Со оглед на тоа што актуелниот гувернер на Калифорнија Гавин Њусам е ограничен со мандатите, Камала Харис се чини логичен кандидат на Демократската партија во која беше јавен обвинител а и Холивуд ја сака. Но, ако се фати за орото, може да се соочи со сериозен противник од кај Трамп, неговиот пратеник за специјални мисии, кој сака да ѝ ја расипе забавата. „Не би одбил да влезам во таква трка,“ изјави Ричард Гренел. Тој смета дека Камала Харис би ...

Во својот говор на конференцијата во Минхен, Венс ги обвини европските лидери дека ги напуштиле своите корени како „бранители на демократијата“, улога која успешно ја изведуваа за време на Студената војна а која сега ја имаат претворено во гаснење на поинакви мислења. Тој во денешната европска политика гледа стари и закотвени интереси кои се кријат зад терминологијата од советското време па се зборува за дезинформации секогаш кога некому не му ...

Истата студија покажа дека помалите приватни млазни авиони генерираат повеќе опашки отколку што досега се веруваше, потенцијално зголемувајќи го и нивниот придонес во затоплувањето на климата. Овие наоди нагласуваат итна потреба воздухопловната индустрија да го адресира своето влијание врз животната средина и да спроведе мерки за ублажување на штетните ефекти. Опашките од кондензација имаат не мал придонес за глобалното затоплување бидејќи ја ...

Последната увертира на Трамп во Москва запрепасти многумина; не само што САД ги отвораат преговорите со Русија, туку и, како што рече министерот за одбрана Пит Хегсет, нереално е Украина да се надева дека на крајот ќе ја врати целата изгубена територија. Згора на тоа, САД нема да ја поддржат кандидатурата на Украина за влез во НАТО како бедем против идните руски инвазии. Поради сево ова, лидерите на земјите од НАТО и Европската унија лидери ...

Од првичните 1,3 отсто, веројатноста за судир со нашата планета, во последната недела се зголеми на околу 2,3 отсто. Иако постои речиси 98% шанси овој астероид да помине покрај Земјата на 22 декември 2032 година, сè уште не може целосно да се исклучи евентуалниот удар, па за првпат е започната процедура за глобална планетарна одбрана. Се проценува дека астероидот е со дијаметар од 40-90 метри и според сегашните проценки, веројатноста за судар со ...

Се договоривме нашите тимови веднаш да започнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме украинскиот претседател Владимир Зеленски за да го информираме за разговорот, што ќе го направам веднаш“, напиша Трамп. Додаде дека задолжил тим предводен од американскиот државен секретар Марко Рубио да ги води тие преговори. „Милиони луѓе загинаа во војна што немаше да се случи ако јас бев претседател, но се случи ама мора да заврши“, напиша меѓу ...

Во истражувањето била користена вештачка интелигенција за проучување на органски молекули во сложени течности како што е битуменот. За да го направат асфалтот способен сам да закрпи дупки, научниците користеле ситни порозни материјали од биолошко потекло. Тоа се рециклирни масла кои се ослободуваат кога асфалтот почнува да се распаѓа и така се крпат пукнатините. Лабораториските испитувања покажуваат дека новиот асфалт може целосно да ги поправи ...

Соочени со економските потези на Трамп, неговите критичари од центарот осцилираат помеѓу очајот и трогателната верба дека неговиот царински бес ќе издиши. Тие претпоставуваат дека Трамп ќе се туфка додека реалноста не ја разоткрие празнината на неговата економска логика. Не обрнуваат внимание на тоа дека фиксацијата на Трамп на царините е само дел од глобалниот економски план кој е солиден - иако ризичен. Нивното размислување е суштински ...

Нивната спонтана изградба на неколку брани не само што ги обезбедила посакуваните витални еколошки придобивки, туку и потсетила на бирократската неефикасност. Администрацијата на заштитениот предел на Брди првично планираше проект за обновување на мочуриштата во регионот, но бирократските одложувања го запреле процесот. Управата на заштитениот предел на Брди поднеле проект за обновување на мочуриштата во регионот, но се соочиле со бирократски. ...

Бргу по преземањето на Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, како што вети за време на кампањата, го назначи Илон Маск и новиот Оддел за владина ефикасност (DOGE) да ги истражуваат јавните трошоци на државата и нејзините агенции, за да се најдат непотребни трошоци, да се балансира буџетот и да се намали јавниот долг на земјата. Сосема очекувано, ова предизвика голема врева меѓу медиуми и невладини. „Новинарите дивеат на сите ...

„Френсис Фукујама дебело утна кога го најави „крајот на историјата“ и глобалниот триумф на либералните демократии. Она што се случува последниве години а засилено изминатите неколку недели, изгледа како светот да се вратил во 1938 година, на пресвртница што не ветува добро“, пишува Роберт Бајруши во Јутарњи. Станува збор за идејата на Трамп САД да ја преземат разурнатата Газа и економски да ја развијат ОТКАКО Палестинците ќе бидат преселени на ...

Ричард Гренел потсети дека американските даночни обврзници ги финансираат Гласот на Америка и Радио Слободна Европа, рече дека тоа е реликт од минатото и дека нема потреба од такви државно финансирани медиуми. „Тоа се државни медиуми. Медиуми полни со екстремни левичарски активисти. Со децении имам работено со тие новинари, тоа е остаток од минатото“, напиша Гренел на платформата Икс. На објавата на Гренел се надоврза Маск и пиша: „Така е, ...

Германскиот суд му нанесе правен пораз на „Икс“ на Илон Маск, пресудувајќи дека платформата мора веднаш да обезбеди пристап до податоци за политички поврзани содржини пред изборите во земјата закажани за 23 февруари. Одлуката е еден од првите големи судски тестови на Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA) која го оживува прашањето за усогласеноста на Икс со европските регулативи. Во тужбата, поднесена од Democracy Reporting ...

Од своето основање во 1961 година, УСАИД ја градат приказната за САД како поголемиот брат, добронамерен, со мускули и полни џепови пари кој ќе помогне во секоја беља и против секој непријател. Агенцијата дебело финансира медиумски организации со наратив дека ја промовираат нивната независност, но кога медиумите кои добиваат грантови од УСАИД ќе почнат папагалски да ги повторуваат поентите на Вашингтон за Украина, Иран, Мијанмар или Макеоднија, ...

Тековната кампања поставена од Џо Бајден, исто така со извршна наредба, имаше за цел да ја елиминира употребата на пластичен прибор за еднократна употреба, вклучително и сламки, во државните служби и агенции до 2027-ма (на настани и пакување) односно 2035-та година (целосно). Кога беа објавени целите на Бајден, Белата куќа соопшти дека пластиката ги гуши океаните, ја загадува околината и го труе воздухот во близина на производствените капацитети ...

Пактот, кој ќе биде правно обврзувачки за сите 27 земји-членки, се очекува да стапи на сила во 2026 година, иако некои земји сакаат да активираат одредени елементи и порано. Централен столб е новиот механизам на „задолжителна солидарност“ околу мигрантите. Идејата е сите земји од блокот да преземат кај себе по неколку илјади бегалци за да се олабави товарот на оние земји кои се први на удар на мигрантскиот бран, првенствено Италија и Герција. ...

Салвадорскиот претседател Најиб Букеле, преку социјалните мрежи порача дека неговата земја е подготвена да прифати само осудени криминалци, вклучително и американски државјани, дека тие ќе бидат сместени во мега-затворот CECOT (Центар за притвор на терористи) а САД ќе платат услугата. Вика, оваа компензација ќе биде мала за САД, но значителна за Ел Салвадор и ќе го направи целиот затворски систем на оваа централноамериканска земја финансиски ...

Доктор Виктор Ачариан бил казнет од надлежната организација на лекари со условна казна од 6 месеци забрана за вршење на дејноста, доколку го повтори делото - да одбие да пружи услуги на транс-лице. Спомнатото лице закажало преглед, асистентката му пишала на докторот дека им е дојден 'таков и таков' а овој ѝ пишал: „Не работам такви случаи. Имаат специјалист за тоа во Бордо или Тулуз.“ Откако бил одбиен, пациентот оставил гневен коментар на ...

Пред повеќе од две децении, ЕУ ја откри својата Лисабонска стратегија, која имаше за цел да го трансформира блокот во „најдинамична, конкурентна, одржлива економија базирана на знаење, целосна вработеност и зајакната економска и социјална кохезија“. Јасно е колку тоа успеа. Едвај динамична а секако не конкурентна, ЕУ постојано заостанува зад другите супер-сили во речиси секоја клучна економска метрика. Додека САД и Кина ја интензивираат својата ...

Сметката за балканската крчма: Новата прес секретарка на Белата куќа, Керолајн Левит, за некои од ставките: Скенирајте вие сметки: Влијателниот американски медиум ПОЛИТИКО, не само што земал 8 милиони долари од УСАИД туку наводно прибрал вкупно 34 милиони од разни федерални агенции. „Бев информиранa за финансирањето на УСАИД за медиумите, вклучително и Политико... И можам да потврдам дека повеќе од осум милиони долари од даночните ...

Алфабет ги укинува сите свои цели за ангажирање на повеќе вработени што ги исполнуваат ДЕИ стандардите и во исто време ги ревидира (повлекува) сите иницијативи на оваа тема. Во годишниот извештај што неделава го испраќа до Комисијата за хартии од вредност и берзи, Алфабет ја има избришано линијата која вели дека е „посветен разноликоста, рамноправноста и инклузивноста да бидат дел од сè што ние правиме и да ја зголемува својата работна кој ќе ги ...

Одлуката важи веднаш, а оние што работат вон САД имаат рок до 30 дена да се спакуваат каде и да се и да се вратат назад. Исклучоци ќе има само за раководството на УСАИД и луѓе одговорни за критични функции на агенцијата. УСАИД има околу 10.000 директни вработени, не броејќи ги десетиците илјади луѓе локален персонал што ги ангажира на своите мисии низ светот. Од овие 10.000 речиси две-третини се распоредени вон САД. Бидејќи се работи за луѓе кои ...

Предлогот, спакуван како „забрана за увоз од или извоз во Кина на технологија за вештачка интелигенција“, е даунлодирањето на кинеската ВИ апликација Дипсик да се казнува со 1 милион долари, 20 години затвор или двете. Законот не го споменува Дипсик конкретно, туку збори општо за заштита на американската интелектуална сопственост и спречување на „надворешен непријател да користи технологија која ја поткопува националната безбедност.“ „Америка не ...

Шај некое време се допишува со девојче по име Деби од британскиот град Бедфорд, со кое повеќе од еден месец планира како ќе се сретнат. Девојчето Деби, за среќа, не постои, тука е само профил воден од полицаец од полицијата во Бедфордшир. 47-годишниот маж деновиве беше прогласен за виновен за организирање на секс со дете, поточно силување, и за поседување на непристојни фотографии од детето. За сето ова тој добива 11 години и 6 месеци затвор. ...

Трамп уште од почетокот на својата кампања тврдеше дека во најскоро време ќе ја заврши војната, а неодамна порача дека подготвен да се сретне со рускиот претседател. Самиот Путин му ја честиташе победата на Трамп на изборите, и исто така изјави дека е подготвен да се сретне со него да дискутираат за Украина и енергетика. До сега руските власти во повеќе наврати отфрлаа дека имале директни контакти со американските колеги околу подготовки за ...

Лани во октомври, Роберт Ф. Кенеди Јуниор стоеше пред седиштето на Министерството за земјоделство на САД за да укаже на лошите состојби на американското земјоделство и неговите големи фарми, пестициди, хербициди и слично. „Кога Доналд Трамп ќе ме внесе во оваа зграда, нема да биде исто“, рече тој. Трамп не го стави во тој департмент туку го номинираше за малку повисоко, секретар за здравство и човечки услуги, што му носи контрола на политиката ...

Потегот на Ел Салвадор, за новиот американски министер за надворешни работи, Марко Рубио, е „акт на извонредно пријателство кон нашата земја, знаејќи ги предизвиците со кои се соочува САД,“ кој и лично го пофалил претседателот Најиб Букеле пред Трамп. Рубио е на турнеја низ Латинска Америка, а една од задачите од шефот му е да ги натера тамошните држави да прифатат што е можно повеќе луѓе кои ќе бидат депортирани од САД како дел од кампањата на ...

Договорот што е прифатен во овие 72 часа на цели 75 години му ги предава сите паркинг мерачи од градот на инвеститорот. Во 2008 овие над 1 милијарда долари изгледаат драматично многу пари, посебно имајќи предвид дека помагаат во затворање на буџетската дупка што тогаш ја има градот и кризата што почнува да владее во светот. Меѓутоа, неполни 20 години подоцна математиката покажува дека приватниот инвеститор целата своја инвестиција успева да ја ...

Бељата си ја направи самата Бела куќа која објави дека на своите брифинзи ќе одвои простор за „нови медиумски гласови“ и на заинтересираните им дозволи онлајн да аплицираат за пристап. Нивното објаснување е дека „милиони Американци, посебно млади луѓе, ги напуштија традиционалните телевизии и весници за следење вести, и своите информации ги добиваат од поткасти, блогови, социјални медиуми и други независни извори.“ Поканата на Белата куќа опфати ...

„Претседателот се согласи дека УСАИД треба да биде угасена. Стана очигледно дека таа не е само црвливо јаболко туку топка од црви. Тоа не се поправа. Ја гасиме.“ Тоа е последното што Маск го кажа за УСАИД после веста дека двајца високи функционери на оваа агенција биле суспендирани по обидот да им се забрани на службениците од Одделот за владина ефикасност (кој го водат Илон Маск и Вивек Рамасвами) пристап до системите во агенцијата, дури и ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
35%
1015
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
5.66
64%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
85%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
37%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.36
37%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
67%
1021
weather icon

Атина

36ᴼ / 35ᴼ
7.15
28%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
35%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
40%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
4.63
43%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
6.17
78%
1018
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
6.69
29%
1014
Currency

61.525

Currency

52.5676

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69