Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави доцна во средата дека прашањето дали Гренланд ќе остане под суверенитет на Данска не било дискутирано на неговата средба со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини против европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд. Руте ги даде овие коментари во интервју за емисијата „Special Report with Bret Baier“ на ...

Со намалувањето на тензиите меѓу САД и ЕУ, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна во работо претпладневно тргување во четвртокот на валутните пазари, по трите дена пад. Индексот на доларот, кој ги покажува пеформансите на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово е околу нивото од 98,77 поени, додека вчера во истиот термински пресек изнесуваше 98,55 поени. Курсот на доларот во однос ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил неговата покана да се приклучи кон Советот за мир насочен кон решавање на глобалните конфликти, на што Путин брзо одговори велејќи дека поканата сè уште се разгледува. „Тој беше поканет и тој прифати“, изјави Трамп пред новинарите на Светскиот економски форум во швајцарски Давос по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. ...

Комитет на Претставничкиот дом во кој републиканците имаат мнозинство препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да бидат прогласени за непочитување на Конгресот поради одбивањето да сведочат за нивните врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, што би можело да доведе до кривични обвиненија. Бил Клинтон беше осуден во Комитетот со 34 гласови „за“ и 8 „против“, а ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вчеравечер во „Клик Плус“ на телевизија „21“ рече дека тие треба да се случат што поскоро, и дека тие ќе ја направат разликата меѓу Македонија и Бугарија. Ахмети смета дека доколку се случат уставните измени, нема да може десничарски партии во Бугарија да кажуваат дека во Македонија нема Македонци и дека сите се Бугари. „Можеби уставните измени се во втор или во трет план, но ако се мисли за политичка, ...

На Волстрит берзанските индекси значително пораснаа во средата, надоместувајќи дел од загубите од претходниот ден, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат привремен договор за Гренланд. Индексот Dow Jones доби 1,21 отсто, на 49.077 поени, додека S&P 500 порасна за 1,16 отсто, на 6.875 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,18 отсто, на 23.224 поени. Така, индексите надоместија дел од загубите од претходниот ...

Франција во средата ги отфрли како „лажни вести“ тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека извршил притисок врз својот француски колега Емануел Макрон да ги зголеми цените на лековите откако Трамп се закани со високи царини за францускиот увоз во Соединетите држави. Ова е најновата епизода во сè поинтензивната расправија меѓу двата сојузници во НАТО, откако стивна заканата на Трамп да го преземе Гренланд и да наметне царини на ...

Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, прогнозира Управата за ...

ЕВН Македонија најави дека денеска, четврток, е планирано привремено исклучување на струјата на две улици во северниот дел на Скопје. Имено, во периодот од 9 до 10:30 часот, без струај ќе бидат дел од потрошувачите на ул. Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрам. ( општина Бутел ) ЕВН Македонија најави дека денеска, четврток, е планирано привремено исклучување на струјата на две ...

ОВЕН Не пропуштајте ја можноста да се истакнете денеска, на работното место или преку креативни потфати. Доколку чувствувате дека сте биле во сенка, сега е време да преземете поголема иницијатива и да верувате во себе. Ако не, лесно ќе се фатите себеси како гледате на успесите на другите луѓе со завист. БИК Без разлика каков пресврт ќе ви се донесе денот, обидете се да останете смирени и не дозволувајте вашите мрачни мисли да ве преокупираат. ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за следните денови најавува благ пораст на температурите. Но од ноќта сабота кон недела, повторно ќе има дожд и снег на повисоките места. Затоплувањето почнува од денеска и до сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ...

Два случаја на работници со тешки телесни повреди регистрирала вчера Општа болница Кавадарци. Како што соопшти МВР, и двајцата биле донесени во болницата вчераутро. Еден од нив е Ѓ.Д.(29) од Неготино, кој се повредил извршувајќи работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци во содејство со трудов инспектор. Со тешки повреди во Општа болница Кавадарци вчера бил ...

Распоред на натпреварите од втората фаза на Европското првенство во ракомет: ГРУПА I (Хернинг) ТАБЕЛА: 1. Франција 1 1 0 0 38:34 +4 2 2. Германија 1 1 0 0 34:32 +2 2 3. Португалија 1 1 0 0 31:29 +2 2 4. Шпанија 1 0 0 1 32:34 -2 0 5. Данска 1 0 0 1 29:31 -2 0 6. Норвешка 1 0 0 1 34:38 -4 0 1. коло – 22 јануари: Германија – Португалија Шпанија – Норвешка Франција – Данска 2. коло – 24 јануари: Франција – Португалија Шпанија – Данска Германија – ...

Во седмото коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Баерн Минхен ја забележаа својата шеста победа, поради што сѐ уште се најблиску до водечкиот Арсенал, додека важни победи на гостински терен остварија Барселона и Ливерпул. Долго време, Баерн се мачеше против белгискиот Унион Сент Жилоаз, но на крајот сепак победи со 2:0. Гостите го издржаа целото прво полувреме без да примат гол, а потоа Хари Кејн брзо ги разби во продолжението со два ...

Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, прогнозира Управата за ...

Сојузничките земји во Северноатлантската воена алијанса ќе работат колективно за да ја осигураат безбедноста на Арктикот, изјави портпаролот на НАТО во средата. „Дискусиите меѓу сојузниците во НАТО за рамката што ја спомена претседателот (на САД, Доналд Трамп) ќе се фокусираат на осигурување на безбедноста на Арктикот преку колективни напори на сојузниците, особено на седумте арктички сојузници“, рече портпаролот. „Преговорите меѓу Данска, ...

Припадник на крајбрежната служба на Грција во градот Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада ги загубија животите во силното невреме што од рано утрово зафати делови од Грциј. Доцна вечерва во Атина, животот го загуби жена која додека се движела пеш била повлечена од автомобил носен од поројната вода на поплавена улица, по што таа влегла во „сендвич“ кога тој автомобил удрил во друг. Кога дошле пожарникарите, жената веќе била ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднело кривична пријава против П.М. товарејќи го за ,,лажно пријавување на кривично дело“. Како што наведува МВР, на 23 септември лани во СВР Велес, П.М. официјално пријавил двајца сообраќајни полицајци за малтретирање при сообраќајна контрола.. „Пријавените полициски службеници своето постапување го ...

Во последното, трето коло од Групата Е на Европското првенство во ракомет, хрватската репрезентација загуби од Шведска со 25:33 (13:17) во Малме во дуелот за првото место и нема да понесе ниту еден бод во втората фаза од шампионатот. Двете репрезентации веќе го обезбедија својот пласман пред последното коло, а во нивниот судир го решија прашањето за победникот во групата и кој ќе пренесе два бода. Швеѓаните убедливо славеа со 33:25, ...

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9,4 %, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,5%, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1% и Трговија на ...

Русија е подготвена да префрли милијарда долари од претходно замрзнатите средства во Одборот за мир за Појасот Газа воспоставен од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во средата вечерта рускиот претседател Владимир Путин. „Со оглед на посебниот однос на Русија со палестинскиот народ, мислам дека би можеле да префрлиме милијарда долари од руските средства замрзнати за време на претходната американска администрација во Советот за мир ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата се откажа од некои од своите најостри закани во врска со Гренланд, повлекувајќи ја својата одлука за воведување царини за осумте запаедноевропски замки кои испратија свои војници на арктичкиот остров, велејќи дека е на повидок договор за ова прашање и дека нема да употреби сила. „Ја формиравме рамката за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион. Нема да ги воведам ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница и го товари за „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 20 ноември лани, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испратил пораки кои содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка. Со него е извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница и го товари за ...

Европскиот парламент (ЕП) денеска гласаше за упатување на трговскиот договор Меркосур до Судот на ЕУ. Судот мора да процени дали е компатибилен со договорите на блокот. Во пракса, ова значи одложување на ратификацијата и стапувањето во сила на договорот. Само десет гласа беа разликата во корист на упатувањето на договорот до судот. „За“ беа 334 европратеници, „Против“ 324 нивни колеги, а воздржани беа 11. Противниците на оваа одлука веруваат ...

Петре Шилегов од СДСМ, кој беше носител на низа јавни функции, во вечерашното гостување на телевизија Телма во емисијата Топ Тема, се осврна на состојбите на неговата матична партија, кој меѓудругото истакна дека СДСМ, како опозициска партија, на локалните избори 2025 година доживеа изборен дебакл затоа што се појавуваше како трета, четврта партија, па и петта партија во Градот Скопје, со што партијата, како што вели Шилегов, го доживеала ...

Пакистанските пожарникари извлекоа тела на 25 лица од остатоците по пожарот во трговски центар во Карачи во средата, со што бројот на жртвите се зголеми на повеќе од 50 луѓе. Пожарот во пристанишниот град избувна доцна во саботата и брзо се прошири низ пространиот трговски комплекс „Gul Plaza“, познат по неговите 1.200 семејни продавници. „Пронајдовме до 25 мртви тела“, изјави за новинарите владиниот портпарол Џавед Наби Хосо и додадек дека ...

Во гостиварската полиција вчера еден гостиварец (42) пријавил дека бил измамен од непознати лица и загубил вкупно 26.000 денари. Како што рекол пред полицајците, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од ...

При рутинска сообраќајна контрола, ресенските полицајци вчера попладнето сигурно многу се изненадиле кога кај еден возач што го сопреле за проверка, дрегерот покажал 2,43 промили алкохол во крвта. Патролата во селото Јанковец, Ресенско, по мерењето веднаш го уапсила А.Г.(41) од Јанковец и го однела в полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска, по долгиот и необичен говор на Светскиот економски форум во Давос, накратко се обрати на приемот за бизнис лидерите, каде што ги коментираше реакциите на неговиот настап. „Имавме добар говор. Добивме одлични критики. Не можам да верувам дека добивме добри критики за тој говор. Обично велат „тој е ужасен тип диктатор“. Но, понекогаш ви треба диктатор. Но, во овој случај, тие не го кажаа тоа. А сега ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1009
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.81
95%
1007
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.97
93%
1003
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
79%
1008
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
81%
1010
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
94%
1006
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1002
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1007
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191