
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Денеска (04.11.2023) во 16.30 часот на ул.”Охридска” во Битола, Оперативен тим Потраги го лиши од слобода Д.Р.(65) од с.Кривогаштани, прилепско. Тој се барал по 2 централни потерници врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор во врска со кривични дела по чл.394 и чл.279 од Кривичниот законик, како и согласно наредба од Основен кривичен суд Прилеп, каде бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години, ...
Во понеделник треба да започне ревизијата на проектот за автопатот Кичево – Охрид објави ТВ 24. Ќе се проверува фактичката состојба на терен и врз основа на тоа ќе се носат заклучоци од експерти од градежниот сектор. Но она што досега го споделуваат градежниците како причина за фијаското со проектот се од старт направени безброј грешки и пропусти ,лошо проектирана траса,свлечишта и деликатен непроверен терен, ненаправени геотехнички и ...
Најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Forest Lawn во Лос Анџелес во близина на студиото Warner Bros. Заедно со бројни пријатели и членови на семејството, на погребот беа и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. Пери почина на 28 октомври на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес. Тој бил пронајден мртов во ...
Вицепремиерот Артан Груби на својот профил постира измонтирано видео на кое вградено познатото Меме „Паднав во дупка“ снимено кога граѓанин на Струга се жали дека ги дупнал двете гуми на дупките од патот за Ќафасан. Груби ова го објавува во моменти кога јавноста е запрепастена од изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека можно е да прекине градбата и да се раскине договорот со „Хино Сидро“ од Кина за изградбата на автопатот Охрид-Кичево. ...
Под итно да се промени Законот за полиција и Кривичниот Законик. Oва се барањата на Независниот синдикат на полиција кои денеска протестираа во Штип. Порачаа дека полициските службеници излегуваат на улица, оти не се чувствуваат безбедно. Меѓу барањата им се зголемување на овластувањето, а казните за напад на службено лице да се зголемат на минимум пет години. Синдикатот на затворската полиција даде поддршка, од каде што порачаа дека голем број ...
Заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во телефонско интервју за „Гласот на Америка“ на македонски рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Северна Македонија кон Европската Унија (ЕУ). Ескобар нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат. На исто прашање за ...
При денешната посета на општина Прилеп во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали постои комуникација на било кое ниво со власта и дали има напредок за датум за избори како и тоа дали е за споени претседателски и парламентарни избори, истакна дека постои комуникација со СДСМ во рамките на парламентот во однос на препораките на ...
Србија е под влијание на силен циклон од северозападниот дел на Европа, па времето денеска е нестабилно како во средината на пролетта и летото, со оглед на врнежите од грмежи кои се вообичаени во потоплиот дел од годината. Околу 14:00 часот, многу изразена линија на нестабилност се движеше низ северозападна Србија. Во еден момент бил долг 200 километри и широк 20 километри, а се протегал од Срем, Мачва и Подриње северно од Бачка, а во ...
Дваесет и три годишник со „голф“ прегазил 73-годишна жена на регионалниот пат Скопје-Тетово. „На 03.11.2023 во 11.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на село Арнакија, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(23) од с.Рашче удрило во пешакот Џ.Р.(73) од с.Арнакија. Во несреќата Џ.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 ...
Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат. „Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други ...
Како прв професионален саем за увоз на национално ниво во светот, CIIE прикажа повеќе од 2.000 категории на нови производи во последните пет години. Овие производи, вклучително од преханбената, земјоделската, автомобилската, информатичка технологија и медицинската индустрија, во последните 5 години ја акумулираа планираната вредност на трансакции од речиси 350 милијарди американски долари. Минатата година, CIIE во Шангај привлече 145 земји и 284 ...
Најмалку 128 луѓе загинаа, а десетици се повредени во Непал кога силен земјотрес го погоди западниот регион Џајаркот, соопштија денеска официјални лица, додека куќите во областа се урнаа, а зградите се тресат до Њу Делхи во соседна Индија. Земјотресот е најсмртоносниот од 2015 година, кога во два земјотреси во хималајската земја загинаа околу 9.000 луѓе. Цели градови, храмови стари со векови и други историски локалитети потоа беа претворени во ...
На 03.11.2023 во 23.05 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Малку подоцна, во координација со ОЈО Тетово бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица ...
Не можам да се согласам со една теза што се сака да се протне, а тоа е дека сите сме исти. Не сме сите исти. Нас измените на КЗ не најдоа затечени и не знаевме дека таква работа ќе се случи, а очигледно некои други добро знаеле, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ што се емитува на телевизија 24. Николоски посочи дека измените на Казнениот закон не ги изненади само СДСМ и ДУИ. ...
По десет години тапкање во место, неизградениот автопат Кичево-Охрид е пред нова крстосница: една од опциите за кои размислува власта е раскинување на договорот со изведувачот – кинеската компанија „Синохидро“, кој следната недела ќе одбележи 10 години од потпишувањето. За најава на вакво сценарио беше искористена Првата конференција за патна инфраструктура „Искуства, Предизвици и Перспективи“, која почна вчера (2.11) во Охрид и продолжува и ...
Скандалот на Клиниката за онкологија само кажува дека со Владата на СДС и ДУИ криминалот и корупцијата се во сите пори на општеството, а најмногу доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите. Едноставно е, аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер мафија која работи и денес затоа што нема институција која реагира. Документите доставени до ВМРО-ДПМНЕ отвораат сомнеж дека има и други слични проблеми на Клиниката за ...
Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата „Диво месо“ го јаде системот. Документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес. Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. ...
Со новиот буџет за 2024 година не се предвидени средства за повисоки плати на функционерите. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека избраните и именуваните функционери нема да се откажат од покачувањето на платите за 10 отсто, туку Владата ќе одлучи да нема зголемување. Ваквиот предлог наскоро се очекува да биде доставен до Владата. Но, според Битиќи потребни се седум законски измени за да бидат опфатат сите 1.260 функционери ...
Православните верници денес ќе го одбележат еден од четирите најголеми празници посветени на мртвите на 4. ноември – Митровденска Задушница. Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровденска Задушница. Во црквите, овој ден отсекогаш бил одбележуван со света Литургија и панихида, на која свештеникот истура вино над житото, а по завршувањето на службата се посетуваат гробиштата. Вообичаено е ...
Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за рехабилитација од дрога во северен Иран, објавија во петокот иранските медиуми. Полицијата ги истражува причините за пожарот во кампот за рехабилитација на опиум во Лангаруд во провинцијата Гилан на Каспиското Море, објави иранската полуофицијална новинска агенција Мехр. Судската новинска агенција Мизан соопшти дека раководителите и службениците на центарот се под истрага. ...
Се шири пожарот кај неготинско Дуброво, гаснат пожарникари од Неготино и Кавадарци, велат од ЦУК за МИА. Според вонредната информација од РЦУК – Велес, тие од ТППЕ Неготино во 17:25 часот биле известени за пожар на отворен простор во атарот на село Дуброво, каде горела сува трева и шума. – Заради засилен ветер пожарот се проширува со голема брзина. На терен интервенираат ТППЕ Неготино со 12 пожарникари и три ПП возила и ТППЕ Кавадарци со тројца ...
-Според моите првични податоци за месец октомври кои ќе ги објави Државниот завод за статистика следната недела инфлацијата во делот на храната ќе биде под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена споредено со претходниот месец и тоа е како резултат на мерките кои ги усвои Владата, посебно Министерството за економија, кажа министерот за економија во вечерашното гостување во Дневникот на Сител Телевизија. Министерот потенцираше ...
Обраќање на Јавниот обвинител на РСМ Јовески на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“. Обраќањето го пренесуваме во целост: Ова е поканата со која сум повикан денеска да дојдам тука, на седницата на Анкетната комисија. За јавноста да знае, тука пишува – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија е повикан на седницава “во својство на сведок и/или експерт” за случајот “Онкологија”.Еве и местото на кое сега седам е определено за ...
Во поглед на вистината и траорните сценарија, немој да заборавите дека тој што седеше пред вас овдека, кажа дека во 2012 сте имале кривични пријава за онкологија, до денеска десет години поминале, во кои 10 години сте вработен во ОЈО од кои 5-6 години сте главен јавен обвинител, ништо нема. Во 2019 имало, во 2020 имало, ве молам без такви фрази вистината, вистината, сте имале точно 12 години да им ја кажете вистината на македонската јавност, а ...
„Негативното влијание на дивите депонии врз животната средина“ беше главна тема на денешнниот регионален настан, кој во организација на Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ и Министерството за животна средина, се одржа во Општина Охрид. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи комунални услуги“, во кој се предвидени осум регионални настани. Пред присутните свое обраќање имаше ...
Господине Јовевски, јас не сум правник, ниту адвокат, ниту обвинител, ниту судија, ниту сум од Вашата фела. Меѓутоа како пратеник, а и како човек во одредена држава, се снаоѓам читајќи закони и движејќи се по законите. Е, сега во аналитика дадена од политички аналитичари и луѓе кои што работеле во обвинителство во други држави се вели дека криминалот во државата особено масовниот, организиран криминал го води Владата, а само од 2 до 3% велат од ...
Тепачка во ЈП Водовод и канализација – Скопје беа насловите кои денеска дел од медиумите објавија за денешниот инцидент во ова јавно претпријатие. Во соопштението ЈП Водовод и канализација – Скопје целата вина ја префрла на претседателот на Управниот Одбор на претпријатието, Идриз Орана. Додаваат дека денешниот инцидент е последен од серијата инциденти со кои менаџментот, но и вработените на претпријатието се соочуваат во изминатиот период. ...
Важно е за која било постапка која што се води, доколку кој било граѓанин поседува какви било докази, тие докази да ги достави до надлежното јавно обвинителство и на тој начин да помогне во истрагата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на денешната седница на собраниската Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија одговарајќи на прашање од пратеник за наводите што ги изнесе вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ...
Хрватски води издаде предупредување поради значително покачување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава. „Обилните акумулирани врнежи на подрачјето на Хрватска и низводно соседните земји ќе предизвикаат значително зголемување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава. Според хидролошките модели и понатамошната прогноза за обилни врнежи, нагло покачување на водостојот се очекува и кај помалите притоки“, предупредуваат од Хрватски води и ...
Сакајќи да ја бакне во лицето, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман ја бакна својата колешка од Германија во уста. И двајцата присуствуваа на конференција за зајакнување и проширување на Европската Унија во Берлин, а Радман таму разговараше со германските министри за нивните реформски идеи за зајакнување на структурите на Европската Унија со цел да се подготват за натамошни проширувања. Но, во еден момент кога Грлиќ ...