Според него, е чудно тоа што Бугарија го одбила предлогот на Унгарија како претседавач на Европската унија да биде медијатор во целиот процес, иако претходно велела дека проблемот е на Европската унија. Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен ...

Политичката цена што можеме да ја платиме како држава заради заложништво и евентуално мешање на Унгарија во внатрешните работи е позадината во овие 500 милиони и може да е поштетна и поголема, отколку придобивката од кредитот, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24. Битиќи нагласи дека извозната банка на Унгарија пред само неколку месеци доби кредит за себе од Кина од милијарда евра, и оттука ...

– Украина им нуди на своите партнери да одлучат како го гледаат крајот на војната со Руската Федерација и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски. – Денеска го договорив распоредот на преговорите за една недела. Тоа се средби, преговори со многу партнери. Планот на нашата победа ќе им го претставиме на сите што можат да ја зајакнат Украина. Им нудиме на нашите партнери да ...

Израел во текот на ноќта гаѓал јужни предградија на Бејрут, откако израелската армија издаде предупредување до жителите на областа, јавија либанските државни медиуми. Израел вчера изврши бран воздушни напади врз јужен Либан, при што 100 авиони гаѓаа околу 120 локации во период од еден час, соопшти израелската војска (ИДФ). Арапскиот портпарол на ИДФ издаде итно предупредување до либанските цивили да избегнуваат да бидат на плажа или во чамци на ...

Трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември лани, бележат зголемување од 2.6 %, а цените на мало од 3.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, е резултат на растот на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за ...

Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед, изјави синоќа премиерот Христијан Мицкоски. Опозицијата, пак, вчера се огласи со повторно барање за затворена собраниска седница за власта да го каже планот за евроинтегративниот процес на земјава. ...

ајмалку 10 спасувачи загинаа во израелски воздушен напад врз општинска зграда во близина на Бинт Џбеил, Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. Тие наведуваат дека пожарникарите биле во зградата кога била бомбардирана. Либански безбедносни извори потврдија за агенцијата ДПА дека загинале најмалку 10 лица. Либанската телевизија LBCI објави дека цел на нападот била зградата на Исламската здравствена управа, чадор организација на ...

Соединетите Држави ќе се соочат со „опасни последици“ доколку продолжат да ја зголемуваат воената помош за Украина, наместо да го поддржат предложеното руско решение со кое Москва ќе преземе делови од територијата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во ексклузивно интервју за американски „Њузвик“. Повеќе од две и пол години откако Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ против Украина, рускиот министер за ...

Стевчо Јакимовски: Зборуваме повторно за тениските терени на хотелот Александар Палас. Поднесена е кривична пријава затоа што сме извршиле легализација на овие тениски терени кои што се составен дел на Александар Палас, а за кои што има и одобрение за градба. Овде имаме тениски терени, сопственост на Борис Трајковски, изградени 2013 година од страна на Владата на Република Македонија, впишани во Катастар со имотен лист. Значи она што го тврди ...

Лидерите на ЕУ се залагаат за забрзување на депортацијата на мигрантите како дел од пошироките напори за заострување на миграциската политика, се вели во нацрт-извештајот во кој имале увид од бриселскиот месиум „Политико“. Франција и Германија, исто така, се приклучија на иницијативите за заострување на пристапот до мигрантите во Европа. Според нацрт-заклучоците, лидерите на ЕУ планираат да извршат притисок врз Европската комисија да излезе со ...

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен оган што меѓународната заедница се чини дека не може да го контролира“. На годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Газа, Борел рече дека „ситуацијата само се влошува“. „Луѓето во регионот се понесигурни од кога било и паднаа во бескрајна спирала на ...

Во руски ракетен напад вчера беше погодено украинското пристаниште Јужне, при што е оштетен цивилен брод кој пловел под знамето на Сент Китс и Невис, натоварен со пченка, соопшти денеска украинското Министерство за комунален развој и територијална организација. Министерството преку Фејсбук соопшти дека 15-те членови на екипажот не се повредени. „За среќа, никој од 15-те членови на екипажот, кои се граѓани на Египет и Сирија, не е повреден. ...

Советот на министри на Босна и Херцеговина на вонредна телефонска седница немаше кворум за работа и одлучување за донесување одлука за прогласување на 8 октомври 2024 година за Ден на жалост во целата земја, поради трагичното страдање на жителите на БиХ кои ги загубија животите поради катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето. За донесување на одлуката имаше седум гласа, додека тројца членови на Советот на министри на БиХ не гласаа. ...

Венко Филипче: Визијата на СДСМ е напредок и просперитет на секоја општина, а што имаме сега по 100дена влада? Главниот град, за жал, е затрупан во ѓубре, со дотраен јавен превоз. Во дел од општините градоначалниците укинуваат мерки од интерес на граѓаните, најавените инвестиции не се реализираат, условите во основните училишта се катастрофални, ученици од дел од градовите се оставени без превоз до училиштата. За 100 дена од ВМРО – ДПМНЕ видовме ...

НАТО планира да ги зголеми своите сили приближно за уште 49 борбени бригади или околу 250.000 војници, а со цел да се спречи руската агресија врз Европа. Оваа информација ја пренесе „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на доверливите планови на германското Министерство за одбрана до кои дојде овој медиум. Рамката за ова зголемување – како дел од обезбедувањето на НАТО од руските напади, што е една од главните задачи на новиот генерален секретар на ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека не ја исклучува можноста Украина да нападне воени објекти во Русија со оружје од германски резерви во самоодбрана. Бербок изјави за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД дека не сака јавно да разговара за тоа колку длабоко нападите би можеле да допрат до руска територија. Германската министерка истакна дека не треба да се дефинираат конкретни растојанија како „десет, 40 ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел ќе ја плати цената за своите акции во Газа. Не треба да заборавиме дека порано или подоцна Израел ќе ја плати цената за овој геноцид кој се случува една година и се уште трае, напиша Ердоган на X. Како што Хитлер беше запрен од сојузот, Нетанјаху и неговата мрежа на убиства ќе бидат запрени на ист начин. Свет без одговорност за геноцидот во Газа никогаш нема да најде мир, додава ...

Военовоздухопловните сили на Украина соборија 32 дронови и две ракети Кинџал истрелани од територијата на Русија. Руските сили истрелаа уште една Кинџал ракета, која го погодила регионот на аеродромот Старокостајантинов во Хмелницка област. Остатоци од двете соборени Кинџал ракети оштетија повеќе објекти во главниот град на Украина, Киев. Ракетата Х-47M2 Кинџал (на руски кама) е хиперсонична балистичка ракета воздух-земја со нуклеарни ...

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска изјави дека војната во Украина ќе заврши за 15 дена доколку западните сојузници престанат да ја поддржуваат таа земја. Многу луѓе сакаат војната да заврши што е можно побргу. За почеток, самите Украинци. Но, важно е како. Ако престанеме да ја поддржуваме Украина, за петнаесет дена војната ќе заврши и рускиот претседател Владимир Путин ќе ги постигне ...

За само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други. Уште поалармантна е состојбата со убиствата или обидите за убиства во Северна Македонија. Како што веќе предупреди ЦивилМедиа, ова се денови на опасно живеење во нашата земја. Драган Мишев Додека власта речиси секој ден најавува зголемена сигурност и безбедност на граѓаните и решителна бoрба против (организираниот) ...

Тоа што Мицкоски и екипата го ветија, тоа и го исполнуваат: „Македонија повторно горда“ – каде што владеат системска дискриминација и структурно насилство. И го исполнуваат ветувањето – онака како што знае и умее, како и да изгледа тоа во очите на нормален човек од третата деценија на 21-от век. Џабир Дерала Кога Мицкоски првпат стапна на политичката сцена, кај него немаше ни трага од прогресивност или модерност. Неговата визија беше јасна од ...

Динамичен спој на искуството на професионалните музичари од Националниот Џез оркестар и новите музички надежи од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип, ќе понудат оригинален концертен настап на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, утревечер, на 8 октомври (вторник) со почеток во 20 часот. Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез ...

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК. ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на засега е целосно затворен. Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање ...

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари. Најголемиот неделен скок на ...

Најмалку една нова ракета вчеравечер го погоди јужен Бејрут, нешто повеќе од еден час откако Израел издаде инструкции за евакуација на цивили. Тие удриле во јужно предградие кое има силно присуство на Хезболах и е блиску до аеродромот. Таа област во последните денови неколку пати беше мета на напади. Израелските одбранбени сили -ИДФ, издадоа итно предупредување за евакуација за жителите на Бурџ ал Барајнех и Хадат – двете области на југот на ...

Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР. – Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, се наведува во соопштението. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат ...

Денес, премиерот на кој му се чини дека им рекол „Не“ на Америка и „Не“ на ЕУ за нивниот „француски предлог“, кој прогласи крај на ерата на виткање кичма и „лижење чевли“, не само што ги отфрли предупредувањата на алвбанските политичари во опозиција и во власта, туку и ги повика да си стојат на зборот зашто, ако не го сторат тоа, ќе остават „лош впечаток во јавноста“. Ова е веќе цинизам. Ги поттикна(ДУИ) да ја дестабилизираат државата и (ВЛЕН)да ...

Во Долна Јабланица, местото кое е најпогодено од поплавите во БиХ, се појави ново свлечиште на магистралниот пат М-17. Патот е делумно оштетен, а возилата го заобиколуваат преку паркинг, јавува „Аваз“. Во истата област, спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани, користејќи тешка механизација за да ги отстранат големите наноси од земја, кал и камења. По повлекувањето на водата, местото изгледа целосно опустошено. Според последните ...

Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди, денеска во Бејрут изјави дека Израел ги прекршува меѓународните хуманитарни закони со своите воздушни напади врз Либан, бидејќи ги таргетира цивилите и цивилната инфраструктура. Гранди е во Либан за да помогне во обезбедувањето сместување за повеќе од 1,2 милиони раселени лица, откако Израел ги засили воздушните напади и започна копнена операција. Тој истакна дека ...

Идејата за операцијата пејџер беше замислена во 2022 година, според израелски, блискоисточни и американски официјални лица запознаени со настаните. Делови од планот почнале да се наѕираат повеќе од една година пред нападот на Хамас на 7 октомври, кој го втурна регионот во војна. Тоа беше време на релативен мир на израелската северна граница со Либан, разурнат од војна. Идејата за операцијата пејџер беше замислена во 2022 година, според ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
56%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52