Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Лисабон – Меѓународната еколошка организација „Гринпис“ во својот последен извештај предупреди дека Португалија се соочува со најголема закана од климатските промени, имено дека морето се протега кон внатрешноста и дека околу 40 проценти од нејзините плажи се во опасност да исчезнат до 2100 година. Во извештајот „Уништување по должината на брегот – Портрет на португалскиот брег во опасност“, Португалија е предупредена за непосредните ризици ...
Булингот, врсничкото насилство, онлајн или во живо, го подигна алармот за преземање мерки од страна на државата, а не како досега, со повремени кампањи, често финансирани од општествено одговорни компании или меѓународни организации. Случаите на физичко насилство, кога поголеми ученички тепаа и малтретираа помали од нив, терајќи ги да ги молат или да јадат измет, ја згрози јавноста, па иако насилството се случуваше надвор од училиштата, ...
Пациентите на онкологија денеска одржаа протест пред Министерството за здравство, барајќи решенија за континуираниот недостиг на терапија на Клиниката за онкологија, а беа примени од заменик-министерот за здравство Јовица Андоновски. Во моментот проблемот со терапијата во Клиниката за онкологија е надминат, информираа од „Пеперутки“, затоа што дел од терапијата веќе е пристигнат, а остатокот се очекува во наредните денови. Најчесто ...
Пожар избувнал во стан на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, при што три лица, меѓу кои и двајца полициски службеници, побарале лекарска помош поради вдишување чад. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека настанал пожар во стан сопственост на Г.С. (36). Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар интервенирала и го изгаснала пожарот. Поради вдишување ...
Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората. ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува ...
Казахстан првпат по повеќе од 70 години пушти тигар во неговото природно живеалиште, со што започна практичната фаза од долгогодишната програма за обновување на популацијата на оваа голема мачка во делтата на реката Или. Сибирскиот тигар по име Умит која е женка, беше пуштена во природата на 31 јули во Државниот природен резерват „Иле-Балкаш“, пренесоа светските медиуми. – Присуствувавме на навистина историски настан – изјави министерот за ...
25-дишен жител на тетовското село Мала Речица е задржан во полициска станица откакo по расправија во угостителски објект во Тетово со остар предмет повредил 53-годишен маж. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до ...
Лондон – Велика Британија воведе нов пакет санкции против Русија, насочени кон бродови, банки и индустриски компании, со цел дополнително ограничување на финансиските текови што Москва може да ги користи за финансирање на војната во Украина. Британската влада соопшти дека додала 13 нови субјекти на списокот на санкции, вклучувајќи шест руски банки, шест бродови и една компанија за управување со бродови со седиште во Индија, објави Ројтерс. ...
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, денеска соопшти дека во најголемата еднодневна акција за спасување што досега ја спровеле безбедносните сили на земјата биле ослободени најмалку 308 лица кои претходните месеци биле киднапирани во повеќе напади на северот од Нигерија. Како што наведе Тинубу во соопштение, меѓу ослободените се 163 луѓе киднапирани во февруари од заедницата Воро во областа Кајама, во сојузната држава Квара, како и 145 ...
Германската полиција денеска соопшти дека уапсила 33-годишен државјанин на Украина, осомничен дека снимал погон на еден производител на оружје во Баварија со цел подготовка на можни саботажи, по налог на странска разузнавачка служба. Како што соопшти полицијата на сојузната покраина Баварија, осомничениот, чиј идентитет не е објавен, е уапсен на 2 август во сојузната покраина Тирингија. Истражителите се сомневаат дека тој делувал како ...
Околу 150.000 пријави за несакани реакции и повеќе од 100 смртни случаи се поврзуваат со лековите за слабеење во Велика Британија, покажува анализа на британскиот весник The Times, базирана на податоци од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA). Според анализата, најголем број пријави се однесуваат на лекот Mounjaro (тирзепатид), за кој се регистрирани 100.810 пријави за несакани реакции, од кои 10.434 се класифицирани ...
Со потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Денешниот настан доаѓа по состанокот со Бугарија за подготовката на ...
Американската компанија „Дизни“ склучи договор со платформата „ТикТок“, овозможувајќи им на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии на „Дизни“ во своите кратки видеоснимки. Овој новитет ќе биде спроведен најпрво во САД, а подоцна и во други држави. Во договорот ќе бидат опфатени стотици наслови и франшизи, како „Марвел, „Војна на ѕвездите“, Пиксар и други. На платформата „Дизни плус“, компанијата за првпат ќе ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Политико“, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении подоцна, сè уште чека пристапните преговори суштински да ...
Постојат места што инспирираат уметност. Но постојат и ретки места што самите стануваат уметност. Таков е Галичник. Со 37 години континуитет и повеќе од 400 учесници од Македонија и од светот, Ликовната колонија „Галичник“ се етаблира како една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во земјата и препознатлива платформа за современа визуелна уметност во регионот. Богатата колекција создадена низ годините претставува ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не ...
Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО), Арсенио Домингез, здруженијата ...
Основачот на рускиот производител на беспилотни летала „Уралдронзавод“, Владимир Ткачук, е тешко повреден по експлозија на автомобил-бомба во близина на Екатеринбург, во напад што претставува уште еден во низата инциденти насочени кон личности поврзани со руската воена индустрија. Веста ја потврди и Гардијан. Според руските државни медиуми, експлозивната направа била поставена под неговиот „Мерцедес“ и експлодирала во средата. Ткачук веднаш ...
Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија, туку се обидува да најде формула со која цената на струјата евентуално ќе се намали или барем да се зголеми периодот на евтина тарифа. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски на настан во Владата на кој се потпишаа договори за реализација на третата фаза од пругата кон Бугарија, во одговар на новинарско прашање за влијанието на енергетската криза во Европа ...
Харизматичниот холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија синоќа во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а продолжија со уште една Соната за виолина и пијано од Франсис Пуленк. Репертоарот го заокружија со Фантазија за виолина и пијано од ...
Израелскиот напад во јужен Либан на крајот на април, во кој една новинарка беше убиена, а втора беше сериозно повредена, може да се смета за воено злосторство, смета Хјуман рајтс воч (ХРВ). Групата за човекови права денеска објави дека пронашла индикации дека цивилите можеби биле намерно цел. „Израелската војска вели дека не ги гаѓа новинарите, но фактите и доказите покажуваат дека тоа го правела постојано. Амал Калил и Заинаб Фараџ се ...
Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман. Според организациите, нафтата истекува од танкер за кој се претпоставува дека е дел од т.н. руска флота во сенка. Според информации на компанијата за поморска безбедност „Вангард“, бродот на 6 јуни бил оштетен при три експлозии со непознато потекло. Сателитски ...
Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – ...
Околу 16.000 странски доброволци моментално се борат во редовите на украинските одбранбени сили, соопшти воениот правобранител на Украина Олха Решетилова за време на консултацијата со шефовите на дипломатските претставништва на Украина во странство. Како што наведе таа, овие борци доаѓаат од најмалку 72 земји во светот, а речиси 40 отсто од нив се државјани на земјите од Латинска Америка, пренесе Унијан. Според неа, од почетокот на работата ...
Камерниот оркестар „Профундис“ под диригентската управа на Ѓурѓица Дашиќ, на сцената на „Охридско лето“ вечерва ќе го донесе атрактивниот концертен проект „Концерт под свеќи“, во кој како солист ќе настапи еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, со идеја за создавање висококвалитетен професионален ансамбл што ...
Програмата за изградба на нова класа нуклеарни воени бродови, кои претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги претставува како идната „Златна флота“ на американската морнарица, би можела да чини најмалку 50 отсто повеќе од првично проценетото, односно 275 милијарди долари, според извештајот на Конгресната канцеларија за буџет (ЦБО), пишува денеска Њујорк Тајмс. Според проценките на институцијата, изградбата на првиот ...
Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари. Во намерата за остварување на нашата развојна визија – поголемо, сигурно и современо земјоделско производство што ќе ги задоволи домашните потреби, најголемиот предизвик е да го напуштиме застарениот, конзервативен модел во кој ...
Развојот на рударството и заштитата на животната средина не се спротивставени цели доколку се применуваат современи технологии и строг институционален надзор, оценува професорката Соња Лепиткова, претседателка на Македонското геолошко друштво. Таа повика државата да создаде услови за одржливо користење на минералните ресурси, со јасни правила и постојана контрола на сите процеси. Според Лепиткова, проектот за бакарниот рудник во Иловица се ...
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа. -Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази поддршка за онколошките пациенти кои за утре најавија протест пред Министерството за здравство, оценувајќи дека е недозволиво пациентите повторно да остануваат без неопходната терапија. Во соопштението, ЛДП наведува дека уште минатата година предупредувала оти недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем за кој, како што велат, барале одговорност од ...