Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, јави Си-Би-Ес. Нуркачите имале пристап до кабината на авионот, а црната кутија е меѓу предметите што ги пронашле. Потрагата по телата и можните преживеани продолжува. Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во реката ...

Рано утрово избувнал пожар во студентски дом на Пољанска цеста во Љубљана при што се повредени 11 лица, од кои едно е во критична состојба, јави Н1 Словенија. Пожарот бил пријавен кусо по четири часот, а пожарникарите брзо реагирале, евакуирале 363 лица и спасиле 45 лица со помош на скали и заштитни маски. Во гаснењето учествувале 77 пожарникари со 23 возила, а пожарот бил ставен под контрола за нешто повеќе од еден час. Според информациите од ...

Ана Чупеска: Тешка катастрофа е инкриминирани лица да бидат советници на премиерот, тоа значи уште поголемо влијание од сегашното на Груевски. Ние имавме многу прилики да видиме, да слушнеме од бомбите што тие луѓе правеа, така што, си продолжуваат по старите режимски навики. Најмалку им е место во владата на вакви луѓе, што ќе советуваат, како се прави државен удар? Стварно е толку невкусно тоа што еманира порака према јавноста дека ...

Ванчо Узунов: Моделот со кој што оваа Влада мисли да ја движи економијата се гледа, го кажала но и во пракса се гледа, се сведува на тоа ќе ги менуваме законите. Најлесно за политичарите е менување на законите, најди два правника, ќе ти напишат некои промени таму, членчиња ќе ти сменат, собрание имаш мнозинство, готово помина, Службен весник излезе и реформата е завршена. Не е проблемот во менување на законите, туку проблемот е во спроведување ...

Инспекторатите ќе продолжат да работат во рамки на министерствата и нема да имаат сопствен буџет. Тие не ќе можат самостојно да спроведуваат јавни набавки, вработувања или да одлучуваат за правата на вработените. Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, кој ќе се донесе по скратена постапка во Собранието. Измените предвидуваат дека различни инспекторати ќе продолжат да работат како органи во состав на ...

Христијан Мицкокси: Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите. Нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните. Трајко Славески: Ова е само фолклор и нема да има никаков ефект, она што нема да го купите во петок ќе го купите за време на викенд затоа ...

Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС-УКИМ) смета дека воведувањето на дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси на некои факултети не треба да бидат на товар на студентите. Во денешното соопштение се наведува дека ќе се бара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска, со цел во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од Буџетот на Република Северна Македонија, како што е ...

Малата џихадистичка група Хурас ал Дин – сириски огранок на Ал Каеда – соопшти денеска дека се распушта, наведувајќи дека одлуката е донесена по падот на режимот на Башар ал Асад. Групата, која се наоѓа на американската листа на терористички организации, посочи дека самораспуштањето е „одлука на главната команда на Ал Каеда во согласност со развојот на ситуацијата во Сирија“. Коалиција од бунтовнички групи, предводена од радикалното исламистичко ...

Во Словенија во тек е бојкот на одредени трговски центри и супермаркети кој ќе трае до 2-рифевруари. Но граѓаните се повикуваат да продолжат со бојкотот и на други трговски ланци и тоа од 3. до 9. февруари. Повеќедневниот бојкот на купувањето во Словенија уследи по успешниот бојкот на хрватските граѓани во Хрватска минатиот петок, кога за само еден ден апстиненција од одење до продавница, бројот на издадени фактури е намален за цели 53 отсто. ...

Венко Филипче: Знае ли премиерот кој му е вицепремиер и во која смисла и во која форма го организира тој настан и како и во која форма се канети гостите. Дали можеби станува збор и за хибриден напад врз државата? Поради тоа што ние мора да внимаваме кои и какви гости каниме, поради тоа што сме земја-членка на НАТО. Треба можеби да се прашаат и безбедносните служби – знаеле ли кој ќе дојде и какви изјави ќе дава, дури дали процениле, можеби ...

Администрацијата на идниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека нуди стимулации за речиси сите вработените во федералните служби да се откажат од работните места и предупреди на плановите за намалување на јавниот сектор. „Програмата за одложена оставка“ ќе им овозможи на федералните вработени да останат на платниот список до 30 септември, без да мора да работат, се наведува во електронската пошта испратена до сите вработени во ...

29/01/2025 05:29 - Нова ТВ

Марина Тунева: Во декември 2024 година, Оксфордскиот универзитетски речник го прогласи „brain rot“ (или мозочна атрофија) за збор на годината, термин што совршено ја опишува менталната деградација предизвикана од бескрајното изложување на дезинформации, политички спектакли и токсични онлајн содржини. Ова не е случајност, живееме во пост-ТРАМПандемиска ера, каде што глобалните, па и локалните случувања, покажуваат како импулсивните политики може ...

Два лека од оние што недостасуваа, пристигнаа на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, пациенти се известуваат дека можат да ја примат потребната терапија, потврди директорот Игор Стојковски. Директорот рече дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Доколку има потреба од дополнителни финансии, тој додаде дека Фондот ...

Два лека од оние што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје, се очекуваат да пристигнат денеска. Уште еден лек треба да ѝ биде на располагање на клиниката од утре. Информацијата ја потврди директорот на УКРО, Игор Стојковски. – Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја ...

Зуди Џелили: Иако сè уште не е помината година од редовните парламентарни избори во Северна Македонија, опозицијата започна кампања за стабилизирање на своите редови како резултат на движењата што се случија за време и по изборите. Вообичаено, оние што ќе ги загубат изборите утре размислуваат за нови избори за повторно да ја добијат власта, но, оваа идеја е веродостојна доколку владата нема стабилно мнозинство за да носи одлуки во парламентот ...

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од преговори за ставање крај на војната во Украина, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Денеска Путин уште еднаш потврди дека се плаши од преговори, дека се плаши од силни лидери и дека прави се за да ја продолжи војната“, напиша Зеленски на платформата Х, откако рускиот претседател ги исклучи како можност директните разговори со неговиот украински колега. Путин претходно денеска ...

Федерален судија во вторникот попладне привремено блокираше дел од плановите на администрацијата на Трамп за замрзнување на сета федерална помош, политика што предизвика збунетост и загриженост кај добротворните организации и едукаторите, иако од Белата куќа тврдат дека тоа не е толку голема наредба како што изгледа. Според краткорочната пауза издадена од американската окружна судијка Лорен Л. АлиКан, тоа ја спречува администрацијата да продолжи ...

Во близина на Капитол во Вашингтон, маж бил уапсен додека носел преклопен нож и два молотови коктели. Според информациите од федералните обвинители, осомничениот планирал напади врз истакнати политичари, меѓу кои Мајк Џонсон, Пит Хегсет и Скот Бесент. Граѓанинот Рајан Инглиш, се преправил во полицаец. Претресот покажал дека со себе имал две шишиња од 50 милилетри со крпчиња во нив. Носел и нож. Полицијата соопштила дека имал намера да ги нападне ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо и не преземаа ништо, сега ќе давале поддршка на бојкотот на маркетите. Граѓаните не се наивни и ...

СДСМ: Повикуваме Владата итно да донесе мерки за заштита на граѓаните кои ги нуди СДСМ. Време е Мицкоски да сфати дека треба да работи во интерес на граѓаните. Економската состојба е крајно алармантна, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите. ВМРО-ДПМНЕ: За очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените и да ги истражи однесувањата на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле ...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска поднесе оставка. И градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ поднесе оставка, соопшти денеска на прес конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ кој информира дека донел одлука да поднесе оставка од функцијата. Вучевиќ рече дека тој и Ѓуриќ се чувствуваат одговорни за синоќешниот инцидент во Нови Сад кога студенти кои го блокираа Филозофскиот факултет соопштија дека биле нападнати при што неколкумина од нив ...

Ивон Величковски: Одмолчувањето на негирањето на геноцидот значи директно спротивставување на државната политика на Северна Македонија означена со гласањето за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Генералното собрание на ОН. Одмолчувањето на проруските ставови на Додик кои ја оправдуваат агресијата врз Украина секако значи и согласување на присутните со овие позиции спротивни на демократскиот свет од Атлантикот до Уралот. Останувајќи во ...

Северна Македонија, во втората половина од март, годинава, ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија. Како што соопшти Министерството за европски прашања, одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план. Оваа одлука на ЕУ ...

„Гугл мапс“ ќе го смени името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во Соединетите Американски Држави, откако ќе биде официјално ажуриран во Географскиот систем на САД. Оваа промена ќе биде видлива за корисниците во САД, додека во Мексико ќе остане „Мексикански Залив“. Вон САД и Мексико, корисниците ќе ги видат двете имиња. Американското Министерство за внатрешни работи во петокот соопшти дека официјално го сменило името ...

Eдна од најголемите руски рафинерии за нафта, Рјазан, привремено ја прекина работата откако украинската војска изврши неколку напади со беспилотни летала, јавува Ројтерс. Според неименувани извори од индустријата, нападот запалил складиште за нафта и ја оштетил клучната рафинериска опрема. Меѓу оштетувањата се издвојува железничката утоварна станица, како и единицата за хидротретман, која се користи за отстранување на нечистотиите од ...

Сем Пауер: Главната работа што ја утврдивме во однос на онлајн порталите е дека е голема веројатноста оти се основаа голем број организации за да ги искористат државните средства, иако немаа никаква историја поврзана со медиуми и веројатно само го користеа системот во Македонија за да земат пари од државата и потоа истите да ги злоупотребат. Кога разговаравме со заинтересираните страни, тие рекоа дека многу веројатно државните средства се ...

Унгарските претставници го блокираа заедничкото соопштение на земјите од Европската унија со кое се отфрлаат претседателските избори во Белорусија. Во недостиг на потписи од претставници од сите 27 земји на ЕУ, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас даде посебна изјава во која се вели дека изборите на 26. јануари не биле слободни и фер и ги повика белоруските власти да ги ослободат сите политички затвореници. ...

Mузичарот Костадин Коце Икононов, гитарист на култните македонски групи „Безимени“ , „Бис-Без“ и „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје по кусо боледување на 78-годишна возраст. Коце Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок сцена. Роден е во 1946, музиката ја засакал од мал, па по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште. Студирал медицина, но ...

Денеска во 10 часот започна 24-часовната блокада на Автокоманда, најголемата раскрсница во Белград. Блокадата засега се одвива без инциденти и во позитивна атмосфера со различни спортски и општествени активности, пренесува Н1. Студентите ги поканија граѓаните да им се придружат и изјавија дека смените ќе траат по четири часа. Тие апелираа до сите да се придржуваат до договорените правила и да ги почитуваат упатствата на редарите. Во продолжение ...

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците. В петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, на сите без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани, се наведува во соопштението. Организацијата наведува дека цените се екстремно ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
39%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
44%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1019
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.08
49%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
4.02
62%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
44%
1021
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
35%
1020
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
52%
1020
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
47%
1019
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
6.69
37%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
62%
1023
Currency

61.53

Currency

54.25

Currency

70.9542

Currency

33.8663

Currency

39.1097

Currency

66.5283

Currency

7.41638

Currency

0.65217

Currency

0.37783

Currency

0.52538

Currency

1.4325

Currency

0.63007

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1038.03

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65