Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Новинарите ретко добиваат можност да ѕирнат во една од најмодерните фабрики во Европа: хала долга над сто метри, во која работат само десетина луѓе, додека околу нив зујат безброј роботи и светкаат контролни панели. Таблите на кинески, англиски и германски јазик предупредуваат дека фотографирањето е строго забрането. На новинарите им се прекриваат камерите на телефоните со селотејп, а за секое кратко аудио-снимање е потребна дозвола од ...
За денеска (26.01.2026) со почеток од 12:00 часот, доставена е најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, информираа претходно од МВР. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато. Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно ...
Последиците од зимската бура во САД стануваат сè посериозни. Повеќе од еден милион домаќинства доживуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија, покажува веб-страницата за преглед poweroutage.us, која собира податоци од добавувачите на енергија. Во државата Тенеси се погодени повеќе од 330.000 домаќинства, во Мисисипи повеќе од 170.000, во Луизијана повеќе од 140.000 и во Тексас повеќе од 90.000. Според добавувачите на електрична ...
Моќен циклон со центар над Џенова: На ден 26 Јануари 2026 понеделник целата територија на Македонија ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец особено во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час а можна е и ретка појава на грмежи. ...
Американски имиграциски агенти застрелаа американски државјанин во Минеаполис во саботата (25 јануари), соопштија официјални лица, што предизвика жестоки протести и осуда од локалните лидери по вториот ваков инцидент овој месец. Министерството за внатрешна безбедност го окарактеризира инцидентот како напад, велејќи дека агентот на граничната патрола пукал во самоодбрана откако му се приближил маж со пиштол и жестоко се спротивставил на ...
Малите продажни објекти, како што се тобако продавниците, киосците, мини маркетите и другите мали семејни бизниси ќе бидат сериозно погодени од новиот Зaкон за заштита од пушење и ќе се соочат со сериозни дополнителни трошоци и загуби поради кои дел ќе треба да отпуштаат вработени, а дел ќе бидат принудени целосно да ги затворат продавниците. Според сопствениците на ваквите мали продажни објекти, одредбите од предложеното законско решение ...
Со воведувањето на системот „Сејф сити“, Македонија ќе има автоматско казнување за четири конкретни сообраќајни прекршоци, со јасно утврдени и фиксни казни, во согласност со Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 1. Пречекорување на дозволената брзина Казните за прекршување на брзинскиот лимит се определуваат според тоа колку километри на час е надмината границата: до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во ...
Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во с.Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба. Известен е ...
На 25.01.2026 година, СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик. На 11.11.2025 година, 72-годишна жителка на с. Буково била телефонски измамена од лице кое се претставило како полициски инспектор и лажно ја информирало дека нејзината ...
На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески – човекот чиј глас, хуманост и харизма оставија неизбришлива трага во македонската и балканската култура. Денеска, тој ќе го славеше својот 45-ти роденден. Иако физички не е присутен, споменот за него живее преку неговите најблиски. Неговата сестра Дора и годинава ја продолжи традицијата на тивко и длабоко лично сеќавање. Дора сподели фотографија од роденденска торта посветена на ...
Бројот на жртви на протестите во Иран можеби надминува 30.000 луѓе, според двајца високи ирански здравствени службеници кои разговарале со списанието „Тајм“, пренесе англискиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). Во извештајот, објавен на 25 јануари, се вели дека поголемиот дел од смртните случаи се случиле од 8 до 9 јануари, кога владиното задушување на протестите низ целата земја го достигна врвот. Поради интензивната цензура и ...
Протестот на опозицијата против албанската влада ескалираше во судири меѓу демонстрантите и полицајците, при што десетици лица беа повредени од двете страни вечерта на 24 јануари во главниот град Тирана, соопштија властите. Демонстрантите, повикани од Сали Бериша, лидер на опозициската Демократска партија, се собраа пред албанската влада и пред парламентот во Тирана, скандирајќи против владата на премиерот Еди Рама. Бериша ги повика ...
На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум ...
„Руската пропаганда не ме плаши. Не се плашам ниту од лажните и фабрикувани информации што ги шират, ниту од валканите напади организирани од нивните различни агенции, ниту од клеветите насочени против нашата Патријаршија и мојата личност, ниту од руските интернет-тролови, ниту од нивните веб-страници–гласноговорници.“ Ова во интервју за „Та Неа Саватокириако“, го изјавил Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на прашањето „дали се чувствува ...
Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот. Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со ...
Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова во Македонија денот Понеделник 26 Јануари 2026 ни носи облачно и врнежливо време на повеќе места со обилни врнежи од дожд а во источните предели тие повремено ќе бидат и поројни и проследени со грмежи и со силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 60 км/час). Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. Поради продор на поладен воиздух ...
Кафето исчезна од полиците на многу супермаркети во Германија, а веќе се на сила нови правила. Купувачите се изненадени кога, наместо вообичаените видови зрна кафе или мелено кафе, наоѓаат празни полици, објаснувања на плакати или само слики од производите. Иако ситуацијата на прв поглед изгледа како проблем со снабдувањето, реалноста е поинаква. Кафето е достапно во продавниците, но намерно е повлечено од слободна продажба. Кафето не е ...
Вчера во Соединетите Американски Држави беа откажани близу 4.000 летови пред зимската бура која веќе им го прекина снабдувањето со електрична енергија на илјадници клиенти дури до Тексас на запад и се закани да ги парализира источните држави со обилни снежни врнежи. Метеоролозите изјавија дека снег, лапавица и замрзнат дожд, придружени со опасно ниски температури, ќе ги погодат источните две третини од земјата денеска и следната недела. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ...
Во знак на протест против суровите постапки на американската имиграциска службаИЦЕ, илјадници луѓе излегоа на улиците во сојузната држава Минесота – и покрај температурите под минус десет степени. Стотици продавници останаа затворени, вработените не дојдоа на работа, а учениците не посетуваа настава. Според аеродромските власти, полицијата уапсила неколку лица на аеродромот во Минеаполис. Причината за протестите беше апсењето на петгодишниот ...
Директните преговори меѓу завојуваните страни за завршување на руската војна против Украина беа обновени по едномесечна пауза. По воведните разговори синоќа во Абу Даби, високи воени претставници на двете страни ќе се сретнат денеска со посредство на САД. Целта на дипломатските напори во главниот град на Обединетите Арапски Емирати е достоинствен и траен мир, соопшти украинскиот преговарач Рустем Умеров по првата рунда. Набргу потоа, руските ...
Сопственикот на швајцарски бар кој беше зафатен од смртоносен пожар на Нова Година на 23 јануари беше ослободен од притвор со кауција, соопштија судските власти, предизвикувајќи гнев кај семејствата на жртвите и кај италијанската премиерка, јави Ројтерс. Жак Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага за убиство од небрежност и други кривични дела поврзани со пожарот во бар во Кран – Монтана на Нова година, во кој загинаа 40 лица и ...
Американските воени бродови се движат кон Иран, додека властите во земјата го бранат бруталното задушување на протестите, кое Обединетите нации(ОН) го нарекоа најсмртоносно задушување на сопствениот народ од револуцијата во 1979 година. Додека има повеќенеделен прекин на интернетот, продолжуваат да пристигнуваат информации за обемот на задушувањето на учесниците во демонстрациите, кои почнаа со протести на трговците во Техеран поради ...
Две барања на Вашингтон пред Белград, двете непознати. Претседателството и Владата на Србија не одговорија за Радио Слободна Европа (РСЕ), кои се барањата на САД да започнат стратешки дијалог меѓу двете земји. Српскиот претседател Александар Вучиќ спомена две „формални барања“ по средбата со американскиот државен секретар Марк Рубио. Но, тој не даде детали. Се знае само дека тие ќе бидат разгледани на претстојната вонредна седница на Владата ...
Критики кон власта, порака дека во СДСМ нема простор за внатрешни поделби и повик за мобилизација за подобар живот на граѓаните, упати Венко Филипче, претседател на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) од 31 Конгрес на партијата што се одржува на 24 јануари во Скопје. Конгресот се одржува во услови на засилени внатрепартиски тензии и јавни критики кон Филипче од поранешни партиски функционери за лошите резултати на ...
Доколку Германија би можела да избере еден добро образован наставник од странство, тоа веројатно би бил некој како Инге Пизаро Краузе. Со осум години студии и две години работно искуство како наставник во Виња дел Мар, 33-годишната Чилеанка е исклучително квалификувана и сега се подготвува да се справи со растечкиот недостиг на наставници во Германија. Од август, Пизаро Краузе интензивно го изучува германскиот јазик, дидактиката и ...
Новата американска одбранбена стратегија истакнува дека САД остануваат важен НАТО сојузник, но дека примарниот фокус е заштитата на сопствената територија и западната хемисфера. Пораката до Европа е јасна: конвенционалната одбрана е ваша главна обврска, а САД ќе обезбедат ограничена, но клучна поддршка. Истовремено, Вашингтон бара европските земји целосно да го исполнат договорот за значително зголемување на воените трошоци – 3,5% од БДП за ...
Иако се сметаше дека вонредните избори во Косово од 28 декември 2025 година конечно ќе го надминат долгомесечниот политички застој, неизвесноста повторно е главна тема. Централната изборна комисија (ЦИК) на 19 јануари 2026 година нареди пребројување на сите гласачки ливчиња.Одлуката следува по делумното пребројување на неколку избирачки места, при што вкупната распределба на гласовите меѓу политичките партии остана речиси непроменета. Но, ...
На 23.01.2026 година во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, кај с. Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И. (33) од с. Доброште, тетовско и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х. (36) од с. Нераште, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово. Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно ...