
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



По традиционалните маски со оркестарот, зетот, невестата, ѓаволите и Глупавите Августи креативните вевчанци на хумористичен начин ја прикажаа релаксирачката атмосвера со играње фудбал „во кабинетот’ на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а „премиерот“ Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици „продефилира“ и екс директорот на ...
Нацрт-законот го насловиле „Да се направи Гренланд повторно да биде голем“. Трамп претходно во неколку наврати изјави дека сака да го направи Гренланд дел од САД и не исклучува употреба на воена или економска моќ за да ја убеди Данска да ја предаде територијата. Републиканците освоија тесно но мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот на изборите во САД на 5. ноември. Доколку биде усвоен, законот ќе му овозможи на претседателот да стапи во ...
Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда донесе Кривичниот суд во Скопје за случајот „Тврдина“. Педметот се однесува на уништувањето на опремата за прислушување во УБК. Екс министерката на МВР Гордана Јанкуловска е ослободена, а на екс директорот на УБК Сашо Мијалков делото му застаре како последица на измените во кривичниот Законик и предолгото чување на обвинителниот акт во судиските фиоки. Скопскиот кривичен суд одреди ...
Вработени од јавната администрација утре ќе излезат на проест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата. Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, велат дека на протест утре излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив. Освен утрешниот протест, во средата во штрајк стапија вработените од Државното ...
За време на 20-годишното владеење на неговата партија, некогаш со СДСМ, некогаш со ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети постојано ја повторуваше фразата дека Албанците треба да стојат покрај Македонците и обратно во сите нивни предизвици во оваа како што нагласуваше, „заедничка држава“. Но, со преминот на неговата партија во опозиција по 20 години поминати на власт, политичкиот речник на Али Ахмети се промени. Тој сега ја гледа државата како „закана“ за ...
Глобалните цени на нафтата денеска се искачија на највисокото ниво во последните четири месеци. Според податоците на берзата, цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а цената на американската нафта ВТИ (WTI) се движи околу 78 долари. Соединетите Американски Држави во петокот ги воведоа досега најагресивните и најамбициозни санкции за руската нафтена индустрија, насочени кон големите извозници, осигурителни компании и ...
Поради обилните снежни врнежи, областа Голо Брдо е завеана во снег, па од денеска прекината е наставата во сите училишта во областа. – Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што ја поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Владата и од општините да преземат итни мерки за да се ...
Речиси сите државни училишта во Лос Анџелес повторно ќе бидат отворени денеска, иако пожарникарите продолжуваат да се борат со неколку шумски пожари во кои загинаа најмалку 24 луѓе и уништија повеќе од 12.000 објекти во градот. Образовните власти во Лос Анџелес објавија дека само седум од 1.302 училишта ќе останат затворени. Четири од нив се уништени во пожар во близина на населбата Пацифик Палисадес во северозападниот дел на Лос Анџелес, а уште ...
Министерството за транспорт и врски информира дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај. -Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на ...
Сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци од 09:50 часот е во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно Министерството за транспорт и врски информираше дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај. -Сообраќајот се ...
Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат да ја пустошат областа Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија градските медицински власти. Шеснаесет од жртвите се поврзани со пожарот Итон во близина на Пасадена, а осум други со пожарот Палисејдс во областа Пацифик Палисејдс. Од вторникот има неколку големи пожари во регионот, но овие два се најтешки, пренесува ДПА. Локалните власти стравуваат дека ...
Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20, Охрид 17, Струмица 15, а во Скопје 11 сантиметри, информира УХМР. На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 Тетово, ...
– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, информира АМСМ. Од 06:30 часот е нормализирано движењето за тешки товарни возила на автопатот А1 од клучка Демир Капија до клучка Смоквица. Активни забрани за движење на камиони ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија. Покрај првите заробени севернокорејски војници, сигурно ќе има уште. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат други, напиша Зеленски на Икс. Зеленски претходно изјави дека Украина заробила двајца ...
Првите неофицијални, но поради големата разлика во гласови во корист на Зоран Милановиќ кандидат на Социјалдемократската партија на Хрватска, наспроти на Драган Приморац, кандидат владејачката на Хрватската демократска заедница, сосема е извесно дека Зоран Милановиќ ќе го почне својот втор последователен петгодишен претседателски мандат. Неофицијално, но според податоците од хрватската државна комисија, од околу 90% преборени гласови резултатот ...
Речиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака за позитивни промени. Вевчанци се подтотвени, финишира изработката на маските, а публиката, како од ...
Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според планираното, околу 16 часот и 30 минути студентите и граѓаните ќе молчат 15 минути, а по интонирањето на химната на ...
Камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на овој патен правец од 15:50 часот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат. Веста ја потврди Виктор Паласкаров, раководител на Секција Гевгелија при ЈП „Македонија пат“. Соред него, сообраќајот е прекинат кај местото Јаворица во близина на тунелите кај Демир Капија и надлежните органи преземаат ...
Пакистанската активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи денеска изјави дека Израел го „десеткувал“ образовниот систем во Појасот Газа, каде што води војна против палестинското движење Хамас од 2023 година. -Во Газа, Израел го десеткуваше целиот образовен систем. Тие ги бомбардираа сите универзитети, уништија 90 отсто од училиштата и неселективно ги гаѓаа цивилите кои се засолниле во училишните згради, рече таа на ...
Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а снежна покривка над 20 см ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер, соопштија од УХМР, ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар утрово во 02.10 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол, при што поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта биле приведени седум странски државјанки. Како што соопштија од МВР, од приведените странски државјанки пет биле од Бразил, една од Колумбија и една од Венецуела, на возраст од 22 до 34 години. Тие биле задржани во ...
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа телефонски разговараше со папата Франциск и притоа му соопшти дека му доделил „претседателски медал на слободата“ со дистинција, соопшти Белата куќа. Бајден претходно овој месец вакви Претседателски медали на слободата им додели на 19 лица, но ова е првпат во неговиот мандат да го додели медалот „со дистинкција“, што е повисоко ниво на Претседателскиот медал на слободата. „Претседателскиот медал на ...
Украински дрон погоди голема рафинерија за нафта во Нижнекамск во Татарстан, потврди шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко. Вработените беа евакуирани поради нападот, а на снимката се гледа како чад се издига од местото. Рафинеријата игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската армија. Отстранувањето на рафинериите и нафтените магацини директно влијае на способноста на Русија да води интензивна ...
Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош. Во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба. Според очевидци, до експлозијата дошло кога се превртела греалка на плин, што предизвикала пожар, а потоа и експлозија, соопштија од ...
Од 09.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, соопштија од Ј.П. Македонијапат. Забрана за сообраќај од 08.05 часот е воведена за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, ...
Бранко Тричковски: Така што имам наталожености кои ми дозволуваат на развојот на ситуацијата да гледам како на егзил во кој оди татковината. Таа самата себе се прогонува, се изместува односно ја изместуваат од лежиштето, не во функција на ослободување од себе, за што јас се залагам, туку во функција на тотална културна, медиумска, институционална, политичка и секаква друга деградација на сите модерни национални и државни дострели, колективни и ...
Германските социјалдемократи (СПД) денеска го потврдија канцеларот Олаф Шолц како главен кандидат на партијата за парламентарните избори во февруари. Шолц беше номиниран за кандидат за канцелар од страна на извршната власт на партијата на крајот на ноември по бурна дебата. Пред ова, партијата две недели јавно дискутираше дали многу попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус не треба да биде претставен како заменски кандидат. По поразот на ...
Гордан Калајџиев: Ако влијанијата на политиката врз судството се проблем, тогаш поголем проблем е политиката, отколку судството. Зборуваат за ниска доверба во судството, а која голема доверба ја имаат политичарите? Тоа се прашале ли? Кој им дава за право да сечат судски глави? Тоа не може. Во модерна правна држава, не може извршната власт по свое гледање, да сече глави во судската власт, не може. Судскиот совет е поставен за да биде брана, баш ...
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, изјави дека денес добил известување од Азербејџан во врска со испораката на гас. Уште една лоша вест нѐ погоди утрово. Добивме известување од Азербеџан дека од денес не можеме да се ослониме на 1,7 милиони кубни метари гас којшто секојдневно пристигнуваше. Од денес ќе почнеме многу посериозно да ги трошиме нашите резерви,изјави Вучиќ. Се испостави дека било паметно што собиравме резерви. Имаме толку ...
Чудно е и однесувањето на СДСМ, Законот на бранители е нивен предлог, а тие ја напуштија собраниската сала. Цел ден дебати, кавги и обвинувања, тони потрошена хартија, дневници и патни трошоци за пратениците, прекувремени часови за собраниската администрација. Многу чинеше вчерашниот ден во Законодавниот дом кој немаше ниту ефект, ниту епилог. Трагикомично беше да се гледа гласањето за интерпелациите на двајцата вицепремиеро Меџити и Стоиљковиќ, ...