Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово, Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавардарци, Kрушево, Лазарополе два степена, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Претор три степени, во Штип, Виница, Демир ...

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Покрај домашниот промет, предмет на контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и ...

„Дали СДС воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле институциите за да си остварат бизнис планови? Кај Филипче инаку може да се забележи отсуство на било каква загриженост, за случајот со ,,Жан Митрев“, и како тој се обидел да ја преземе болницата преку финансиски притисоци, уцени, спогодби преку кои тој и Заев ветувале дека ќе влијаат во судски постапки“, се вели во ...

ОВЕН Денеска повеќето од вас ќе ја претпочитаат удобноста на домот и сопственото друштво пред состаноците и активните активности надвор. Дозволете си да „одморите со бавно темпо“, на овој начин ќе се опоравите и ќе соберете сила за претстојната седмица. БИК Денеска комуникацијата со вашата сакана личност ќе биде многу емотивна. Какви ќе бидат емоциите зависи од вашата врска и колку сте искрени еден со друг. Не критикувајте или обвинувајте, ...

По смртоносното пукање за време на операцијата на американските федерални агенти во Минеаполис, во која беше убиен еден демонстрант, претседателот Доналд Трамп ги нападна градоначалникот и гувернерот на сојузната држава Минесота. „Градоначалникот и гувернерот поттикнуваат бунт со нивната помпезна, опасна и арогантна реторика“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social додавајќи дека демократите на власт во оваа сојузна држава ја прикриваат ...

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува претежно облачно време, а во крајните северозападни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд. Температурата во текето на денот ќе се движи меѓу 8 и 13 Целзиусови степени. ...

Американските компании потпишале во 2025 година со поддршка на Министерството за трговија договори за јавни набавки со странски влади во вредност од 244 милијарди долари, што е речиси трипати повеќе од износот што го потпишаа во претходната 2024 година, благодарение на нарачките за авиони „Boeing“, објави во петокот Администрацијата за меѓународна трговија (ITA). Во 2024 година, последната година од мандатот на претседателот Џо Бајден, ITA ...

Фудбалерите на Лече и римскиот Лацио ремизираа во натпреварот без голови во сабота вечерта, во рамките на 22-то коло на италијанската Серија А. Тоа беше израмнет натпревар во кој гостите од Рим доминираа во поседот и вршеа поголем притисок врз противникот, но Лече во раниот период од мечот беше доста опасен во контранападите. Генерално, немаше многу реални шанси на натпреварот, а Лацио ја продолжи својата не толку успешна првенствена серија. ...

Фудбалерите на Реал Мадрид го добија дербито од 21-то коло од шпанската Ла Лига против Виљареал на гостински терен во саботата вечерта со 2:0, што ги однесе на врвот на табелата. Реал Мадрид беше подобар од самиот почеток, а таквата игра се исплатеше на самиот почеток од второто полувреме. Винисиус Жуниор се проби по левата страна, домашната одбрана не успеа да ја отстрани опасноста, а Мбапе го искористи тоа и ја турна топката во домашната ...

Генералштабот на украинската армија денеска на својата веб-страница објави дека од 2022 година повеќе од 62.000 припадници на украинските вооружени сили биле обучени во Велика Британија во рамките на програмата за обука, чие финансирање е продолжено до крајот на оваа година. Обуката вклучува тактички операции на мали единици, ракување со оружје, деминирање, тактичка медицина и урбано и рововско војување. Програмата ја надгледува британската ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети дека владата ќе започне „забрзана постапка“ за да се осигури дека парламентот брзо ќе го усвои законот за забрана на социјалните медиуми за лица под 15 години, за да може да стапи на сила следната учебна година. -Ја замолив владата да започне забрзана постапка за да може да помине низ Сенатот. Бидејќи она што сакам да го направам, обврската што ја дадов во една од моите дебати, е да ја ...

Германската полиција уапси член на терористичката организација Хамас на аеродромот во Берлин, кој е осомничен за подготовка на напади врз еврејски објекти во Германија, објави денеска Канцеларијата на државниот обвинител во Карлсруе. -Вчеравечер, Канцеларијата на државниот обвинител нареди апсење на 36-годишниот Мухамед С. по неговото враќање од Бејрут. Тој е обвинет дека е член на терористичката организација Хамас и дека подготвувал ...

Лишен од слобода возач на патот Св. Николе – Пробиштип кој физички нападнал полициски службеник и возел под дејство на алкохол. Како што информираат од МВР, вчера (23.01.2023) година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе – Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да изврши ...

Околу 12.000 летови низ САД закажани за викендот беа откажани денеска откако голема снежна бура и мраз предизвикаа хаос низ целата земја, заканувајќи се да предизвика прекини во електричната енергија. Околу 140 милиони луѓе, или повеќе од 40 проценти од населението на САД, беа под предупредувања за зимска бура од Ново Мексико до Нова Англија. Прогнозата на Националната метеоролошка служба предупреди на широко распространети обилни снежни ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека денешниот Конгрес бил успешен од аспект дека бил усвоен извештајот за локалните избори во 2025 година и дека се изгласала доверба на сите партиски тела. По петчасовна дискусија на 31. партиски Конгрес, која се одвиваше зад затворени врати, Филипче изјави дека сите пофалби и критики биле изнесени во конструктивен и во добронамерен тон. На состанокот била изгласана доверба актуелното раководство на ...

Со гол во 95. минута, фудбалерите на Борнмут го победија Ливерпул со 3:2 на домашен терен во натпреварот од 23-то коло од англиската Премиер лига во саботата. Херој на домашните беше Адли кој вешто во самиот финиш и во преполниот шеснаесетник на гостите го пронајде патот до мрежата и постигна гол за голема победа и три бода за Борнмут. Отворената игра од двете страни му донесе на домашниот тим водство од 2:0 по нешто повеќе од половина час ...

Високите американски претставници Стиф Витков и Џаред Кушнер денеска се сретнаа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повикувајќи ја неговата влада да ја започне втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа. Нетанјаху се сретна со пратеникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет и советник за Блискиот Исток, Џаред Кушнер, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер, во кое не се дадени детали ...

Федерални агенти на американската имиграциска служба- ICE денеска за време на интервенција во Минеаполис убија маж, потврдија извори блиски до истрагата. За помалку од три недели ова е втор смртоносен инцидент во кој се вклучени имиграциските агенти, што дополнително ги разгоре тензиите во Минеаполис, градот во кој со недели има протести против федералните власти. Според достапните информации, мажот бил застрелан во областа на Јужен ...

Во организација на опозициската Демократска партија вечерва пред владата во Тирана, на плоштадот „Народни херои” одржан е вториот голем национален собир, на кој присуствуваа граѓани од речиси сите делови на земјата. Целта, како што рече лидерот Сали Бериша, е соборување на премиерот Еди Рама, кого тој го нарече “главниот крадец на нацијата“ и формирање техничка влада која ќе спроведе слободни избори. -Ова е ден на храброст, на бунт, на гнев, ...

Ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија – ќе исчезнеме, порача пратеничката Славјанка Петровска по завршувањето на 31 Конгрес на СДСМ на социјалните мрежи. Таа информираше дека на Конгресот се отвориле тешки но неопходни прашања за иднината на партијата. „Не беше лесно да се зборува по два тешки изборни пораза. Не е лесно, но е обврска на секој социјалдемократ. Последниот изборен пораз е ...

Борусија Дортмунд го победи Унион со 3:0 на гостински терен во Берлин во последниот натпревар од саботната програма на 19-то коло на германската Бундеслига, искористувајќи го искористи неочекуваниот пораз на Баерн на домашен терен и ја намали разликата во однос на Баварците на осум бода. Веќе во 10. минута, Емре Џан му донесе предност на гостинскиот тим ид Дортмунд од пенал. На почетокот на второто полувреме, во 53. минута, Нико Шлотербек ја ...

Следната рунда разговори меѓу Украина и Русија, посредувани од САД, ќе се одржи следната седмица во Абу Даби, изјави американски функционер во саботата, поздравувајќи го напредокот постигнат во дводневните разговори и покрај изостанувањето конечен договор во саботата. „Видовме многу почитување во просторијата меѓу двете страни бидејќи тие навистина се обидуваа да најдат решенија. Ги имаме точните детали и следната седмица, ако даде Бог, ќе ...

Во саботата Новак Ѓоковиќ го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 6-3, 6-4, 7-6 (4) и со тоа се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, поставувајќи нов апсолутен рекорд со 400 победи на Грендс-лем турнирите, што досега не го постигнал ниту еден тенисер. Во следното коло, во кое противник ќе му биде Чехот Јакуб Меншик, Ѓоковиќ ќе има шанса да постави нов рекорд – оној за бројот победи на Австралија Опен. Со денешната победа, ...

Данска запиша уште една важна победа во битката за место во полуфиналето на ЕП 2026. Избраниците на Николај Јакобсен ја победија Шпанија со 36:31. Јакобсен со 8 гола беше доминантен во составот на Данците, додека кај Шпанија Фис постигна 9 гола. Извонреден на голот на данска беше Емил Нилсен со 14 одбрани. Данска запиша уште една важна победа во битката за место во полуфиналето на ЕП 2026. Избраниците на Николај Јакобсен ја победија Шпанија ...

Едно момче починало од струен удар на станица на метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА. Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на шините под воз кој стоел. Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото ...

Швајцарскиот претседател Гај Пармелин изјави дека може да разбере дека ослободувањето од притвор од страна на судот на ко-сопственикот на барот во Кран-Монтана, Жак Морети, во кој 40 лица загинаа во пожар за време на новогодишната прослава, е скандал, но дека Швајцарија „има различни процедури од Италија“ и дека политиката не смее да се меша во работата на судството. – Мораме да ја почитуваме поделбата на властите, а политиката не смее да се ...

Во Кочани денеска се одржа „Марш за ангелите“ на кој родителите и роднините на загинатите во првиот ред носеа транспарент со ликот на адвокатката Ивана Коцевска. Таа е бранител на првообвинетиот во процесот „Пулс“, сопственикот Дејан Јованов – Деко. Еве ја реакцијата на адвокатката Коцевска. „Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на ...

Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници за време на сообраќајна контрола во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година, околу 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево. Полициски службеници запреле патничко возило марка „БМВ“, управувано од А.А.(31) од Кичево. При контролата, возачот ...

Маж кој беше застрелан од федерални агенти во Минеаполис во саботата наутро им подлегна на повредите. На видеото се гледаат најмалку шест маскирани агенти како го соборуваат човекот на земја пред да пукаат во него повеќе пати. Не е јасно што го започнало конфликтот. „Минеаполис Стар-Трибјун“ објави дека човекот е однесен во болница. Видеото е снимено пред продавницата „Глам Дол Донатс“ каде што еден вработен потврдил дека се случила ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека едно од нештата што ќе се одлучат на парламентарните избори годинава ќе биде Унгарија да не стане „должнички роб“ поради, како што изјави, финансирањето на руско-украинската војна. На состанокот во Капошвар, Орбан рече дека Унгарците можат да кажат на парламентарните избори, што се закажани за април, да кажат „не“ на понатамошното финансирање на руско-украинската војна и на кандидатурата на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1009
weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
88%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1008
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.97
96%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1004
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1006
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
87%
1003
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1005
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191