Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Леванте на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 во првиот натпревар од саботната програма од 20-то коло од шпанската Ла Лига. Гостите од Валенсија издржаа речиси еден час, а потоа во рок од седум минути домашниот тим постигна два гола. Првиот го постигна Килијан Мбапе во 58. минута од пенал што самиот го изнуди, а конечните 2:0 ги постави Раул Асенсио во 65. минута. Ова беше 15-та победа на Реал во ...
Големо изненадување приредија фудбалерите на Реал Сосиедад кои ја победија Барселона со 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 20-то коло на шпанската Ла Лига. Барселона, која немаше среќа во Сан Себастијан – два гола ѝ беа поништени и дури четирипати нејзините играчи гаѓаа во рамките од противничкиот гол, го загуби натпреварот откако ги доби последните единаесет натпревари по ред во сите натпреварувања. Барселона останува на ...

