Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференцијата по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи. Посочи дека квалитетот на водата и понатаму варира поради што остануваат во сила претходните препораки, а водата не смее да се користи за пиење и за приготвување ...

Понудата на инвестициските фондови Apollo Global Management и Castlelake за преземање на британската нискобуџетна авиокомпанија Изиџет (easyJet) влезе во последна фаза откако компанијата го продолжи рокот за Castlelake да достави обврзувачка понуда до 7 август. Ова значи дека роковите за двајцата понудувачи се изедначени, а одлуката за евентуално преземање се очекува до крајот на оваа недела, пишува Aero.rs. Панелот за преземање на Велика ...

Руската Федерална служба за финансиски мониторинг (Rosfinmonitoring) го додаде Виктор Калинин, тинејџер од Санкт Петербург, во својот регистар на терористи и екстремисти на 30 јули, објави каналот Telegram кој ги следи ажурирањата на регистарот. Калинин наполни 14 години само три месеци претходно. Се чини дека Калинин е истиот тинејџер кој беше приведен на почетокот на јули за палење на железнички релеи. Малолетниците се најбрзорастечката ...

Египетското крило Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, тврдат повеќе турски извори. Фудбалерот на Ливерпул до неодамна ќе заработува 17 милиони евра годишно, а платата со бонуси може да оди и до 22 милиони. Салах ќе добие и 20 отсто од продажбата на дресови со неговото име. Египетското крило Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, тврдат повеќе турски извори. Фудбалерот на Ливерпул до ...

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Единствениот активен пожар е во Општина Ѓорче Петров, кај Стопански Двор, каде што гори сува трева и грмушки. Под контрола се пожарите во Општина Кавадарци, на потегот меѓу селата Раец, Ќесендре и Дреново, во ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата се смирија откако ...

Француското Министерство за внатрешни работи изјави за „Ле Фигаро“ дека од почетокот на летото уапсило 375 лица во случаи поврзани со пожари. Меѓу уапсените имало 142 малолетници, објави весникот. Европскиот информативен систем за шумски пожари, кој користи сателитски снимки за следење на пожари во кои изгореле 30 или повеќе хектари шума, оваа недела соопшти дека 465.000 хектари се уништени во 1.433 пожари низ Европа оваа година. Според ...

Јордан свикува итен состанок на министрите за надворешни работи од арапскиот и исламскиот свет поради она што го нарекува „непосредна“ закана од израелско преземање на најважното религиозно место во Ерусалим, со потенцијал да „предизвика религиозен конфликт“. Состанокот во среда – и јорданското предупредување – следат по ескалирачкиот модел на упади поддржани од владата на еврејските религиозни екстремисти во комплексот околу џамијата Ал-Акса ...

Доналд Трамп ги критикуваше нафтените компании дека „заработуваат премногу пари“ од нарушувањето на глобалниот енергетски пазар предизвикано од неговата војна против Иран. Суровата нафта Брент се тргуваше по околу 70 долари за барел пред првите американско-израелски напади на крајот на февруари, но до крајот на април скокна до 126 долари, а сега се тргува по околу 85 долари за барел. Американскиот претседател ги нападна неочекуваните ...

Министрите за внатрешни работи на ЕУ се обидоа да стават линија под петдневните огорчени обвинувања за пристигнувањето на 72.000 мигранти во Сеута, збивајќи ги редовите зад Шпанија и обвинувајќи ги шверцерите и странските актери дека ја искористуваат кризата за да го поделат блокот. Докажувањето солидарност означи остар пресврт откако лидерите на ЕУ јавно ги обвинија миграциските политики на Мадрид за создавање криза за која предупредија ...

Делувајќи по дојава од информатор, нацистичкиот Гестапо ја заробува 15-годишната еврејска девојка Ана Франк и нејзиното семејство во затворен простор на магацин во Амстердам. Франкови се засолниле таму во 1942 година од страв од депортација во нацистички концентрационен логор. Тие живееле во малиот простор со друго еврејско семејство и еден сам Евреин, а им помагале и христијански пријатели, кои им носеле храна и залихи. Ана го поминала ...

Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...

Полицијата поднела кривична пријава за насилство против стружанецот кој ја навредувал делегацијата која за Илинден беше во Ташмаруништа, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 2 Август, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава ...

Од приближно 300.000 руски граѓани мобилизирани во 2022 година, нешто повеќе од половина останаа на украинскиот фронт до минатата година, според Јанис Клуге, експерт во Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии, врз основа на податоци за федералниот буџет. Секое лице мобилизирано во 2022 година, прво во Русија по Големата патриотска војна, добива исплати од 158.000 рубли. Овие исплати се вршат во согласност со Уредбата на ...

БИТОЛА – Шесте погонски станици кои фирмата „Марковски компани“ на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, ги демонтирала од РЕК „Осломеј“ биле расфрлени на шест локации во РЕК „Битола“ немонтирани и надвор од употреба. Ова го покажува вештачењето на експертите ангажирани од ОЈО за судскиот процес против биснисменот Марковски, до кое дојде „Независен“. „Во делот на извршеноста на работите согласно тендерската документација и договорот помеѓу ...

Пожарот во кавадаречко е ставен под речиси целосна контрола и се очекува до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Ова на заедничка прес-конференција го соопштија директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Ангелов истакна дека станува збор за исклучително тежок и комплексен пожар на непристапен и стрмен терен, поради што во гаснењето биле ангажирани три ер-трактори, ...

Стратегијата на Иран да се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија – центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува Си-Ен-Ен. По години на напади врз рафинерии, цевководи и туристички атракции во соседството, Техеран ја фокусираше својата огнева моќ врз инфраструктурата што ги напојува клучните технологии на иднината. Иран и САД досега ...

Во следните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки“, објави градоначалникот. Тој ...

Разузнавачот Киро Тодоровски, кој признал вина и е правосилно осуден во предметот „Титаник“, во ноември 2025 година бил вратен во Агенцијата за разузнавање, во февруари 2026 година добил сертификат за пристап до информации со степен „државна тајна“, а веќе во јули бил испратен во Виена како дипломатски претставник на државата, објавува Левица. -Според потврдата што Кривичниот суд ја издал на 21 мај 2026 година, неговата осуда сè уште се ...

СДСМ тврди дека македонски граѓанин, а не Бугарин, го навредувал премиерот Христијан Мицкоски во Ташмаруништа, каде што го одбележуваше празникот Илинден. -ВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа. Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта Тоа не е точно. Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител ...

Белгискиот репрезентативен играч од средниот ред, Кевин Де Брујне ќе остане во Наполи за сезоната 2026/27, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс. Според Таволиери, 35-годишниот Белгиец, по разговорот со своето семејство, одлучил да не го менува клубот и ќе продолжи да игра за клубот од Наполи. Медиумите претходно објавија интерес за фудбалерот од Интер Мајами. Тековниот договор на Де Брујне со Наполи важи до 2027 година. ...

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер (90), ја изрази својата поддршка за Лиза Клавенес, претседателка на Норвешката фудбалска асоцијација, на социјалната мрежа X. Блатер верува дека таа е вистинската личност за водечката позиција во светската фудбалска организација. „Лиза Клавенес заслужува највисоко можно почитување. Таа беше единствената која секогаш имаше јасен став и одбиваше да ја следи линијата на најмал отпор. Дојде време за ...

Босанската ѕвезда Един Дервишалидовиќ, познат како Дино Мерлин важи за побогат Espreso Според проценките на порталот Celebrity Net Worth, неговото богатство е околу 100 милиони долари. Таа информација го привлече вниманието на јавноста бидејќи се наведува дека Дино Мерлин е за околу 80 милиони долари побогат од својот познат колега Здравко Чолиќ, кој исто така ужива енормна популарност. Сепак, неговиот пат до успехот бил далеку од лесен – ...

Писателот и книжевен истражувач, д-р Марјан Патлиџанковски, е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, што беше избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 доставени раскази, по начинот на кој ги поврзува етичките и ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска ...

Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт. На Собранието на ...

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...

Уште двајца Албанци од Македонија се прогласени за персона нон грата во Албанија од страна на тамошното министерството за внатрешни работи на Албанија. Тие се осомничени за извршување непријателски активности против суверенитетот на албанската држава. Извори за Репорт ТВ информираат дека по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи ги вклучило имамот Бекир Халими, како и политичарот и аналитичар ...

Лудвиг Гoрансон, композитор и продуцент добитник на награди Еми, Греми и Оскар, е човекот зад музиката на „Одисеја“. Музиката ја означува неговата најнова од неколкуте соработки со режисерот Кристофер Нолан. Речиси сè што е поврзано со блокбастер филмот се претвора во голем комерцијален успех, а тоа го вклучува и неговиот саундтрак. Речиси целосно инструменталниот проект – во него се наоѓа „Кога сум дома“ од Џејмс Блејк и Тревис Скот – ...

Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – “Градската плажа”, плажата “Гранико” и плажата “Полин”. Општинските власти велат дека анализите се спроведени согласно Националната годишна програма ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42