Македонската Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма. Ова денеска го порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој се вклучи во полемиката околу наводниот таен план за прием на мигранти од Велика Британија. „Нема договори, нема преговори, нема квоти, нема центри, нема транзитни аранжмани. Таква иницијатива ниту е разгледувана, ниту постои политичка намера во таа насока. Сето тоа е ...

Три лица биле уапсени, а повеќе од пет милиони евра средства од трговија со дрога од Колумбија биле запленети во операција на германската полиција против истакната ќелија на таканаречениот „Балкански картел“, објави Европол на 10 декември. Полициите на Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија учествувале во акцијата, заедно со околу петстотини германски полицајци кои спровеле рации против лица осомничени за транснационална трговија ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на 12 декември ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да превенираат војна предизвикана од Русија, која би можела да биде „на ниво на војна што ја издржаа нашите баби и прабаби“, јавува новинската агенција Ројтерс. Во говорот во Берлин, Руте рече дека премногу сојузници на воениот сојуз не ја чувствуваат итноста на заканата од Русија во Европа и дека мора брзо да ги зголемат ...

Бугарскиот премиер Росен Жељазков и неговата влада поднесоа оставка на 11 декември по едни од најмасовните протести во современата историја на Бугарија. Протестите беа предизвикани од предлог-буџетот за 2026 година што предвидуваше зголемување на даноците и повисоки социјални придонеси, чекори предложени од влада што многу Бугари ја сметаат за корумпирана. Жељазков ја соопшти одлуката во телевизиско обраќање од Софија, и тоа кратко пред во ...

Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје, Горанче Савовски и членови на комисијата, на 09 и 10 декември учествуваа на 14. Регионален координативен состанок на кој се презентираа клучните резултати во спроведување на целите од Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје, муниција и експлозиви во Западен Балкан до 2030 година. На состанокот беа истакнати заложбите ...

Во училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, вчера се одржа промоцијата на македонските машки носии од Преспа, изработени во рамките на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во Корчанскиот регион“, реализиран од Македонското друштво „Сонце“ во соработка со партнерските организации и со поддршка на Комитетот за национални малцинства. По минатогодишната ...

На 11.12.2025 околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце. При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. При претресот во неговиот дом е затекната ...

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. Полициски службеници веднаш пристигнале ...

САД запленија танкер со нафта крај брегот на Венецуела, објави претседателот Доналд Трамп. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа во средата, изјавувајќи дека станува збор за „најголемиот досега запленет“ танкер. Венецуела остро го осуди инцидентот. Видео објавено од американската државна обвинителка Пам Бонди прикажува војници како се спуштаат од хеликоптер на палубата на танкерот, а ...

„Ние не сме во војна, но не сме веќе ни во мир“, изјави Фридрих Мерц во септември годинава. Со тоа канцеларот од ЦДУ можеби доста соодветно ја опиша ситуацијата што важи за Германија. Најдоцна од моментот на руската агресија врз Украина, во политиката и безбедносните служби се зборува за хибридно војување. Хибридни напади: саботажа, шпионажа и дезинформации Овој микс од воени и разузнавачки акции, често придружени со пропаганда, ја погодува ...

Раководителот на Норвешкиот Нобелов институт изјави дека овогодинешната добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, нема да присуствува на церемонијата на доделување на наградите во Осло во среда, 10 декември. Директорот на тој институт, Кристијан Берг Харпвикен, за јавната телевизија НРК изјави дека нејзината ќерка ќе ја прими наградата во име на венецуелскиот опозициски лидер, објави Бета. Во вторник, прес-конференцијата ...

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 Декември) и повторно во Недела (14 Декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за ...

По онлајн петицијата, лидерот на СДСМ Венко Филипче најави резолуција во Собранието против примање мигранти од Велика Британија, а потоа и протести доколку иницијативата не помине кај пратениците. Петицијата деновиве се очекува да биде поднесена во парламентот. Што следува ако резолуцијата не помине? „Од Собранието ќе бараме да се изгласа резолуција за ова да го запреме. Ако не се прифати резолуцијата, еден од начините да се бориме е да ...

Полицијата во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц во Германија откри едногодишно дете како седи во скутот на мајката зад воланот на автомобил. Малото дете го држело воланот со двете раце додека мајката пишувала нешто на мобилниот телефон, како што објави полицијата во Кајзерслаутерн во средата. Двајцата се возеле по автопатот А6 во близина на Рамштајн доцна во вторникот вечерта. Кога полицајците ги забележале младата жена и детето зад воланот, ...

Нов закон со строги казни за платформите Од денеска, 10 декември 2025 година, на сите Австралијци под 16 години им се блокира пристапот до повеќето платформи на социјалните медиуми, бидејќи земјата воведува прва ваква забрана во светот. И покрај нивното противење, платформи како Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок, Х, Јутјуб и Редит ќе имаат ограничувања според возраста, на список што постојано ќе се ажурира. Платфромите за онлајн игри и ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека е можно да се најдат излезни решенија за проблемот со Бугарија и евроинтеграцијата, но нагласи дека одлуката не зависи од Македонија. „Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но не ја носиме ние одлуката. Точно е дека разговаравме за излезни решенија. Можеби некој не го гледа тоа, но мислам дека има промена во реториката на највисоките претставници на ЕУ. Не се работи само за еден ...

Додека презема чекори за проширување на контролата врз онлајн комуникациите, руската влада претстави нов пакет мерки за дигитална безбедност што значително ќе ги ограничи дојдовните телефонски повици надвор од земјата. Вицепремиерот Дмитриј Григоренко на 9 декември изјави дека владата подготвила нов пакет иницијативи што вклучува забрана за меѓународни дојдовни повици без согласност на примателот. Според Григоренко, пакетот содржи 20-тина ...

Вкупно 20 нови садници од видот „црвена слива“ беа засадени денеска во Охрид во рамки на акцијата „Садиме денес, за одржливо утре“ рализирана од ТАВ Македонија во соработка со Општина Охрид. Во акцијата за садење на дрвја учество зедоа градоначалникот Кирил Пецаков и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и вработени од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид и од охридската локална самоуправа. Дрвјата беа засадени на неколку ...

Советот на Општина Охрид, денес ја оддржа четвртата седница од неговото конституирање. Обемниот дневен ред од 88 точки, беше надополнет со уште три, кои се однесуваа на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2026 година, одлука за измени и дополнувања на годишната програма во областа на основното образование за 2025 година и одлука за проширување и пренамена на средствата во буџетот на општината за 2025 година. Во првиот дел ...

Денеска (10.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје- ПС Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 2141 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на импровизирана тезга. Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое ги продавало, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Брисел учествуваше на Втората меѓународна конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти – значаен светски форум кој ги обединува партнерите во справувањето со еден од најсериозните транснационални безбедносни предизвици. Во име на Македонија, министерот Тошковски ја поддржа Заедничката декларација на Алијансата, со што државата уште еднаш ја потврдува ...

Денеска (10.12.2025) во раните утрински часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Методија Андонов Ченто и Чаир. Во акцијата беа лишени од слобода 12 лица: Н.С.(70), ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска (10.12.2025) во рамки на својата работна посета на српското МВР, во Белград имаше работна средба со својот домаќин, директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ, а воедно се сретна и со министерот за внатрешни работи и потпретседатен на владата на Република Србија, Ивица Дачиќ. На средбите на македонската полициска делегација со своите српски колеги, меѓу другото, ...

На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ. О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување ...

Полска е во преговори за трансфер на авиони МиГ-29 на Украина во замена за пристап до украинската технологија за беспилотни летала, изјави министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш на јавното радио во среда, 10 декември. „За некое време, авионите МиГ-29 повеќе нема да служат во полските воздухопловни сили поради нивниот исцрпен работен век“, рече министерот за одбрана и додаде: „Преговараме со украинската страна за трансфер на МиГ-29, но ...

Бугарската влада, составена од партиите ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија), БСП (Бугарска социјалистичка партија) и ИТН (Постои таков народ), поддржана од „ДПС (Движење за права и слободи) – Нов принцип“, нема да размислува за оставка пред земјата официјално да влезе во еврозоната на 1 јануари. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во среда, 10 декември. „Влезот на Бугарија во еврозоната е геостратешка ...

Македонскиот пејач Зоран Илиев, добро познат по своите два триумфа на Макфест и по карактеристичниот препознатлив вокал, ја претстави новата музичка приказна – „Не боле мене“, песна снимена на српски јазик и наменета за пошироката регионална публика. Проектот премиерно беше објавен вчера на сите стриминг платформи и социјални мрежи, а веќе ги собира првите позитивни реакции од македонската и српската публика. Врвна екипа зад овој проект ...

Во Македонија и тоа како ја чувствуваме температурната инверзија, но што значи токму ова? Температурна инверзија е кога котлините и низините се поладни од високите и од планинските места каде е значително потопло. Инаку Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и токму ова условува да имаме стабилно и суво време со значително повисоки температури на високите населени и планинските места. По ...

Се чини дека слоганот на Трамп „Америка на прво место“ е поблиску до реалноста од кога било, по објавувањето на важниот стратешки документ на САД кој ги опишува позициите на администрацијата за надворешна политика.„Во сè што правиме, ја ставаме Америка на прво место“, се вели во воведното писмо потпишано од претседателот Доналд Трамп во неодамна објавениот документ од 29 страници насловен „Националната безбедносна стратегија на Соединетите ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека во Македонија нема да се градат кампови за мигранти или да се прифаќаат мигранти од Велика Британија. Во изјава за новинарите тој нагласи дека таква тема никогаш не била предмет на разговори со британските власти. „Додека сум јас премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да примаме ниту еден мигрант. Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме какви ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
69%
1021
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
88%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.89
89%
1016
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
59%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
43%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
94%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
1.79
71%
1025
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
94%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.046

Currency

71.2375

Currency

37.7629

Currency

38.5916

Currency

67.4689

Currency

7.81513

Currency

0.75082

Currency

0.33427

Currency

0.52518

Currency

1.16528

Currency

0.55149

Злато

144807.03

Калај

54.45

Рутениум

51376.89

Бакар

12.60

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

310254.70

Сребро

2409.38

Алуминиум

3.65

Платина

61825.89

Паладиум

42921.25

Кобалт

45.39