Патнички авион на руската авиокомпанија „Азур Ер“, кој летал од Пукет кон рускиот град Барнаул, принудно и непланирано слета во Кина откако за време на летот испратил итен сигнал за помош. Авионот безбедно слетал на аеродромот Ланжоу, откако сигналот за вонредна состојба бил активиран додека леталото се наоѓало во кинескиот воздушен простор. Според информациите од компанијата, летот бил на половина од рутата кон Сибир кога настанал ...

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена. Според условите за лиценцата, најдоцна за една година треба да профункционира како мобилен оператор, но според раководството на ...

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа, кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година. Висината на ...

„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција, соопшти денеска Алкалоид АД Скопје. Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд ...

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на светскиот економски форум во Давос. Мицкоски, како што објави на својот фејсбук профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, ...

Доколку се реализира најавата на транспортните превозници од Западен Балкан в понеделник во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници како и од Косово, Србија, Црна Гора и ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно ја избра Маја Коневска за генерален секретар на ДКСК која во моментот е распоредена на работното место раководител на сектор за стратешко планирање и интегритет во државната комисија. Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, на седницата на која беше разгледан предлогот за избор објасни дека изборот на нов генерален секретар е потребен поради тоа што со неговото ...

Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Таа додва дека веќе се прават чекори во сузбивање на сивата економија преку воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината. Тие овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем. -Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во ...

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на светскиот економски форум во Давос. Мицкоски, како што објави на својот фејсбук профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, ...

Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани ќе учествуваат во интервенции за справување со пожари на територијата на државата. Покрај човечките ресурси, на располагање на ДЗС и на државата ѝ се ставаат и ...

Екс министерка за внатрешни работи, Горана Јанкулоска со остра јавна реакција оцени дека дел од предметите кои се актуелизираат денес се застарени и дека никогаш не требало да бидат предмет на кривично гонење доколку, како што наведува, надлежните институции се придржувале до законот, правдата и правото, наместо да постапуваат по политички диктати. Според Јанкулоска, СЈО било формирано со јасна цел – да даде одговор на прашањето кој, кого и ...

Системот „Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за „Безбеден град“, не зборуваме за камери или казни, туку за човечки животи. За побезбедни патишта, каде што никој не го губи својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност. За ВРЕДИ, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа, ...

Напад со дронови предизвика пожар во нафтено складиште во западниот руски град Пенза рано утрово, изјави регионалниот гувернер Олег Мелниченко на Телеграм, додавајќи дека нема извештаи за жртви. Властите не дадоа детали за потеклото на дроновите, но руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана пресретнала најмалку 12 украински дронови во текот на ноќта, вклучувајќи еден над регионот Пенза. Видеата што кружат на социјалните ...

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, ги критикуваше европските земји, велејќи дека тие „апсолутно тргнале по патот на цивилизациско самоубиство“. Во интервју за „Newsmax“, Венс објасни дека критиките кон администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европа произлегуваат од желбата за зајакнување на европскиот континент политички, економски и воено. „Ние споделуваме заедничко цивилизациско ...

Кога една партија што се претставува како најголема опозициска сила ќе почне да се пресметува со медиумите, да рецензира наслови и да прогласува заговори, тоа е знак дека ја изгубила политичката ориентација. Кога ќе влезе во отворен конфликт и со новинарите и со сопствените луѓе, тогаш веќе не станува збор за напад однадвор, туку за распад одвнатре. Тезата на СДСМ дека е жртва на „медиумски октопод“ дефинитивно паѓа во вода по јавните настапи ...

На 23 јануари 2026 година (петок), во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот претставува иницијатива на жителите, а е поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Bombakis, Boemot и ...

Година дена алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ и требаше да се донесе до ескалација да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели во интервју за Радио Лидер, вицепремиерот и министер за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека САД имаат „армада“ упатена кон Иран, додавајќи дека се надева дека нема да мора да се користи и повторно го предупреди Техеран да не користи насилство врз демонстрантите или да ја обнови својата нуклеарна програма. Неименувани американски претставници за Reuters изјавија дека носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ и неколку разорувачи со водени ракети ќе пристигнат на Блискиот ...

Без електрична енергија во текот на денов ќе останат делови од општините Гази Баба и Ѓорче Петров, соопштија утрово од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД. – Во период од 9 до 13 часот, корисниците од улиците Австралиска и Николај Островски во општина Ѓорче Петров. Исто така, од 9 до 13 часот, корисниците од улиците со број 3, 4 и 5 во Инџиково, општина Гази Баба, појаснија оттаму. Без ...

За Украина 22 јануари беше најтешкиот ден за електроенергетскиот систем од големиот прекин на струја во ноември 2022 година, изјави синоќа првиот потпретседател на владата и министер за енергетика на Украина, Денис Шмихаљ. Шмихаљ во објава на Телеграм наведе дека земјата се соочува со исклучително тешка ситуација поради низа фактори, пред сè постојаните напади кои доведоа до оштетување на производствените капацитети, разорување на ...

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост и појава на магла во околината на Смојмирово и Буково до 50м., Ѓавато до 80м., Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м, соопшти АМСМ. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна ...

На „ОНЕ Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор – ај – џи“ денеска (10:30) во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе му биде дадено одобрение за работа како трет мобилен оператор во државава. „ОНЕ Македонија телекомуникации“ ја добива дозволата откако го уплати еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот на АЕК, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Со тоа компанијата може да почне со работа ...

Во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска, продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата, се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и економскиот директор на Клиниката, Нехад Нухи. Судската расправа продолжува со вкрстено испитување на сведок предложен од обвинителството, ...

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Како што наведува Националната опера и балет, балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, како и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека ...

Поради неизвесноста на финансиските пазари, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за капиталот, па цената на златото се искачи над нивото од 4.900 долари за унца првпат во историјата. За порастот на цената на скапоцените метали придонесува и слабоста на американскиот долар. „Слабоста на доларот е последица на губењето на кредибилитетот и престижот на САД. Неколку фактори го поттикнуваат порастот на цените на златото последно време, а ...

Во тешка сообраќајна несреќа во Кочани повредени се петмина тинејџери, на возраст од 16 и 14 години, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, во несреќата која се случила синоќа кај местото „Двојни кривини“ кај село Уларци, тешко е повредено 16-годишно девојче. „На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф1“(цол) на улица Жил Верн бб. на почетокот на улицата, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Жил Верн, Есенинова, Балканска и Тодор Паница. Водата е сопрена во 7:45 часот, а повторно ќе биде пуштена по завршувањето на работните активности. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради дефект на приклучна водоводна цевка ...

Филмскиот фестивал Санденс, прв по смртта на неговиот основач Роберт Редфорд, започна во четвртокот во Парк Сити, во планините на сојузната американска држава Јута, каде што ќе се одржи последен пат пред да се пресели во соседната држава Колорадо следната година. Се појавија холивудските ѕвезди Оливија Вајлд, Натали Портман и Итан Хоук во зимското одморалиште во Карпестите планини, заедно со мноштво други филмски режисери, на еден од ...

На Волстрит берзанските индекси пораснаа втор ден по ред во четвртокот, додека инвеститорите воздивнаа со олеснување откако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од воведување нови царини за увоз од европските земји. Индексот Dow Jones порасна за 0,63 отсто на 49.384 поени, додека S&P 500 порасна за 0,55 отсто на 6.913 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,91 отсто на 23.436 поени. Благодарение на вториот ден по ред со добивки, ...

Русија објави дека ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби во петок, предупредувајќи по средбата на претседателот Владимир Путин доцна во ноќта со американските претставници дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања. Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека средбата, која започнала кратко пред полноќ и траела речиси четири часа, била корисна ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1009
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
4.12
85%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
79%
1009
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.57
96%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.87
97%
1002
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
77%
1007
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1010
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1005
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 0ᴼ
3.6
88%
1002
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1006
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191