Најмалку пет лица загинаа денеска во вооружен напад на автобуска постојка во Ерусалим, соопштија медицинските служби, пренесува ДПА. Израелската итна медицинска служба „Маген Давид Адом“ јави дека четворица загинале на самото место во северен Ерусалим, додека уште една жена починала во болница од здобиените повреди. Уште 12 лица се пренесени во болница, од кои седум се во тешка состојба. Полицијата соопшти дека „двајца терористи пристигнале со ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека неговата влада воведува ембарго на оружје за Израел во обид, како што рече, „да се запре геноцидот во Газа“. Мерките, кои стапуваат во сила веднаш и вкупно се девет, вклучуваат и забрана за патување за лица директно вмешани во, како што ги нарече, „масакрите“, пренесува ДПА. – Шпанија ќе биде на вистинската страна на историјата – изјави Санчез, кој е еден од најгласните светски лидери во критиките кон ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествувал на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана, Албанија, каде во рамки на првиот ден од Конференцијата бил говорник на панелот на тема „Албанците во регионот – заеднички идентитет, заедничка европска цел“. Во своето обраќање, како што соопштија од Министерството за европски прашања, министерот Муртезани нагласил дека патот кон Европската Унија за земјите од ...

Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ на следната генерација католици пример за некој што користи технологија за ширење на верата. Папата го канонизираше Карло Акутис, кој почина во 2006 година, за време на миса на плоштадот „Свети Петар“ на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од нив од таа генерација и парови со мали деца. На ...

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. Како што соопшти МВР, сообраќајката како и бројот на повредени биле пријавени во ОВР Гостивар попладнево во 15:56 часот. – Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта ...

Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „Eгзит“ (EXIT). Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. – Убеден сум дека бренд како „Егзит“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го ...

Наш приоритет се европските интеграции, но тој пат не смее повеќе да биде срамен, туку достоинствен, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста. – Наш приоритет се европските интеграции. Биле, се и ќе останат врвен приоритет, но тој пат не смее повеќе да биде срамен, треба да биде достоинствен. Треба да биде пат во кој што ќе бидеме рамноправни со сите останати европски народи, а ...

Во изминатите три дена на патиштата низ Македонија се одржа 34-тото Мото-рели „Независност“, на кое зедоа учество учество околу 270 мотоциклисти од земјава и од странство од сите возрасти и на различни мотоцикли. – Стартот на релито беше во 10 часот на 6 септември во Скопје, од каде мотоциклистите патот го продолжија кон Куманово, Кратово, Кочани, сѐ до Струмица, каде имаа пауза, а првото ноќевање беше организирано во Дојран. Вториот ден ...

По повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Кавадарци 7 Септември и манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ синоќа во музеј-галеријата во Кавадарци беше отворена изложба на современиот македонски ликовен уметник Мирослав Масин. На изложбата во Кавадарци Мирослав Масин се претстави со 14 големи платна, кои всушност се 14 големи врати кон различни универзуми на неговите птици. Птиците на Масин не се реалистични суштства туку негови визии во ...

Државното обвинителство денеска соопшти дека е почнат увидот во фабриката „Макпрогрес“ – Виница каде во пожар изгореа производствен погон и две магацински простории. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. ...

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата ...

Денес мора да донесеме одлука – да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ги вратиме надежта, радоста и детската насмевка во секој дом. Но, истовремено мора да внесеме и надеж. Владата ова прашање го гледа како прашање на иднината на нацијата и затоа го поставува како еден од највисоките национални приоритети, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната централна свеченост на која беа одбележани 34 години од ...

Српското Министерство за надворешни работи соопшти дека со загриженост ги следи изјавите и најавите на одредени функционери во регионот во врска со потпишувањето и проширувањето на билатералните договори за воена соработка, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да предизвикаат нови тензии на Балканот. – Србија потсетува дека целиот Балкан останува чувствителна постконфликтна област во која зачувувањето на мирот и стабилноста е од ...

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска поднесе оставка, по помалку од една година на функцијата, откако неговата Либерално-демократска партија го изгуби апсолутното мнозинство во Горниот дом на Парламентот. – Одлучив да поднесам оставка од функцијата претседател на Либерално-демократската партија – рече Ишиба. Лидерот на владејачката партија станува де факто премиер на Јапонија. Јапонската телевизија претходно денеска објави дека премиерот ...

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот стандард на граѓаните. Порача дека пред нас стојат големи предизвици, но и големи можности и дека државата веќе прави чекори напред. Оцени дека во изминатата година ипол поправени се многу работи, се отвораат нови работни места, а економијата закрепнува. – Свесен сум дека многу луѓе живеат многу тешко и дека ...

Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста. Повикувањето да се декласифицира документацијата за прислушкувањето, Мицкоски го гледа како страв и паника на оние кои ...

8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи во Европа и последица на многу битки на тој народ. Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. И повторно мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина што ќе ја оставиме на нашите деца. Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, таа е борба, ...

Под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По повод одбележувањето, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена од пратениците Сергеј Попов и Славјанка ...

Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова упати честитка по повод 34-годишнината од осамостојувањето на државата. Во неа, Силјановска-Давкова потсетува дека сѐ уште се соочуваме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици и со отстапки и компромиси кои не се усогласени со референдумската одлука од 1991 година и со меѓународното и националното право. – Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а ...

Со свечено отворање на Фестивалот на македонскиот филм – македонски филмски класици, Амбасадата на Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот за македонско национално малцинство на Град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска, ќе го одбележат 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Отворањето на фестивалот на 8 септември е резервирано за ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата. – Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот – информираат од Јавното обвинителство. Пожарот во фабриката за ...

Помрачување на Месечината е астрономски феномен кога Земјата ја помрачува светлината што од Сонцето патува кон Месечината. Скопското астрономско друштво постави два телескопи на плоштадот Македонија во Скопје. Сите љубители на астрономијата имаа можност одблиску да ја набљудуваат оваа појава што се случи вечерта на 7 септември и траеше помалку од 3 часа. Месечината изгреа околу 19 часот веќе делумно затемнета, а со текот на времето стануваше сè ...

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба – соопштија попладнево од Министерството за здравство. Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата ...

Полициски службеници вчера лишиле од слобода 16-годишен малолетник, кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми – соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера во 18.10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не ...

Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради и се надминуваат долгите години на застој – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на делницата Климештани-Охрид во должина од 17 километри, во близина на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. -Автопатот Кичево-Охрид, е од стратешко значење за нашата земја. Тој е главна артерија за поврзување на југозападна ...

Украина изврши напад врз нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област и предизвика „големи оштетувања поради избувнатиот пожар“ – соопшти на „Телеграм“ командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди. Нафтоводот „Дружба“ се користи за транспорт на руска сурова нафта кон Унгарија и Словачка, кои продолжуваат да ја купуваат од Москва и покрај тоа што поголемиот дел од земјите на Европската Унија ги стопираа набавките поради војната во ...

Утрово избувна пожар во зградата на Владата на Украина во центарот на Киев – објави украинскиот ТВ канал „Обштественое“. – Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен – се наведува во објава на „Телеграм“. Порталот „Страна.уа“ објави фотографија на која се гледа густ чад над Плоштадот на независноста. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат ...

Барањето за воздушно дејствување врз пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци во општина Липково од градоначалникот на таа општина е процесуирано до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и до Национални шуми, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Воедно информираат дека во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско, но, попладнето може да бидат преупатени, доколку нема потреба од нив во Беровско. – Пожарот ...

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца – објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА). – Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на ...

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба – изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
82%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
72%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.49
77%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
72%
1017
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
89%
1024
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
77%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225