Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
На Волстрит берзанските индекси пораснаа втор ден по ред во четвртокот, додека инвеститорите воздивнаа со олеснување откако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од воведување нови царини за увоз од европските земји. Индексот Dow Jones порасна за 0,63 отсто на 49.384 поени, додека S&P 500 порасна за 0,55 отсто на 6.913 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,91 отсто на 23.436 поени. Благодарение на вториот ден по ред со добивки, ...
Русија објави дека ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби во петок, предупредувајќи по средбата на претседателот Владимир Путин доцна во ноќта со американските претставници дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања. Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека средбата, која започнала кратко пред полноќ и траела речиси четири часа, била корисна ...
ОВЕН Денеска е добро време да разјасните контроверзна ситуација и да ја намалите тензијата меѓу вас и постарите роднини. Можете да ја разјасните конфузијата доколку водите правилни разговори и поставите конкретни прашања. Слушајте го вашиот внатрешен глас – тој ќе ви го каже најдобриот пристап. БИК Денеска веројатно ќе имате поголема потреба за тишина и осаменост, а некои од вас ќе побараат поддршка од најблиските. Ќе ви биде полесно да ги ...
Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури се движат од минус 2 до 2, додека соодветно највисоките дневни ќе бидат во опсегот меѓу 5 и 10 Целзиусови степени. Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне има ...
Центарот за управување со кризи – Скопје, соопшти дека ЕВН Македонија АД денеска ќе изврши привремено исклучување на електричната енергија за две улици во Ѓорче Петров и три улици во селото Инџиково. • во период од 9 до 13 часот корисниците од улиците „Австралиска“ и „Николај Островски“ во општина Ѓорче Петров. • во период од 9 до 13 часот, корисниците од улиците 3, 4 и 5 во Инџиково (општина Гази Баба). Центарот за управување со кризи – ...
РЕЗУЛТАТИ: Анадолу Ефес – Олимпијакос 68:74 Макаби Тел Авив – Панатинаикос 75:-71 Баерн – Валенсија 93:89 Армани Милано – Жалгирис 82:86 Реал Мадрид – Монако 90:78 Париз – Дубаи 79:99 ТАБЕЛА: 1. Хапоел Тел Авив 22 16 6 72,7 2. Фенербахче 22 15 7 68,2 3. Реал Мадрид 24 16 8 66,7 4. Олимпијакос 23 15 8 65.2 5. Барселона 23 15 8 65.2 6. Монако 24 15 9 62,5 7. Валенсија 24 15 9 62,5 8. Панатинаикос 24 14 10 58.3 9. Жалгирис 24 14 10 58.3 10. ...
Најмалку 21 службеник во Обединетите нации беа намерно убиени при вршење на должноста минатата година, повеќе отколку во претходните две години заедно, објави во четвртокот синдикалниот одбор при светската организација. Од вкупниот број убиени, 12 беа мировници на ОН, персонал распореден за да помогне во одржувањето на мирот во многу делови од светот, соопшти одборот. Останатите работеле како цивили. За споредба, петмина беа убиени во 2024 ...
Во тек е средбата на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот американски пратеник Стивен Виткоф и со бизнисменот Џаред Кушнер, соопшти прес-службата на Кремљ. Главна тема на разговорот е изнаоѓањето решение за конфликтот во Украина. Како што претходно најави Путин, со американските преговарачи планирано е да се разговара и за евентуалната покана до Русија за приклучување кон Одборот за мир, како и за судбината на дел од руските ...
Францускиот производител на млечни производи „Lactalis“ повлече храна за доенчиња во 18 земји низ целиот свет откако беше откриено дека некои серии може да го содржат опасниот токсин цереулид. Од почетокот на оваа година, три од водечките светски компании за млечни производи, вклучувајќи ги „Nestlé“ и „Danone“, одлучија да ја повлечат храната за бебиња од полиците поради страв од контаминација. Француската група „Lactalis“ објави во средата ...
Во последниот натпревар во четвртокот од првото коло од Групата I од втората фаза на Европското првенство во ракомет, како реприза од минатогодишното финале на шампионатот, Данска во Хернинг ја победи Франција со 32:29 (11:12). Тоа беше спектакуларен судир меѓу две екипи кои во првите три натпревара постигнаа повеќе од 100 гола, Французите повеќе од 120, но сепак првото полувреме донесе само 23 гола. Колку беше напнат и изедначен натпреварот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, поднесе тужба против „Џеј Пи Морган Чејс“ и нејзиниот извршен директор Џејми Дајмон, барајќи најмалку 5 милијарди долари отштета, тврдејќи дека банката неправедно ги затворила неговите сметки од политички причини. Тужбата е поднесена во судот во округот Мајами-Дејд и претставува ескалација на долгогодишниот конфликт меѓу Трамп и најголемата американска банка, околу наводното ускратување на банкарски услуги ...
Шест лица се повредени вечерва откако биле жртви на напад со нож на плоштадот пред Операта во белгискиот град Антверпен, каде во моментот се одржувал протест. – Сите имаат убодни рани, а две од жртвите се во критична состојба, соопшти портпаролот на локалната полиција Ваутер Браунс. Според него, полицијата привела два лица кои се осомничени за поврзаност со нападот. – Полицијата успеа да уапси двајца осомничени кои, според првичните наоди, се ...
Во Обединетите Арапски Емирати ќе се одржи трилатерална средба меѓу претставници на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, што се толкува како знак дека мировните преговори за завршување на војната во Украина се интензивираат, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Светскиот економски форум. Средбата, која ќе трае два дена – петок и сабота, ќе се одржи во Дубаи и на неа ќе учествуваат високи украински делегации, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека чувствува олеснување по изненадувачката одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да не воведува дополнителни царини за европските земји во контекст на прашањето за Гренланд. – Многу сум благодарен што претседателот Трамп се воздржа од првичните планови за преземање контрола врз Гренланд. Исто така, благодарен сум што тој се откажа од наметнувањето дополнителни царини на 1 февруари, изјави ...
Бројот на жртвите во големата железничка несреќа во јужна Шпанија се искачи на 45 луѓе откако во остатоците беа пронајдени телата на уште двајца мажи, објави регионалната влада на Андалузија во четвртокот вечерта. Се верува дека мажите се две лица кои сè уште се водат како исчезнати по несреќата, која се случи кога два брзи возови се судрија во близина на Адамуз во неделата навечер. Телата сè уште не се официјално идентификувани од Институтот ...
Франција засега нема да се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот статут не е во согласност со резолуциите и Повелбата на Обединетите нации, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи. Портпаролот Паскал Конфавро изјави дека Одборот не соодветствува со првичниот мандат за решавање на конфликтот во Газа, кој не е ни споменат во документот, и дека одредени елементи од повелбата ...
Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, изјави во четвртокот дека не е запознаен со деталите од договорот постигнат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со иднината на арктичкиот остров над кој САД сакаат да воспостават своја контрола. „Никој освен Гренланд и Данска не е овластен да склучува договори за островот и Кралството Данска“, рече Нилсен на прес-конференција во главниот ...
Германската полиција спречи напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во хангар во Арнсберг, во западна Германија, беше објавено во четвртокот. „Во текот на ноќта од среда кон четврток, полицијата спречи три лица да се обидат да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“, објави канцеларијата на државниот обвинител во Арнсберг, каде што е приватната адреса на Фридрих ...
Најмалку 67 лица загинаа во катастрофалниот пожар што го зафати трговскиот центар „Гул Плаза“ во пакистанскиот пристанишен град Карачи, потврдија денеска локалните власти по пронаоѓањето на нови тела. Судскиот лекар Сумаја Сиед изјави дека спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините на објектот каде пожарот избувна во саботата. Таа нагласи дека идентификацијата на жртвите е исклучително тешка бидејќи од повеќето тела останале само ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026. – Со ваучерите се добиваше лист хартија и спортистите сами се снаоѓаа како ќе го реализираат. Ние направивме систем за никој да не е оштетен. Никој, па ни јас не може да влијаам. Тоа зависи од резултати. Критериумите се однапред утврдени. Сега има незадоволни затоа ...
Подготвени сме на разговори со САД за билатералните односи, за зајакнување на соработката и за безбедноста на „потрадиционален политичко-дипломатски начин“, но Данска има свои црвени линии за кои не може да преговара, изјави вечерва данската премиерка Мете Фредериксен при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел. – Од самиот почеток нагласивме дека за нашиот суверенитет не може да се дискутира. Секако соработуваме со САД, како ...
Репрезентацијата на Германија со победа ја стартуваше втората фаза од Европското првенство. Германските ракометари ја совладаа Португалија со 32:30 и сега имаат четири бодови во групата, а Португалија остана со два. Натпреварот од групата 1 беше максимално изедначен, а ниту една репрезентација не успеа да оствари водство поголемо од два разлика. Резултатот често беше нерешен, а Германија од средината на вториот дел дојде до предност од два ...
Тејлор Свифт, 36-годишната американска ѕвезда, ќе стане втората најмлада авторка на песни што некогаш била примена во Куќата на славните кантавтори, придружувајќи им се на великаните како Стиви Вондер, кој имаше 33 години кога беше примен во 1983 година. Оваа чест ја става 14-кратната добитничката на Греми поп-ѕвезда меѓу најпознатите кантавтори на сите времиња. Свифт ќе биде примена заедно со Аланис Морисет, Кени Логинс и членовите на Kiss, ...
Најавениот протест на синдикатите за повисока плата е во корелација со СДСМ и со Левица. Луѓе блиски на овие субјекти тврдат дека досега се случиле неколку средби на луѓе од овие партии во угостителски локал во Скопје, тврди порталот Експрес, повикувајќи се на свои извори. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов вчера на прес – конференција информираше дека на 28 јануари во 17 часот пред Работничкиот ...
Зимското невреме предизвика сериозни штети на италијанскиот брег и на медитеранските острови, а властите денеска проценија дека само на Сицилија штетите изнесуваат 740 милиони евра. Високи бранови, силни удари на ветер и обилен дожд предизвикаа штети и на Сардинија, додека на копнениот дел од земјата најтешко е погоден регионот Калабрија на југот. Невремето „Хари“, кое изминатите денови го зафати регионот, целосно ги поплави плажите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос го претстави новото златно лого за својот „Одбор за мир“, кое по својот дизајн потсетува на амблемот на Обединетите нации. Логото, слично на симболот на ОН, ја прикажува Земјата опкружена со маслинови гранчиња. Сепак, постои суштинска разлика: додека амблемот на ОН го прикажува светот со сите континенти гледан од Северниот пол, логото на Одборот за мир на Трамп во ...
„Може да се менуваат администрациите и стиловите, но интересите – безбедносни, технолошки, трговски и енергетски – остануваат. Наша обврска е да бидеме држава што знае што сака, држава на која може да ѝ се верува и држава што е дел од решението, а не од проблемот – вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за Локално.мк од Давос, каде учествува на Светскиот економски форум. Во интервју Муцунски ...
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на барање на иницијативниот одбор на граѓаните кои протестираат пред УЈП Куманово за двојно оданочување договорил средба со надлежните од Управата, соопшти Димитриевски на денешната седница на Советот. Претходно, групата кумановци кои протестираа ќе треба да поднесат официјален допис за средба со директорката на институцијата. Прашањето за оданочувањето на приходи остварени во странство, кое ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот вечерта дека по разговорите со неговиот американски колега Доналд Трамп во швајцарски Давос, прашањето за безбедносните гаранции за Украина е финализирано, но дека клучното прашање за територијата во војната со Русија останува нерешено. Зеленски рече дека преговарачите од Русија, Украина и САД ќе одржат трилатерални состаноци првпат во Абу Даби во петок и сабота, што го нарече ...
Американската амбасадорка во заминување Анџела Агелер испрати отворено писмо до народот на Македонија. Агелер во писмото нагласува дека Соединетите Американски Држави СЕКОГАШ ќе бидат покрај нас, верувајќи како и многумина од нас, во сонот за посилен, попросперитетен, побезбеден, целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник. „Драги мои пријатели, Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на САД во оваа прекрасна ...