Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во дербито на 20-то коло од италијанското фудбалско првенство, водечкиот Интер и бранителот на титулата Наполи на миланскиот стадион „Сан Сиро“ одиграа без победник 2:2. Интер водеше со 1:-0 и 2:1 со головите на Димарко во 9. и Чалханоглу во 73. минута од пенал, но Мектоминај со погодоците во 26. и 81. минута успеа двпати да израмн. Интер сè уште е на врвот со 43 бода, три повеќе од второпласираниот Милан, и четири повеќе од третопласираниот ...
Тројца скијачи загинаа во одделни лавини во француските Алпи во неделата, само ден откако уште три лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми. Во Ла Плањ, британски државјанин на возраст од околу 50 години бил затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека во потрагата биле вклучени 52 спасувачи, кучиња трагачи и хеликоптер, дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат човек под 2,5 метри ...
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во неделата ги повика демонстрантите во Иран да продолжат да протестираа и покрај жестокиот одоговор на иранските власти. „До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на X во изјавата која се обраќа на оние кои изминатите години протестираа но нивната бројност не е толку забележлива како пред три години во најголемите протести ширум Иран ...
Фудбалерите на Барселона по 16-ти пат го освоија Суперкупот на Шпанија откако во неделата го победија Реал Мадрид со 3:2 во финалето во саудискиот град Џеда. Беше одлично издание на „Ел Класико“, особено првото полувреме во кое беа постигнати четири гола, од кои три во судиското продолжение. Барса поведе во 36. минута со голот на Рафиња, Винисиус израмни во втората минута од судиското продолжение, но две минути подоцна Роберт Левандовски ѝ ...
Кандидатот Валбон Лимани од Национална Алијанса за интеграција победи во општина Гостивар. Според ДИК, со преброени 96,69 отсто од гласовите во Гостивар, Лимани освоил 15.019 гласови. Неговиот противник од Вреди, Невзат Бејта, има добиено 7.426 гласови. Единствениот кандидат за градоначалник на Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) освои 973 гласа од вкупно запишани 7.562 гласачи. На ...
Велика Британија во неделата тврдеше дека разгледувањето на идејата за распоредување трупи со други членки на НАТО на Гренланд било вообичаена активност „за отфрлање на руската активност“ на Арктикот, по медиумските извештаи дека Лондон е во преговори со европските сојузници за распоредување воени сили на Гренланд. Весникот The Telegraph во саботата објави дека воените челници од Велика Британија и други европски земји изготвуваат планови за ...
Американското Министерство за внатрешна безбедност испраќа „стотици“ полицајци во сојузната држава Минесота, ден откако десетици илјади луѓе маршираа низ улиците на Минеаполис во знак на протест против убиството на жена од страна на службеник на агенцијата за имиграција, изјави во недела министерката Кристи Ноем. Полицајците ќе бидат распоредени в недела и понеделник за да ја зајакнат безбедноста на персоналот на американската Служба за ...
На патниот правец Тетово – Бањиче, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите. Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни, информираат од Центарот за управување со кризи. Во регионот на Гостивар и Маврово кај каменоломот е евидентиран одрон на ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера и посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. „Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека инстируциите функционираат и дека демократсите ...
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. „Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило ...
Брајтон и Хоув Албион во неделата се пласираше во четвртото коло од ФА Купот со победата од 2:1 на гости против Манчестер Јунајтед на неговиот „Олд Трафорд“. Груда (12) и Велбек (64) му донесоа водство на Брајтон од 2:0, но Шешко (85) намали на 2:1 кон крајот на натпреварот. Преходно во неделата, водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал, убедливо го победи второлигашот Портсмут со 4:1 како гостин. Бишоп (3) им донесе водство на домашните, но ...
До 18:30 часот на повторните локални избори гласале 35 984 лица или 28,07 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). -Во општина Врапчиште гласале 8659 лица или 31,76 отсто, во општина Гостивар 28,22 проценти или 23363 гласачи, во Маврово – Ростуше 28,04 проценти или 2965 лица, додека во општина Центар Жупа 13,18 проценти или гласале 997 избирачи, истакна на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска. Како што ...
Од утре се отвора сезоната на Михајлово, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. „Во функција се двете скијачки стази – малата стаза со тепих-лифт, погодна за почетници и најмладите, како и големата стаза „Македонија“ за сите љубители на зимските спортови. Одлични услови, чист планински воздух и пријатна зимска атмосфера“, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму додадоа дека патните правци до Михајлово се ...
Повеќе од 500 луѓе се убиени во немирите во Иран, соопштија во неделатa групите за човекови права во странство, додека Техеран ги обвини вооружените демонстранти за бројните смртни случаи меѓу кои и убиства на припадници на безбедносните служби и се закани дека ќе ги нападне американските бази доколку претседателот Доналд Трамп изврши напади и интервенира на страната на демонстрантите. Протестите што избувнаа кон крајот на декември поради ...
Во неделните натпревари од 19-то коло од шпанското фудбалско првенство, Рајо Ваљекано го победи Реал Мајорка со 2:1, додека Леванте и Еспањол одиграа 1:1. Рајо поведе во четвртата минута со голот на Хорхе де Фрутос, а Ведад Муриќи израмни по половина час игра. Во 42. минута, Исак Палазон ја врати предноста на домашниот тим од пенал. Во второто полувреме имаше неколку шанси на двете страни, но немаше голови. Во 80. минута, Рајо остана со играч ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, соопшти попладнево АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез ...
Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, се урна таванот на ресторан на првиот кат и ресторан за брза храна, додека таму се наоѓале голем број луѓе. Падот се случил кусо пред 19:00 часот во ресторанскиот дел од трговскиот центар во Солун, кој во тој момент бил полн со луѓе, а несреќата веднаш создала паника, бидејќи една жена била повредена. Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и вратот. Според ...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја отфрли заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе престане да добива нафта и пари од Венецуела, додавајќи дека САД немаат морален авторитет да ја принудат Куба на каков и да е договор. Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Куба во неделата дека ниту нафта, ниту пари нема да дојдат од Венецуела и предложи комунистичките власти на островската земја под повеќедецениски ...
Кучињата можат да научат повеќе од човечкиот говор отколку што се мислеше претходно, а некои од нив се способни да учат нови зборови од разговорите на нивните сопственици, според нова студија објавена во списанието Science, во која учествувале етолози од Универзитетот Еотвос Лоранд (ELTE). Студијата покажа дека одредени кучиња имаат способност да учат нови зборови без директна обука, едноставно со гледање и слушање на разговорите на нивните ...
Утре на ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ...
Швајцарскиот писател, автор на популарнонаучени книги и уфолог Ерих фон Деникен, кој помогна во популаризацијата на идејата дека вонземјаните ја посетиле Земјата во далечното минато за да помогнат во поставувањето на темелите на човечката цивилизација, почина на 91-годишна возраст. Швајцарските медиуми, вклучувајќи го и националниот радиодифузен сервис SRF, ја објавија неговата смрт а неговата веб-страница наведува дека починал во сабота, ...
До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи. Гласањето се спроведува на 215 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Најголема излезност е забележана во општина Врапчиште, каде до 15 часот гласале 5 730 гласачи, односно 21,01 ...
Американската вселенска агенција NASA објави нова снимка од меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS, која ги доведе во прашање постојните модели на однесување на кометите, според објавата на истражувачите од Allday Astronomy на платформата за социјални медиуми X. „На прв поглед, снимката изгледа вообичаено, речиси познато – сè додека ситуацијата не се промени. Она што првично изгледа како темен меѓуѕвезден дојденец надеднаш се открива како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата предложи Куба да постигне договор со Вашингтон бидејќи островската земја којаштпо е под повеќедецениски американск санкции повеќе нема да добива нафта или пари од Венецуела. Венецуела е најголемиот снабдувач на нафта на Куба, но откако американските воени сили го грабнаа и го одведоа венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Трамп успешно изврши притисок врз привремената претседателка Делси ...
Министерството за внатрешни работи во засилени контроли во изминатите 24 часа лиши од слобода шест лица поради безобѕирно управување со моторно возило. Петмина од нив биле под тешко дејство на алкохол, а еден возел со брзина двојно поголема од дозволената. Најсериозниот инцидент се случил во Тетово. Во саботата претпладнето кога полицијата уапсила 36-годишник од Брвеница, кој со своето „БМВ“ предизвикал сообраќајна несреќа на булеварот „Видое ...
Поранешниот британски амбасадор во Соединетите држави, Питер Манделсон, кој беше отпуштен минатата година поради неговите врски со Џефри Епштајн, им се извини во неделата на жртвите на починатиот осуден сексуален престапник, но не и за своите постапки. Манделсон беше отпуштен во септември поради протечени е-пораки кои открија многу поблизок однос отколку што претходно тој го признаваше. Ветеранот во британската политија во преписката го ...
Техничката влада е единствениот механизам што обезбедува фер и чесни избори и не смее да биде укината во услови на сериозна институционална злоупотреба, се истакнува во неделното соопштение на оппозициската СДСМ. Од партијата обвинуваат дека актуелната власт агресивно ги ставила под своја контрола сите клучни институции и ги користи за партиски и политички цели. Според СДСМ, правосудството е „окупирано“, се врши притисок врз Судскиот совет, ...
До 13 часот на повторните локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места. Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое сѐ уште не е отворено. „Во општина Врапчиште гласале 2.613 лица или 9,58 ...
До 11 часот, излезеноста на гласачите во четирите општини каде што има повторени избори за градоначалник е 3,33 отсто, објави Државната изборна комисија (ДИК). Од вкупно 128.192 избирачи колку што се запишани во Избирачкиот список, до 11 часот на гласање во четирите општини излегле 4.271 избирачи. Најголема излезеност има во Маврово-Ростуше односно 5,90 отсто. До 11 часот на гласање во оваа општина излегле 624 гласачи од вкупно 10.575 колку ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во заседа кај скопско Арачиново ги загубија животите пред 26 години, што претходеше на вооружениот конфликт. Тошковски положи цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба. Во својата објава, министерот истакна дека тие биле убиени на подмолен и суров начин, но дека ...