Имав визии дека ќе живеам 113 години, изјави своевремено будистичкиот духовен лидер Далај Лама. Лекари ги поткрепија визиите со заклучок дека Далај Лама е во одлична здравствена состојба. Соништата, гатањата и пророштвата играат клучна улога во тибетскиот будизам. Но, операцијата за вградување вешачко колено лани во САД и возраста од 90 години налагаат благовремено да избере негов наследник, согласно религиозната традиција стара 800 години. ...

Изборот на наследник на 14-тиот Далај Лама, кој во недела полни 90 години, станува сè пожешка тема, не само меѓу будистите, туку и во односите меѓу Кина и Индија и САД, поради неговите широки религиозни и геополитички импликации. Во својата неодамна објавена книга „Глас за безгласните“, Далај Лама рече дека неговиот наследник ќе се роди надвор од Кина и дека ќе објави дополнителни детали за процесот на наследување околу неговиот 90-ти роденден, ...