Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство. Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И.Пирогов во Софија. Останатите шест пациенти во таа болница се ...

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против ...

На три објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека ќе им биде забрането да работат и ќе ја загубат лиценцата затоа што не исполнуваат минимум технички услови за вршење дејност. Од 22-та вакви објекта за кои вчера беше соопштено дека имаат активни лиценци, инспекцијата кај 12 ги проверувала техничките услови при што е утврдено дека трите објекти не ги исполнуваат. Продолжува теренската контрола на Пазарниот инспекторат за ...

Драган Мишев: Дојдовме до заклучок дека старата народна поговорка „ Ако козата лаже, рогот не лаже“ сега може комотно да се рекомпонира како „Ако премиерот лаже, Инстаграм не лаже“. На една фотографија од прес-службата на Владата, во огледалото во болничката соба има одраз на човек, за кој не се знае во кое својство е таму и кој на себе нема никаква заштитна опрема, дури ниту заштитна маска, како со мобилен телефон ги фотографира премиерот и ...

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера им е изречен краткотраен притвор уште на две лица. Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање ...

Руските сили утринава го нападнаа електроенергетскиот систем на украинската државна железничка мрежа во областа Днепропетровск. „Утрото на 19 март непријателот со беспилотни летала го нападна железничкиот електроенергетски систем во областа Днепропетровск. Има делови со прекини на електрична енергија, но возовите продолжуваат да сообраќаат според распоредот“, напиша Украинската државна железница на Телеграм. “За време на санирањето на штетата, ...

Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари. Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада. Вучевиќ изјави дека по констатираната оставка денеска во српското Собрание, почнува рокот за избор на ...

Имаше и такви кои и од овој трагичен настан ширеа руска пропаганда дека ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска ги даде армиските хеликоптери на Украина и сега нема со што да се транспотрираат повредените во болница. Дехран Муратов Вчера на 16.03.2025 година, Македонија се разбуди со ужасна трагедија во која загинаа 59 лица, меѓу кои имаше и малолетници и еден полицаец, а повредени се 163, од кои 45 лица од повредените се во критична ...

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата. Последниот транспорт на пациенти е ...

Црвениот крст соопшти дека од донации досега се собрани вкупно 20.932.654,00 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Посочува дека продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка ...

По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се ...

Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања и Панче. Судијата Ивица Стефановски пред почетокот на денешната расправа ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Палевски продолжува да го брани адвокатот Јовица Страшевски. Денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Според најавеното, по ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале кумановецот Т.В.(58), сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Како што соопшти денеска МВР, веднаш потоа полициски службеници извршиле контрола во објектот каде биле пронајдени и одземени пиротехнички ...

Турските власти го приведоа градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како дел од истрагите за корупција и тероризам, објави државната телевизија ТРТ, повикувајќи се на Обвинителството во Истанбул, пренесува CNN. Издадени се и наредби за притвор за околу 100 други поврзани со градоначалникот, вклучувајќи го и неговиот советник за печат, Мурат Онгун, според државната новинска агенција Anadolu ...

Фурхан Салиу: Апел од медиум чиј директор јавно се извини по промената на власта… Светските медиуми, кои го смислија етичкиот кодекс, пренесуваа погреби на претседатели, војници, значајни личности во општеството. Зошто, според мене, треба да се пренесува овој настан? Затоа што имињата на овие деца треба да станат симбол на борбата против корупцијата и алчноста. Треба да ги закачиме нивните слики на влезот пред секој суд, обвинителство, влада и ...

Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства, Владата преку соопштение ги замолува медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста. Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се ...

Универзитетското студентско собрание при УКИМ нема веќе да организира собири по повод трагедијата во Кочани. Претходно тие имаа најавено дека ќе организираат собири на кампусите во текот на целата недела, откако се одржа првиот на платото пред УКИМ каде беше исвиркана министерката за образование Јаневска, тие организираа уште еден собир на техничкиот кампус и известија дека веќе нема да се собираат. Со цел да не се создаваат поголеми гужви во ...

Русија има предност. Како што знаете, руските сили опколија околу 2.500 илјади украински војници, што не е добро. Сакаме да ставиме крај на тоа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп рече дека разговорот со Путин поминал одлично и разговарале за многу теми, вклучувајќи го и патот кон мирот. Според него, рускиот лидер не побарал од Трамп да ја прекине помошта за Кијив за ова ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва се огласи за првпат по денешниот телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, по кој двете страни соопштија дека се договориле околу некои аспекти на мировниот процес во Украина, пренесе „Еј-би-си њуз“. Зеленски најпрво рече дека се надева оти Трамп ќе го информира за деталите од разговорите. Тој рече дека е „скептичен“, но сепак го поддржа предлогот за запирање на руските удари врз ...

Претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија лансирала повеќе од 40 дронови доцна синоќа за да ја нападне цивилната инфраструктура, што, според него, покажува дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин заради мирот. Токму таквите ноќни напади на Русија ги уништуваат нашите енергетски системи, нашата инфраструктура, нормалниот живот на Украинците, рече Зеленски во објавата на Телеграм. „Денес Путин де факто го ...

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин за време на нивниот телефонски разговор денеска се согласија дека војната меѓу Русија и Украина мора да заврши со „траен мир“ и преговорите за таа цел ќе започнат веднаш, соопшти Белата куќа. Лидерите се согласија дека движењето кон мир ќе започне со прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор, како и технички преговори за спроведување на прекин на огнот во Црното ...

Бранко Тричковски: Ќе ги фаќале тие што го урнале системот! Па, вмро го урна. Проблемот на сдсм и дуи беше во тоа што не ги расчистија урнатините што ги остави груевизмот заедно со новите згради (Скопје 2014) за исмејување на нацијата и не даде на знаење дека за санација на штетите од шаткастото чудовиште, ќе бидат потребни децении. И на ги гибна вмронските уривачи од важни места на урнатините (мртв на пример), а вмро во опозиција не работеше ...

Владимир Путин ѝ наредил на руската војска да прекине со нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена, објавија медиумите по неговиот телефонски разговор со Доналд Трамп попладнево. Денеска претседателот Трамп и претседателот Путин разговараа за потребата од мир и прекин на огнот во војната во Украина. Двајцата лидери се согласија дека овој конфликт треба да заврши со траен мир. Тие ја истакнаа и потребата од подобрување на ...

Премиерот Мицковски и директорот на здравствениот фонд влегуваат кај повредените од Кочани вчера кај повредените само со маска на устата иако според протоколите кај пациенти со изгореници несмее никој да влезе заради контаминација и затоа и на семејствата не им се дозволува да влезат заради безбедност на хоспитализираните кои се строго изолирани. Мицковски на новинарот на Телма му се правдаше дека тој не влегувал со камери како што рече некој ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека се идентификувани и е завршена обдукцијата на сите 59 починати лица од трагичниот настан во Кочани. При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 се деца. -Во однос на 59 починати лица, сакам да истакнам дека сите се идентификувани, и на 18.03.2025 година е завршена обдукцијата за сите. При пожарот, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 деца, рече ...

Дритон Зенку: Шемата на апсења зборува за селекции. Не може да се истражува изминатиот период, додека не се утврди одговорноста на актуелните раководители. Не може да се истражува изминатиот период, додека не се утврди одговорноста на актуелните раководители. Не знам дали началникот на локалната полиција бил сослушан или не. Не знам дали надлежните институции одговараат што дозволиле дискотеката да работи без лиценца. Истрагата тргнува од ...

Урим Салиу: Мицковски да не го бара на друго место проблемот. Треба да тргне од својот кабинет, односно да отстрани неколку министри од кабинетот, макар и од морални причини затоа што се случи страшна трагедија. Потоа, како премиер, со надлежните институции мора да копаат и во минатото, начинот на издавање на лиценцата и многуте злоупотреби што се случија итн. Некој ја отвори дискотеката, но некој не ја затвори. Ова е од суштинско значење за да ...

Досега за вкупно 16 лица е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16, велат од Државното Јавно Обвинителство. Меѓу приведените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ...

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои ми беа побарани од страна на медицинскиот персонал и докторите. Не го правам тоа заради П.Р., туку за да излезам пред медиумите и да зборувам отворено за се она со што се соочуваме во овие моменти, порача премиерот Христијан Мицкоски. И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани, потврдија за МИА од МВР. Разрешение се : 1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип 2. Помошник началник на СВР Штип 3. Началник на Одделение за полиција Штип 4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип 5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани 6. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
33%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
55%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
60%
1018
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
47%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.49
36%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.03
69%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.81
42%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
30%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
31%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
45%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
68%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75