Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола. Ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба. Особено е симптоматично што опозицијата свесно ја игнорира ...

Државната помош мора да биде јасно насочена, економски оправдана и во функција на конкурентноста и одржливиот раст, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на регионалната панел дискусија на тема „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ„ кој се одржа во организација на „Фајнанс тинк“. Во своето обраќање, министерката нагласи дека секој денар од ...

Од 17:20 часот се укинува забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот. Од 17:20 часот се укинува забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно. Сообраќајот на државните патишта се ...

Едно лице е убиено, а двајца други се тешко повредени синоќа во напад со нож во Сиднеј, објави ДПА, повикувајќи се на полициско соопштение. Службите за Итна помош биле повикани во предградие западно од Сиднеј околу 10 часот по локално време поради пријави дека маж избодел неколку луѓе и избегал, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Нападот се случил на прометна улица. Медицинските лица им пружиле помош на три лица со тешки повреди, ...

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за онкологија – изјави претставник од Државниот завод за ревизија, кој во детали објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година, на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“. „Ревизија се изврши во согласност со редовната годишна програма од ДЗР за 2021 година донесена по редовна ...

Сојузот на синдикати денеска, 17 февруари ја реализираше последната од три блокади пред одредени институции. Пред Владата денеска побараа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, од протестот пред Владата порача дека работниците нема да отстапат од своите барања и дека ...

„При едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик. Сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот. Овој податок е алармантен и укажува на клучен аспект од каде извира проблемот, истакнуваат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Овој пример, како што велат, не значи дека тоа е единствениот извор на проблемот, туку ...

Американскиот активист за граѓански права, политичар и пастор Џеси Џексон почина на 84-годишна возраст. Според неговото семејство, Џексон починал „мирно, опкружен со своето семејство“. Во соопштението на семејството се вели: „Неговата непоколеблива верба во правдата, еднаквоста и љубовта инспирираше милиони“. Семејството ги повика граѓаните да го почитуваат неговото наследство продолжувајќи ја борбата за вредностите што тој ги застапуваше: ...

Кој летал и за какви потреби со владиниот авион? Дали имало непотребни трошоци, луксузирање или користење за приватни цели? Овие прашања се наметнаа по објавувањето на податоците за тоа кои функционери најчесто го користеле владиниот авион од формирањето на владата на премиерот Христијан Мицкоски, во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година. Темата стана особено актуелна по изјавата на директорот на Службата за општи и заеднички работи, ...

Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои денеска, 17 февруари разговарале премиерот Христијан Мицкоски и вршителката на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс. „Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување ...

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа на дестинации со воведување на уште две нови авиолинии до најголемите острови во Италија – Сицилија (Палермо) и Сардинија (Алгеро), на Виз ер најголемата авиокомпанија во Северна Македонија. Од 15 јули стартува линијата од Скопје до Палермо, со која Виз ер ќе сообраќа три пати неделно, секој ...

Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот. Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo. Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе ...

Пред едвај пет години, повеќе од половина од гасот што се троши во Европа доаѓаше од Русија, главно преку гасоводи. Но, Москва започна тотална офанзива против Украина, а и во европските престолнини сакаа да увезуваат што е можно помалку од Русија. Набрзо, како што се верува, украинските саботери го уништија и Северен тек, така што тој гасен пат беше физички затворен. Но, дали Европа, ослободена од зависноста од гас од Русија, сега влегува во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег. ЗАБРАНИ: Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот ...

Под влијание на нов длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив и негово проширување кон Јонското море со својата долина ќе пристигне и во Македонија и ќе ни донесе нова голема промена на времето. 17 Февруари 2026 вторник ни носи нови обилни врнежи кои поради наглото заладување и продорот на ладен воздух од север проследен со засилен до силен ветер од северен правец (над 70 км/час)ќе преминуваат во врнежи од снег најпрвин на ...

Поранешниот министер за енергетика на Украина, Херман Халушченко, е обвинет за перење пари еден ден откако беше приведен при обид да ја напушти земјата. Обвиненијата против Халушченко, објавени на 16 февруари, се најновите во скандалот со корупција што фрли сенка врз претседателот Володимир Зеленски. Неколку високи министри и други владини претставници се отпуштени, вклучувајќи го и долгогодишниот доверлив човек и началник на кабинетот на ...

Опозицијата жестоко реагира на предложениот закон за високо образование. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека законот е „катастрофално лош“ и треба веднаш да биде повлечен. „Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот, тие воведуваат владина контрола врз универзитетите – една форма на образовен тоталитаризам. Законот создава ...

На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски. Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на ...

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле. Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по ...

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.490 прекршоци, што претставува намалување за 10% во споредба со првата седмица во месец февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за ...

Во услови на поплави што зафатија делови од Општина Кичево, Општина Битола обезбеди и испрати итна помош за справување со последиците од невремето. По остварени контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од двата града, на терен е упатена екипа од Територијалната противпожарна единица на Битола. Од Битола се испратени четворица пожарникари со едно противпожарно ...

На 15.02.2026 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи. По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.02.2026 во ...

Тетово и Полошки регион Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта. Во Тетово: Пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби. Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова ...

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комосија се работи на трајно решение. Ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение, соопштија од министерствотот за транспорт. Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во ...

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат ...

Во карневалските упоришта во Германија започнаа годинашните поворки за Розенмонтаг. Најголемата поворка во Германија, седум километарскиот „Цох“ во Келн, тргна во 10 часот, нешто подоцна тие во Мајнц и Диселдорф. Со своите политички сатирични коли, шегобијците и маскарите се потсмеваат на Трамп и Путин, но и на сојузниот канцелар Фридрих Мерц, АфД и режимот во Иран. Во Диселдорф, процесот против скулпторот Жак Тили е тема на една од колите. ...

ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради примената на правилото 90/180 за влез во Шенген-зоната. Освен што се изложени на санкции, дел од возачите стравуваат дека од април би можеле целосно да останат без можност за работа и транзитирање низ Шенген-зоната. Македонските превозници бараат преодно решение за спас од казните и „црните печати“ во пасошите. Од Министерството ...

Состојба до 08:30 часот Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Додека Г.Н. со ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53