Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска изјави дека во моментов има над 300 илјади корисници на Системот за единствена најава (СЕН), како и над 240 илјади корисници на Националниот портал за е-услуги, што, како што рече, е показател дека граѓаните сакаат да ги користат електронските услуги, ако тие им ја завршат работата. – Што се однесува до бројките, во 2024 година ние имавме 120 илјади корисници на Порталот, со ...

Германија во четвртокот го повика рускиот амбасадор на разговор поради апсењето ден претходно на шпионка која работела за интересите на Русија, а во исто време го протера и дипломатот кој наводно служел како нејзин контакт. „Агресивните дејствија на Русија мора да имаат последици. Германија не толерира шпионажа на нејзина територија, особено не ако е вклучен дипломатски персонал“, рече германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера и денес учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите. На состанокот, со кој претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, во текот на вчерашниот ден обраќање имаше генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој на почетокот упати ...

Уште еден успешен ден во Давос, одржавме многу билатерални средби со мултинационални компании, кои што навистина многу значат во делот на мизинисот на светот, изјави вечерва премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. Денешната панел дискусија во фокус на вештачката интелигенција. „Имавме повторно успешен панел, повторно разговоаравме за двете теми кои се и клучни теми на овогодинешниот Самит во Давос, а тоа се вештачката ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата администрација преговара за договор што ќе им овозможи на САД „целосен пристап“ до Гренланд, што, како што рече, е клучно за националната безбедност. -Сè доаѓа преку Гренланд. Ако лошите момци почнат да пукаат, тоа доаѓа преку Гренланд. Тоа е прилично непроценливо. Тоа е неверојатно. Знаете, (поранешниот американски претседател) Роналд Реган ја имаше таа идеја одамна, но во ...

Цените на нафтата паднаа на 64 долари на меѓународните пазари во четвртокот откако американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече својата закана за царини за групата европски земји во спорот околу Гренланд во швајцарски Давос, додека постепено ги нормализираше испораките од Венецуела. Со барелот сурова нафта на лондонскиот пазар се тргуваше попладнево за 97 центи помалку отколку на затворањето на тргувањето вчера на 64,27 долари. На ...

Македонскиот олимписки тим е подготвен за Зимските Олимписки игри во Кортина, Милано во Италија. Нашата земја ќе има четири олимпијци кои ја исполнија квотата и ќе ги бранат државните бои. Во нордиско трчање на спринт и интервал старт трка на 10 километри ќе се тркаат Ана Цветановска во женска и Ставре Јада во машка конкуренција. Од друга страна, натпреварувачи во алпско скијање на слаломската и велеслаломската трка ќе бидат Јана Атанасовска ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше европските лидери за, како што рече, одложување на конкретните акции и повика на формирање на „обединети европски вооружени сили“ кои „навистина би ја бранеле Европа денеска“. -Делувањето дефинира каква иднина ќе имаме денеска, рече Зеленски во денешниот свој говор на Светскиот економски форум во Давос. Зеленски конкретно праша зошто американскиот претседател, Доналд Трамп, може да ...

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување на моторно возило“. Имено, во саботата на на влез во Кочани, полициски службеници запреле патничко возило „форд“, кое пријавениот го управувал и при извршен преглед над него бил пронајден и ...

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева. Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДС и Зоран Заев. Што повеќе да се каже од ова. Интересно е како Ленче Ристоска сама ...

Во населбата Домачки Дол вчера во 13.50 часот бил уапсен Т.А.(59) од Крива Паланка. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки таблички удрил во паркирано возило. Проверката со дрегер покажала дека односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и приведен во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ...

Патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција во периодот јануари – декември 2025 се зголемил за 4,9 отсто со евидентирани 83.333.571 патници, наспроти 79.424.082 патници во 2024 година, според податоците од Службата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина. Податоците се однесуваат на 24 аеродроми со кои управува конкретната служба, на 14 под компанијата „Fraport Greece“ и на Меѓународниот аеродром во Атина. ...

Вампирскиот трилер „Грешници“ чиешто дејствие е сместено во времето на сегрегацијата во САД во кој глуми Мајкл Б. Џордан влезе во трката за Оскар во четврток со најмногу номинации од кој и да е друг филм оваа година, освојувајќи рекордни 16. Досегашниот рекорд според бројот на номинациите од 14 за еден филм што држеа „Сè за Ева“, „Титаник“ и „Ла Ла Ленд“. Големиот број номинации го прави филмот главен фаворит пред 98-то издаение на Оскарите ...

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Куреш Мукадам, сопственик на компанијата „Zenith Water Heater“, светски лидер во производството на висококвалитетни системи за греење вода. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, како и можностите за инвестирање во рамки на зоните. Директорот Димовски ги претстави инвестициските можности кои ги нуди државата преку ТИР зоните, нагласувајќи ја ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. ...

Во две одвоени сообраќајки вчеравечер – едната во Кочанско, а едната во Скопје – повредени биле шестмина тинејџери. Во 20:30 часот вчера во ОВР Кочани било пријавено дека на магистрален пат кај местото викано „Двојни кривини“ во атарот на селото Уларци патничко возило „фолксваген туран“ со кочански таблички, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од селото ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин е дека војната во Украина мора да заврши, по она што тој го нарече „добри“ разговори со украинскиот челник Володимир Зеленски во Давос во четвртокот. Американските и украинските претставници веќе неколку седмици спроведуваат интензивна шатл-дипломатија, бидејќи Киев се соочува со притисок од Трамп да осигури мир во речиси четиригодишната ...

Кавадарчанка завчера останала без 30.000 денари, бидејќи ги следела инструкциите во електронско писмо за кое мислела дека е од системот на МВР „Безбеден град“. Вчера во 15.45 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишна кавадарчанка пријави дека претходниот ден била измамена за сума од 29.930 денари. „Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокoт дека обезбедил целосен и траен пристап на Соединетите држави на Гренланд во разговорите со НАТО. Трамп, од друга страна, бара од сојузниците во НАТО поголема посветеност на безбедноста на Арктикот со цел да се елиминира наводната закана од Русија и Кина, објавува Reuters. Веста за нацрт-договорот дојде откако Трамп нагласи дека нема да го преземе Гренланд со сила и се откажа од ...

Гласањето на Академијата заврши, а номинациите за Оскар ќе бидат објавени подоцна во четвртокот, со два силни фаворита оваа година „Грешница“ и „Битка по битка“. Се очекува двата филма да освојат десетина или повеќе номинации, од главната награда за најдобар филм до признанието за најдобар актер, како и во новата категорија за најдобар кастинг. Според некои стручњаци од филмската индустрија, овие две продикции на студијата „Warner Bros.“ би ...

Превозниците од Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора, на 26 јануари ќе ги блокираат сите гранични премини за товар кон земјите од Шенген зоната поради проблемите предизвикани од новиот систем за влез и излез (EES), кој го евидентира влезот и излезот на превозниците. Овие мерки доаѓаат откако, Брисел не ги зел предвид барањата и предлозите на превозниците за олеснување на процедурите на границите. Протестот ќе се одвива исклучиво на товарните ...

Тинејџер (16) од Скопје, вчера бил турнат во багажник од страна на неидентификуван маж, којшто барал да му каже кој мавал со снежни топки по неговиот автомобил. Истовремено, мажот физички го нападнал другарот на момчето што го турнал во багажникот. Инцидентот што се случил околу 12.30 часот вчера на автобуска постојка на подрачјето на Аеродром го пријавила мајката на 16-годишникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели СВР ...

Во март оваа година ќе има уште едно зголемување на платите во јавното здравство, според договорот со синдикатите, потсети на денешната прес-конференција директорот на Фондот за јавно здравство(ФЗО). – Мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите, така што барем во мојот ...

Во периодот од 12 до 18 јануари, односно во седмица недела од 2026 година, во земјава се пријавени 2.062 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со претходната седмица, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во споредба со истата седмицаа од минатата сезона, бројот на заболени е зголемен за 46 проценти, додека во однос на просекот од последните 15 сезони е намален за 6,9 отсто. ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска изрази сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми. „Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и ...

Полицајка при Секторот за внатрешни работи Штип се најде во центарот на истрага поради сомнеж дека открила службена тајна. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против В.М., која работи како приправник во полицијата, откако утврдено е дека на 10 јули 2025 година ја открила операцијата со дрон за едно лице користејќи го телефонскиот број на својот брат. Операцијата ...

Испораките на сурова нафта од Венецуела според договорот за снабдување со САД достигнаа околу 7,8 милиони барели во средата, покажаа податоците за следење на бродовите и документите од државната нафтена компанија PDVSA, што сигнализира бавно темпо во првата фаза од испораките поради преговорите за цените. Трговските куќи „Vitol“ и „Trafigura“ добија прелиминарни дозволи од САД за продажба на венецуелска сурова нафта, но снабдувањето сè уште ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздравува и институционално ја поддржува денешната реализација на Договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, со кој официјално започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). „Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е суштински чекор за модернизација на македонскиот ...

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ...

Немам намера никоmu да му се извинам, а кој сака да тужи, нека тужи, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на партиска прес-конференција, прашан дали има намера да се извини на поранешниот висок партиски функционер на СДСМ, Јован Деспотовски, но и на исто така истакнатиот СДСМ-овец Петре Шилегов, кој два пати беше кандидиран за градоначалник. СДСМ нивните критики ги пречека со низа напади и навреди на прес-конференции или ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1009
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.81
95%
1007
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.97
93%
1003
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
79%
1008
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
81%
1010
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
94%
1006
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1002
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1007
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191