Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи. Потврдата на рејтингот претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди ...

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик рече дека до Министерството за правда сеуште не се пристигнати номинации за формирање на работна група . „ Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници ...

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед. Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 ...

Неделава што измина со сигурност може да се прогласи за една од најдинамичните во поновата историја на меѓународните односи. За само седум дена Европската Унија и САД успеаа да ги доведат своите односи до границата на отворена трговска војна. Редицата на изјави и постови на претседателот Трамп дека, на еден или друг начин, Гренланд ќе биде американски предизвика шест европски држави, членки на НАТО, да испратат десетици свои војници на овој ...

Синоќа Њу Орлеанс Пеликанс ги победија Мемфис Гризлис со 133:127, најмногу благодарение на Садик Беј, кој постигна 19 од своите 36 поени во последната четвртина. Треј Марфи III додаде 32 поени, додека Зајон Вилијамсон заврши со 24 поени и 11 скока, а Пеликанс ја прекинаа серијата од три пораза. Џарен Џексон Џуниор го предводеше Мемфис со 26 поени и 12 скока, додека Џок Ландејл додаде 24 поени и 11 скока. Беј им помогна на Пеликанс да се ...

Социјалдемократијата, ако нешто значи за одредени партии во Македонија, мора да почне од самокритика, која не треба да се доживува како самопонижување, туку, напротив, како зрелост да се погледнеме во огледало и да признаеме дека губењето на избори е само последица на напуштање на внатрепартискиот дијалог, пишува пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во својата последна колумна „Кој се плаши од внатрешниот дијалог во партиите?“ објавена вчера ...

Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар палас“ ќе го одржи 31. Конгрес на кој ќе се анализира изборниот резултат од последните локални избори. Конгресот се одржува во услови на засилени внатрепартиски тензии и јавни критики кон раководството. На почетокот ќе има отворен дел од конгресот, ќе следува обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по што ќе следи работен дел од Конгресот. Планирано е да се гласа и ...

НАТО планира значително да ги зголеми своите залихи на оружје и муниција по должината на источното крило и да воспостави нова одбранбена зона со користење на роботизирана и автоматизирана технологија, според висок функционер на НАТО. Мерките имаат за цел зајакнување на одвраќањето од Русија, изјави бригадниот генерал Томас Левин за германскиот весник Die Welt. Според новиот концепт за повеќеслојна одбрана, НАТО ќе се стреми да го забави или ...

Образованието е еден од врвните приоритети на Владата. Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. Затоа ги зголемуваме средствата кои ги вложуваме во нови училишта и спортски сали, во опрема и технички помагала, во дигитализација и можности за искористување на современи технологии во наставата. Магијата навистина е во знаењето, посебно во време кога се зголемуваат глобалните предизвици. ...

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна ...

Во рамките на саемското претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам FITUR 2026 во Мадрид, министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“, Средбата беше посветена на унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Кралството Шпанија, со акцент на јакнење на културната размена, промоција на македонското културно наследство и продлабочување на ...

Во некои делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД, падна снег, најавувајќи голема зимска бура која, според прогнозите, ќе се развие викендов од Карпестите Планини до крајот на Источниот брег, заедно со доаѓањето на ледениот арктички бран, соопштија денеска американските власти. Метеоролошките служби најавија снег, замрзнат дожд и многу ниски температури кои ќе влијаат на две третини од источниот дел на САД со очекувани ...

Рускиот напад врз украинските енергетски објекти во текот на ноќта покажува дека договорите за противвоздушната одбрана постигнати со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос оваа недела мора целосно да се спроведат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски и Трамп се сретнаа завчера на маргините на Светскиот економски форум, каде што разговараа за поддршката на воздушната одбрана на Украина, без да прецизираат какви ...

САД ќе останат клучен сојузник на НАТО и партнер на Европа, но како приоритет ќе ја постават одбраната на земјата и одвраќањето на Кина, според новата верзија на Стратегијата за национална одбрана на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која беше објавена доцна синоќа и цитирана од ДПА. Во документот се наведува дека Вашингтон ќе продолжи да има централна улога во НАТО, дури и кога го менува своето воено присуство во Европа. Во ...

„Коалицијата СДС и ДУИ во текот на вчерашниот ден во Собранието уште еднаш докажа дека функционира следејќи ги само своите интереси и не поддржува ништо корисно за граѓаните. Измените на Законот за прекршоци со кои се заокружува правната рамка за функционирање на проектот „Безбеден град“ не ја поддржаа пратениците од овие две опозициски партии. Во текот на вчерашниот ден граѓаните сведочеа на СДС-ДУИ коалиција на дело, коалиција која ...

„Во СДС ништо ново. Случајот кој неодамна почна да се обелоденува пред јавноста, за кој сопственикот на приватна болница, д-р Жан Митрев се произнесе на национална телевизија за тоа како сегашниот претседател на опозициска СДС, Венко Филипче, и екс премиерот, Зоран Заев, е уште еден пример кој сведочи за начинот на кој претходната власт владееше. Филипче како министер за здравство, имал желба да има приватна болница, а бил и подготвен да ги ...

Со измерена температура од -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше насјтуденото место во земјава по што следат Попова Шапка и Крива Паланка со -3 , -2 степени се измерени во Пожаране и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, 0 степени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци и Прилеп, 1 во Kрушево, Штип, Охрид и Виница, 2 во Куманово и Гевгелија, а најтопло беше во Струмица каде ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Како што информира АМСМ, сите државни ...

Највисоки воени претставници од 34 земји ќе се сретнат во февруари за да разговараат за заедничките безбедносни приоритети на западната хемисфера, соопшти американската армија. „Земјите од западната хемисфера делат длабоки историски врски, заеднички вредности и интерес за регионална стабилност што ја поддржува долгорочната безбедност и просперитет на Соединетите Американски Држави и нашето заедничко соседство“, се вели во соопштението на ...

ОВЕН Денеска може да влезете во расправија или жесток разговор. Имајте на ум дека вашата гледна точка не е единствената точна. Дури и ако сте сигурни во себе, слушајте ја и другата страна, вистината често е во средината. Бидете внимателни со финансиските трансакции. БИК Денеска комуникацијата ќе биде активна, но за многумина таа ќе биде претежно внатрешна – со себеси. Не бегајте од важно прашање доколку можете да направите нешто сега, ...

Во сабота на територијата на Македониај ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец . Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Највисоките дневни температури ќе се движат во опсегот меѓу 6 и 12 Целзиусови ...

Првиот ден од разговорите меѓу Украина и Русија, посредувани од САД, заврши во Абу Даби во петокот доцна вечерта, кратко откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека натамошни разговори се закажани за сабота. Ова се првите познати директни разговори меѓу Москва и Киев за американскиот план за решавање на војната која почна во февруари 2022. Разговорите се одвиваат во тешки околности за Украина, која останува цел на речиси ...

Кошаркарите на Партизан направија неверојатен пресврт во 24-то коло од Евролигата совладувајќи го Хапоел Тел Авив со 104:101 по продолжението во Минхен, откако Израелците имаа водство од 27 поени на почетокот на второто полувреме. Партизан го направи едно од најголемите враќања во историјата на Евролигата, бришејќи ја негативата од -27 поени и победувајќи го Хапоел Тел Авив. Драматичната победа вклучуваше исклучување на тренерот Џоан Пенароја ...

Водечкиот тим на италијанското фудбалско првенство Интер како домаќин во петокот вечерта ја победи Пиза со 6:2 во првиот натпревар од 22-то коло. Гостите од Пиза го отворија натпреварот фантастично и поведоа со 2:0 голови од Море (11, 23). Напаѓачот на Пиза при првиот погодок ја искористи грешката на голманот Зомер, а потоа постигна гол со глава по корнер. Сепак, Интер успеа да ја сврти играта со три гола во самиот финиш од првото полувреме, ...

Француската морнарица го пренасочи танкерот за нафта „Grinch“ што го запре во четвртокот кон пристаништето Марсеј-Фос за натамошна истрага, изјави за Reuters во петокот извор близок до истрагата. Морнарицата го пресретна танкерот, кој го напушти руското пристаниште Мурманск на почетокот на јануари, под сомнение дека плови под лажно знаме и дека е дел од „флота во сенка“ што ѝ дозволува на Русија да извезува нафта и покрај западните санкциите. ...

Руските, украинските и американските преговарачи одржаа разговори во Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за надворешни работи на ОАЕ, на она што официјалните лица велат дека е првиот состанок на кој присуствуваат сите три земји откако Москва ја започна својата целосна инвазија пред речиси четири години. Во преговорите учествуваа специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ...

Францускиот претседател Емануел Макрон на Светскиот економски форум во Давос оваа недела се појави со очила за сонце во стилот на Топ-Ган. Така, наместо интернетот да се фокусира на некои од сложените геополитички кризи на нашето време, вниманието на луѓето се сврте кон смелиот нов изглед на францускиот претседател. И сега, продажбата на очилата за сонце – изработени и купени во Maison Henry Jullien – се зголеми. Толку многу што ...

Британскиот премиер Кир Стармер ги нарече коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека европските сили не се приближувале до првите линии во офанзивната војна во Авганистан и „искрено ужаснувачка“. „Ги сметам зборовите на претседателот Трамп за навредливи и искрено ужаснувачки и не сум изненаден што им предизвикаа толку многу болка на најблиските на убиените или повредените“, изјави челникот на британските лабуристи пред ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 23 јануари 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 229,77 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 180,13 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 281,29 евра за мегават час, а на MEMO 159,74 евра. Цена на ...

Поранешниот басист на германскиот рок бенд Scorpions, Франсис Бухолц, почина на 71-годишна возраст, објави неговото семејство во петокот. Портпаролот на бендот, Петер Ланц, ја доби веста за смртта на басистот од неговата ќерка. Светски познатиот бенд од северниот германски град Хановер се разијде со Бухолц во 1992 година по спор, пoтсетува dpa. Последниот албум на кој работеше беше „Crazy World“ од 1990-ти, кој се смета за еден од нивните ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1009
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
4.12
85%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
79%
1009
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.57
96%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.87
97%
1002
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
77%
1007
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1010
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1005
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 0ᴼ
3.6
88%
1002
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1006
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191