По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди. Во своето обраќање, ...

На 20.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.05.2026 околу 02:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер Б.И.(29) од Скопје. На 21.05.2026 во 12:10 часот во ОВР Прилеп, прилепчанка пријавила дека во нејзиниот семеен дом била физички нападната од нејзиното момче АМ.од Прилеп. На 21.05.2026 во 12:40 часот, полициски службеници од СВР ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол. Четири возачи во Скопје (меѓу кои двајца малолетници) управувале возило без возачка дозвола, додека, еден возач во Кичево управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...

На 21.05.2026 во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз осноа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, тој се сомничи и за други кривични дела „тешка кражба“ ...

Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуираните инвестиции во локалната патна инфраструктура. Во моментов, активно се спроведува втората фаза од проектот за рехабилитација, санирање и асфалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Велебрдо и Требиште. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, М-р Онер Јакупоски, заедно со членот на Советот на општината Адмир Арслани ја истакнаа важноста на овој проект и посветеноста на ...

Баритонот Ристе Велков од Македонската опера и балет е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница. Меѓу жртвите е и неговиот 20-годишен син. За истражните органи до овој момент познати се идентитетите на тројца од жртвите, а се утврдува идентитетот на четвртото лице. Станува збор за 51-годишниот баритон Ристе Велков како и две лица на возраст од 20 години со ...

Денес Петок 22 Мај 2026 особено во попладневните и во раните вечерни часови во Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и тоа поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација времето ќе биде многу нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на ...

Република Северна Македонија обезбеди 65,7 милиони евра во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, како резултат на реализираните реформи и конкретниот напредок постигнат во изминатиот период. Овој резултат претставува силна потврда за институционалната посветеност, меѓуинституционалната координација и сериозниот пристап во спроведувањето на Реформската агенда. Во третиот извештаен период државата пријави ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ЕСМ ќе вложи жалба за скандалот со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски, изјави: „Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на фактот што Македонија доби највеќе средства од ЕУ за реформската агенда и ставот на опозицијата, изјави: „Па видете, мислам дека тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар. Така што тој дел ќе го прескокнам. Но, сакам само да ги предупредам македонските граѓани дека, претпоставувам атмосферата во ...

Во шведскиот град Хелсингборг започнаа дводневни разговори на министрите за надворешни работи на НАТО. Намерата е да се подготви самитот на НАТО на почетокот на јули во Анкара, но во услови на војната против Иран и планираното делумно повлекување на американските трупи од Европа, дневниот ред би можел да биде нарушен. САД бараат противуслуги На почетокот на средбата САД не беа претставени на највисоко ниво, но шефот на дипломатијата Марко ...

Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани. Според првичните информации, патничко возило марка „бмв“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил. Несреќата се случила околу половина час пред полноќ, а на местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. Од силината на ударот, возилото ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според медиумски извештаи, во разговор се судриле во врска со натамошниот пристап кон Иран. Причината биле различните ставови за тоа како да се постапи со нов предлог за завршување на војната со Иран, пренесуваат порталот „Aксиос“ и „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Еден од изворите за „Аксиос“ изјавил дека Нетанјаху бил вознемирен по ...

Ши Џинпинг, Владимир Путин и нивните преведувачи евоцираат спомени. Двајцата државници во посета на една изложба во Пекинг гледаат фотографии од нив двајца од претходни средби наменети да покажат дека меѓу нив има долгогодишно и блиско партнерство. Според Путин, релациите сега се подобри од кога било претходно. Ши за време на посетата рече дека кинеско-руските односи се влезени во нова фаза обележана од поголеми успеси и брз, но стабилен ...

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го повика 40-годишниот Мануел Нојер во составот од 26 играчи за Светското првенство што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Нојер треба да биде голман број еден на репрезентацијата. „Да, така планирам“, нагласи 38-годишниот селектор при претставувањето на тимот за Мундијалот, одговарајќи на новинарско прашање. „Секој знае каква аура има Ману. Планираме да биде број еден. ...

Денеска, 21 мај, Црна Гора одбележува две децении од историскиот референдум кој го поплочи патот за нејзино отцепување од државната заедница со Србија. Прославата се одржува во атмосфера на големи достигнувања на земјата меѓу државите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Во текот на изминатите неколку години, Подгорица успеа да ги реактивира заглавените преговори за пристапување кон ЕУ, да ги забрза реформите и да се ...

Денес, заедно со Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, менаџментот и вработените, одбележавме значаен јубилеј на компанијата која го позиционираше Охрид на мапата на глобалната автомобилска индустрија. Германскиот гигант докажа дека македонскиот работник поседува врвен квалитет и потенцијал. Но, успехот е најголем кога се споделува со заедницата. Општина Охрид и охриѓани изминатава деценија беа најлојалниот партнер на „Костал“. Како ...

На 20.05.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. На 20.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека на 18.05.2026 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево му биле упатувани закани од неговата ...

Денес имав чест да остварам протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Петра Дрекслер. ‎ ‎На средбата разговаравме за досегашната успешна соработка, како и за можностите за нејзино унапредување. Посебен акцент ставивме на значајните инфраструктурни и капитални проекти на кои во моментов работи Општина Охрид. ‎ ‎Ја информирав амбасадорката и за функционирањето на општинските јавни претпријатија како и ...

Охрид денес танцуваше и се радуваше на младоста и успесите на годинешните матуранти кои ја одржаа традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“, тие го одиграа танцот Квадрил. На почетокот на настанот матурантите ги поздрави Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски кој посака да бидат добри и одговорни луѓе. -Денеска ја испишавте последната ...

Со тужбата против поранешниот лидер на Куба, Раул Кастро, САД го засилуваат притисокот врз социјалистички управуваната карипска држава. Актуелниот американски министер за правда Тод Бланш во средата (20.05) поднесе обвинение против 94-годишниот Кастро. Во него на Кастро му се припишува значајна улога во соборувањето на неколку мали авиони од страна на кубанското воздухопловство во 1996 година, при што загинаа и тројца американски државјани. ...

Неочекуваното стопирање на испраќањето на американски војници во Полска предизвика сериозна загриженост во оваа земја на источниот фронт на НАТО. Се поставува прашањето дали ќе следи и намалување на трупите и дали Варшава може да го убеди Вашингтон да ја ревидира одлуката. Шокантната вест од Вашингтон ја затекна полската влада неподготвена и поттикна атмосфера на несигурност. Пентагон одлучи да го стопира испраќањето на оклопна бригада, која ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за зголемени инвестиции во образованието и што ќе значи тоа конкретно за образовната заедница, изјави: „Во науката, исто така покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони ...

Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите рамноапостолни сесловенски просветители и учители, солунските браќа Кирил и Методиј, во бигорскиот скит посветен на нив, во с. Битуше, во сабота, на 23 мај, со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба на којашто ќе претстои Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. недела, на 24 мај, во 07:30 часот ќе започне ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола и двајца со активна забрана. Еден возач во Македонски Брод и по двајца возачи во Скопје и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возачите во Прилеп бил и под дејство на алкохол. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана. ...

На 18.05.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 57-годишен маж од Скопје пријавил дека на 17.05.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија бил физички нападнат од неговата 46-годишна сопруга. На 19.05.2026 во 10:30 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Гостивар, со престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.Д.(50) од Крива Паланка, во повеќе наврати упатувал закани по нејзиниот живот, а на ...

На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици ...

Чудотворниот појас на Пресвета Богородица пристигна на аеродромот во Белград. Беше приреден свечен, достоен пречек како што доликува на голема светиња како што е Појасот на Пресвета Богородица. Игуменот отец Ефрем на светогорскиот манастир Ватопед каде што се чува појасот, изјави дека самиот тој е сведок на многу чуда кои се случуваат кога некој со верба ќе се помоли пред појасот кој го носела и го исткајала самата Богородица од влакна од ...

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од пола милион евра пронајдени во бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцира директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот. Сомнежите се потврдија и со скенирање на возилото од Службата за мобилни скенери, по што ...

Денеска имав чест да присуствувам на пригодниот настан во Територијалната противпожарна единица во Охрид и лично да им го честитам празникот на луѓето кои секојдневно ја ставаат сопствената безбедност во служба на граѓаните. Упатувам огромна благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и максимална посветеност во извршувањето на секоја работна задача. Како Локална самоуправа, наш врвен приоритет останува континуираното инвестирање во оваа ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
28%
1009
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
6.3
36%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
53%
1009
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
30%
1012
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.29
28%
1008
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
86%
1009
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
52%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
43%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
33%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
34%
1010
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
0.89
43%
1007
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.72
92%
1011
Currency

61.525

Currency

52.6287

Currency

71.7053

Currency

37.5633

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Злато

146070.49

Платина

60089.75

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.15

Калај

55.08

Сребро

2219.78

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Паладиум

42824.79