Денес -четврток во 12 часот во Прличевата одаја ќе се одржи свеченост на која на најмладите и највозрасните читатели и најчитатели од детскиот оддел и одделот за возрасни ќе им бидат врачени благодарници. Библиотеката ќе им се заблагодари и на околу 40 донатори на книги, а ќе бидат прочитани и светската и македонската порака во чест на празникот на книгата. Настанот ќе биде збогатен и со промоцијата на новиот пропаганден флаер со наслов ...
– Нашата мисија не е само да чуваме книги на полиците, туку да го чуваме духот на писменоста, да го заштитиме културното наследство и да овозможиме пристап до знаењето за сите генерации. Токму затоа е важно да ја приближуваме книгата до граѓаните: до децата, кои допрва го откриваат чудото на читањето; до младите, кои го бараат својот глас; до возрасните, кои во книгата бараат смисла, утеха или нов хоризонт, рече Јовица Никчевски, директорот ...

