирани автомобили. Засега нема информации за повредени лица, но е причинета материјална штета. Надлежните служби излегоа на терен за отстранување на паднатото дрво и расчистување на просторот. Граѓаните пријавуваат и поплавен дел од Булеварот ...
Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија цутеше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот, бавејќи се со тој град, дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да ...
По повод одржувањето на годинешното издание на „Вевчанскиот карневал 2026“, една од највпечатливите и најстарите културни манифестации во Македонија и регионот, денес, петок, 09 јануари 2026 година се одржа ПРЕСС конференцијата во Ресторан „Пелистер“ – Скопје. На прес-конференцијата учествуваа градоначалникот на Општина Вевчани, г-дин Спасе Кочоски, официјалниот ПР на „Вевчанскиот карневал“, новинарот и водител Антонио Димитриевски и еден од ...
Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и во Охридско, поради излевања реки, се дејствува со механизација. На подрачјето на Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во Општина Кочани е забележан значително ...
🫶Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на 11 семејства од социјално ранливи категории🫶 🔥Водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашиот град, Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на единаесет семејства од социјално ранливи категории; Се надеваме дека со оваа наша донација ќе ги затоплиме домовите на овие семејства кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури 🫶Ј.П.„Охридски ...
Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Јерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш, ...
Од печат излезе книгата „Молебен канон на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан“, во издание на издавачката куќа „Канео“ при Дебарско-кичевската епархија. Канонот е составен по повод 70-годишнината од раѓањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и претставува духовен принос пред престолот Божји и молитвен израз на љубовта на Црквата кон својот Претстојател и неговиот небесен закрилник. Во печатеното издание, канонот е нотиран ...
Сообраќајот на патниот правец Струга – ГП Ќафасан е нормализиран. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, Стража, Македонски Брод и Буково. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе ...
Младиот талент, охриѓанецот Димитар Васлиевски го најавува своето прво официјално музичко издание – песната „Твоето име“. Димитар е автор на текстот, со поддршка на познатиот продуцент, аранжер и композитор Хари Котларовски ја сними својата прва песна во 19-тата година од животот. Видеото е реализирано од страна на Даниел Јовески во неговото студио. Песната “Твоето име” Димитар ја посветува на сите слушатели. – Мојата љубов кон музиката е ...
Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 09.01.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција Селектирај правилно! ...
Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, по обилните врнежи од дожд, пријавени се поплави на повеќе локации во Охрид. – Во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за ...
Во врска со настанатата состојба, денеска одржав состанок со Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Охрид, на кој покрај претставници од јавната администрација присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР Охрид, Јавните претпријатија, Противпожарната единица од и сите останата надлежни институции. На состанокот беше извршено мапирање на критичните точки и беше направен ...
Соединетите Американски Држави (САД) официјално најавија дека ќе го прекинат своето членство во УНЕСКО – Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура. Оваа одлука беше потпишана од претседателот Доналд Трамп како дел од пошироката политика на Вашингтон за повлекување од повеќе глобални организации и договори кои, според американската администрација, не се во согласност со националните интереси на САД.  Трамп и ...
Со искрени желби за мир, здравје и благосостојба Ви го честитам најголемиот христијански празник-раѓањето Христово-Божиќ. Денеска ја славиме надежта, љубовта и човечката блискост. Овој ден не повикува да се свртиме еден кон друг со разбирање и човечност. Божиќ е време кога духовната светлина ја надминува секоја поделба и не охрабрува да гледаме кон иднината со надеж и одговорност. Нека радоста од Христовото раѓање ги исполни Вашите ...
Акога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна…, еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ – во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Според на таа заповед, секој требаше да отиде во својот град и таму ...
На моја голема радост, најмладите денеска ни покажаа дека верата и традицијата не запираат пред никакви пречки. Охридските улици и Центарот за култура беа исполнети со свечена и топла атмосфера, во духот на христијанството и заедништвото. Бадниковата литија, која традиционално се одржува секоја година и овој пат беше показател за духовноста на нашиот град и неговата длабока поврзаност со христијанските вредности. Нека е за многу години ...
Рано утрово , во пресрет на најрадосниот христијански празник Божик, низ улиците на село Лескоец помина свечената Бадникова поворка, носејќи ја пораката на мирот, заедништвото и вековната македонска традиција. Во поворката учествуваа младите жители кои со бадникови песни, запалени фенери и бадникови гранчиња создадоа топла и празнична атмосфера. Годинава по втор пат дечињата од Лескоец и Косел, низ улиците на Лескоец ја пееја песната ...
Младите од Враништа утрово го најавија овој голем и светол ден преку Бадниковата поворка која ја реализираа низ селото. Иако временските услови беа дождливи, по завршувањето на светата богослужба, младите од Парохија Вранишка, со жива вера во душата и топлина во срцето, ја остварија традиционалната Бадникова поворка. Со скратен распоред на движење, поворката помина низ централниот дел на селото Враништа, носејќи радосна вест и бадниковска ...
Православните христијански верници во земјава денес го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ ќе се одржат Бадниковите поворки во 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави. Традиционално, одбележување на Бадник ќе има и пред Соборниот храм „Свети Климент ...
Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Египет. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше христијаните и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен ...