Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт. Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот ...

Во својот прв квартален извештај откако излезе на берза, компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) објави резултати што ги надминаа прогнозите на аналитичарите. Компанијата бележи силен раст на приходите, но исто така троши милијарди за да ја унапреди визијата на Елон Маск за колонизација на Марс и развој на вештачка интелигенција, објави Си-Ен-Ен. Приходите на компанијата за периодот април-јуни достигнаа 7,8 милијарди долари, што е зголемување од 92 ...

СДСМ реагира на информацијата дека е поднесена кривична пријава против граѓанин затоа што го навредил премиерот Христијан Мицкоски на прославата за Илинден. Според нив, ако за тоа се поднесува кривична пријава, цела Македонија треба да поднесе такви пријави против него самиот, бидејќи таков вокабулар (навредлив) користи со години. -Кривична пријава за граѓанин што го навредил Мицкоски? А Мицкоски со години го навредува целиот народ.Ги ...

Иако поранешниот министер за култура Зоран Љутков на 22 јуни тврдеше дека е надминат 13-годишниот проблем за поставување заштитна настрешница над црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, таа сѐ уште не може да се постави. Управата за заштита на културното наследство повторно одбила да издаде конзерваторско одобрение, наведувајќи недостатоци во доставената документација, објави СДК.мк. Директорката на Управата за заштита на културното наследство, ...

Во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Холандската вечер, на која ќе настапат виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким. Ниек Бар важи за еден од најистакнатите холандски виолинисти од својата генерација, познат по харизматичните и впечатливи изведби на најзначајните светски сцени, меѓу кои Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, ...

Мексиканскиот инфлуенсер на социјалните мрежи Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека во живо пренесувал настан на кој бил со пријатели пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан, на северот од земјата, објавија денеска локалните власти. Гастелум, кој имал речиси 600.000 следбеници на ТикТок и бил познат по своите комични видеа, го емитувал своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, кога му ...

Масовната миграција на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската Сеута се помалку се смета за спонтана мигрантска криза, а се повеќе и повеќе за хибридна операција зад која стојат сериозни политички и геостратешки интереси. Шпанските аналитичари предупредуваат дека САД, Израел и Мароко, чии односи значително се зајакнаа во последните години, би можеле да имаат најголема корист од новата ситуација. Помеѓу 50.000 и 70.000 луѓе пристигнаа ...

Државната служба за вонредни состојби (ССВ) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои 14 лица загинале, а 27 се повредени во регионот на Киев. Во самиот град Киев, едно лице го загубило животот, додека 24 се ранети. Russia has launched a massive missile attack on Kyiv and the surrounding region, firing more than 30 missiles over the past 30 minutes. The strike package included Iskander-M ballistic missiles, modified RM-48U ...

Лос Анџелес – Маж вооружен со пиштол е уапсен откако фотографирал и снимал видеозаписи од теренот на голф-клубот „Трамп национал“ кој му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес. Инцидентот се случил за време на викендот, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Како што е соопштено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Жанин Џон Тејл (38) на паркингот од голф-клубот, а кај ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф кон работник од ромска националност. Имено, при настанат спор меѓу колеги, Ром и Албанец, поради тоа што лицето од ромска припадност за време на работата направило грешка, односно земало погрешна мерка за врата, настанала ...

Мајами – Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат ...

Вашингтон – Неколку американски градови кои беа домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2026 година бараат ФИФА да ги исплати ветените средства, објавува „The Athletic“. Раководството на ФИФА постојано ги уверувало градските претставници дека секој ќе добие по еден милион долари. Средствата требало да се користат за развој на фудбалската инфраструктура и спроведување социјални проекти, но исплатите сè уште не се примени. ФИФА ...

До петок (7 август, 23.59 часот) трае пријавувањето на јавниот повик „Каде недостигаат книги за Македонија?“, преку кој „Матица македонска“ ќе подари фонд од 35 книги на една библиотека, во рамките на програмата „Зад датумот – овој Илинден, Македонија се чита“. На јавниот повик може да се пријават училишни и локални библиотеки и јавно достапни библиотечни фондови, а библиотека може да предложи и секој што е запознат со нејзините потреби. ...

Заталкан дел од ракета на „Спејс Икс“ патува низ вселената со брзина од околу 8.690 километри на час и е на пат да се судри со Месечината. Се очекува ударот да се случи во секој момент, но нема да биде видлив со голо око, освен за луѓето со пристап до софистициран телескоп кои ќе можат да видат блесок од површината на Месечината. Станува збор за горниот дел од вселенското летало Фалкон 9, со големина на петкатна зграда и тежина од најмалку ...

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, обвинува денеска опозициската СДСМ. „Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, ...

Руските сили изминатата ноќ извршија напади врз логистички центри во украинскиот главен град Киев и неговата околина, кои се користени за воени цели, соопшти Министерството за одбрана на Русија на социјалните мрежи. Министерството во Москва соопшти дека биле погодени и три трговски брода во Црното Море, во близина на украинскиот пристанишен град Одеса. Претходно, Службата за вонредни ситуации на Украина соопшти дека бројот на жртвите од ...

Трабзон – Турскиот фудбалски гигант Трабзонспор е на прагот да реализира еден од најзвучните трансфери во својата клупска историја. Раководството на клубот официјално потврди дека се започнати напредни преговори за ангажман на легендарниот египетски напаѓач, Мохамед Салах. Триесет и четиригодишниот фудбалер се наоѓа во завршни разговори за преселба во турската Суперлига како слободен агент, откако на крајот од минатата сезона се раздели со ...

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата на Бенедиктер му се доделува како признание за исклучителниот негов ...

Виена – Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди ...

Тринаесет години откако беше пуштен во употреба и по многу проблеми со прокиснувањето, старо-новиот барокен Македонски народен тетар (МНТ) почнува со темелна санација, објави БИРН. Тендерот од над 560 илјади евра го доби фирмата „Мартин инженеринг.“ За тие пари, фирмата, во рок од три месеци, треба да ги санира двете тераси на јужната и на западната страна на објектот, да го санира ентериерот, да ги репарира столчињата и да го замени ...

Вашингтон – Јужните поморски рути низ Ормуската теснина остануваат слободни и отворени за сите комерцијални пловила што минуваат оттука, соопшти синоќа Централната команда на САД (Центком). „Во последните три месеци, американските сили помогнаа повеќе од 1.000 пловила успешно да поминат низ протокот и покрај иранската агресија, а минувањата продолжија и денеска“, се наведува во соопштението на Центком. Во одделно соопштение, Центком ...

Македонецот Ѓорѓи Христов е назначен за нов генерален директор на компанијата „Кока-Кола“ за пазарите во Грција и Кипар. На функцијата ќе го наследи Ставрос Мурелатос, кој презема поширока раководна позиција во европската организација на компанијата. Христов има речиси 20 години искуство во системот на „Кока-Кола“. Кариерата ја започнал во индустријата за премиум алкохолни пијалаци во Македонија, по што работел во маркетингот на „Пивара ...

Денеска е среда, 5 август 2026 година, 217-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минути, а ќе зајде во 19 часот и 48 минути. Денов трае 14 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде во 12 часот и 46 минути. Денеска е среда, 5 август 2026 година, 217-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според највите од Управата за ...

Осум од најголемите нафтени компании нагрнаа профит од над 90 милијарди долари за само три месеци, бидејќи конфликтот во Иран ги зголеми цените на енергијата, а климатската криза предизвикана од емисиите предизвика смртоносни топлотни бранови. Неочекуваните профити од војната повторно ги разгореа повиците до нафтените и гасните суперсили како што се саудиската „Арамко“ и БП да платат за еколошката штета предизвикана од „заработката од ...

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува ...

Будењето со главоболка често се поврзува со состојби како што се нарушувања на спиењето и алергии. Идентификувањето и справувањето со овие причини може да помогне во ублажување на утринските главоболки. Иако повремената утринска главоболка може да се појави од различни причини и обично не е причина за загриженост, повторувачките главоболки можат да укажуваат на одредени здравствени проблеми или навики на живот на кои им е потребно внимание. ...

Бундеслигашот Лајпциг го врати денеска во своите редови голманот на норвешката репрезентација Орјан Ниланд, потпишувајќи договор до 2028 година. Триесетипетгодишниот норвешки голман се враќа во Лајпциг, каде што настапуваше во сезоната 2022/23, без обесштетување, откако неговиот договор со Севиља истече на крајот на јуни. Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка до четвртфиналето на неодамнешното Светско ...

Лондон – Иднината на принцезата Беатрис е неизвесна по тешката година за мајката на две деца, откако се откри дека нејзините родители, Ендрју Маунтбатен-Виндзор и Сара Фергусон, имале врски со осудениот педофил Џефри Епштајн. 37-годишната девојка веројатно ќе го прослави својот роденден малку поинаку оваа година, среде скандалот на нејзините родители и нејзините наводни брачни проблеми со нејзиниот сопруг со кого е во брак шест години, ...

Полските воздухопловни сили по третпат во последните неколку дена пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море – соопштија денеска полските власти, пренесе ДПА. Министерот за одбрана, Владислав Кошињак-Камиш, на платформата „Икс“ објави дека руски извидувачки авион „Ил-20“ бил забележан на околу 56 километри североисточно од градот Кошалин и бил пресретнат од два полски ловци. Според Министерството за одбрана, авионот не го нарушил ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42