Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Челникот на швајцарскиот кантон каде што 40 млади луѓе загинаа во пожар во бар на новогодишната ноќ го изрази својот гнев поради тоа што локалните власти речиси шест години не извршиле никаков увид во објектот во кој се одигра трагедијата, додека обвинителите ги засилуваат своите напори да ги повикаат одговорните на одговорност. Градоначалникот на скијачкиот центар Кран-Монтана изјави оваа седмица дека во барот „Le Constellation“ не била ...
Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или притвор, за повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. „Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 ...
Шпанецот Карлос Алкараз го победи својот голем ривал Италијанецот Јаник Синер со 7-5, 7-6(8) во саботата на егзибицискиот турнир „Хјундаи Кард Супер Меч“ во јужнокорејски Инчон. Тенисерите број еден и број два во светот беа изедначени во овој интересен натпревар, но на крајот од двата сета, светскиот број еден Алкараз поведе и ја обезбеди победата. „На сите ни е потребна поддршката од навивачите. Затоа ми беше потребна поддршката и чувството ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на улицата „Народен фронт“ во скопската населба Капиштен во петокот напладне, осумнаесетгодишниот С.С со автомобил „фолксваген пасат“ ја удри 70-годишната Љ.Ј. , која почина од здобиените повреди, а возачот со возилото избега од местото на настанот. Сообраќајката се случила околу 11.30 часот, а жртвата веднаш со возило на Итна медицинска помош ...
Мултинационалните рударски гиганти „Rio Tinto“ и „Glencore“ објавија дека се во прелиминарни разговори за спојување на нивните делувања, сигнализирајќи го можното создавање на најголемата рударска компанија во светот. „Glencore потврдува дека води прелиминарни разговори со Rio Tinto во врска со можно спојување на дел или на сите операции на двете компании, што би можело да вклучува спојување на Rio Tinto и Glencore преку плаќање во акции“, се ...
Илјадници пожарникари во австралиската држава Викторија во саботата се бореа да ги локализираат шумските пожари кои уништија домови, изгореа огромни површини со ниска вегетација и грмушести предели и ја прекинаа струјата за десетици илјади жители. Повеќето од пожарите избувнаа во средината на седмицата, поради интензивен топлотен бран во југоисточна Австралија. Досега тие проголтаа повеќе од 300.000 хектари грмушести предели, соопштија ...
Вашингтонската национална опера го напушта Центарот Кенеди, објавија двете организации, додавајќи дека тоа е уште едно разделување со познатата уметничка институција во Вашингтон откако беше ја „преземаа сегашниот американски претседател Доналд Трамп и неговите сојузници“. „Денеска Вашингтонската национална опера објави дека бара договорено предвремено раскинување на договорот за поврзаност со Центарот Кенеди бидејќи сака да продолжи да ...
Тенисерката број еден во светот Белорусинката, Арина Сабаленка, и Украинката Марта Костјук (ВТА-26) ќе играат во финалето на тенискиот турнир во Бризбејн. Во саботата тенисерката број еден во светот ја победи Чехињата Каролина Мучова (ВТА-20) во полуфиналето со 6-3, 6-4, а во недела ќе се обиде да ја освои својата 22-ра титула во 41-то финале во кариерата. Нејзина противничка во финалето ќе биде Украинката Марта Костјук (ВТА-26), која не ѝ ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во ...
Во партиско соопштение, најголемата опозициска партија, вели, планот на премиерот Христијан Мицкоски не вклучувал дијалог за реформи, туку за смислено сценарио за распишување на договорени предвремени избори Секој обид за укинување на техничката влада во вакви услови е директен напад на демократијата и слободните избори, смета СДСМ. Во партиско соопштение, најголемата опозициска партија, вели, планот на премиерот Мицкоски не вклучувал дијалог ...
Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица, а во затворите треба да гласа 81 лице. Во Маврово Ростуше ...
Минималните утрински температури се под нулата во повеќе места, со најниска измерена температура од -3 степени во Скопје-Петровец и Пожаране, соопшти утрово УХМР. Во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија и Ѓуриште измерени се -2 степени, -1 во Куманово, Кавадарци, Велес, Тетово, Крива Паланка и Попова Шапка, 0 во Берово и Штип, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Mаврови Анови, Kрушево и Охрид, 4 во Претор и Битола и 5 степени во Прилеп и ...
Пожар избувнал вчера попладне во куќа на 52 годишниот А.П. во кривопаланечкото село Нерав. -Во пожарот со повреди се здобиле Д.П. (34), А.П.(52) и С.П.(89 ), кои биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош, информираат од СВР Куманово. Екипа од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот. Пожар избувнал вчера попладне во куќа на 52 годишниот ...
Кина, Русија и Иран започнаа во саботата заеднички поморски вежби во јужноафриканските води кои ќе траат цела седмица, кои земјата домаќин ги опиша како „операција БРИКС Плус“, со цел „обезбедување на безбедноста на бродорството и поморските економски активности“. „БРИКС Плус“ е проширување на геополитичкиот блок првично составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, кој членовите го гледаат како противтежа на ...
Портланд Треилблејзерс синоќа ги победија Хјустон Рокетс со 111:105 на домашен терен, со што му ја расипаа вечерта на Кевин Дјурант, кој го надмина легендарниот Вилт Чемберлејн на листата на најдобри стрелци. Дјурант го заврши натпреварот со 30 поени и 12 скока и погоди тројка на нешто помалку од осум минути до крајот на третата четвртина, со што се искачи на седмото место на листата на најдобри стрелци во НБА. Така, тој го престигна ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни. Како што информираат од ЈП Македонијапат на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Од јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Од ...
Политичките партии на Гренланд изразија единство како одговор на настојувањата за стекнување на американскиот претседател Доналд Трамп за големиот арктички остров. „Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, се вели во заедничка изјава потпишана од пет партии во парламентот Инатсисартуту на Гренланд објавена доцна во петокот. Партиите ги повикаа Соединетите држави да го прекинат својот „презир кон ...
Американскиот автомобилски гигант „General Motors“ (GM) објави дека ќе отпише шест милијарди долари како дел од намалувањето на производството на електрични возила и батерии. Компанијата, исто така, објави дополнителни трошоци од 1,1 милијарда долари поради реструктуирањето на својите деловни операции во Кина. Конкурентот на „General Motors“, „Ford“, исто така, неодамна сигнализираше дека планира да ги отпише своите деловни операции со ...
ОВЕН Денеска реалноста можеби нема да ги исполни вашите очекувања и тоа може да ве разочара. Меѓутоа, доколку одбиете да ја видите ситуацијата каква што е, ризикувате да продолжите по погрешен пат и да се жртвувате за другите, занемарувајќи се себеси. Бидете одговорни за обврските што ги преземате. БИК Денот е погоден за одмор и активности што не ве оптоваруваат непотребно. Доколку почувствувате наплив од енергија, можете да вежбате или да се ...
Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел борба против американската интервенција. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Ве повикуваме да ги оставите настрана нашите разлики. Судбината нè повикува ...
Променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Утринските температури се движат од минус 2 до 3, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 3 и 8 Целзиусови степени. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. ...
Цените на нафтата скокнаа на меѓународните пазари кон 64 долари во петокот, бидејќи немирите во Иран и неизвесноста околу американскиот план за барелите од Венецуела повторно ги воведоа ризиците за снабдување во пресметките на инвеститорите. На лондонскиот пазар, со барелот се тргуваше за 1,89 долари повисока цена од вчерашното затворање на тргувањето, од 63,88 долари. На американскиот пазар, барелот поскапе за 1,95 долари на 59,71 долари. ...
Домашни победи во 21-то коло од Евролигата остварија кошаркарите на Барселона, Олимпијакос и Жалгирис, што ги задржа во горниот дом на табелата. Најубедлив беше Жалгирис, кој ја победи Црвена ѕвезда на домашен терен со дури 99:67. Азуолас Тубелис беше најдобар стрелец на литванскиот тим со 17 поени, а додаде и пет скока. Силвен Франциско постигна 15 поени за домашната екипа, додавајќи и по шест скока и асистенции. Барселона го победи Партизан ...
Соединетите американски држави се виновни за „претворањето на мирните протести во насилни, субверзивни активности и широко распространет вандализам“ во Иран, изјави амбасадорот на Иран во Обединетите нации пред Советот за безбедност во петокот. Иран го осудува „незаконското и неодговорно однесување на Соединетите Американски Држави, координирано со ционистичкиот (израелскиот) режим и мешање во внатрешните работи преку закани и намерно ...
Фудбалерите на Мароко, домаќините на овогодинешниот африканскиот континентален шампионат се пласираа во полуфиналето откако го победија Камерун со 2:0 во Рабат. Мароко ќе го дознае својот противник во полуфиналето в сабота кога Алжир и Нигерија ќе го играат својот четвртфинален натпревар. Од самиот почеток, Мароко беше подобар и поведе во 26. минута. По изведениот корнер Брахим Дијаз се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник и постигна ...
Швајцарските обвинители во петокот изјавија дека наредиле притвор на еден од двајцата сопственици на барот во ски-центар кој изгоре на новогодишната ноќ, при што загинаа 40 лица, поради можност за бегство, а локалните медиуми објавија дека наредбата веќе е извршена. Обвинителите ги истражуваат сопствениците на барот, француските државјани Жак и Жесика Морети, под сомнение за кривични дела, вклучително и убиство од небрежност, а семејствата на ...
Се објави драматична снимка од пукањето во Минеаполис, снимена со мобилен телефон на агентот на Службата за имиграција и царина (ICE) кој ја уби 37-годишната Рене Гуд. Видеото, кое нуди сурова перспектива од прво лице, беше објавено од Белата куќа како доказ дека агентот дејствувал во самоодбрана. BREAKING: Alpha News has obtained cellphone footage showing perspective of federal agent at center of ICE-involved shooting in Minneapolis ...
Цените на нафтата скокнаа на меѓународните пазари кон 64 долари во петокот, бидејќи немирите во Иран и неизвесноста околу американскиот план за барелите од Венецуела повторно ги воведоа ризиците за снабдување во пресметките на инвеститорите. На лондонскиот пазар, со барелот се тргуваше за 1,89 долари повисока цена од вчерашното затворање на тргувањето, од 63,88 долари. На американскиот пазар, барелот поскапе за 1,95 долари на 59,71 долари. ...
Во подготовка е законот за забрана на пушење во сите затворени јавни простори и угостителски објекти, а цигарите ќе бидат целосно тргнати од видното поле на купувачите во маркетите, објави Телма. Законот наскоро ќе биде ставен на јавна расправа. Според предлог-законот пушењето ќе биде забрането и на терасите на кафеаните, доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни. Забрана ќе важи и во автомобил во присуство на дете, на ...
Масовните немири во иранската престолнина предизвикаа значителна штета на градската инфраструктура, изјави градоначалникот на Техеран, Алиреза Закани. „Една болница е оштетена, два медицински центри и 26 банки се ограбени, 25 џамии се запалени, а пунктовите за спроведување на законот и штабот [на милицијата на Исламската револуционерна гарда] Басиџ беа нападнати“, рече тој на иранската државна телевизија. Закани додаде дека тимовите за итни ...