Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во обраќање до јавноста им порача на граѓаните дека можат да ги напуштат засолништата, откако нов бран ирански ракети прелетаа над израелска територија како одговор за жестокиот удар на Израел врз Техеран денеска. Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност иранскиот народ да му се спротивстави на режимот, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање. Тој, според АФП, повтори дека израелските ...

Чад се издига во Тел Авив по ударот на иранска ракета. Одмаздничките напади на Иран ги потресоа зградите во Израел, според јавувањата на светските агенции. Иран истреал „стотици различни балистички ракети“ кон Израел, во она што Техеран го нарече почеток на својот „разорен одговор“ на израелските напади, според новинската агенција на Иран, ИРНА. Власите ги повикаа израелските граѓани да заминат во засолништа. Се јавува дека лесно се повреди ...

Соединетите Американски Држави префрлаат воени сили, вклучително и воени бродови, на Блискиот Исток како одговор на неодамнешните израелски напади врз Иран и можниот одговор од Техеран, соопштија денеска американски функционери. Американската морнарица му наложи на разурнувачот „Томас Хаднер“ да се упати кон источниот дел на Средоземното Море, а слична наредба добил и друг разурнувач, кој ќе биде во готовност доколку Белата куќа побара ...

Според извештаите, градот моментално е под „жесток напад“ од страна на израелските сили.Нападот врз Тебриз претставува проширување на израелските операции надвор од првичните цели во Техеран и други локации кои беа погодени претходно во петокот. Израелските медиуми јавуваат дека Израел извршил напади врз воениот аеродром во Тебриз, кој се наоѓа во покраината Источен Азербејџан. Канал 12 јавува дека израелските воздухопловни сили го уништиле ...

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Значи за двајца министри се запира постапката, во период кога истите биле министри, не можам да ви кажам кои, имајќи предвид за другите имаат обвинение, за периодот кога биле на функција, рече Коцевски. Дополни ...

Обвинителството поднесе обвинение за пожарот во кочанската дискотека Пулс во која загинаа 62 луѓе. Обвинети се 34 лица кои со постапувањето или непостапување во системот предизвикале да се случи катастрофата. Во обвинението се опфатени и трите фирми на сопственикот на дискотеката кој е првообвинет. За 11- мина кои првично беа осомничени обвинителството ја запрело постапката со образложение дека нема докази, еден од првично осомничените е ...

Израел ги затвора амбасадите низ целиот свет и ги повикува своите граѓани да бидат внимателни и да не прикажуваат израелски или еврејски симболи на јавни места, се вели во соопштението објавено на официјалните веб-страници на амбасадите. По нападот на Израел врз Иран, амбасадите објавија дека нема да обезбедуваат конзуларни услуги и ги повикаа граѓаните да соработуваат со локалните безбедносни сили во случај на закани. Не беше откриено колку ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Иран силно ќе одговори на нападите на Израел и дека легитимно ќе го брани интегритетот на земјата. Во своето обраќање до нацијата, тој рече дека израелскиот напад бил брутален чин што го крши меѓународното право и ја потврди „криминалната природа“ на израелскиот режим. Пезешкијан потврди дека голем број деца и жени, воени команданти и нуклеарни научници биле убиени во израелскиот напад ...

Повеќе од десет полицајци и поранешни началници на полицијата од Кочани и Штип се уапсени вечерва во акција раководена од ОЈО ГОКК, како осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Дел од нив, според „Скопје1“ се и началници кои биле на функцијата во март, кога се случи трагедијата во која загинаа 62-ца млади луѓе. За случајот веќе се осомничени повеќе поранешни полицајци и полициски функционери, како и ексградоначалниците на ...

Израел потроши години подготвувајќи се за операцијата против нуклеарните и ракетните програми на Иран, која беше започната рано наутро во петокот, изјави безбедносен функционер за „Тајмс оф Израел“, вклучувајќи изградба на база за беспилотни летала во Иран и шверцување на прецизни системи за оружје и командоси во земјата. Во операцијата повеќе од 200 авиони на израелските воздухопловни сили учествуваа во првите напади, додека борбените авиони ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повика Иран да склучи договор за неговата нуклеарна програма, наведувајќи дека Техеран сè уште има време да спречи понатамошен конфликт со Израел и предупреди дека последователните напади ќе бидат уште пожестоки. Сите се мртви сега, и само ќе биде полошо. Веќе имаше многу смрт и уништување, но сè уште има време да се запре овој масакр, бидејќи следните напади што веќе се планирани се уште ...

Бранко Тричковски: Иран не го послушал Трамп, Израел не го послушал Трамп, Русија не го послушала Трамп, Калифорнија не го послушала Тгамп, Меланија не го послушала Трамп, Харвард не го послушал Трамп, Канада не го послушала Трамп, Гренланд не го послушал Трамп, Кина не го послушала Трамп, Мексико не го послушал Трамп, Маск не го послушал Трамп. Трамп не се слуша себе си. Кој уште го слуша Трампчота!? Освен Орбан и Миц!? Во меѓународните ...

Главниот ирански објект за збогатување ураниум во Натанц е оштетен во израелски напад, објави денес Иранската агенција за атомска енергија. Агенцијата наведува дека комплексот има надземни и подземни објекти и дека сè уште не е познато што точно е оштетено, но дека нема пријавени жртви, објави Си-Ен-Ен. Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека иранските власти потврдиле дека Натанц е ...

Нови детали од операцијата „Подемот на Лавот“, која Израел ја спроведе врз Иран рано утрово, укажуваат дека Израел со години спроведувал тајни активности во Иран, вклучително и поставување база за експлозивни дронови, убивање клучни безбедносни службеници и целни саботажни операции, според доверливи извештаи од безбедносни извори. Според информациите добиени од истражувачки новинари и безбедносни аналитичари, израелските разузнавачки и воени ...

Архиепископот на Македонската православна црква, Стефан, синоќа заедно со повеќе владици бил гостин на Руската амбасада во Скопје, каде е организиран прием по повод Денот на Руската федерација. Амбасада на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека на приемот била присутна бројна и висока црковна делегација во чиј состав биле повеќе владици од Синодот на МПЦ-ОА, меѓу кои и вчера избраниот митрополит дебарско-кичевски, Георгиј. Прием во ...

После месеци упатување критики за опозицијата, навреди и обвинувања, само затоа што ги соочуваме со фактите, се докажа дека нашите укажувања се и повеќе од основани. Јанев итно да си даде оставка! Кристина Костова Три месеци се пенават преку фингирани анкети и трибини затворени за јавноста да нѐ убедат дека добро се справувале со последиците од најголемата трагедија во поновата македонска историја. Три месеци бегаат од оштетените, од ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека нуклеарните постројки во Бушер, Исфахан и Фордов не се оштетени во нападите на Израел врз цели во Иран и дека не е забележано зголемување на нивото на радијација на локацијата Натанз. Тој напиша на социјалната мрежа Икс дека иранските власти ја информирале МААЕ дека нуклеарната централа Бушер не била цел на нападот и дека не е ...

Израелската војска (ИДФ) објави фотографии и видеа на кои се гледа дека американските борбени авиони Ф-35, Ф-15 и Ф-16 биле користени во напади врз ирански цели, вклучувајќи нуклеарни објекти, воени бази и командни структури. Според соопштението на израелското Министерство за одбрана, во операцијата учествувале околу 200 борбени авиони, користејќи вкупно 330 ракети, објави Си-ен-ен. Ова претставува речиси 60 проценти од борбената флота на ...

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Израел може да очекува сериозна казна за денешните воздушни напади врз Иран, во кои биле погодени нуклеарни постројки, фабрики за оружје и командни центри на војската. Израел изврши злосторство во нашата драга земја денеска. Неговите воени сили нема да поминат неказнето. Со ова злосторство, ционистичкиот режим нека се подготви за горчлива, болна судбина, што дефинитивно му следува, ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во денешниот израелски напад била погодена главната иранска постројка за збогатување ураниум во Натанз во централниот дел на земјата. Будно ја следиме длабоко загрижувачката ситуација во Иран, соопшти ИАЕА. Оттаму додаваат дека иранските власти ги известиле оти не е забележано покачувањето на нивото на радијација во Натанз. Овој комплекс е сместен 225 километри од Техеран и се ...

Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа убиени неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници. Досега е потврдно за загинување на: -Мохамед Багери, началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран -Хосеин Салами, командант на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC) -Голамали Рашид, командант на Генералштабот на Хатам-ал ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека ненадејниот напад на Израел врз Иран бил „многу успешен“ и дека операцијата ќе трае со денови. Ја погодивме високата команда, ги погодивме високо рангираните научници кои го унапредуваат развојот на нуклеарно оружје, ги погодивме нуклеарните инсталации. Натрупуваме достигнувања. Но, знам, а и вие знаете, нема лесни војни, рече тој во видео обраќање, во присуство на министерот за одбрана Израел ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во денешниот израелски напад била погодена главната иранска постројка за збогатување ураниум во Натанз во централниот дел на земјата. Будно ја следиме длабоко загрижувачката ситуација во Иран, соопшти ИАЕА. Оттаму за Ројтерс додаваат дека иранските власти ги известиле оти не е забележано покачувањето на нивото на радијација во Натанз. Овој комплекс е сместен 225 километри од ...

Генералот Хосеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад, објавија повеќе ирански државни медиуми. Салами првпат се приклучи на Револуционерната гарда во 1980 година за време на избувнувањето на војната Иран-Ирак. Како што се искачуваше низ воените редови, стана познат по својата остра реторика против САД и нивните сојузници. Од 2000-тите, тој е под санкции ...

Групата на седум водечки демократски економии (Г7) нема да усвои сеопфатна заедничка декларација на претстојниот самит во Канада, кој ќе биде прв со учество на американскиот претседател Доналд Трамп по неговото враќање на функцијата, изјавија денеска германски владини извори, а јавува ДПА. Наместо тоа, домаќинот Канада очекува да бидат усвоени само селективни изјави за конкретни теми за време на тридневниот самит во Канадските Карпести ...

Од 5 часот утрово, новинарите во Грција започнаа нов 24-часовен штрајк што е втор во период од една седмица, а земјата и денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот е организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно ...

Според непотврдени информации, две лица го преживеале падот на Боинг 787 Дримлајнер, кој се урна кратко по полетувањето во индиската држава Гуџарат порано денеска. Авионот на летот број 171 со 242 патници и членови на екипажот летал за Гетвик (Лондон), кога се урна под нејасни околности. Авионот се урна во болница во Ахмедабад, по што избувнал пожар. Според индиските медиуми, еден од преживеаните е 38-годишен маж кој седел на седиштето број ...

Германија во моментов не размислува да испорача ракети „Таурус“, со долг дострел во Украина, кои се способни да погодат цели на растојание до 500 километри, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на брифингот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Писториус беше прашан дали Германија размислува за испраќање ракети „Таурус“ во Украина. „Ме прашавте дали го разгледуваме тоа, а мојот одговор е – не“, рече ...

Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон. Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините. Премиерот на Индија, Нарендра ...

Русија и Украина разменија воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана без да го соопшти точниот број на разменети војници. На 12 јуни оваа година, во согласност со руско-украинскиот договор постигнат на 2 јуни годинава во Истанбул, група руски војници беше вратена од територијата контролирана од режимот на Киев. Во замена, беше предадена група воени заробеници од вооружените сили на Украина, наведува во соопштението на руското ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1012
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
74%
1007
weather icon

Загреб

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1005
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
100%
1013
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.69
95%
1013
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
94%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
83%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1009
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1010
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1013
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
92%
1007
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1013
Currency

61.63

Currency

52.5

Currency

70.9922

Currency

36.204

Currency

38.25

Currency

67.2401

Currency

7.52839

Currency

0.69597

Currency

0.3372

Currency

0.52872

Currency

1.21051

Currency

0.57032

Платина

74080.83

Бакар

11.75

Паладиум

57453.38

Злато

147776.72

Кобалт

62.83

Родиум

324722.54

Цинк

3.20

Алуминиум

3.13

Рутениум

45750.51

Калај

49.66

Иридиум

198077.91

Сребро

2897.70