Се работи за проневера на околу 6.5 милиони евра пари на РЕК Битола преку злоупотреба на раководните функции на лица од Комбинатот и нивни надворешни бизнис соработници, рече премиерот Христијан Мицковски денеска на прес конференција, а по повод утринската акција на МВР во која, како што соопшти МВР, уапсени се 29 лица. Мицковски посочи дека биле најдени многу докази но тоа, како што изјави, го остава на обвинителните и на судските органи. ...

10 декември, Меѓународен ден на човековите права, како потсетник за важноста на еднаквоста, правдата и достоинството за сите луѓе ширум светот. Темата за Денот на човековите права 2024 година, „Нашите права, нашата иднина, токму сега“ , ја нагласува континуираната важност на човековите права во справувањето со глобалните предизвици. Оваа година, Канцеларијата за човекови права на ОН ( ОХЦХР ) има за цел да ги информира и промени перцепциите за ...

Постојаниот комитет на Бернската конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, Франција, минатата недела повторно го разгледуваше случајот за националниот парк Маврово и изградбата на хидроцентрали на неговата територија. Случајот за Маврово беше отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следи напредокот на Македонија во однос на дадените препораки за разрешување на овој случај. Една од главните препораки е ...

Се почести се претставките од ромската заедница и ромските граѓански организации за нееднаков пристап до добра и услуги по основ на етничка и расна припадност кои се однесуваат на условите во неформалните населби. Условите во кои живеат Ромите се мошне лоши, често под нивото на прокламираните стандарди на соодветно домување. Се работи за долгорочно населени населби со нејасен сопственички статус, надвор од урбаното планирање кои немаат основна ...

Тајпеј: Кина ја распоредува својата најголема поморска флота во регионалните води во изминатите речиси три децении, а заканата за Тајван е поизразена отколку во случајот со претходните кинески воени вежби, објави денеска тајванското Министерство за одбрана. Портпаролот на Министерството за одбрана, Сун Ли-Фанг во Тајпеј, рече дека обемот на моменталното распоредување на кинеската морнарица во областа што се протега од јужните острови на Јапонија ...

„Сакам мирен живот во кој нема да морам да се грижам дали имам 15 евра за пазарење“. Hina/ France 24 Били Фусто не бара голема плата: студира архивар и не сака ништо повеќе од „мирен живот“ дома во Италија. Но, како и десетици илјади други млади дипломирани студенти во земјата, 24-годишникот стравува дека нема друг избор освен да емигрира. Повеќе од милион Италијанци ја напуштиле земјата во изминатите 10 години, од кои една третина на возраст од ...

Бранко Тричковски: Пред Уставниот суд треба са стражарат чуварите на македонскиот јазик затоа што од иницијативите на вмро за ревизија или дури укинување на законот за јазиците, најзагрозени се македонскиот јазик, македонската нација и македонската држава, односно државната идентификација и реализација на македонскиот народ. Албанците ќе најдат решение за албанскиот јазик ако судиите и владејачката партија заедно со академските коцаревистички ...

Аскар Акаев, соборениот претседател на Киргистан, дојде во Москва по бегството од уличните протести познати како револуција на лалињата во 2005 година. Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лично му дал азил на Асад. „Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата. Тоа е негова одлука“, рече Песков, ...

Артан Груби и Енвер Беџети се новите лица на антикоруптивната црната листа на САД. На Меѓународниот ден за борба против корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, злоупотребата на Соединетите Држави ги презема следните активности за промовирање на одговорност за сторителите на корупција и човекови права ширум светот. Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во ...

Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на на Стејт департментот. Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ...

Советот на ЕУ денеска одобри исплата на втората транша финансиска помош во рамките на Украинскиот механизам, во износ од над 4,2 милијарди евра во форма на грантови и заеми, наменети за поддршка на макрофинансиската стабилност на Украина и за функционирањето на нејзината јавна администрација. Со денеска усвоена одлуката, Советот заклучи дека Украина ги исполнила неопходните услови и реформи предвидени во Планот за Украина за да може да добие ...

Украина го претстави новиот хибриден дрон-ракета кој, според Киев, веќе е користен во борба и сега влегува во масовно производство. Најновото домашно оружје, познато како „Пекло“, има значително поголем дострел од крстосувачките и тактичките балистички ракети, кои на Украина ѝ беа испорачани од западните земји. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека првата серија од ова оружје е веќе испорачана на армијата, но не прецизира колку ...

Друзите ќе можат да се договорат со кој било. Може да се очекува битка меѓу салафитите и Курдите: тие се мразат едни со други, иако понекогаш имаат привремена соработка. Но, веќе во еден од регионите на Сирија, салафитите тргнаа против Курдите. Ќе се обидат да ги освојат сите територии и од нив. Она што го гледаме овде е всушност војна меѓу сунитите и шиитите. А Турција како сунитска земја природно е на страната на сунитите. Ноќта на 8. ...

Изгледа излез за пензискиот фонд ни е негова потполна интеграција во државниот буџет со потребна даночна реформа и напуштање на принципот на генерациска солидарност. Нема солидарност од генерации кои нема да постојат. Сериозно разгледување на австралискиот и новозеландскиот модел на пензија за сите граѓани кои исполнат одреден број години (таму е 67 години за мажи и 64 години за жени) и заснованост на пензијата врз годишните приходи на ...

Ивон Величковски: И до и по 1991, Скопје ги следеше параметрите на „граѓанство“ поставени од Белград, а Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите – не смееја да и го попречат “ексклузивитетот” на југо-македонистичката „елита“ да нормира што е „граѓански“, а што не е. Оттука потекнува отпорот и кон Рамковниот договор и кон Уставот и кон нацијата на Северна Македонија од партиите, од “гранките” на скопскиот Правен во ...

Брзиот колапс на режимот на Асад во Сирија, режим на кој Кремљ помогна да се поддржи од 2015 година, е стратешки политички пораз за Москва и го фрли Кремљ во криза додека се обидува да ја задржи својата стратешка воена база во Сирија, се вели во извештајот на тинк-тенк Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон. Русија интервенираше во име на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во 2015 година со цел да го ...

За разлика од оваа Владина позиција, социјалдемократскиот концепт, е субстантивно врзан за солидарноста, и социјално интервентни полтики, т.е. по должност и вредност, вистински се грижи за стандардот на работникот, и на граѓанинот. И, неспорно е дека минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари. Ана Чупеска Во чиј интерес и со каква цел се клати клатното на меѓуетничкиот раздор, се ...

Да, сограѓаните Албанци „ЧМААТ СО НАС” затоа што ВМРО-ДПМНЕ е паметно само за себе кога нејќе во ЕУ, а во јавност божем трперливо се колеба, приговарајќи дека не чинело што и да имаше на маса – но истото е енормно глупо за сите нас, како граѓани, како народ. Емилија Целакоска Ќе честитам денес за Климент Просветител со рендање на денешни антипросветителски потрчковци на ВМРО-ДПМНЕ, кои не заслужуваат поединечно внимание, затоа што дејствуваат ...

Се ближи нова година, а последователно и рокот за уставните измени истекува. Реалноста и делувањето, во отсуство на јасна реторика и декларативност ќе го дадат одговорот, на главната енигма со која нашата “јавност”, здружена со партиско/партократскиот позициски/опозициски сојуз, претпразнично “ги забавува” граѓаните: што е полошо, ДУИ или неотпочнувањето на ефективните преговори со ЕУ? Никица Корубин Што е полошо: ДУИ или неотпочнување на ...

Во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром утре учениците ќе се вратат на настава. Бојкотот кој траеше два дена е прекинат по одлука на Советот на родителите во училиштето, кој го прифатил решението проблематичниот третоодделенец да не ја следи физички наставата туку онлајн до крајот на првото полугодие. За решение на проблемот МОН формираше комисија со претставници на Центарот за социјални работи, кои во наредниот период ќе ја следат состојбата и ...

Потребни се промени во уредувачките политики. Да се даде приоритет на ваквите прашања и да не бидат потиснати од темите кои што се поврзани со дневнополитичките случувања. Да се постават високо на медиумската агенда, за тоа да е случај треба да се вклучат и уредниците. Ангела Рајчевска Родово базираното насилство во Република Северна Македонија се соочува со многу предизвици, а еден од најголемите е начинот на кој медиумите известуваат за овие ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа истакна денеска дека сирискиот претседател Башар ал Асад „треба да сноси одговорност“ за своите постапки, како и дека САД ќе работат со своите партнери и заинтересирани страни во Сирија, помагајќи им да се справат со ризиците. Во обраќањето од Белата куќа, Бајден рече дека САД официјално не знаат каде е Башар ал Асад, но дека забележал извештаи дека сирискиот претседател побегнал во Москва. Бајден ...

Вчера опладне, во неготинската полиција било пријавено дека во село Црвени Брегови се пронајдени три починати лица во времен објект, кој служел како џамија. Случајот бил пријавен во 16,35 часот. Во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, Неготинско, биле пронајдени три починати лиц, Ј. Ј. (71 година) од Битола, Ф. Е. (66 години) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови“, соопшти СВР Велес. Мештаните се сомневаат ...

По промената на власта во Вашингтон, Киев не би требало да смета на истиот обем на воена помош кој беше достапен за време на администрацијата на Џозеф Бајден, рече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз. Тој, меѓу другото, истакна дека Украина „веројатно“ треба да очекува дека поддршката од САД ќе се намали. Во исто време, Трамп ја изрази својата намера да го реши конфликтот. „Ако можам“, додаде тој, ...

Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на опозициската Демократска унија за интеграција, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците. Адеми рече дека со иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во „одбрана на Законот за јазици“. – Собрани сме тука за да го подигнеме нашиот глас за ...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, во областа на воспитанието и образованието, и писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази – во областа на културата и уметноста. Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека од почетокот на целосната инвазија од Русија загинале 43.000 украински војници, а 370.000 се ранети. „Украина од почетокот на војната загуби 43.000 војници на бојното поле. Забележани се 370.000 случаи на медицинска помош за ранети, при што 50 отсто од ранетите повторно се враќаат во војска. Ги евидентираме сите повреди, дури и лесни и повторливи“, објави Зеленски на Телеграм, ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече уривањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „добра вест“ и повика на политичко решение за стабилизирање на Сирија. „Башар ал Асад брутално го угнетуваше својот народ. Тој има безброј животи на својата совест и принуди многу луѓе да побегнат, од кои многумина стигнаа до Германија“, рече Шолц. Вицепремиерката на Обединетото Кралство Ангела Рајнер посочи дека Владата „ја поздравува веста“ ...

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. -Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија, се наведува во соопштението од ...

Во безбедносниот дел, ние тука имавме огромна помош од НАТО Алијансата, каде што станавме полноправна членка 2020 година, и влеговме комплетно без било какво ограничување во тој информативен систем во кој се делат и споделуваат чувствителни информации. И во тој дел можам да кажам дека ние сме држава која има најмногу протерани таканаречени руски дипломати во изминативе 3-4 години. Значи, базирано на работата на нашите служби, базирано на тоа што ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
51%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
92%
1005
weather icon

Софија

25ᴼ / 23ᴼ
5.14
35%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.36
42%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
98%
1006
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
61%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
44%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
5.81
47%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
89%
1009
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
100%
1017
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.59349