Последниот полуфиналист на африканскиот Куп на нациите се селекциите на Египет, кој го победи бранителот на титулата Брегот на Слоновата Коска со 3:2 во драматичен натпревар во Агадир. Во полуфиналето ќе игра Египет против Сенегал, а домаќинот Мароко против Нигерија. Египет, седумкратниот шампион и рекордер во континенталниот шампионат, поведе уште во четвртата минута. Ашур одлично го проигра „во празно“ Мармуш, кој лесно го совлада ...

Воздухопловната компанија „Ethiopian Airlines“ официјално во саботата започна со изградбата на проектот вреден 12,5 милијарди долари, за кој официјалните лица велат дека ќе биде најголемиот аеродром во Африка кога ќе биде завршен во етиопскиот град Бишофту до 2030 година. Државната авиокомпанија доби договор за дизајнирање на аеродромот со четири писти во градот лоциран на околу 45 километри југоисточно од Адис Абеба. „Меѓународниот аеродром ...

Ракометарите на Македонија ремизираа со домаќинот Швајцарија (29-29) во последниот натпревар од „Жолтиот куп“. Овој резултат за нас значеше освојување на второто место пријателскиот турнир во Винтертур поради послаба гол-разлика од домашната селекција. По огромна драма нашата селекција извлече реми во завршницата, иако имаше шанса и да го добие натпреварот. По првичната размена на голови (1-1), нашите ракометари врзаа серија на грешки во ...

Бројот на политички затвореници ослободени од Венецуела се зголеми на 18, меѓу кои се и лица со шпанско и италијанско или со двојно државјанство, соопштија групите за човекови права во саботата, во споредба со девет во петокот попладнето, а седмица откако американските специјалци го грабнаа претседателот Николас Мадуро во главниот град е мирно но тензично, според жителите на Каракас. Ослободувањето на стотици политички затвореници во ...

Со тишина, запалени свеќи и 40 бели балони испратени кон небото, Кочани попладнево им оддаде почит на 40-те млади животи загинати во пожарот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. Мирниот собир, организиран под мотото „Два града – иста болка“, обедини граѓани од сите генерации во заедничко сочувство и солидарност. Без говори и без транспаренти, присутните стоеја во тивка, достоинствена атмосфера, испраќајќи порака дека болката не познава ...

Американската Федерална комисија за комуникации (FCC) објави дека го одобрила барањето на „SpaceX“ за поставување во орбитата на уште 7.500 сателити од втора генерација на „Starlink“ за подобрување на интернет услугата низ целиот свет. Технолошковселенската компанија „SpaceX“ на Илон Маск сега може да управува со дополнителни 7.500 сателити од втора генерација на „Starlink“, со што вкупниот број на сателити се искачи на 15.000 на глобално ...

Поради ниските температури и најавите за можни снежни врнежи во наредните денови, можно е привремено редуцирање на дел од автобуски линии во главниот град, информираат од ЈСП Скопје. Од претпријатието појаснуваат дека, во случај на непроодност на одредени патни правци, дел од линиите ќе сообраќаат само до локации кои ќе бидат оценети како безбедни и проодни. „Доколку не постојат услови за безбедно одвивање на сообраќајот, ќе бидеме приморани ...

Фенербахче е овогодинешниот победник на Суперкупот на Турција откако го победи својот најголем ривал Галатасарај со 2:0 во финалето на стадионот „Ататурк“. Фенербахче постигна по еден гол во секое полувреме на патот до победата, а првиот гол на натпреварот го постигна францускиот фудбалер Матео Гендузи, кој пристигна во Фенербахче од римски Лацио само пред неколку дена. Натпреварот беше резултатски решен на почетокот од второто полувреме кога ...

Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка, поради што јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе в градинка нивната ќерка, тој најпрво ...

Фудбалерите на Манчестер Сити беа исклучително голгетерски расположени во третото коло од англискиот ФА Куп, победувајќи го Ексетер со 10:1 на домашен терен. Жозеп Гвардиола испрати силен состав на теренот, а играше и Семењо, засилувањето кое оваа седмица го донесе Манчестер Сити од Борнмут. На полувремето Сити водеше со 4:0 по головите на Алејн и Родри и два автогола, а Дојл-Хејс и Фицвотер си постигнаа автоголови. Луис постигна два гола во ...

Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, напиша попладнево на својот фејсбук профил министерот за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој беше дел од владиниот тим што денеска одржа состанок со премиерот Христијан Мицкоски за реформската агенда. Според Андоновски, фокусот е јасен – европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи ...

Првоосомничениот во случајот на шеснаесетгодишната девојка од Липково ја силувал а потоа со месеци била уценувана и силувана. Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за две лица за кривично дело „Полов напад и силување“ од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело „Уцена“ согласно став 259 од Кривичниот законик. „Првоосомничениот, спротивно на ...

Премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил попладнево информира дека со својот владин тим одржал состанок за реформската агенда. Како што наведува Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. „Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба ...

До 16 часот попладнево најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен, а на Попова Шапка се измерени 43 сантиметри снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во Попова Шапка. Во Прилеп се измерени 5 литри, а по 4 литри на квадратен метар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Ѓуриште. Во ...

Коосновачот на американскиот технолошки гигант „Microsoft“, Бил Гејтс, ѝ исплатил речиси осум милијарди долари на својата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс, што ја прави нејзината фондација една од најголемите непрофитни организации во светот, објави во петокот весникот The Independent. Двојката објави дека се разведува во мај 2021 година по 27 години брак, според Express што беше поттикнато од медиумските шпекулации за неговите вонбрачни ...

Неколку илјади земјоделци се собраа во саботата во Атлон, во централна Ирска, на протест против договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и асоцијацијата на јужноамериканските земи Меркосур, извести AFP. „Не ЕУ-Меркосур“ и „Поддршка на ирското земјоделство“ беа паролите на транспарентите истакнати на некои од многуте трактори што се собраа во малото гратче кое се наоѓа на половина пат меѓу Даблин и Голвеј, ден откако ЕУ даде ...

Ненадејно, на 48-годишна возраст почина долгогодишниот снимател на МРТ, Александар Мижимаков. Мижимаков беше професионалец со големо работно искуство. Тој беше снимател на документарно играна програма, дневно информативната како и значително активен во филмската индустрија. Тој беше член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење и сочувство до семејството и ...

Mакедонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски останаа без можност да судат на Европското првенство (ЕП) кое се игра од 15 јануари до 1 февруари, откако ЕХФ ја повлече нивната номинација. Од Европската ракометна федерација соопштија дека за време на подготовките за континенталниот шампионат, сите судиски двојки мора да ги исполнат барањата и да поминат фитнес тест. Начевски и Николов се обвинети од кровната ракометна ...

Од утре, недела 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денес од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки. -Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка, соопшти ...

Осумнаесетгодишникоткој во петокот напладне смртно прегази возрасна жена во скопската населба Капиштец, без да поседува возачка исправа го управувал автомобилот со голема брзина и во спротивна лента по улицата „Народен фронт“ претркувајќи друго возило, а откако се случил инцидентот незапирајќи се побегнал од местото, а потоа со татко му и други блиски пребегал во соседна Србија, покажуваат првичните наоди на истрагата. Претходно во саботата ...

Како последица на обилните врнежи од дожд, во саботата до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Штип поради претходните врнежи зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, поради што се апелира на зголемена внимателност при сообраќајот. Во Скопскиот регион, како што информираат од ЦУК, нема нарушување на редовната ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју објавено во петокот изјави дека се надева дека ќе ја „намали“ зависноста на Израел од американската воена помош во текот на следната деценија. Нетанјаху изјави дека Израел не треба да зависи од странска воена помош, но не даде цврст временски рок за Израел да биде целосно независен од американската помош. „Сакам да ја намалам воената помош во следните десет години“, изјави Нетанјаху за Тhe ...

Државата го распредели речиси целиот дел од таканаречениот унгарски кредит предвиден за македонските компании. Последната транша исплатена кон Развојната банка изнесува речиси 7 милиони евра, а таа се очекува да ги прераспредели парите по комерцијалните банки каде фирмите аплицирале со свои проекти. Вкупно 224,3 милиони евра се исплатени досега од вкупно 250 милиони предвидени од унгарскиот кредит исвести преку соопштение Министерството за ...

Велешанец, на 54-годишна возраст движејќи се пеш е прегазен синоќа во скопското село Визбегово, информираше денеска МВР. Сообраќајниот инцидент се случил околу 21,20 часот на локалната улица „бр.4“, кога автомобил „опел“, кој го управувал дваесетгодишник налетал на пешакот, кој бил префрлен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. Велешанец, на 54-годишна возраст движејќи се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на терен изврши увид во работните активности на Македонија Пат со цел справување со снежните наноси кои се очекуваат периодов. Николоски ги посети пунктовите на Македонија Пат на превојот Стража и Пресека. Согласно информациите од терен, патиштата низ земјава се проодни, а снегот редовно се чисти од надлежните служби Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, влажни ...

Жител на скопското село Бањани бил физички нападнат и тешко повреден во петокот претпладнето од возач на автобусот на линијата бр.61, по што бил згрижен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје. Според дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, 79-годишниот маж откако се симнал од автобусот имал вербална расправија со возачот, кој потоа го нападнал и тешко го повредил. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...

Според судска одлука објавена оваа седмица, бракот на холандска двојка е поништен откако службеното лице користело говор генериран преку ChatGPT кој требало да биде „разигран“ но не ги исполнувал законските барања. Двојката од градот Цволе, чии имиња се избришани од одлуката од 5-ти јануари според холандските правила за приватност, тврдела дека имаат намера да се венчаат без оглед на тоа дали биле употребени точните зборови кога ги размениле ...

Четириесет иосумгодишен маж е пронајден починат во стан во скопски Центар во петокот попладнето, а причината за смртта засега е непозната, извести денеска Министерството за внатрешни работи. Според информацијата, попладнето малку по 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улицата „Рајко Жинзифов“ во населбата Центар, е пронајден починатиот маж, идентификуван како А.М.(48) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на ...

Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави дека има намера да започне со порано враќање на својот четиричлен тим „Crew-11“ од Меѓународната вселенска станица (МВС – ISS) во среда поради здравствен проблем на еден од членовите на екипажот. Агенцијата планира да го одвои вселенското летало од МВС не порано од 22:00 часот по Гринич, доколку временските пролико тоа го дозволуваат, според соопштението од вселенската агенција. ...

Иранската војска во саботата предупреди дека ќе ја заштити стратешката инфраструктура и јавниот имот и ги повика Иранците да ги спречат „непријателските планови“ додека клерикалната власт вложува напори да ги смири насилните протести. Соопштението на иранската војска дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп издаде ново предупредување до иранските лидери во петокот и откако американскиот државен секретар Марко Рубио во саботата ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1007
weather icon

Белград

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
50%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
995
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.42
81%
1004
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.66
58%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
41%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
4.47
84%
1003
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
89%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
82%
1009
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18506

Currency

0.56191