Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Вашингтон започнал „големи борбени операции“ против Иран, ставајќи го Блискиот Исток на работ на ескалација, додека сирени за воздушна опасност одекнуваа низ регионот по одмаздничките напади од Техеран. Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Трамп на 28 февруари изјави дека неговата цел при наредбата за бомбардирање на Иран — извршено во координација со израелските сили — била „да ...

Во Иран е на сила „речиси целосен“ прекин на интернетот додека Соединети Американски Држави и Израел спроведуваат координирана кампања на воздушни напади низ земјата. Според податоците на организацијата за мониторинг на интернетот НетБлокс, интернет-поврзаноста е падната на само четири проценти, што сериозно го ограничува протокот на информации додека воените операции се засилуваат. Дигиталното исклучување започна набргу откако неколку ...

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, соопшти денеска (28 февруари) Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. – Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба – информира Министерството. ...

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар ...

Од почетокот на годинава, Словаците повторно гледаат повисоки цени на храната. Веќе втора година по ред државата го зголемува даночниот товар на „нездрави“ производи со висок процент шеќер, а од оваа година и на оние со многу сол, како чипсот. Ова го чувствува и 40-годишната Луција од Братислава. „Мојот сопруг и двете ќерки не можат да замислат ден без слатки. Сега купуваме помалку и бараме попусти“, вели таа за ДВ. Новиот „данок на шеќер“ ...

Денеска (28.02.2026) во 15:30 часот на локалниот пат Куманово- с.Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишија од слобода Б.Ц. (64) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ц. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под ...

СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола поднесоа кривична пријава против Д.Н.(67) од Битола и против две непознати лица поради сомнение за сторено кривично дело „измама” казниво по чл.247 ст.1 од КЗ. Д.Н. и другите две лица телефонски се јавувале кај повозрасни лица, се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда дека членови од нивните семејства учествувале во сообраќајни ...

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи. Oд нив, шест за возење под дејство на алкохол, на територија на Делчево, Кичево, Гевгелија, гевгелиско и двајца во Скопје. Исто така, пет лица се лишени од слобода затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на Скопје, Градско, светиниколско, Прилеп и неготинско. Четворица возачи пак се лишени од ...

На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава. На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода ...

На 27.02.2026 во 21:05 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Г.Ц.(38) од Кавадарци. По добиени оперативни сознанија и по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Г.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, семки од канабис и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, ...

Со голема донација за Македонците во Албанија се заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ на „Матица“ Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија. Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, денес се заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ што „Матица македонска“ ја покрена по повод Меѓународниот ден на ...

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса од југ викендов времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро во дел од котлините особено оние котлини во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност. Во Скопје и околината викендов времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Наутро во дел од котлината ќе има услови за појава на магла и на ...

Израел, според сопствени наводи, започна превентивен напад врз Иран. „Државата Израел започна превентивен напад за да ги отстрани заканите за државата Израел“, соопшти изутринава (28.02) израелскиот министер за одбрана Израел Кац. Според „Њујорк тајмс“ во нападот учествуваат и САД. Весникот се повикува на неименуван претставник на американската влада. Според израелски одбранбени извори, акцијата била координирана со сојузникот и се ...

Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, веќе три месеци не работи. Причина за тоа е што по завршувањето на мандатот на директорката во декември 2025 година, не е избран нов директор. Иако претходната директорка Пламенка Бојчева пред заминувањето на 25 декември дала овластувања на службите во Агенцијата таа ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова,на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој е во посета на земјата, изјави дека билатерализацијата на евроинтеграцијата не смее да стане правило и дека земјите членки на ЕУ треба навремено да ја превенираат. Нема поголема инвестиција во стабилноста од членството во ЕУ Сиљановска-Давкова повтори дека земјата останува цврсто определена за членство во ЕУ, ...

Денеска остварив средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер. Го истакнав нашиот континуиран ангажман во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата, како и посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во насока на целосно усогласување со европските стандарди. Разговаравме за продлабочување на соработката во ...

На 27.02.2026 во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за Компјутерски криминал и Сектор за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на ...

Едукацијата е клучот за ретките болести. Некои од ретките болести се гледаат еднаш во кариерата, а некои ниеднаш – изјави денеска претседателот на Комисијата за ретки болести, проф. д-р Злате Стојаноски. Во пресрет на Меѓународниот ден на ретките болести, 28-ми Февруари тој рече дека на овие болести мора да се мисли за да бидат ставени во диференцијалната дијагноза, да се назначат соодветни анализи и да може да се постави прецизна и точна ...

Вкупно 13,6 отсто од учениците од седмо до деветто одделение, најчесто од 13 до 15 години, користат некој тутунски производ – покажуваат резултатите од истражување спроведено во 75 училишта во државата. Иако податоците се однесуваат на 2024 година, тие беа објавени денеска (27 февруари) на прес-конференција во Министерството за здравство. „Вкупно 12,3 проценти моментно користат тутун. Вкупно 5,3 проценти моментно пушат цигари. Вкупно 4,9 ...

Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7% зголемена во споредба со истиот период 2024 година, додека пак забележано е и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во ...

На 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра. Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот ...

На денешната седма седница на Советот на Општина Охрид, советниците ги разгледаа и ги усвоија сите точки од дневниот ред, кој дополнително беше надополнет со уште една точка. Во рамки на седницата беше донесена Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници и техничкиот персонал вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за ...

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков, а по повод 118 години од неговата смрт. На настанот присуствуваа и претставници од Подрачната единица на Историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид. Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и еден за управување на нерегистрирано возило. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност. На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и ...

Огромна е разликата на температурите помеѓу оние во ноќните и во утринските часови и температурите преку ден, во ноќните и во утринските часови температурите во поголем дел од Македонија се минусни и зимски и има појава на мраз а преку денот тие се пролетни и многу повисоки. Разликата меѓу ноќните и утринските температури со максималните дневни температури е дури за околу 20 степени што е навистина премногу. Сето ова лошо се одразува особено ...

По индиректната рунда преговори со САД во Женева, Иран најави нови разговори за следната недела. Од понеделник во Виена, каде што се наоѓа седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), се планирани „технички разговори“, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи пред новинарите во Женева. Ако се одржат, тогаш би можеле да се договорат деталите на можниот договор. „Ова беше најдобрата и најсериозната рунда“, рече ...

Под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса од југ) до недела 1 март 2026 во Македонија времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност а ветерот од северен и од северозападен правец значително ќе ја намали својата брзина и својот интензитет. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата што значи утрата ќе бидат релативно ладни и со ...

Полемиките околу враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во земјата, замената на притворот со куќен притвор и обвинувањата за наводен таен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се прелеаја и на собраниската говорница. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека „нема логика да се договара со луѓе кои сакаат да го видат неговиот крај“. „Изминатите денови јавноста со право е вознемирана и ги разбирам сите коментари. Тука не треба да има дилема ...

„Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени лиценците, на уште неколку на следна владина седница ќе им бидат одземени лиценците, бидејќи не постапувале согласно закон, а на лицата за коишто веќе е покрената истрага, лицата кои веќе имаат кривична пријава кај кои е запленет овој цвет од канабис, ќе отпочне процес, претпоставувам, и во рамките на тој процес ние ќе слушаме и ќе гледаме што се случувало“, изјави ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58