Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Абдул Ел-Сајед, прогресивен политички аутсајдер и поранешен здравствен службеник, победи на прелиминарните избори на Демократите за американскиот Сенат во Мичиген. Ел-Сајед ја победи умерената конгресменка Хејли Стивенс во тесна трка, давајќи му на прогресивното крило на демократите важна победа во дебатата за идната насока на партијата. Во ноември, тој ќе се соочи со републиканецот Мајк Роџерс, сојузник на сегашниот американски претседател ...
Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија на претходна постапка му ...
Надминување на проблемот со големиот одлив на средства за лекувања во странство и за ортопедски помагала, како и промена на системот на контрола на боледувањата ќе бидат во фокусот на работењето на директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински. Според него, во делот на лекување во странството, во делот на боледување и во делот на ИТ инфраструктура, ако сакаат да превенираат одливи мора да почнат да ги реализираат ...
Во заедничка операција на португалската полиција, воената морнарица и военовоздухопловните сили конфискувани се околу пет тони кокаин, при што се приведени тројца странски државјани. Дрогата е откриена на брод, што бил задржан на околу 640 наутички милји од Лисабон. Не е објавена националноста на тројцата приведени. Според португалските медиуми бродот на кој е откриена дрогата претходно се закотвил во Панама. Во заедничка операција на ...
Една жена е уапсена откако со нож прободе четворица мажи во центарот на Лондон, соопшти британската полиција. Инцидентот се случи во лондонскиот кварт Ковент Гарден, а жената е приведена поради поседување оружје и напад. На нападнатите им е пружена медицинска помош на местото на инцидентот, а потоа се одведени во болница. Полицијата соопшти дека инцидентот е поврзан со менталната болест на жената. Една жена е уапсена откако со нож прободе ...
В недела од 17 часот се игра големото дерби во првата лига помеѓу двата најголеми конкуренти за титулата, Вардар и Шкендија. Од последниот дуел на Вардар и Шкендија во мај 2026; Фото: ФК Вардар Скопје Откако во претходно прво коло Вардар ги отвори вратите за дуелот со Брегалница, за големото дерби сепак одлучи да ги врати билетите во продажба. Но, по полуларна цена од 200 денари, што за моментално најголемото македонско дерби е сосем нормална ...
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ и капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ќе градат хотел заедно на Јадранското Море. Тоа ќе биде уникатен проект што ретко се гледа на Балканот. На јадранскиот брег, недалеку од Неум и во близина на границата со Хрватска, планирана е изградба на луксузен туристички комплекс „Tri sestrice“, чија вредност се проценува на околу 920 милиони евра. Станува збор за еден од најголемите проекти од ваков ...
Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед. Англичанецот во летото 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега најреално е негово враќање на „Олд трафорд“. Барселона имаше можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не го стори, па Рашфорд се прости од клубот ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека испораките на ракети за украинската воздушна одбрана се трипати помали од 2025 година и ги повика политичарите во сојузничките земји да одобрат повеќе испораки. – Ова се однесува не само на овој летен период, туку и на кој било период во првата половина од оваа година, наведе Зеленски во објава на Икс. Во текот на изминатите 24 часа, руските сили почнаа масовен напад врз главниот град ...
Вештачката интелигенција ги зголемува цените за Американците – и тоа не само сметките за електрична енергија. Големите технолошки иновации носат потенцијал да ги трансформираат економиите со создавање можности, работни места, па дури и нови индустрии, додека ја зголемуваат продуктивноста и растот. Сепак, на тоа ветување за долгорочни добивки честопати му претходат краткорочни и среднорочни болки. Во случајот со вештачката интелигенција, тоа ...
Брисел – Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија. Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде комисијата. „Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите ...
Ожалостените Палестинци се собраа во централна Газа на масовен погреб за 112 лица, вклучувајќи 40 деца, кои беа убиени во 2023 година во еден од најсмртоносните израелски напади во војната во Газа. Нивните тела не можеа да се извлечат досега поради континуираните напади на Израел, кои се забавија, иако не запреа, од прекинот на огнот во октомври. Стотици луѓе се собраа околу повеќе од 100 ковчези завиткани во палестински знамиња и наредени ...
Утрово, во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Утрово, во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република ...
Италија ќе ги стави сите нејзини 27 големи градови, од Трст на север до Палермо на југ, под највисока тревога бидејќи четвртиот топлотен бран што ја погоди земјата ова лето се засилува.Црвениот аларм значи дека постои поголема шанса за итен случај поради здравствениот ризик предизвикан од продолжените екстремни температури за целото население. Дваесет и пет градови беа во црвена тревога во средата, а уште два ќе бидат додадени во четврток, ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, свика кризен состанок со високи функционери во Мароко за да ја спаси својата позиција по целосниот колапс на планот за продажба на комерцијални права за Светското првенство. Само седум месеци пред изборите во март, на кои се очекуваше да обезбеди четврти мандат, Инфантино се соочува со невиден бран критики и отворен бунт во рамките на организацијата-чадор на светскиот фудбал. Причината за тензијата беше ...
Олха Стефанишина, поранешна амбасадорка на Украина во САД, е обвинета за нелегално богатење, изјави обвинител за борба против корупцијата на сослушувањето на Високиот антикорупциски суд на 5 август. Судот сега разгледува ограничувања пред судењето за Стефанишина. Претседателот Володимир Зеленски ја отпушти Стефанишина од нејзината функција на 3 август. Пред да бидат објавени обвиненијата, Стефанишина беше под истрага од NABU во случај поврзан ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и температури до 39 степени Целзиусови. Оттаму посочуваат дека попладнето, во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец ...
За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6 отсто. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, се вели во соопштението од ДУИ. -Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа ...
Две девојки од Тетово вчера скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Вчера во 16 часот и 30 минути Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси-возило, скокнале од него додека возилото било во движење, бидејќи возачот почнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото ...
Основачот на Амазон, Џеф Безос, поднесе извештај до регулаторите за планираната продажба на околу 15 милиони акции на компанијата, чија пазарна вредност е приближно 4,1 милијарди долари, јави Си-Ен-Би-Си. Веста дојде само еден ден откако акциите на Амазон достигнаа рекордно високо ниво, благодарение на подобрите од очекуваните квартални резултати што ја зголемија пазарната вредност на компанијата на повеќе од три милијарди долари. По ...
Левица објави денеска дека на 3 август автобус на „Дурмо Турс“ се запалил на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Партијата притоа посочува дека безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна, истакнувајќи дека – кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо ...
Царинската управа на САД врати околу 100 милијарди долари на компаниите кои платиле увозни даноци откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ги поништи царините на претседателот Доналд Трамп за „Денот на ослободувањето“. Вратениот износ претставува 60 проценти од вкупно 165 милијарди долари што администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги собра преку овие царини, објавија претставници на царинската служба пред Американскиот ...
По тврдењето од СДСМ дека Владата веќе договорила прифаќање на францускиот предлог и сега ја подготвува јавноста за тоа, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија категорично ги отфрла ваквите наводи како „измислици“ и уверува дека нема тајни преговори, ниту отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Од МНР велат дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со ...
Во април, Гил Дуран беше трајно блокиран од X на Елон Маск поради објавување само два збора. Дуран одговараше на објава од технолошката компанија Палантир во која се наведува нејзиниот „технолошки манифест“ од 22 точки, во кој се фалеше американската „тврда моќ“, западната култура и оружјето со вештачка интелигенција, се осудуваше инклузивноста и се повикуваше на задолжителна воена служба. Дуран одговори: „TLDR: Фашизам“ (TLDR е кратенка за ...
Македонска берза АД Скопје ја реализира иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“ (Capital Market Readiness Month), насочена кон домашните компании кои сакаат подобро да ги разберат можностите што ги нуди пазарот на капитал како извор на финансирање за нивниот иден раст и развој. Во рамки на иницијативата подготви „Водич за трансформација и раст на бизнисите“, со цел на компаниите да им обезбеди јасен и практичен ...
Денешниот полициски билтен изобилува со пријавени случаи на семејно насилство, при што најчесто страдале мајки, сопруги, но и синови, девојки… Имено, вчера во 23:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Н.(22), постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка. Истиот ден, во 17:40 часот во Полициската станица Драчево, полициски службеници од ...
БИТОЛА – Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово се случи на патот Прилеп-Битола, дознава „Независен“. Еден од повредните според неофицијални извори наводно бил со дипломатски пасош, вработен во Министерството за надворешни работи на Србија. „Независен“ дознава дека итна операција е изведена на еден од српските државјани, додека операционен зафат ќе следи и за другиот српски државјанин. Од Клиничката ...
Њујорк – Дуа Липа и нејзиниот сопруг Калум Тарнер се вратија на црвениот тепих по нивната блескава италијанска свадба и меден месец. На нивната прва официјална фотосесија на црвениот тепих откако се венчаа кон крајот на мај, двојката носеше шик, контрастен изглед – и ги покажа своите нови венчални прстени. Позирајќи на тепихот на премиерата на филмот на Тарнер, „Само една ноќ во Њујорк“ во Њујорк на 3 август, Липа носеше впечатлива тоалета ...
За Криста Кантафио, излегувањето во нејзиниот двор станало речиси исто толку стресно како преминување на прометен пат. Причината е неверојатна – во последните две години, девет автомобили завршиле на нејзиниот тревник. Кантафио живее во Катонсвил, Мериленд, во куќа која се наоѓа на остра кривина. Иако патот е правилно обележан, возачите често влегуваат во кривината пребрзо, ја губат контролата врз своите возила и завршуваат во нејзиниот двор. ...