Русија објави видео од нејзините воздухопловни сили како изведуваат „рутински“ летови над Балтичкото Море, потег што го опиша како извршен над неутрални води и во целосна согласност со меѓународното право. Руското Министерство за одбрана во петокот објави видео на кое се гледаат два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 како изведуваат она што е опишано како „планиран лет“ во воздушниот простор над неутралните води во Балтичкото Море. ...

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани во 2017 и во 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година имале 122 пациентки кои по првпат со оваа дијагноза се јавиле во клиниката. ХПВ ...

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните. „Овој потег на ДУИ не е од аспект на ...

Цените на среброто скокнаа на физичкиот пазар во петокот кон 101 долар, достигнувајќи ново рекордно ниво под влијание на зголемената побарувачка на инвеститорите за скапоцени метали во услови на геополитички тензии. Унца сребро на физичкиот пазар во доцното попладневно тргување изнесуваше 100,88 долари и беше за 4,89 отсто повисока отколку на затворањето на тргувањето ден претходно. Од почетокот на годината, среброто поскапе за речиси 40 ...

Сопственикот на барот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што 40 лица загинаа во пожар на новогодишната забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот во петокот. Жак Морети е ослободен со кауција, според судот во Сион во швајцарскиот регион Вале. Морети мора да ги предаде своите документи за идентиификација и за престој на јавното обвинителство, не му е дозволено да ја напушти земјата и мора секојдневно да се ...

Руските, украинските и американските преговарачи одржуваат разговори во Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за надворешни работи на ОАЕ, на она што официјалните лица велат дека ќе биде првиот состанок на кој ќе присуствуваат сите три земји откако Москва ја започна својата целосна инвазија пред речиси четири години. Кремљ потврди дека руски претставници ќе присуствуваат на разговорите по состанокот меѓу претседателот Владимир ...

Полска треба да ја обештети Германија за „соучеството“ во експлозиите во 2022 година што ги ставија гасоводите „Северн поток“ надвор од употреба, тврди десничарски германски политичар, Кеј Готшалк, пратеник од опозициската партија Алтернатива за Германија (AfD). Износот што тој го наведе одговара на 1,3 трилиони евра обештетување за Втората светска војна што Варшава претходно го побара од Берлин. Готшалк напиша во објава на X во среда дека ...

Екипи на ЈП „Национални шуми“, заедно со Шумската полиција фати група дрвокрадци кои подолго време ги пустошеа шумите на планината Плачковица во околината на Радовиш, извести заменикот директор на „Национални шуми“ Кире Михаилов. Михајлов на својот профил на Фејсбук објави и видео од акцијата на апсење на дрвокрадците, по напорна бркотница низ снежните планински патеки. Притоа се запленети два автомобили и една моторна пила, како и други ...

Марио (15) од околината на романскиот град Темишвар, кој беше пријавен за исчезнат во понеделник, 19 јануари, беше пронајден мртов и закопан во поле во близина на градот, а полицијата уапси неколку малолетници во врска со злосторството. Полицијата приведе две момчиња на возраст од 15 години и едно момче на возраст од 13 години под сомнение дека го сториле злосторството. Постои сомневање дека еден од осомничените, 15-годишно момче, заедно со ...

Ен Хатавеј и Донатела Версаче беа меѓу ѕвездите кои присуствуваа на погребот на легендарниот италијански дизајнер Валентино Гаравани во Рим во петокот, а некои од ожалостените во негова чест носеа детали од неговата препознатлива црвена боја во негова чест. Базиликата Света Марија на Ангелите и Мачениците во Рим беше украсена со венци од бели рози, додека голема фотографија од дизајнерот, кој почина во понеделникот на 93-годишна возраст, беше ...

Германската економија веројатно ќе порасне само скромно во првиот квартал, а инфлацијата ќе се стабилизира на два отсто, прогнозира централната банка во својот последен месечен извештај. Најголемата европска економија порасна за 0,2 отсто минатата година, завршувајќи го двегодишниот период на благ пад на активноста благодарение на трошењето на владата и домаќинствата, покажаа прелиминарните пресметки на заводот за статистика на крајот од ...

Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните. СДС и ДУИ, коалицијата Али и Венко денеска заедно во Собранието гласаа против проектот „Безбеден град”, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Денес тие јасно застанаа против проектот Безбеден град. Денес тие гласаа против измените на Законот за прекршоци кој ...

(16.01.2026 – 22.01.2026) Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Производството запира доколку ...

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да ...

Германскиот синџир супермаркети „Aldi“ потврди во петокот дека планира да згасне стотици работни места во своето седиште во близина на Дизелдорф во наредните години. Како одговор на барањето на новинската агенција dpa, менаџментот не прецизираше точно колку работни места треба да се отпуштат во кој дел од работењето. Специјализираниот портал Lebensmittel Zeitung објави дека „Aldi Süd“ планира да отпушти до 500 работни места во ...

На денешната 65. седница Собранието на Република Северна Македонија го потврди изборот на Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител. За неговиот избор гласаа 89 пратеници, шест беа „против“, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 гласаа „за“, додека осум гласаа „против“. Сељами е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит. На денешната 65. седница Собранието на ...

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки, во контекст на скандалот со апелацискиот судија судија Ѓоко Ристов. „Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор – тогаш граѓаните ...

Македонија 2025 повторно ја активира Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година, со цел да обезбеди континуирана поддршка за личниот, академскиот и професионалниот развој на младите таленти во земјата. Програмата е наменета за поврзување на искусни професионалци со над 130 стипендисти и ученици од економски загрозени средини, преку структурирано менторство, кариерно насочување и практична изложеност. Таа се надоврзува ...

Доцнењето на платата но и лошите услови за работа ги принудија да вработените во Македонска пошта денеска да излезат на протест. Демонстрантите велат дека за 1.700 лица, декемвриската плата сѐ уште не е стигната а на 300 поштари со години не им е решен работниот статус. Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе ...

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно. За Законот ...

TikTok објави дека постигнал договор што ќе ѝ овозможи на многу популарната апликација за кратки видеа да продолжи да работи во САД. Договорот доаѓа по годините конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг што започна во првиот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа, кога тој неуспешно се обиде да ја забрани апликацијата поради загриженост за националната безбедност, а таквите американски настојувања продолжија безуспешно и во целиот мандат на неговиот ...

Француската влада преживеа две гласања за недоверба во парламентот во петокот поради нејзината одлука да го протурка делот од Буџетот за 2026 година поврзан со државните приходи без да му го даде последниот збор на Националното собрание. Вкупно 269 пратеници гласаа за предлогот за недоверба поднесен од крајнолевичарската Непокорена Францоја заедно со Зелените и комунистите, додека за соборување на владата беа потребни 288 гласови. Уште ...

Претседателот на САД вели дека модринката на левата дланка која ја забележаа новинарите му се појавила поради „големата дневна доза на аспирин“. Враќајќи се од самитот во Давос во авионот „Ер Форс Уан, Доналд Трамп изјави дека лекот му предизвикува полесно создавање на модринки. – Велат дека земате аспирин ако ви се допаѓа срцето, но не земајте ако не сакате да имате малку модринки. Јас земам многу аспирин. Портпаролката на Трамп, Каролин ...

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, по тврдењата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиска емисија за преговори со ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, излезе со негирање на неговите тврдења. Таа вели дека како директен сведок знае дека ДУИ, односно Ахмети, повеќе ги интересирало учество во власта отколку принципи. „Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму. „Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови ...

Американката Тринити Родман, ќерка на поранешниот НБА играч Денис Родман, стана најплатена фудбалерка во светот откако потпиша нов тригодишен договор со Вашингтон Спирит, објави BBC во петокот. Тринити Родман стана слободен агент на 31 декември минатата година откако истече нејзиниот претходен договор со тимот на Вашингтон. Според новиот договор, кој важи до крајот на 2028 година, таа ќе заработува два милиона долари по сезона, вклучувајќи ги ...

Иранското правосудство ги отфрли изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп со кои сугерираше дека Техеран го запрел погубувањето на 800 демонстранти под закана на воена сила. Ова тврдење е „целосно лажно“, го цитираше денеска државното радио главниот обвинител Мохамад Мовахеди-Азад. Пред една недела, Трамп изјави дека воениот напад врз иранското раководство бил откажан бидејќи властите го поништиле погубувањето на 800 луѓе. За време ...

Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира колку сака, но сведоштвата и фактите секој ден го демантираат и потврдуваат дека заедно со неговиот ментор, Зоран Заев и дружината, државниот апарат го ставиле во служба за остварување приватни и клановски цели, изјави денеска на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – Користејќи ја моќта, ги злоупотребувале институциите, уценувале и вршеле притисок врз доктор ...

Поради очигледен скандал, кој ја разотркива злоупотребата на функцијата член на Сидскиот сове, како и влијанието на ова само привидно независно тело, судујката Наташа Савовска-Димитровска од Апелациониот суд Скопје денеска презентираше информации за кои рече дека се докази коишто што го опфаќаат дејствувањето на членот на Судскиот совет, судијката Тања Чачарова Илиевска, како и притисоците кои доаѓаат од позициите на моќ и влијание. „Како ...

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, објави Телма. Како што неофицијално објави телевизијата, гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот, и тоа куќа со двор во Битола и 3 стана во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот понудил возила – 25 булдожери и камиони, сопственост на „Марковски компани“. Одлуката ја ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1009
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
4.12
85%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
79%
1009
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.57
96%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.87
97%
1002
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
77%
1007
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1010
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1005
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 0ᴼ
3.6
88%
1002
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1006
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191