Цените на нафтата денеска скокнаа за повеќе од два отсто бидејќи затворањето на Ормускиот Теснец и интензивираната геополитичка реторика ги попречија обидите на Вашингтон да го стабилизира глобалното снабдување со енергенси. Така, нафтата „Брент“ беше на ниво од околу 102 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) се движеше околу 97 долари за барел. Американското Министерство за финансии издаде едномесечна ...

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека неговата земја нема да купува поскапа нафта по диктат на Украина, дека ќе ги брани пониските цени на енергенсите и ќе го чува суверенитетот, и покрај притисоците на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. – Литванскиот министер за надворешни работи, Будрис Кестутис, денеска изјави дека би му било срам да живее во земја која купува евтина руска нафта, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да му нуди ограничена поддршка на Иран за време на тековната војна меѓу Вашингтон и Техеран. Во интервју за Фокс Њуз, американскиот претседател беше прашан дали Москва можеби му помага на Иран, пренесе Ал Џезира. – Мислам дека тој можеби им помага малку, да, претпоставувам. И тој веројатно мисли дека ние и помагаме на Украина, нели – рече ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови. – Ќе ги удираме многу силно во текот на следната недела – изјави денеска Трамп за Фокс Њуз радио (Fox News Radio). – Уништивме поголем дел од нивните ракети – додаде тој. Трамп исто така рече дека кредибилитетот на новиот ...

Албанија ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, додека иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации, со што Албанија се усогласува со стратешките сојузници, за што Парламентот ќе усвои резолуција идната недела. Ова попладнево на прес-конференција го изјави премиерот Еди Рама, додавајќи дека „секако, ние не сме пионери во овие чекори, бидејќи имало сојузници кои го правеле тоа и ...

Претседателот на Куба, Мигуел Диас-Канел денеска изјави дека заедно со владини претставници разговарале со американската администрација. Целта на овие разговори е да се изнајде решение преку дијалог за билатералните разлики кои ги имаме двете нации, посочи Диас-Канел. Тој посочи дека на разговорите присуствувал и поранешниот кубански претседател Раул Кастро и други високи претставници на Комунистичката партија и владата. Но, тој не наведе ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави за време на посетата на Норвешка дека неговата земја не учествува во војната со Иран, објавија британските медиуми. – Германија не е дел од оваа војна во Иран и ние не сакаме да учествуваме во неа – рече Мерц. Запрашан за стратешки важниот Ормуски Теснец, канцеларот рече дека нема причина да се разгледува обезбедувањето воена заштита на морските патишта. Мерц додаде дека Берлин дознал за одлуката на ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски денеска во Кочани присуствува на отпочнувањето на изградбата на јужниот булевар и на активности за изградба на нов мост на Кочанска Река кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“. – Ова се инфраструктурни освежувања за Кочани. Јужниот булевар е клучна колатерала која ќе не поврза со експресниот пат Штип -Делчево. Постоечкиот пат датира уште од ...

Морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ бил погоден со балистичка ракета и беспилотни летала, по што бродот бил принуден да се повлече од водите на Заливот, пренесе „Анадолија“. Според иранските власти, нападот бил изведен во Оманското море, на околу 340 километри од поморските граници на Иран, со напредни ракети и беспилотни летала, во рамки на операција на ...

Професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, против кого имаше пријава за сексуално вознемирување ученичка, е суспендиран. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. – Државниот просветен инспекторат постапува. Пријавен е во полицијата – истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното ...

Четиринаесетиот Национален народен конгрес, националното законодавно тело на Кина, во четвртокот ја заврши својата четврта сесија. Кинескиот претседател Си Џинпинг и други лидери, меѓу кои Ли Ќијанг, Ванг Хунинг, Цај Ќи, Динг Сјуешјанг, Ли Си и Хан Женг, присуствуваа на завршната седница на сесијата во Големата народна сала во Пекинг, пренесува Синхуа. Жао Леџи, извршен претседавач на претседателството на сесијата, претседаваше со седницата ...

Законот за високо образование веќе е во крајна фаза и за релативно краток период ќе биде пуштен во владина постапка. Многу од забелешките за кои сметавме дека се конструктивни и кои го подобруваат текстот на Законот ќе бидат прифатени и тие веќе се внесуваат во самиот текст, изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа посочи дека дел од забелешките навистина не се оправдани. – На пример, во процесот на отчетност ...

Изградбата на фабриката за селекција на отпад, претставува еден од најзначајните инфраструктурни проекти за модернизирање на системот за управување со отпадот во општина Прилеп. Станува збор за прва фабрика од ваков тип во Македонија, со современа технолошка линија за селекција од реномираниот производител „Техникс“, која што веќе е во завршна фаза на монтирање и има капацитет да преработува до 10 тони отпад на час. Објектот ќе располага со ...

Филмот што беше номиниран за највисоката филмска награда, „златна палма“, на „Канскиот филмски фестивал“, „Орлите на Републиката“, на 12 март пристигнува на редовниот кинорепертоар. Режисерот Тарик Салех и актерот Фарес Фарес повторно ги спојуваат своите вештини и создаваат приказна за современ Египет, справувајќи се со политиката, корупцијата и моќта што ги има таму. Приказната го следи саканиот египетски актер Џорџ Фахми, кој под голем ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека минатата година Македонија забележала раст на бруто домашниот производ кој ја вбројува во првите пет земји во Европа. Ако продолжат трендовите од почетокот на оваа година, вели тој, не би се изненадил да бидеме меѓу првите три земји по раст на БДП во Европа. Тоа, според него, би значело дека растот ќе може да почнат да го чувствуваат граѓаните преку раст на животниот стандард и куповната моќ. – Минатата ...

Истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“, спроведено од Бирото за развој на образованието, покажува дека учениците имаат познавање за базичните поими, но немаат доволно познавање за она што би требало да се нарече применување на познатите поими во животот, односно применување на таа финансиска писменост. За жал, и според ОЕЦД, речиси 56 отсто од населението е финансиски писмено, што е незадоволително. Ова ...

Исплатени се над 260 милиони денари кон над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Доделени се 136.450.639,00 денари кон 276 корисници за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети; за овошје предадено во преработувачки капацитети – 17.058.566,00 денари кон 354 корисници; за производство на домашен лозов и овошен саден материјал – ...

Секторот за внатрешни работи Битола соопшти дека денеска во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола било пронајдено починато лице, без траги на насилство. Станува збор за А.Д. (19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а јавниот обвинител наредил телото да биде дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Секторот за внатрешни работи ...

Проф. д-р д-р Страхил Газепов, офталмолог Глаукомот во раните фази не дава симптоми, поради што се нарекува „тивок убиец“, па често се дијагностицира доцна, што дополнително го зголемува ризикот од слепило. Навремената дијагноза и соодветниот третман се многу значајни, бидејќи со нив прогресијата на болеста може значително да се забави и да се зачува видот Глаукомот е хронично, прогресивно дегенеративно нарушување на оптичкиот нерв кое ...

Во услови кога цените на нафтата растат на светските пазари и целиот регион и свет се соочува со ценовен притисок снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, компаниите располагаат со обезбедени залихи, дополнително снабдувањето е зајакнато преку продуктоводот „Вардакс“, а Владата внимателно ја следи состојбата. Доколку глобалните ценовни притисоци продолжат подготвени сме да ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за ...

Буџетот на Македонија е ликвиден, средствата се обезбедени навреме, а постои простор и за дополнителни мерки доколку се покажат потребни, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во гостување во „Само интервју“ на ТВ Канал 5. – Работевме посветено во изминатиот период и испорачуваме како што сме испланирале. Граѓаните можат да бидат спокојни, пари обезбедивме навреме, по многу поволни условите, а Еврообврзницата што ја ...

Пожар избувна синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци, информираат од ТППЕ Кочани. Огнот се појавил околу 20.30 часот на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. – Добивме дојава за пожар и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД. Пожарот брзо беше локализиран и изгаснат. Беше зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега ...

Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на Фејсбук нагласи дека македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди и дека секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс. – Убави вести денеска, ...

Соединетите Американски Држави привремено одобрија купување руска нафта што моментално се наоѓа на море, со цел да се стабилизираат глобалните енергетски пазари. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во објава на социјалната мрежа „Икс“ соопшти дека станува збор за „тесно прилагодена и краткорочна мерка“ која се однесува исклучиво на нафтата што веќе е во транзит, пренесе „Си-ен-би-си“. Според инфирмации на „Си-ен-би-си“, околу 124 ...

Потпишан е Анекс број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, со кој се обезбедуваат дополнителни средства и нов рок за завршување на проектот. Како што соопшти Јавното претпријатие за државни патишта, анексот го потпишаа заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и директорот на претпријатието Коце Трајановски и генералниот ...

Енергетската ефикасност беше во фокусот на денешната средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и делегација на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од претставникот на банката во земјава Фатих Туркменоглу и директорката на Одделот за инфраструктура во Европа Елена Гордеева. Како што информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, главниот акцент на ...

Февруари оваа година беше невообичаено студен во Европа, но според податоците од европската служба за климатски промени „Коперник“, тој се рангираше на петтото место меѓу најтоплите во светот од почетокот на мерењата. Глобалната просечна температура достигна 13,26 Целзиусови степени во февруари, што е за 0,53 степени над просекот од 1991 до 2020 година, соопшти службата во својот месечен извештај објавен во вторникот. Во споредба со ...

Обраќање на претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, на годишнината од депортацијата на македонските Евреи И по 83 години чувството не е поразлично. Повеќе од шест децении, секојпат кога ќе дојдам овде, на овој ден, на ова место, и кога ќе го почувствувам мирисот на тутун впиен во воздухот, ja чувствувам истата празнина, огромна празнина. Горчина. Болка што не старее. Не знам дали некогаш ќе помине. Пред точно 83 години, ...

Клучниот морски теснец за светскиот транспорт на нафта во фокусот на воениот конфликт на Блискиот Исток Бродскиот транспорт во Персискиот Залив и низ виталниот Ормуски Теснец, преку кој се пренесува околу една петтина од светската нафта, е речиси запрен, откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи секојдневни бранувања на глобалните цени на нафтата до максимуми незабележани од 2022 година. Се известува дека, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
32%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
42%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
41%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.99
46%
1013
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
42%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.17
38%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
34%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
37%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
34%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
7.2
45%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Паладиум

46843.64

Родиум

326330.08

Сребро

2399.81

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

12.11

Злато

151336.48

Алуминиум

3.59

Платина

64365.79

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Калај

50.34