Последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 12,30 часот во неделата укажува дека состојбата по обилните врнежи во земјава постепено се стабилизира. Во Охридско и Кичевско, каде што беше најкритично, водостоите на реките се намалуваат и нема опасност од нови поплави. „Во Охрид, реката Сушица е ставена под контрола со изградба на заштитен насип. Сепак, на повеќе локации и натаму има поплавени подрумски простории и дворови. ...

Шумските пожари срамнија со земја стотици објекти низ југоисточна Австралија, објавија властите во недела, потврдувајќи ја веста за првата смрт во катастрофата. Температурите се искачија над 40 степени Целзиусови откако топлотен бран ја погоди австралиската држава Викторија, предизвикувајќи десетици пожари кои вкупно изгореа повеќе од 300.000 хектари. Пожарникарските екипи прават преглед на штетите додека условите се смируваат во неделата. ...

Леонардо ДиКаприо, Тимоти Шаламе и други водечки имиња од светот на забавата ќе се натпреваруваат за награди во недела на Златните глобуси, едно од најважните филмски натпревари пред Оскарите. Филмот на ДиКаприо „One Battle After Another“ (Битка по битка) ја предводи листата на филмски номинации на гламурозната церемонија што ќе се одржи во Беверли Хилс, во Калифорнија. Оваа црна комедија ја раскажува приказната за неуспешен револуционер кој ...

Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, се урна таванот на ресторан на првиот кат и ресторан за брза храна, додека таму се наоѓале голем број луѓе. Падот се случил кусо пред 19:00 часот во ресторанскиот дел од трговскиот центар во Солун, кој во тој момент бил полн со луѓе, а несреќата веднаш создала паника, бидејќи една жена била повредена. Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и вратот. Според ...

Во саботата утрото околу 8 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари имало починато бебе. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен увид, а по наредба на јавен обвинител починатото бебе е дадено за обдукција. Во саботата утрото околу 8 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари имало ...

Педесет идвегодишна скопјанка е приведена откако во саботата вечерта му се заканувала а пота и физички нападнала полицаец пред полициската станица Гази Баба „На 10.01.2026 во 20:40 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Д.(52) од Скопје затоа што пред Полициската станица Гази Баба физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија и притоа му упатувала и закани“, се наведува во билтенот ...

Премиерот Христијан Мицкоски реши да закаже меѓупартиска лидерска средба на која би се разговарало за укинувањето на таканаречената „Пржинска влада“ воведена пред десет години, но и за другите прашања, пишува во неделата електронското издаени на весникот Вечер. Од Владата денеска за весникот Вечер изјавиле дека почнало испраќање на поканите до политичките партии. „Ве информираме дека поканата за лидерска средба е во процес на испраќање и ќе ...

Европската унија подготвува санкции против американските корпорации во случај САД да не се откажат од своите претензии кон Гренланд, објави бритнаскиот весник The Telegraph притоа наведувајќи и дека британскиот премиер Кир Стармер е во разговори со европските сојузници за можно распоредување сили на арктичкиот остров. „ЕУ изготвува планови за санкции против американските компании во случај Трамп да ја отфрли понудата за распоредување сили на ...

Белорусинката Арина Сабаленка го освои тенискиот турнир WTA 500 во Бризбејн, Австралија, со награден фонд од 1,45 милиони евра, најголемиот WTA турнир пред Отвореното првенство на Австралија. По еден час и 19 минути игра, светската тенисерка број еден ја победи Украинката Марта Костјук со 6-4, 6-3, со што ја оствари својата 22-ра победа на турнирот во кариерата. Дваесет иседумгодишната Сабаленка, четирикратна освојувачка на Гренд-слем ...

Иран им се закани на Израел и на САД со противнапад во случај на напад од страна на САД во поддршка на насилните безредија во земјата чија цел е урување на власта предводена до клерот. „Секој напад од САД би довел до напад врз Израел и регионалните американски воени бази како легитимни цели, изјави претседателот на иранскиот парламент“, Мохамад Багер Калибаф. „Да бидеме јасни: во случај на напад врз Иран, окупираните територии (Израел), како ...

Доцна синоќа околу 23,30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до полицискиот пункт во Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции ...

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека пред Градот стои една од најпредизвикувачките години во која ќе се стави целосен фокус на потребите на граѓаните и реализација на се што е ветено. Ќе се работи на подобрување на инфраструктурата, на зголемување на зелените површини, на враќање на целосниот капацитет на јавните претпријатија. Оваа година, нагласува, ќе биде година на големи капитални инвестиции и вистинска преродба на ...

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 9 часот утринава. Како што стои во соопштението на ЦУК, во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река на локалниот пат кон селото Мренога, сообраќајот е затворен. ЈП „Комуналец“ ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференција директно порача дека навредите во соопштенијата на опозициската партија со грозоморни работи за новинарите – е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ. Фатен во тесно Филипче го нападна новинарот Матеја Петровски обвинувајќи го дека со поставување прашања шири вмровска пропаганда, иако новинарот зборуваше за соопштенија на СДСМ. Богдан Илиевски во неговото шоу анализира што кажува Филипче кога е ...

ЛаМело Бол имаше 17 поени и пет тројки предводејќи ги Шарлот Хорнетс до огромна победа од 150:95 над Јута Џез. Хорнетс погодија дури 24 тројки со стапка на успешност од 41 отсто во шутирањето од зад линијата за три поена, а дури девет играчи постигнаа двоцифрен број поени за Хорнетс. Виктор Вембањама и Де’Арон Фокс постигнаа по 21 поен водејќи ги гостинските Сан Антонио Спарс до победа од 100:95 над Бостон Селтикс. Натпреварот беше израмнет ...

Доцна синоќа околу 23,30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до полицискиот пункт во Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции ...

Нас снегот не може да нѐ изненади, напиша на својнот фејсбук профил, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници. Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и ...

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Денис Шрудер, е суспендиран три натпревара без плата поради конфликтот и обидот да удри противнички играч по натпреварот, објави НБА во саботата вечерта. Идентитетот на играчот што го нападнал Шрудер не е објавен, но наводно станува збор за ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ. Инцидентот се случил околу 40 минути откако Лејкерс ги победија Кингс со 125:101 во натпреварот на 28 декември. За време на ...

Израелските сили и палестинското вооружено движење Хамас се подготвуваат да ги продолжат борбите во Појасот Газа, според извештаите на медиумите. Израелската армија (IDF) изработи планови за започнување воени операции во Газа во март, изјавија за весникот The Times of Israel неименуван израелски функционер и арапски дипломат. Крвкото примирје во Појасот Газа е на сила од 10-ти октомври, откако Израел и Хамас се согласија со планот од 20 точки ...

Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законски потребната излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од регистрираните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Според Изборниот законик, за да се биде избран за градоначалник на повтореното гласање, ...

Од 09:00 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21:00, информира ЈП „Македонија пат“. Претходно беше соопштено дека од 08:20 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25. Од 09:00 часот утрово е укината ...

Американската војска изврши повеќекратни напади ноќта кон неделата по средноеврпско време насочени кон ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во Сирија, како дел од операцијата што ја започна Вашингтон во декември по смртоносниот напад врз американската воена патрола. Коалицијата предводена од САД спроведува воздушни и копнени операции во Сирија последните месеци насочени кон Исламска држава, честопати со учество на сириските ...

Владата на Никарагва објави во саботата дека ослободила стотици затвореници, ден откако САД побараа ослободување на повеќе од 60 лица кои ги сметаат за политички затвореници. Ова доаѓа во време кога Венецуела, под американски притисок, почна да ги ослободува затворени припадници на опозицијата, организатори на протести од кои некои и странски државјани. Во саботата беа ослободени 18 лица. Во соопштение за медиумите, владата на претседателот ...

Иранските власти во саботата вечерта навестија дека би можеле да ги засилат мерките против насилните демонстранти, за кои елитната Револуционерна гарда ги обвини „терористите“ и вети дека ќе го зачува владејачкиот поредок. Иранските безбедносни сили приведоа најмалку 200 водачи на групи вклучени во насилните безридија, објави новинската агенција Tasnim, и додава дека меѓу приведените бил и агент на израелската разузнавачка служба Мосад. ...

ОВЕН Денот е многу погоден да направите преглед и да сфатите што навистина ви е потребно – и на личен и на професионален план. Потоа процените дали вашата моментална реалност ви го дава тоа. Доколкуо не, можеби ќе треба да размислите за промена во блиска иднина. БИК Иако за повеќето денешниот е слободен ден, можете да го искористите мирот и немањето рутински обврски за да поставите цели што сакате да ги постигнете во текот на годината – ...

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време, во текот на претпладнето со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Утринските температури се движат меѓу минус 5 и плус 2, додека соодветно највисоките дневни ќе бидат во опсегот од минус 1 до плус 5 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека едно од клучните прашања што ќе се решаваат на претстојните парламентарни избори во земјата е дали Унгарија ќе „се поклони пред Брисел“ и ќе стане имигрантска држава, или ќе продолжи да им се спротивставува на, како што рече, обидите на Европската Унија да наметне миграција. „Предлагам да продолжиме со бунтот, изјави Орбан, говорејќи на 31. конгрес на владејачката партија Фидес. Најави дека ...

Фудбалерите на Аталанта го победија Торино со 2:0 на домашен терен во Бергамо во последниот натпревар од саботната програма на 20-то коло од италијанската Серија А. Во тежок натпревар, Аталанта поведе во 13. минута со голот на белгискиот играч Де Кетелаере и тој резултат важеше до 95. минута. Тогаш топката на средината на теренот топката ја прими Марио Пашалиќ, кој имаше отворен пат до противничкиот гол, па смирено поентираше за конечните ...

Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп. Институтот соопшти дека одлуката за доделување на наградата е трајна и конечна и дека комисиите за доделување не коментираат за ...

Њукасл и Астон Вила излегоа како победници од двете премиерлигашки пресметки во последните саботни натпревари од третото коло од англискиот ФА куп, во кои ги поразија Борнмут односно Тотенхем. Њукасл и Борнмут одиграа драматичен натпревар. По 90 минути беше 2:2, по 120 минути 3:3, а по изведувањето на пеналите вкупниот резултат беше 10:9 за Њукасл, што беше епилогот од деветте серии во пенал-рулетот. Голот на Барнс во 50. минута му донесе ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1007
weather icon

Белград

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
50%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
995
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.42
81%
1004
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.66
58%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
41%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
4.47
84%
1003
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
89%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
82%
1009
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18506

Currency

0.56191