Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
30-годишна жена од Кавадарци утрово била приведена откако, според пријавата, со остар предмет го повредила својот сопруг во семејниот дом. Инцидентот се случил рано наутро, околу 6:30 часот, кога по вербална расправија меѓу сопружниците, жената наводно му нанела повреди на 43-годишниот сопруг. Полициски службеници од ОВР Кавадарци веднаш реагирале и ја лишиле од слобода осомничената. Од СВР Велес информираат дека остриот предмет со кој бил ...
Сегашното оскудно образовани поколение на европските политичари не е способно да се спротивстави на упорноста на американскиот претседател Доналд Трамп, додека светот драматично се менува, изјави во неделата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во истиот разговор објавен во неделата, Песков посочува дека светот „драматично се променил“. „Во свет кој драматично се промени и ја продолжува својата траекторија на промени“, вели портпаролот на ...
Синоќа околу 23:50 часот на улицата Гоце Делчев во Охрид, патнички автомобил удрил во 49-годишниот Б.С., кој бил пешак. Возачот веднаш го напуштил местото на несреќата. Повредениот пешак бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде лекарите му констатирале телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Полицијата е во потрага по возачот, а се очекува да следуваат соодветни пријави откако ќе биде ...
Најмалку 20 американски држави прогласија вонредна состојба поради бури и снежни бури. Повеќе од 180 милиони луѓе се во состојба на готовност за масивна бура што се протега од Ново Мексико до Мејн и се очекува да го парализира јужниот дел на САД со мраз и снег, објавува Еј-Би-Си Њуз (ABC News). Вонредна состојба прогласија Алабама, Арканзас, Делавер, Џорџија, Индијана, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мериленд, Мисисипи, Мисури, Њу Џерси, Њујорк, ...
Британската влада денеска објави дека наскоро ќе претстави план за создавање нова полициска единица, слична на американското ФБИ, која би работела на сложени истраги, како што се борбата против тероризмот, измамите, злоупотребата на деца на интернет и разбивањето на криминални банди. Полицијата ќе ја обедини работата на постојните агенции кои се занимаваат со тероризам и криминал, како и регионалните единици за организиран криминал во Англија ...
Како што разговаравме на вонредниот Европски совет во четвртокот, Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на своите земји-членки, како во случајот со Данска и Гренланд, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалната неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина. Нагласи дека паралелно мора да се одржува рамка на разбирање и функционални канали на соработка со САД, како што ...
Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна девојка од главниот град. Според информациите од полицијата, А.А.(25) ја забележал девојката на улицата Маршал Тито и извесно време ја следел. Во погоден момент, тој насилно ја внел во патничко возило, а во акцијата му помогнале и другите тројца пријавени – Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21). Полицијата брзо ...
МВР информир за тепачка на гробишта. -На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60). По целосно документирање на ...
Десетици фудбалски навивачи белградска Црвена Звезда и сплитски Хајдук биле вклучени во тепачка што се случи синоќа во близина на меѓународниот аеродром во Тузла, при што се повредени 23 лица, вклучувајќи и еден полицаец. Според полицискиот извештај, до судирот дошло кратко по 21 часот. Локалната полиција реагирала брзо, а на местото на настанот биле испратени неколку патроли и специјални екипи. Полицијата уапсила 93 лица, кои биле ...
One Macedonia, новиот мобилен оператор што влегува на македонскиот пазар, најавува сериозен инвестициски циклус и поинаков пристап кон корисниците, со цел да донесе поголема транспарентност, конкурентност и модерни дигитални услуги. Во интервју за ТВ Алфа, Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на One Macedonia и директор за мобилна стратегија во 4iG, истакна дека во првите пет години од работењето се планирани инвестиции повисоки ...
Мнозинството Германци го гледаат американскиот претседател Доналд Трамп како закана за Германија, според анкета која за неделното издание на весникот Bild ја спровел институтот INSA, чии резултати се објавени во неделата. Додека 24 отсто од испитаниците рекле дека го сметаат Трамп за сојузник, 61 отсто го означиле американскиот претседател како закана за Германија. Во анкетата на околу 1.000 испитаници, од кои 15 отсто не дале одговор. ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (ATP-4) се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен без борба откако чешкиот тенисер Јакуб Меншик се повлече поради повреда. „Тоа е несреќна одлука. По последните два натпревара, чувствувам сè поголема болка а проблемот е во левата страна на моите стомачни мускули“, ја објасни својата одлука да се повлече 17-от играч во светот. Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето в среда против победникот од осминафиналето ...
Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи, рече Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Али и Венко додека биле на власт си другарувале во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности. „А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и ...
Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да ја присвои во време кога СДС беше на власт е еклатантен пример за расипничко и деструктивно однесување, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција. „Овој случај покажува каде Филипче ги пренасочувал парите на граѓаните и зошто, а покажува и дека вршел притисок и ветувал помош во судски случаи. Филипче со однесувањето во овој случај ...
Родителите на 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети,кој вчера беше убиен од федерален агент во американскиот град Минеаполис, денеска ја обвинија администрацијата на Трамп за „одвратни лаги“ откако уште една смрт во рациите за имиграција доведе до зголемување на тензиите во Минесота. Во изјава што одекна во американските медиуми, неговите родители рекоа дека Прети „несомнено не држел пиштол кога бил нападнат од насилниците, џелатите и ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена, реагирајќи на неговите изјави дадени на Светскиот економски форум во Давос. „Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, лични навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина, Зеленски, треба да го запомни тоа“, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на финалната проверка на новиот паметен систем за автоматска детекција на брзината на возилата, кој е дел од проектот за зголемена безбедност во сообраќајот. – Станува збор за систем кој МВР го развиваше со цел да се намалат сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во процесот на тестирање се проверува јасноста на снимките, прецизноста при читањето на ...
Од денеска стапуваат на сила мерките што ја ограничуваат слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија, а кои имаат за цел да се спречи шпионажа и ширење дезинформации. Кога патуваат низ Шенген зоната надвор од земјата домаќин, руските дипломати и конзуларни службеници, како и нивниот персонал и членови на семејството, сега ќе мора да ја известат земјата на дестинација и сите транзитни земји најмалку 24 часа пред патувањето. ...
На светските берзи се тргуваше несигурно, при што цените на акциите значително флуктуираа бидејќи инвеститорите стравуваа од царинска војна меѓу САД и Европската унија околу арктичкиот Гренланд. На најголемата светска берза, њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones падна за 0,5 отсто на 49.098 поени минатата седмица, додека S&P 500 се лизна за 0,4 отсто на 6.915 поени, а Nasdaq загуби 0,1 отсто на 23.501 поен. Индексите на европските берзи, ...
Американскиот долар остро падна во однос на кошничката валути на глобалните валутни пазари минатата седмица, бидејќи тензиите меѓу САД и Европската унија околу Гренланд предизвикаа пад на довербата во американската валута. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шест главни светски валути, падна за 1,9 отсто минатата седмица, на 97,45 поени. Доларот падна за 1,95 отсто во однос на европската валута, со што ...
Во три одвоени сообраќајни несреќи на територијата на Македонија едно лице од Скопје почина, а две се тешко повредени. -На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил ...
Светскиот машки рекет број еден, Карлос Алкараз од Шпанија, обезбеди место во четвртфиналето на првиот Гренд-слем во сезоната на Австралија Опен, како и првиот женсти рекот во светот, Арина Сабаленка од Белорусија. Шпанецот го победи Американецот Томи Пол со 7-6 (6), 6-4, 7-5 во четвртото коло. Алкараз ќе се соочи во четвртфиналето со победникот од мечот меѓу Австралијанецот Алекс де Минор и Казахстанецот Александар Бублик. Алкараз, кој сè ...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел вчера повика на воена подготвеност на неговата земја како средство за одвраќање од потенцијална американска агресија, по заканите од Вашингтон. Најдобриот начин да се избегне агресија е да се принуди империјализмот (САД) да ја пресмета цената што би ја платил за напад врз нашата земја, рече Дијаз-Канел за време на воена вежба со тенковска единица на Револуционерните вооружени сили (FAR). И тоа во ...
Американските агенти за имиграција пукале и убиле државјанин на Соединетите Американски Држави во Минеаполис во саботата, соопштија официјални лица, предизвикувајќи жестоки протести и осуда од локалните лидери – втор ваков инцидент овој месец, пренесува агенцијата Ројтерс. Министерството за внатрешна безбедност (DHS) го окарактеризира инцидентот како напад, велејќи дека агентот на граничната патрола пукал во самоодбрана откако човек со пиштол ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа подобри од домашниот тим Далас Маверикс со 116:110 синоќа, а Лука Дончиќ постигна 33 поени со 11 асистенции и осум скока против својот поранешен тим. Лејкерс заостануваа со 15 поени на седум минути и 41 секунда до крајот на четвртата четвртина, пред да поведат со 108:106 на 2:15 до крајот. Леброн Џејмс и Руи Хачимура постигнаа по 17 поени за Лејкерс. Далас го предводеше Макс Кристи со 24 поени, а Наџи ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека жали што САД официјално се повлекоа од здравствената агенција на ОН и дека се надева дека Вашингтон ќе се врати на активно учество во иднина. САД во четвртокот ја напуштија организацијата, една година по предупредувањата дека тоа ќе му наштети на јавното здравје во САД и на глобално ниво. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го критикуваше начинот на кој СЗО се справи со ...
Европската унија и Советот на Европа потпишаа договор за финансирање на тим за формирање на Специјален трибунал за кривичното дело агресија врз Украина, соопшти Европската комисија. Задача на тимот ќе биде подготовка на институционалните, логистичките и организациските основи на Специјалниот трибунал, кој ќе дејствува во рамките на Советот на Европа и ќе има мандат да ги гони високите политички и воени лидери за кривичното дело агресија врз ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, близок сојузник на Доналд Трамп, вчера ја изрази својата „запрепастеност“ и побара „почитување“ од американскиот претседател по неговите изјави со кои ја омаловажи улогата на сојузничките сили на НАТО во Авганистан. – Италијанската влада со запрепастеност дозна за изјавите на претседателот Трамп дека сојузниците во НАТО биле ‘оставени позади’ за време на операциите во Авганистан – рече Мелони во ...
Македонската легенда Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 45 свеќи на тортата.. Иако за многу фанови на Тоше Проески времето застана во 2007 година, тој сè уште живее преку неговите песни и дела. Нашиот Тоше, човекот кој умешее да ги сплоти сите. Кај него поделби немаше. Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево. Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП ...