
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



„Нашата Влада ниту има капацитет, ниту има знаење, а ниту пак визија за економијата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за „Република“. „Нема да биде сериозно ако сега кажам видете што сакате вие – нема проблем, само гласајте за мене, вие што сакате – нема проблем гласајте за нас. Многу внимателно приоѓаме бидејќи информациите што до нас се достапни, состојбата во Буџетот е алармантна, би рекол ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...
Македонија прв пат во историјата доби извештај, во кој ЕУ заклучува, дека нема напредок на државата во скоро сите полиња, а најлоша е состојбата во судството, владеењето на правото и распространетата корупција, во сите сфери на општеството, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Коруптивните Ковачевски, Ахмети, Груби и останатите функционери на ДУИ и СДС, место да спроведуваат реформи, во меѓувреме си тераа ...
Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи уште еднаш истакна дека владините мерки даваат резултат, а инфлацијата е на ниво како пред кризата. – Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. ...
Јас сум убеден дека очекувам следните избори ДУИ да биде многу непријатно изненаден од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот парламент, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе и даде шанса на така наречената албанска опозиција. – Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани ...
Партизанските единици во поранешна Југославија кои во текот на Втората светска војна се бореле за слобода против фашистичките окупатори често биле и со мешан национален состав на борците. Едноставно, тие биле одраз на националната структура на населението на подрачјата кадешто се формирале, но и потврда дека идејата за слобода и за самостојна држава е всадена кај граѓани од различна националност и различна вера. Таков пример беше и Првата ...
Ова е грозоморен настан, ова е навистина преседан на кој што мора да му се стави крај и се согласувам, потребни се имиња, мораме да го впериме прстот кон вистинските виновници, не можеме да ги генерализираме работите. Јас познавам стотици и илјадници здравствени работници кои што навистина си ја почитуваат професијата, се грижат за здравјето на пациентите и не можеме сите тие да ги генерализираме на сметка на неколкумина кои што се сојузници на ...
Не смее да има етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми како во минатото бидејќи таквите процеси не доведоа до демократски развој, реагира претседателот Стево Пендаровски по пресудата на Граѓанскиот суд во која судијката оценува дека новинарите на ИРЛ не се новинари и можат да се соочат со забрана, одлучувајќи во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Пендаровски истакнува дека слободата на медиумите е директно поврзана ...
Власта продолжува со самоволието. Без срам и перде повторно се злоупотребува европското знаменце за на брза лента да се задолжи државата за нови 190 милиони евра. Ни забелешките од Европската унија не се доволни за власта да прекине со злоупотреби и изигрување на собранискиот деловник. Имено, во изминатава недела до пратениците се доставија два закони за задолжување со европско знаменце. Талат Џафери како претседател на Собранието одлучува како ...
Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности. Истите можат да придонесат до конечно утврдување на прекршување на правните норми како основ за утврдување на политичка одговорност. Дополнително, минатата недела беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија. Од истите може да се заклучи дека станува ...
„За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна“, вели тетовскиот градоначалник и лидер на Движењето Беса за ТВ Сител и додава дека ако од граѓаните се бара да ги почитуваат националните симболи, тогаш и државата треба да ги почитува своите граѓани и да ја рефлектира мултиетничката реалност Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, смета дека треба да се донесе законско решение со кое ...
Парите не растат на дрвјата, според англиската поговорка, но можеби одвреме-навреме „паѓаат од небо“ бидејќи метеоритот што паднал во една градина на дом во Германија може да му донесе околу 250.000 евра на среќното семејство, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу. На 25 април метеоритот паднал во градината на Махмут Шахин во Елмсхорн, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн. Според дневниот весник „Хамбургер Абендблат“, метеоритот ...
Канцер мафијата хара низ Онкологија, народот страда, а Фатмир Меџити како министер за здравство се однесува како експерт, од кого не зависи ништо, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Меџити да не се прави наивен и чесен, да каже колку пари дал за ексклузивен италијански мебел за куќата која ја зема по багателна цена од Пуцко Петрол. Наместо да си ја работи работата како министер тој очигледно раскомотен во ...
Машинскиот и извршен персонал при Железници на РМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие. Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во ...
Бившите градоначалници кои уште додека беа на власт заспаа и се преспаа , почнаа да се будат од сона полека најпрво од како Заев се повчеле , а сега и позабрзано. Продолжува трендот на „евоцирање спомени“ од страна на бивши градоначалници од времето на успеси кои го правеше машинеријата на партијата ВМРО ДПМНЕ Така се повеќе од нив почнаа да се појавуваат по социјалните мрежи и се враќаат од „мртвите“ од како Заев поднесе оставка. Трендот на ...
Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случи пред 15 часот помеѓу патничко и товарно комбе на регионалниот пат Велес – село Извор. По укажаната прва помош, лицата се пренесени во Општата болница во Велес. Според првичните информации, како што пренесува МИА, лицата се здобиле со повреди на главата, но се надвор од животна опасност. Портпаролката на Општата болница Велес, Елена Левкова-Ќулумова, за МИА информира дека во ...
По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува: НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории: I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение); II За ученици од ...
Кој не поминал, не знае дека Чаир е можеби и најраздвижениот дел во Скопје. Не е за изненадување бидејќи густината на населението на еден квадратен километар е околу 18 000 луѓе. Само за споредба, втората општина по густина на населеност во Скопје е Центар со 5 800 жители на еден квадратен километар. Ајде што Чаир е три пати погусто населен од скопски Центар, туку во изминативе години почнаа да се градат се повеќе и се повисоки нови згради. ...
Претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологоја, пратеничката Рашела Мизрахи во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог одлука со која, Анкетната комисија ќе ја продолжи својата работа за нови 30 дена заради, како што рече, појавувањето и нови информации поврзани со таа клиника и потребата од сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции. Досега се сослушани ...
Власта бега од скандалот со клиниката за Онкологија како ѓавол од темјан. Бегаат затоа што токму оваа власт е дивото месо кое што го уништува здравствениот систем и овозможува некој да се богати на грбот и на сметка на животите на најтешките пациенти во државата. Ова што се случувало во клиниката за Онкологија е дело на една канцер мафија. Таа канцер мафија свесно предизвикала хаос во клиниката со цел во матното да се злоупотребува скапата ...
Во прегратките на своите родители, вчера во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство. -После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија. ...
На 09.11.2023 во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана. Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото. ...
Албанскиот премиер Еди Рама налутено го отфрли предлогот. Неговата земја „никогаш“ нема да прифати поставување на бегалски кампови за Европската унија. Албанија не е земја каде што може да се „фрлаат очајни луѓе“ како „токсичен отпад што никој не го сака“, објави dw.com. „Опасно решение е да се сака Албанија да се направи ‘бранокршач’ за бегалците во Европа“. Дури и ако за возврат се добие влез во ЕУ, неговата земја нема да формира бегалски ...
Во тетовските училишта се продава и консумира дрога, ученици носат ладно оружје, а девојчиња се проституираат, се дел од заклучоците од денешната трибина во Тетово, одржана во присуство на претставници од училиштата, полицијата, центарот за социјална работа, општина Тетово и други институции. Директорката на училиштето „Кирил и Методиј“ Сихана Каба Касами вели дека треба да се подигне свеста во училиштата, но и кај родителите. Според неа, ...
Вкупно 12 случаи на салмонела евидентирани во пет училишта во Скопје, потврди за МИА, примариус доктор Лулзиме Бајрами, раководител на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје – Скопје. – Најпрвин вчера имавме регистрирано седум случаи со салмонела, па уште два во текот на вчерашниот ден, за да имаме нови евидентирани три случаи денеска. Се работи за училиштата „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“, „Јан ...
Голијат тарантула живее во северниот дел на Јужна Америка, каде што го поминува своето време јадејќи ништо друго освен птици, иако го нарекуваат „јадач на птици“. Овие ноќни џинови излегуваат од своите дувли и ловат без’рбетници, јајца или дури и мали глодари и повремени мали птици. Голијатскиот тарантула може да порасне до приближно 12 сантиметри во дијаметар на телото со распон на нозете од 28 сантиметри. Овие пајаковидни животни имаат ...
Работник, на возраст од околу 40 години, загина кога го згмечи робот во земјоделски дистрибутивен центар во Јужна Кореја. Според извештаите, несреќата се случила во вторникот вечерта бидејќи роботот не успеал да направи разлика помеѓу човек и кутија со производи, што требало да ги носи. Машината која кревала кутии со пиперки на палета, наводно го грабнала мажот и го турнала на подвижната лента, нанесувајќи му повреди на лицето и градите, пишува ...
Заклучно со вчера, 8 ноември, од 130 компании се наплатени 2,3 милијарди денари по основ на данокот на солидарност. Оваа обврска ја имаат 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, со вкупен износ од три милијарди, 29 милиони денари. Дваесет и шест компании сѐ уште не ја подмириле обврската и вкупно должат 726,6 милиони денари, и покрај рокот што им е даден од Управата за јавни приходи. Најголем износ, од 257,3 милиони денари, се уплатени ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведе инспекциски надзори во сите училишта на територија на општина Карпош каде фирмата „Ванила фуд“ доставува храна. Превентивно, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведат вонредни инспекциски надзори во кујните на сите училишта во оваа општина кои со храна ги снабдува овој оператор, поточно и оние училишта каде нема потврдено случаи на заразени ученици со салмонела. ...
Членот на Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје на Фесјбук се осврна на ситуацијата во ова јавно претпријатие која пред неколку денови ескалираше, од една страна директорот Драган Иливески а од друга челновите на Надзорниот и Управниот одбор. Членовите на одборите беа онвозможени да одржат состанок во просториите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, при што обезбедувањето регаираше физички по наредба на дикректорот и ги оневозможи ...