Израел потроши години подготвувајќи се за операцијата против нуклеарните и ракетните програми на Иран, која беше започната рано наутро во петокот, изјави безбедносен функционер за „Тајмс оф Израел“, вклучувајќи изградба на база за беспилотни летала во Иран и шверцување на прецизни системи за оружје и командоси во земјата. Во операцијата повеќе од 200 авиони на израелските воздухопловни сили учествуваа во првите напади, додека борбените авиони ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повика Иран да склучи договор за неговата нуклеарна програма, наведувајќи дека Техеран сè уште има време да спречи понатамошен конфликт со Израел и предупреди дека последователните напади ќе бидат уште пожестоки. Сите се мртви сега, и само ќе биде полошо. Веќе имаше многу смрт и уништување, но сè уште има време да се запре овој масакр, бидејќи следните напади што веќе се планирани се уште ...

Бранко Тричковски: Иран не го послушал Трамп, Израел не го послушал Трамп, Русија не го послушала Трамп, Калифорнија не го послушала Тгамп, Меланија не го послушала Трамп, Харвард не го послушал Трамп, Канада не го послушала Трамп, Гренланд не го послушал Трамп, Кина не го послушала Трамп, Мексико не го послушал Трамп, Маск не го послушал Трамп. Трамп не се слуша себе си. Кој уште го слуша Трампчота!? Освен Орбан и Миц!? Во меѓународните ...

Главниот ирански објект за збогатување ураниум во Натанц е оштетен во израелски напад, објави денес Иранската агенција за атомска енергија. Агенцијата наведува дека комплексот има надземни и подземни објекти и дека сè уште не е познато што точно е оштетено, но дека нема пријавени жртви, објави Си-Ен-Ен. Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека иранските власти потврдиле дека Натанц е ...

Нови детали од операцијата „Подемот на Лавот“, која Израел ја спроведе врз Иран рано утрово, укажуваат дека Израел со години спроведувал тајни активности во Иран, вклучително и поставување база за експлозивни дронови, убивање клучни безбедносни службеници и целни саботажни операции, според доверливи извештаи од безбедносни извори. Според информациите добиени од истражувачки новинари и безбедносни аналитичари, израелските разузнавачки и воени ...

Архиепископот на Македонската православна црква, Стефан, синоќа заедно со повеќе владици бил гостин на Руската амбасада во Скопје, каде е организиран прием по повод Денот на Руската федерација. Амбасада на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека на приемот била присутна бројна и висока црковна делегација во чиј состав биле повеќе владици од Синодот на МПЦ-ОА, меѓу кои и вчера избраниот митрополит дебарско-кичевски, Георгиј. Прием во ...

После месеци упатување критики за опозицијата, навреди и обвинувања, само затоа што ги соочуваме со фактите, се докажа дека нашите укажувања се и повеќе од основани. Јанев итно да си даде оставка! Кристина Костова Три месеци се пенават преку фингирани анкети и трибини затворени за јавноста да нѐ убедат дека добро се справувале со последиците од најголемата трагедија во поновата македонска историја. Три месеци бегаат од оштетените, од ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека нуклеарните постројки во Бушер, Исфахан и Фордов не се оштетени во нападите на Израел врз цели во Иран и дека не е забележано зголемување на нивото на радијација на локацијата Натанз. Тој напиша на социјалната мрежа Икс дека иранските власти ја информирале МААЕ дека нуклеарната централа Бушер не била цел на нападот и дека не е ...

Израелската војска (ИДФ) објави фотографии и видеа на кои се гледа дека американските борбени авиони Ф-35, Ф-15 и Ф-16 биле користени во напади врз ирански цели, вклучувајќи нуклеарни објекти, воени бази и командни структури. Според соопштението на израелското Министерство за одбрана, во операцијата учествувале околу 200 борбени авиони, користејќи вкупно 330 ракети, објави Си-ен-ен. Ова претставува речиси 60 проценти од борбената флота на ...

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Израел може да очекува сериозна казна за денешните воздушни напади врз Иран, во кои биле погодени нуклеарни постројки, фабрики за оружје и командни центри на војската. Израел изврши злосторство во нашата драга земја денеска. Неговите воени сили нема да поминат неказнето. Со ова злосторство, ционистичкиот режим нека се подготви за горчлива, болна судбина, што дефинитивно му следува, ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во денешниот израелски напад била погодена главната иранска постројка за збогатување ураниум во Натанз во централниот дел на земјата. Будно ја следиме длабоко загрижувачката ситуација во Иран, соопшти ИАЕА. Оттаму додаваат дека иранските власти ги известиле оти не е забележано покачувањето на нивото на радијација во Натанз. Овој комплекс е сместен 225 километри од Техеран и се ...

Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа убиени неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници. Досега е потврдно за загинување на: -Мохамед Багери, началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран -Хосеин Салами, командант на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC) -Голамали Рашид, командант на Генералштабот на Хатам-ал ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека ненадејниот напад на Израел врз Иран бил „многу успешен“ и дека операцијата ќе трае со денови. Ја погодивме високата команда, ги погодивме високо рангираните научници кои го унапредуваат развојот на нуклеарно оружје, ги погодивме нуклеарните инсталации. Натрупуваме достигнувања. Но, знам, а и вие знаете, нема лесни војни, рече тој во видео обраќање, во присуство на министерот за одбрана Израел ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во денешниот израелски напад била погодена главната иранска постројка за збогатување ураниум во Натанз во централниот дел на земјата. Будно ја следиме длабоко загрижувачката ситуација во Иран, соопшти ИАЕА. Оттаму за Ројтерс додаваат дека иранските власти ги известиле оти не е забележано покачувањето на нивото на радијација во Натанз. Овој комплекс е сместен 225 километри од ...

Генералот Хосеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад, објавија повеќе ирански државни медиуми. Салами првпат се приклучи на Револуционерната гарда во 1980 година за време на избувнувањето на војната Иран-Ирак. Како што се искачуваше низ воените редови, стана познат по својата остра реторика против САД и нивните сојузници. Од 2000-тите, тој е под санкции ...

Групата на седум водечки демократски економии (Г7) нема да усвои сеопфатна заедничка декларација на претстојниот самит во Канада, кој ќе биде прв со учество на американскиот претседател Доналд Трамп по неговото враќање на функцијата, изјавија денеска германски владини извори, а јавува ДПА. Наместо тоа, домаќинот Канада очекува да бидат усвоени само селективни изјави за конкретни теми за време на тридневниот самит во Канадските Карпести ...

Од 5 часот утрово, новинарите во Грција започнаа нов 24-часовен штрајк што е втор во период од една седмица, а земјата и денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот е организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно ...

Според непотврдени информации, две лица го преживеале падот на Боинг 787 Дримлајнер, кој се урна кратко по полетувањето во индиската држава Гуџарат порано денеска. Авионот на летот број 171 со 242 патници и членови на екипажот летал за Гетвик (Лондон), кога се урна под нејасни околности. Авионот се урна во болница во Ахмедабад, по што избувнал пожар. Според индиските медиуми, еден од преживеаните е 38-годишен маж кој седел на седиштето број ...

Германија во моментов не размислува да испорача ракети „Таурус“, со долг дострел во Украина, кои се способни да погодат цели на растојание до 500 километри, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на брифингот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Писториус беше прашан дали Германија размислува за испраќање ракети „Таурус“ во Украина. „Ме прашавте дали го разгледуваме тоа, а мојот одговор е – не“, рече ...

Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон. Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините. Премиерот на Индија, Нарендра ...

Русија и Украина разменија воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана без да го соопшти точниот број на разменети војници. На 12 јуни оваа година, во согласност со руско-украинскиот договор постигнат на 2 јуни годинава во Истанбул, група руски војници беше вратена од територијата контролирана од режимот на Киев. Во замена, беше предадена група воени заробеници од вооружените сили на Украина, наведува во соопштението на руското ...

Игуменот Георгиј ќе раководи со Дебарско-Кичевската епархија откако на денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против беше избран за наследник на владиката Тимотеј кој беше на чело на оваа епархија. Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во последните децении. Игуменот Георгиј е роден на 24 јули 1968 ...

Лариса Дир: За време на Самитот разгледавме широка агенда за зајакнување на регионалната безбедност, вклучително, но не ограничувајќи се во регионот на Црното Море,отпорноста и соработката. Приоритети беа: безбедноста, спречување на хибридни закани, трговијата итн, напиша амбасадорката. На Самитот од сите други учесници, освен од српскиот претседател Александар Вучиќ, беше потпишана заедничка Декларација која ја осудува нелегалната агресија ...

Ако лошиот изборен резултат го гледате како важна лекција, ако ја слушнете пораката на вашите членови, но и на граѓаните, треба сериозно да се запрашате зошто во еден момент била изгубена довербата – дали е поради вашите политики, или вашите кадровски решенија. Во едно вакво сценарио постојат многу ,,зошто и затоа,,, но она што е најважно е да бидете реални, да ги надминете недостатоците и повторно да ја вратите довербата на граѓаните. Марија ...

Ќенан Алиу: Не е ова вистинската цел на Мицкоски, туку зацврстувањето на етничката македонска држава што тој го реализира со прецизност, без некој отпор од албанскиот партнер кој цело време се занимава со ‘криминалот’ на ДУИ, додека Албанците доживуваат уште една ера слична на таа од времето на Груевски. Еден ден, Мицкоски нема да биде премиер, но штетата што ѝ ја нанесува на земјата преку длабоки етнички поделби ќе биде огромна. Мицкоски ...

Љубомир Костовски: Мијалков ја имаше својата агенција за обезбедување СГС. На нејзино место е дојдена агенцијата Рубикон и нејзината конституција е исто така идентична со претходна – имаат раширена мрежа, се потпираат на партиски и државни објекти што треба да ги обезбедуваат. А и во јавноста се експонираат како видлива „лепенка“ до системот и клучните луѓе. На премиерот му е јасно дека со апсењето на високо рангираниот функционер Александар ...

Украинските сили за беспилотни системи го нападнаа технолошкиот парк „Резонит“ во рускиот Московски регион во текот на ноќта на 12 јуни, а беа пријавени експлозии во објектот, соопшти украинската војска. Генералштабот на украинските вооружени сили објави дека целта на операцијата е „да се намали способноста на Русија да произведува високотехнолошко оружје и опрема“, додека фабриката составува печатени кола и електроника за рускиот ...

Соработката со пратеничката група мора да биде приоритет. Постои постојана координација помеѓу ПГ и раководството и дебата за сите отворени прашања, како основа за рефлектирање на политиките на партијата во јавноста. Искуството кое го носат со себе најголемиот дел од нашите пратеници помага во конзистентност и единство, особено при носење на важни законодавни прашања и поддршка на процеси кои се од интерес за државата. За незадоволството кај ...

Информацијата за американското повлекување на персоналот од регионот, како и британското предупредување до превозниците за зголемените закани за поморската безбедност, дојдоа само неколку часа откако Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека станува „помалку убеден“ во успехот на преговорите со Иран. The New York Times Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска ...

Утре, четвреток во 13 часот, пред Книжарницата под отворено небо кај „Рекорд“, во центарот на градот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи музичко интермецо, практично концерт наминување со музика од современи автори чиј предзнак е минимализмот. ,Станува збор за музика која и во најголемиот метеж едноставно не можете да ја одминете. Звукот на Рихтер, Еинауди и Федел носи естетски квалитети кои пркосат на секој обид кич културата да стане ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1008
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.26
48%
1007
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
59%
1004
weather icon

Софија

10ᴼ / 5ᴼ
6.17
44%
1011
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.63
67%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
86%
1005
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
52%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1009
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1008
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
70%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
4.02
49%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
70%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Сребро

2590.59

Паладиум

49383.55

Рутениум

54591.97

Иридиум

259874.72

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.42

Злато

161442.17

Бакар

11.40

Цинк

0.00

Платина

65169.56

Калај

48.18

Родиум

369733.59