Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20, Охрид 17, Струмица 15, а во Скопје 11 сантиметри, информира УХМР. На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 Тетово, ...

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, информира АМСМ. Од 06:30 часот е нормализирано движењето за тешки товарни возила на автопатот А1 од клучка Демир Капија до клучка Смоквица. Активни забрани за движење на камиони ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија. Покрај првите заробени севернокорејски војници, сигурно ќе има уште. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат други, напиша Зеленски на Икс. Зеленски претходно изјави дека Украина заробила двајца ...

Првите неофицијални, но поради големата разлика во гласови во корист на Зоран Милановиќ кандидат на Социјалдемократската партија на Хрватска, наспроти на Драган Приморац, кандидат владејачката на Хрватската демократска заедница, сосема е извесно дека Зоран Милановиќ ќе го почне својот втор последователен петгодишен претседателски мандат. Неофицијално, но според податоците од хрватската државна комисија, од околу 90% преборени гласови резултатот ...

Речиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака за позитивни промени. Вевчанци се подтотвени, финишира изработката на маските, а публиката, како од ...

Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според планираното, околу 16 часот и 30 минути студентите и граѓаните ќе молчат 15 минути, а по интонирањето на химната на ...

Камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на овој патен правец од 15:50 часот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат. Веста ја потврди Виктор Паласкаров, раководител на Секција Гевгелија при ЈП „Македонија пат“. Соред него, сообраќајот е прекинат кај местото Јаворица во близина на тунелите кај Демир Капија и надлежните органи преземаат ...

Пакистанската активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи денеска изјави дека Израел го „десеткувал“ образовниот систем во Појасот Газа, каде што води војна против палестинското движење Хамас од 2023 година. -Во Газа, Израел го десеткуваше целиот образовен систем. Тие ги бомбардираа сите универзитети, уништија 90 отсто од училиштата и неселективно ги гаѓаа цивилите кои се засолниле во училишните згради, рече таа на ...

Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а снежна покривка над 20 см ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер, соопштија од УХМР, ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до ...

Полициски службеници од ОВР Гостивар утрово во 02.10 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол, при што поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта биле приведени седум странски државјанки. Како што соопштија од МВР, од приведените странски државјанки пет биле од Бразил, една од Колумбија и една од Венецуела, на возраст од 22 до 34 години. Тие биле задржани во ...

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа телефонски разговараше со папата Франциск и притоа му соопшти дека му доделил „претседателски медал на слободата“ со дистинција, соопшти Белата куќа. Бајден претходно овој месец вакви Претседателски медали на слободата им додели на 19 лица, но ова е првпат во неговиот мандат да го додели медалот „со дистинкција“, што е повисоко ниво на Претседателскиот медал на слободата. „Претседателскиот медал на ...

Украински дрон погоди голема рафинерија за нафта во Нижнекамск во Татарстан, потврди шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко. Вработените беа евакуирани поради нападот, а на снимката се гледа како чад се издига од местото. Рафинеријата игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската армија. Отстранувањето на рафинериите и нафтените магацини директно влијае на способноста на Русија да води интензивна ...

Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош. Во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба. Според очевидци, до експлозијата дошло кога се превртела греалка на плин, што предизвикала пожар, а потоа и експлозија, соопштија од ...

Од 09.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, соопштија од Ј.П. Македонијапат. Забрана за сообраќај од 08.05 часот е воведена за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, ...

Бранко Тричковски: Така што имам наталожености кои ми дозволуваат на развојот на ситуацијата да гледам како на егзил во кој оди татковината. Таа самата себе се прогонува, се изместува односно ја изместуваат од лежиштето, не во функција на ослободување од себе, за што јас се залагам, туку во функција на тотална културна, медиумска, институционална, политичка и секаква друга деградација на сите модерни национални и државни дострели, колективни и ...

Германските социјалдемократи (СПД) денеска го потврдија канцеларот Олаф Шолц како главен кандидат на партијата за парламентарните избори во февруари. Шолц беше номиниран за кандидат за канцелар од страна на извршната власт на партијата на крајот на ноември по бурна дебата. Пред ова, партијата две недели јавно дискутираше дали многу попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус не треба да биде претставен како заменски кандидат. По поразот на ...

Гордан Калајџиев: Ако влијанијата на политиката врз судството се проблем, тогаш поголем проблем е политиката, отколку судството. Зборуваат за ниска доверба во судството, а која голема доверба ја имаат политичарите? Тоа се прашале ли? Кој им дава за право да сечат судски глави? Тоа не може. Во модерна правна држава, не може извршната власт по свое гледање, да сече глави во судската власт, не може. Судскиот совет е поставен за да биде брана, баш ...

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, изјави дека денес добил известување од Азербејџан во врска со испораката на гас. Уште една лоша вест нѐ погоди утрово. Добивме известување од Азербеџан дека од денес не можеме да се ослониме на 1,7 милиони кубни метари гас којшто секојдневно пристигнуваше. Од денес ќе почнеме многу посериозно да ги трошиме нашите резерви,изјави Вучиќ. Се испостави дека било паметно што собиравме резерви. Имаме толку ...

Чудно е и однесувањето на СДСМ, Законот на бранители е нивен предлог, а тие ја напуштија собраниската сала. Цел ден дебати, кавги и обвинувања, тони потрошена хартија, дневници и патни трошоци за пратениците, прекувремени часови за собраниската администрација. Многу чинеше вчерашниот ден во Законодавниот дом кој немаше ниту ефект, ниту епилог. Трагикомично беше да се гледа гласањето за интерпелациите на двајцата вицепремиеро Меџити и Стоиљковиќ, ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да се сретне со него и во моментов се договара средба, но не прецизираше временска рамка кога ќе се одржи. Трамп во четвртокот пред состанокот со републиканските гувернери во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, рече дека војната во Украина мора да заврши. Враќањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари ги зголемува надежите дека ќе се најде ...

Во пожарите кои беснеат во Лос Анџелес досега загинаа најмалку 11 луѓе, а околу 12.000 згради се пепел. Бројот на евакуирани се зголеми на околу 180 илјади. Материјалната штета, се разбира, сè уште е во доменот на претпоставките, бидејќи владините претставници се уште не дале проценка. AccuWeather, приватна фирма која обезбедува временски податоци, процени дека „изгореле“ помеѓу 135 и 150 милијарди долари. Американскиот претседател во заминување ...

Поранешен соработник на сирискиот лидер Башар ал Асад јавно е егзекутиран од борци поврзани со новата исламистичка администрација во земјата, објави Сириската опсерваторија за човекови права. Борците го застрелаа Мазен Кнене во глава на улица во Думар, предградие на главниот град Дамаск. Оваа област се смета за најбезбеден дел од градот од почетокот на сириската граѓанска војна. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика ...

Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика. На првата пленарна седница по новогодишниот одмор, беше изгласана само интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална полтика Илире Даути, додека интерпелациите на четворицата членови на Владата поднесени од коалицијата „Европски фронт“ не поминаа. ...

Собранието вечерва со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрли интерпелацијата за првиот потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Одговорност за работата за спроведување на Рамковниот договор поради неспособноста и неговиот пораз во унапредувањето на меѓуетничките односи, побара вечерва коалицијата „Европски фронт“ од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Интерпелацијата ја ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва потврди дека САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) и додаде дека Србија ништо не придонела за тоа. Во обраќање до граѓаните, тој рече дека САД издале официјално соопштение за тоа и оти тие само што почнале „одлуките да ги објавуваат на нивните веб-страници“. – Добивме многу објаснувања во актот за предизвестување и сакам да кажам дека тие објаснувања ќе продолжиме да ги добиваме ...

Дуња Иванова Филхармонија тргна по главите на неколкумина, до вчера членови на тоа мало, навидум хармонично семејство. Која е Филхармонија? Зградата ли е Филхармонија? Луѓето се Филхармонија, оние исти луѓе кои се познаваат од деца. Уште колку ,,ножеви” ви останаа во фундусот…?! Филхармонија тргна по главите на неколкумина. Посилни сте, несомнено. Но со која победа ќе се гордеете? Пред многу скоро време се појави искра светлина дека состојбите ...

Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути што ја поднесе пратеничката група на Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. На седницата не присуствуваа пратениците на СДСМ. Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со ...

По стапувањето во штрајк на вработените во Државното правобранителство пред два дена, во вторник, на 14 јануари, на протест излегуваат вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика. Ова во изјава за МИА го потврди претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, кој рече дека засега се очекува на протест да излезат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, ...

Во Собранието, во рамки на 29-тата седница, попладнево почна расправата по првата точка од дневниот ред – интерпелација за работата на Илире Даути – пратеничка на Алијанса за Албанците од коалицијата „Европски фронт“, претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Интерпелацијата во ноември до Парламентот ја поднесоа шесте пратеници на Левица, а денеска ја образложи пратеникот Сашко Јанчев. Рече дека Илире ...

Нано Ружин: Мислам дека условот на ВЛЕН потполно и одговара на владата, бидејќи таа мораше да најде и бара изговор на кој начин да ги откочи блокадите со кои што се соочува нашата држава заради нерегулирањето на уставниот статус на Бугарите и останатите етнички заједници во Македонија, така што под притисок и на меѓународната заедница, меѓутоа и на внатрешните, би рекле, незадоволства на граѓаните, што Албанија е пред нас, мислам дека можеби ќе ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.92
88%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.45
90%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 7ᴼ
3.09
90%
1028
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1026
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Алуминиум

2.92

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Калај

43.15

Бакар

10.93

Паладиум

53788.20

Злато

139298.91

Платина

62683.26

Сребро

2105.58

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60