Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“, вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Тој истакна дека граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците со воведувањето на опомените, а новиот систем ќе регистрира четири клучни прекршоци кои најмногу ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање. – Преку ...
Најмалку 61 лице го загуби животот во обилните снежни врнежи и поројни дождови во Авганистан во последните три дена, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националната служба за управување со катастрофи. Според податоците, уште 110 лица се повредени, а 458 куќи се делумно или целосно уништени, а северните и централните делови на Авганистан се најтешко погодени, според мапата објавена од метеоролозите на „Икс“ . Според ...
Иранската револуционерна гарда е „поподготвена од кога било и со прстот на чкрапалото“, објави денеска нејзиниот командант, генералот Мохамед Пакпур, откако САД објавија дека упатуваат флотила бродови кон Блискиот Исток и дека војската е подготвена да одговори. Платформата Нурњуз (Nurnews), блиска до Врховниот совет за национална безбедност на Иран, објави на својот канал на Телеграм дека командантот на Револуционерната гарда ги предупреди ...
Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја отфрли идејата за организирање референдум за обединување на Романија со Република Молдавија. Зборувајќи во градот Фокшани, каде што присуствуваше на настаните посветени на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан рече дека таквата мерка не е оправдана сè додека „нема волја од Република Молдавија да го стори тоа“, пренесе агенцијата Аџерпрес. „Нема причина за тоа сè додека нема волја во ...
Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе биде домаќин на приватна проекција на нов филм во Белата куќа во сабота, кој го документира нејзиниот живот во 20-те дена пред втората инаугурација на претседателот Доналд Трамп, изјави нејзиниот советник. „Меланија“ треба да се појави на глобално ниво на 30-ти јануари. Проекцијата во саботата ќе им овозможи на превата дама, нејзиното семејство и блиските пријатели првпат да го видат филмот во целост, ...
Во исчекување конечно да се објави во јавна расправа новиот Закон за високото образование (после кој знае колку најавувања, а потоа одложувања), единствените информации кои ги добиваме се повремените и паушални изјави на министерката Весна Јаневска, за тоа како ќе се врателе критериумите за избор во звање (па тие отсекогаш биле јасно наведени во Законот за високо образование (ЗВО), во членот 164), па потоа како ќе се зголемел бројот на ...
Новите правила за влез во шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определена област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се прошират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече вчера претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Одговарајќи на новинарско прашање, Азески истакна дека очекува ...
Дводневните разговори за постигнување мир во Украина во Абу Даби се осврнаа на нерешените прашања во мировниот план на САД, според соопштението на Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, кое го цитира руската новинска агенција РИА. „Разговорите се одржаа во конструктивна и позитивна атмосфера и вклучуваа непосреден ангажман меѓу руските и украинските претставници за отворените прашања во мировниот договор предложен ...
Со едноминутна тишина започна денешниот протестен „Марш за ангелите“ во Кочани кадешто родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ побараа рок, одлука и одговорност од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК) во врска со постапката за осомничените полициски службеници за кочанската трагедија. Протестниот марш започна од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар и Управата за јавни ...
Канцеларијата за надворешна политика на Европската унија ги доведе во прашање широките овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп врз неговиот нов Одборот (Совет) за мир, според интерен документ во кој увид имала агенцијата Reuters. Трамп ги повика светските челници да се приклучат на неговата иницијатива на Одборот за мир за решавање на конфликтите на глобално ниво, но многу западноевропски премиери не сакаа да учествуваат. Во ...
Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми. Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми. Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат и ...
Едно момче починало од струен удар на станица на метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА. Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на шините под воз кој стоел. Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс ќе ги посети Азербејџан и Ерменија идниот месец, објави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Трут соушл, неколку месеци откако двете земји потпишаа мировен договор во август во Вашингтон. Трамп наведе дека Венс ќе отпатува во двете земји за да „постигне напредок во иницијативата „Патот на Трамп за меѓународен мир и просперитет“. „Ќе го зајакнеме нашето стратешко партнерство со ...
Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе биде домаќин на приватна проекција на нов филм во Белата куќа во сабота, кој го документира нејзиниот живот во 20-те дена пред втората инаугурација на претседателот Доналд Трамп, изјави нејзиниот советник. „Меланија“ треба да се појави на глобално ниво на 30-ти јануари. Проекцијата во саботата ќе им овозможи на превата дама, нејзиното семејство и блиските пријатели првпат да го видат филмот во целост, ...
„Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на СДС, Венко Филипче и Зоран Заев. Со овој случај се покажа дека за СДС и Филипче нема ништо свето, за да остварат личен ќар и придобивка, тие се спремни да тргуваат со здравјето на граѓаните и да го злоупотребат државниот апарат за да рекетираат и уценуваат стопанственици. Освен со изнуда, притисоци, тргување ...
Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на две столици и работат за власта. Или сме заедно во оваа битка, или не сме ништо, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче во обраќањето на денешниот партиски Конгрес што се одржува во Скопје. – Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас – ...
Не го слушнавме Венко Филипче да се огради од своите и од криминалите на СДСМ во обраќањето на Конгресот што се одржува денеска во Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој. Не објасни ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази денеска огорченост поради тоа што по плаќањето кауција од затворот во Сион е пуштен Жак Морети, сопственикот на барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што избувна смртоносен пожар на новогодишната ноќ во кој загинаа 40, а 116 лица беа повредени. Морети е ослободен откако платил кауција во износ од 200.000 швајцарски франци, или околу 215.000 евра. „Го сметам ова за ...
Во Мексико е откриена спектакуларна гробница стара 1.400 години, која припаѓа на напредната домородна претколумбиска цивилизација Запотеки. „Ова е најзначајното археолошко откритие во Мексико во последната деценија“, изјави во петок претседателката Клаудија Шајнбаум. Добро зачуваната гробница со мурали, фризови и натписи од календарот е пронајдена во Сан Пабло Хуиц во јужната држава Оахака. Мексиканскиот национален институт за антропологија и ...
Ситуацијата на Гренланд и натаму е сериозна, кризата не е завршена, изјави данската премиерка Мете Фредериксен за време на нејзината посета на островот. Преговорите меѓу САД и Данска за Гренланд наскоро ќе започнат, откако американскиот претседател ги повлече воените и економските закани. Данска и НАТО ветија дека ќе ја зајакнат безбедноста на Арктикот, а властите во Гренланд велат дека САД нема да управуваат со нивните минерални ресурси. – ...
Новозеландската полиција денеска соопшти дека најверојатно нема преживеани во свлечиштето на Северниот Остров и потврди дека во текот на изминатата ноќ се пронајдени неколку безживотни тела на жртви. Шест лица, меѓу кои и двајца тинејџери, се водат како исчезнати откако обилни дождови завчера предизвикаа свлечиште на планината Маунгануи на источната страна од Северниот Остров недалеку од градот Тауранга кој е преполн со туристи. „Веројатноста ...
Спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција е во тек од рано утрово во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Икарија за пронаоѓање на четворица исчезнати мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба информираа дека акцијата е откако во конкретниот регион пристигнала група мигранти, а во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер на военото воздухопловство и ...
„Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден град, ние пратениците и јавноста во Македонија, сведочевме на однесувањето на деструктивната опозиција олицетворена во СДС и ДУИ. СДС и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот. СДС и ...
Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два комерцијални објекта во Охрид и во Битола планира годинава Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата АДИССДП. Оттаму велат дека стабилизирањето на цените на пазарот на недвижности не зависи исклучиво од еден чинител и оти процесот е условен и од пошироките економски ...
Дванаесетгодишно австралиско момче почина во болница откако беше каснато од ајкула во пристаништето во Сиднеј, соопшти неговото семејство во саботата, по серијата напади од ајкули по должината на источниот брег на Австралија. Дванаесетгодишниот Нико Антико бил нападнат од ајкула минатата недела додека нуркал со пријателите од карпа во Воклиз, околу 9 километри од централниот деловен округ на Сиднеј. Мимчето било извлечено од водата од ...
Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко, цитиран од Укринформ. Температурите во градот утрината паднаа на минус 12 степени. Во меѓувреме, стотици илјади жители во регионот Чернигов останаа без електрична енергија како резултат на истиот напад, објави регионалната енергетска компанија Черниговбленерго. Според нејзините податоци, клучната ...
Трилатералниот состанок за постигнување мировен договор за Украина продолжи денеска во Абу Даби, со учество на украинската, руската и американската делегација, јавија светските агенции, повикувајќи се на упатени извори. Денешниот состанок за Украина во Абу Даби исто така ќе се одржи зад затворени врати, како и вчерашниот, јавија агенциите, повикувајќи се на неименуван извор. Изворот рекол дека форматот на состанокот е избран во согласност со ...
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека цинично наредил напад врз Украина додека украинската, руската и американската делегација биле на мировни преговори во Абу Даби, во кои Вашингтон е посредник. „Овој варварски напад уште еднаш докажува дека местото на Путин не е во Одборот за мир, туку на обвинителната клупа на специјалниот трибунал“, напиша Сибиха на платформата ...
Авиокомпанијата „Ер Франс“ соопшти синоќа дека привремено ги откажува летовите до Дубаи во Обединетите Арапски Емирати поради геополитичката ситуација на Блискиот Исток. „Поради моменталната ситуација на Блискиот Исток, авиокомпанијата одлучи привремено да ги откаже летовите до Дубаи“, се вели во соопштението, додавајќи дека компанијата „постојано ја следи геополитичката ситуација на териториите што ги опслужуваат и летаат нејзините авиони“ ...
Свлечиште кое се случи пред мугрите предизвикано од поројните дождови на главниот индонезиски остров Јава одзема најмалку осум човечки животи, а 82 лица се водат како исчезнати, додека спасувачите низ длабоката кал трагаат по преживеани. Повеќедневните поројни дождови предизвикаа реките да се излеат од своите корита, поплавувајќи го селото Пасир Лангу во округот Западен Бандунг во покраината Западна Јава. Кал, камења и дрвја се урнаа врз ...