Сакам да бидам краток и прецизен кога станува збор за ова законско решение коешто како и многу други законски решенија коишто можат да поларизираат, не беше носено ад-хок ниту беше носено по принципот на сила, туку беше носено во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, со здруженијата, со производителите, со дистрибутерите, со хотелиерите, со луѓето коишто имаат свои ресторани, ноќни клубови итн. Практично, ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога. На 28.05.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.М.(23) од Струмица. При преглед кај него била пронајдена марихуана. На 29.05.2026 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две најлонски ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишија од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Двајца возачи во Скопје и Охрид биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Возачот од Охрид, кај кого биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода. Три лица биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка ...

На 29.05.2026 во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени ...

По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите. На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, остварил средба со потпретседателот на Европска ракометна федерација, Предраг Бошковиќ, при што биле разгледани повеќе теми поврзани со развојот на ракометот и идните планови на охридскиот клуб. Во објава на социјалните мрежи, Пецаков истакна дека средбата претставувала голема чест и задоволство, нагласувајќи дека со Бошковиќ разговарале за иднината на ракометот, претстојниот финален натпревар, како и ...

Денешниот ден Сабота 30 Мај 2026 во Македонија ќе биде сончев и релативно топол со појава на мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието, Скопскиот регион и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени а во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 28 степени. Под влијание и продор на малку поладен воздух на ...

Војната со Иран и последователното затворање на Ормускиот Теснец — клучен поморски коридор низ кој пред конфликтот поминуваа околу 20% од светската трговија со нафта — предизвикаа шок во снабдувањето со размери невидени со децении. Оваа ситуација ги натера државите ширум светот да бараат алтернативни извори за да го надоместат изгубеното снабдување. Многу влади, особено во азиските земји кои во голема мера зависат од енергија од Блискиот ...

Ракетата Њу Глен, која ја развива вселенската компанија Блу Ориџин, во сопственост на Џеф Безос, експлодираше пред планираното лансирање. За време на рутински тест на беспилотната ракета во Вселенскиот центар Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида, во преносот во живо беше видена голема експлозија проследена со огромна огнена топка. За време на тестот, дојде до „нерегуларност“, соопшти Блу Ориџин на платформата X. „Нема ...

Денес со особена чест и гордост одбележавме значаен јубилеј на еден од најпрепознатливите симболи на Охрид. Саат кулата не е само архитектонски споменик, туку жив сведок на вековите, на соживотот, културата и историјата што го обликувале нашиот град. ‎ ‎Низ нејзините отчукувања се испишани приказните на генерации охриѓани, на трговци, занаетчии, рибари и патници кои го граделе духот на Охрид. ‎ ‎Нашата обврска е да го чуваме и негуваме ...

23-годишно момче од тетовското село Сараќино пронајдено мртво во Австрија, а бил пријавен за исчезнат од понеделникот. Неговото тело е пронајдено синоќа во езерото Факер (Faaker See), по интензивна потрага на австриските служби. Поради неразјаснетите околности на смртта, надлежните органи наредиле обдукција. Според австриските медиуми, во четврток вечерта била спроведена голема спасувачка операција откако на брегот на езерото биле пронајдени ...

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал (ВиСквер) VSquare, пишува дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави неговата екстрадиција ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога. На 29.05.2026 година во 00:05 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, од слобода бил лишен Р.М.(34) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. На 28.05.2026 година во 11:55 часот, на подрачјето на Карпош во Скопје, од слобода бил лишен Е.М.(37) од Скопје, кај кого била пронајдена ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Во Скопје, четири лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека две лица од Кавадарци управувале мотоцикли без положен возачки испит. Исто така, возач од Скопје управувал мотоцикл без возачка дозвола, а моторциклот бил и без важечка регистрација. Во ...

Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од ...

На 28.05.2026 година во 19:10 часот, од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, од слобода бил лишен М.И. (24) од Куманово. Истиот ден, на автопатот во правец од Граничниот премин Табановце кон Куманово, било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И. При извршената контрола, во возилото биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста ...

Чекањето на границата кон Грција веќе стана редовна појава откако почнаа да се применуваат новите европски правила за влез и излез. Новиот европски Систем за влез/излез (EEС-систем) за дигитална контрола на граници и овој продолжен викенд предизвика километарски колони и повеќечасовни чекања на премините од Македонија кон Грција. Уште од вчера на граничниот премин Богородица со часови се чекало за премин на македонско-грчката граница, ...

Малолетник починал во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу „мерцедес“ и електричен тротинет. –На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од ...

Големи делови од Западна Европа оваа пролет се соочуваат со интензивен топлотен бран што ги руши температурните рекорди и веќе однесе човечки животи. Необично високите температури се чувствуваат од Обединетото Кралство на север, преку Германија и Франција, па сè до Шпанија и Италија. Причината за ова невообичаено топло време за овој период од годината е таканаречената „топлотна купола“. Како капак врз врел сад, висок притисок од Северна ...

Франција ѝ дава „неограничена политичка поддршка“ на Црна Гора во завршната фаза од процесот за членство во Европската Унија. По работната посета на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Елисејската палата во Париз во средата попладне, претседателот Емануел Макрон истакна дека „Франција стои на страната на Црногорците за да ги придружува на нивниот пат кон европската интеграција“. Во минатото, Париз го забавуваше пристапниот процес и ја ...

Побрз пат до полноправно членство, фазно придвижување на земјите од Западен Балкан што поблизу до ЕУ или нивно мотивирање да бидат што покомпатибилни со Унијата? Одговорите на прашањето – во кои насоки ќе се движи процесот на проширувањето – особено по многу предлози и нон-пејпери на оваа тема – ќе бидат појасни на самитот на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 5-ти јуни во Тиват, Црна Гора. Пред самиот, претседателот на Европскиот совет, ...

Германското осигурување за долгорочна нега се соочува со сериозен финансиски дефицит од милијарди евра, а министерка за здравство Нина Варкeн разгледува мерки за стабилизација. Една од опциите е зголемување на придонесите за осигурениците без деца, што веќе предизвикува поделени реакции во јавноста и меѓу експертите. Според медиумски извештаи, Варкeн планира да го зголеми дополнителниот придонес за лица без деца за 0,1 процентен поен, од ...

Православните христијани викендов го одбележуваат големиот празник Духовден, познат и како Педесетница, Свети Дух или Света Троица – еден од најзначајните празници во православието, посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Христовата црква. Но, кај народот, овие денови отсекогаш биле поврзани и со молитвата за починатите, со спомените и со тивката почит кон оние што повеќе не се меѓу нас. Петокот пред Духовден ...

Под влијание на стабилна, сува и на малку посвежа воздушна маса од север во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во Скопје и околината исто така во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална ...

Поранешен вработен во американската разузнавачка служба ЦИА наводно проневерил златни прачки и друг имот во вредност од милиони долари во текот на својата работа. За време на претресот на неговата куќа во сојузната држава Вирџинија, пронајдени се и запленети 303 златни прачки секоја со тежина од околу еден килограм, објавија бројни американски медиуми, повикувајќи се на судските документи кои ги добиле. Вредноста на златото се проценува на ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања зборувајќи за задолжувањето истакна дека во јуни нема да има ново задолжување како што претендира опозицијата, а правејќи компарација помеѓу шест години од владеењето на СДСМ и ДУИ и овие две години од владата на ВМРО истакна дека според ММФ оваа влада за две години остварила поголема додадена вредност отколку владата на СДСМ и ДУИ за 6 години, а задолжувањето ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во однос на исполнување на реформската агенда истакна дека тоа што е до 30 јуни како грејс период може да биде завршено, и во јунскиот извештај сега како земја да бидеме и вистински т.н. фронтранери, односно македонската јавност да знае дека важно ни да се испорачаат што е можно повеќе реформи и за граѓаните и за државата. „Имаме прилично ...

Оваа Влада е целосно посветена на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.Тој посочи дека Владата внимателно и одговорно управува со јавниот долг и навремено ги сервисира наследените обврски, во услови кога државата се соочува со значајни доспевања на долгови од ...

По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, заедно со ИЈЗ и СЗО се приклучува на одбележувањето на глобалната кампања на СЗО на тема „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун“. Министерот за здравство, Азир Алиу истакна дека во заедничка соработка со СЗО, Институтот за јавно здравје, како и Центрите за јавно здравје, локалната самоуправа и локалните здравствени домови, отпочнати се ...

Цврсто стои и одолева на секоја бура: бронзената статуа пред зградата на Германското пензиско осигурување во Штутгарт. Таа прикажува работници со алат кои на рамениците носат луѓе — симбол на германскиот пензиски систем. Силните ги носат слабите, солидарно, стабилно и социјално. Но тој принцип е под притисок. Сè помалку силни и сè повеќе слаби — тоа наметнува потреба од реформи. Минатата недела весникот „Билд” објави дека владината комисија ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
2.06
25%
1008
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
6.5
36%
1006
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
11.32
47%
1007
weather icon

Софија

33ᴼ / 32ᴼ
4.63
31%
1010
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.29
23%
1007
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
89%
1008
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.12
49%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
27%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
4.12
31%
1010
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
2.57
41%
1006
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
7.72
69%
1011
Currency

61.525

Currency

52.6287

Currency

71.6902

Currency

37.5633

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Калај

55.08

Рутениум

53852.50

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Паладиум

42824.79

Сребро

2219.78

Злато

146070.49

Бакар

13.15

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.19

Платина

60089.75

Иридиум

252383.36