Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Руски воени транспортни авиони почнаа да вршат чести летови до Техеран од почетокот на масовните протести што се шират низ Иран, кои се опасност за сегашниот режим. Русија можеби обезбедува воена и техничка поддршка, а истовремено се подготвува за евакуација на Врховниот лидер и неговите најблиски помошници, вклучително и отстранување на златото. Русија на сличен начин го олесни бегството на диктаторот Башар ал-Асад од Сирија пред нешто ...
САД запленија уште еден танкер за нафта што пловел од Венецуела, објави „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на американски официјални лица. Танкерот „Олина“, порано познат како „Мивера М“ и санкциониран за транспорт на руска нафта, бил запленет во Атлантскиот Океан. Според американските податоци, бродот бил дел од „флотата во сенка“ што се користи за извоз на нафта и нафтени производи од пристаништата во Балтичкото и Црното Море во Кина, ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ги предложи своите двајца кандидати за членови на Судскиот совет: професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. За нив сега треба да гласа Собранието. Овој потег следи по претходната најава на Силјановска-Давкова дека ќе ги достави своите предлози дури по усвојувањето на законските измени, инсистирајќи на избор на истакнати лица од областа на правосудството. ...
Екс министерот Јани Макрадули даде оценка за работењето на почетокот на оваа трета календарска година за неа, оценувајќи дека наместо исполнети ветувања, единствено што гледаме како граѓани – е масовна пропаганда и континуирано барање алиби. „Тешко време за нас демократите во срж. Не ни оди во прилог целиот овој амбиент, екосистем кој пука по шавови, меѓународните политички односи наместо да помагаат, повеќе загрижуваат. Молкот царува. Но, ...
Либерално-демократската партија направи уште еден отклон од СДСМ откако заедно настапија на последните парламентарни избори. ЛДП смета дека лидерска средба има смисла, но на неа единствено мора да се разговара за суштински реформи, а не само за техника влада и „пазарски и ПР решенија“. „Ние сме подготвени да одиме на лидерска средба, но не ако е таа само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, туку ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize (наградата од публиката) на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, ...
Членовите на НАТО побараа од алијансата да го зајакне своето присуство на Арктикот како одговор на сè поинтензивните закани на САД за преземање на Гренланд. На состанокот одржан зад затворени врати во Брисел, амбасадорите се согласија дека е потребно да се зајакне арктичкото крило на организацијата поради тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека данската територија е изложена на руско и кинеско влијание, пишува Politico, ...
Компанијата ТИТАН Усје го презентира неделниот извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки. Соопштението го пренесуваме интегрално: *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се ...
Европската комисија денеска предложи од Европскиот фонд за приспособување на отпуштените работници кон глобализацијата (ЕГФ) да се одвојат 7,5 милиони евра за да им се помогне на 3.414 лица, кои останаа без работа како последица на затворањето на фабриката на германската автомобилска индустирија „Ауди“ во Брисел. Лани во февруари „Ауди“ го затвори својот погон во Брисел, каде се произведуваше моделот „Q8 e-tron“, при што беа отпуштени сите ...
Жената која беше прегазена на улицата „Народен фронт“ во скопски центар, починала попладнево, велат од Ургентниот центар каде беше пренесена по сообраќајката. МВР сѐ уште трага по возачот, кој ја прегази жената која е на возраст од околу 75 години, во близина на ТЦ „Зебра“ и избега. На улицата на пладне беше видлива крв и скршен ретровизор. Полицијата сѐ уште врши увид на местото на несреќата. Прегазен пешак на „Народен фронт“, возачот ...
Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинешното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики. ...
Дилемата дали Акцискиот план за заштита и промоција на правата на припадниците на заедниците во Македонија бил напишан на македонски или на англиски јазик ја фрли во втор план содржината на овој документ, иако таа е клучна за преговорите на Македонија со ЕУ. Од она што може да се види од единствената јавна официјална работна верзија, во документот нема ни „Б“ од Бугари, иако е напишан токму по барање на Софија и е еден од условите на ЕУ ...
За многумина, тоа може да изгледа како неостварен сон, но благодарение на иницијативата на малиот грчки остров Антикитера, наскоро би можела да стане реалност за семејствата и квалификуваните работници кои бараат голема промена на темпото. Островот, сместен во Егејското Море помеѓу Крит и Пелопонез, нуди бесплатно сместување, храна и месечен надоместок од 500 евра во текот на три години, вкупно 18.000 евра. Целта на иницијативата е да се ...
Работиме на ревизија на критериумите за боледување каде е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за тие што имаат потреба, а од друга страна да ги спречиме злоупотребите – истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата. Работиме на ревизија на критериумите за боледување каде е неопходно ...
Општина Куманово денеска распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за комунални услуги, насочен кон социјално ранливи категории граѓани. Мерката, како што соопштија од секторот за социјална заштита, има за цел ублажување на финансискиот притисок врз домаќинствата со ниски приходи и зголемена социјална ранливост. Субвенциите може да ги користат стечајни работници кои останале без право на материјално обезбедување поради приватизација ...
Полошкиот регион е во алармантна состојба поради силното невреме кое го погоди денеска. Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на водотеци, поплавување на земјоделски површини и оштетување на патната инфраструктура. Голем број ниви се под вода, а сообраќајот на локалните патишта е сериозно отежнат, додека жителите се соочуваат со значителни материјални штети. Според информациите од Центарот за управување со кризи, во Тетово и околината ...
Швајцарското гратче се опоравува од „незамисливата“ загуба на толку многу млади животи во пожар за време на прославите на новогодишната ноќ, вклучувајќи седум фудбалери од истиот клуб. Пожарот што го зафати барот „Констелсион“ во скијачкиот центар Кран-Монтана, преполн со гости кои го прославуваа почетокот на 2026 година, одзеде 40 животи, претежно тинејџери. Седумте мртви беа играчи од локален фудбалски клуб во Лутри, идиличен град со околу ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) денеска склучија договор со кој лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе почне со изведување напредни молекуларно-дијагностички анализи, пред сè преку примена на генски панели за таргетирано, масивно паралелно секвенционирање од новата генерација (NGS) кај разни онколошки состојби. Со ова, најсовремените молекуларно-дијагностички процедури, ...
Две лица од Скопје пронајдени починати доцна синоќа во викендица во гостиварско. Станува збор за двајца мажи на возраст од 30 години, а обдукцијата треба да ја покаже причината за смртта. – На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј.(30) и И.Н.(30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител ...
Врховниот лидер на Иран во петокот сигнализираше дека безбедносните сили ќе се справат со демонстрантите откако тие викаа од прозорците и маршираа низ улиците во текот на ноќта. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го отфрли Трамп како „извалкан со крвта на Иранците“ додека поддржувачите извикуваа „Смрт за Америка!“ на снимка емитувана од иранската државна телевизија. Демонстрантите „ги уништуваат своите улици за да го усреќат претседателот ...
Со раст на профитабилноста, силни позиции на пазарите и континуиран раст на продажните резултати, „Реплек АД Скопје“ ја заврши 2025 година. Компанијата оствари видливо унапредување на профитабилноста генерирајќи профит од 5 милиони евра, односно раст за 39% во однос на 2024 година. Нето профитната маргина се зголеми од 11,5% на 15%, што ја потврдува способноста на компанијата да генерира одржлива вредност и повисока ефикасност во работењето, ...
Човек е прегазен денеска околу пладне на скопската улица „Народен фронт“, во близина на трговскиот „Зебра“, а возачот избегал. Во моментот полиција го обезбедува местото, а повредениот е пренесен во болница. На асфалтот има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а се гледа и крв. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а со оглед на тоа што од едната страна има паркирани автомобили, движењето е отежнато. ...
Укинување на техничката влада може, но кога ќе бидеме зрело општество, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Според него, власта брза со овој чекор затоа што сака избори, а потоа да се донесе мигранти за пари. ,,Избори па мигранти за пари, тоа е сценарио смислено уште лани. Акциите на САД ова го забрзуваат со Законот за Западен Балкан. Причината е паника. Мицкоски прво во интервју на Алфа рече дека нема ...
Најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2026 година покажуваат тивко, но исклучително значајно поместување на економскиот центар на гравитација во Европа. Според податоците за номиналниот БДП по земји, Романија е позиционирана точно во средината на европскиот ранг – пред Чешка, Грција, Португалија, Финска, Унгарија, па дури и Луксембург, а само малку зад Данска. За земја која пред десет години се сметаше за периферија на ...
Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. -Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор, се наведува во соопштението на Министерството. Во соопштението се наведуваат клучните активности, кои Министерството ги спровело минатата година, при што се наведува дека министерката Божиновска во ...
Годинава карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а традиционално тие почнуваат со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите, беше соопштено денеска на прес-конференција. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на културниот идентитет. -Оваа наша жива традиција со векови ги обединува граѓаните, ...
Досега во Македонија не се правеше испитување на ембрионот, за да се дознае дали е тој здрав, а од сгеа, откако Фондот за здравство денеска потпиша договор со Природно-математичкиот факултет, ќе се овозможи такво испитување. Како што рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, ќе се воведе оваа нова метода, со која ќе се испитува дали новиот ембрион, пред да се всади во матката на мајката е здрав и нема никакви генетски заболувања. Со ова ќе се ...
Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема смисла и се претвори во алатка за меѓупартиско пазарење. -Техничката влада функционира како фасада и привид на фер, демократски избори и плурализам, зад кој продолжува суштинската политичка нееднаквост, селективноста и цензура. Затоа, укинувањето на техничката влада за нас е прифатливо само доколку оди рака ...