Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле „конструктивни“, дека на нив биле дискутирани параметри за завршување на војната и дека следната недела би можеле да се одржат нови состаноци. Во објава на Телеграм, Зеленски, исто така, рече дека украинските воени претставници идентификувале список на прашања за дискусија на потенцијален иден ...

Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници за време на сообраќајна контрола во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година, околу 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево. Полициски службеници запреле патничко возило марка „БМВ“, управувано од А.А.(31) од Кичево. При контролата, возачот ...

Амриканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД ќе воведат 100-процентна царина за целиот канадски увоз доколку Канада склучи трговски договор со Кина. Трамп на социјалната мрежа Truth Social изјави дека канадскиот премиер Мек Карни, кого го нарече „гувернер“, многу греши „ако мисли дека ќе ја направи Канада транзитно пристаниште за Кина да испраќа стоки и производи во САД“. -Тогаш Кина би ја проголтала цела Канада, ...

Бранителот на титулата Франција во доминантен стил ја забележа првата победа во главната фаза на Европското ракометно првенство, откако попладнево ја совлада Португалија со 46-38 (28-15) во рамки на второто коло во групата 1. Франција веќе на стартот на дуелот во Хернинг имаше предност од 5-1, а при резултат 14-8 со нова серија од 6-1 уште во раната фаза од натпреварот дојде до недостижни +11 (20-9), постигнувајќи неверијатни 28 голови во ...

Локализиран е пожарот што избувна ноќеска околу два часот по полноќ во Нови Пазар и зафати неколку магацини на текстилна компанија и деловни простории, соопшти попладнево МВР на Србија. Како што наведува МВР на Србија во соопштение, во пожарот нема повредени, а истрагата е во тек. Во гаснењето на пожарот учествувале 59 пожарникари-спасувачи со 19 противпожарни возила од Нови Пазар, Тутин, Сјеница, Ивањица, Крагуевац, Чачак, Рашка и Краљево, ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово. Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши ...

Со стапувањето во сила на системот „Сејф сити“, камерите автоматски ќе санкционираат четири конкретни сообраќајни прекршоци, за кои се утврдени јасни и фиксни казни, согласно Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 1. Пречекорување на дозволената брзина За пречекорување на брзината, казните зависат од тоа за колку километри на час е надмината дозволената граница: – до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во ...

Кога борбата за работничките права се претвора во себепромоција, тоа не е синдикализам – тоа е злоупотреба на работничкото достоинство, вели претседателката на Синдикалната организација на поштенските работници при АД Пошта на Македонија, Соња Дојчиновска чиј став го пренесуваме интегрално. Што се работниците??? Статисти во филмот што го режира ССМ? ‘Доведувањето и промовирањето на претседател на ССМ на заеднички договорен протест од ...

Возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“, вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Тој истакна дека граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците со воведувањето на опомените, а новиот систем ќе регистрира четири клучни прекршоци кои најмногу ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање. – Преку ...

Најмалку 61 лице го загуби животот во обилните снежни врнежи и поројни дождови во Авганистан во последните три дена, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националната служба за управување со катастрофи. Според податоците, уште 110 лица се повредени, а 458 куќи се делумно или целосно уништени, а северните и централните делови на Авганистан се најтешко погодени, според мапата објавена од метеоролозите на „Икс“ . Според ...

Иранската револуционерна гарда е „поподготвена од кога било и со прстот на чкрапалото“, објави денеска нејзиниот командант, генералот Мохамед Пакпур, откако САД објавија дека упатуваат флотила бродови кон Блискиот Исток и дека војската е подготвена да одговори. Платформата Нурњуз (Nurnews), блиска до Врховниот совет за национална безбедност на Иран, објави на својот канал на Телеграм дека командантот на Револуционерната гарда ги предупреди ...

Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја отфрли идејата за организирање референдум за обединување на Романија со Република Молдавија. Зборувајќи во градот Фокшани, каде што присуствуваше на настаните посветени на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан рече дека таквата мерка не е оправдана сè додека „нема волја од Република Молдавија да го стори тоа“, пренесе агенцијата Аџерпрес. „Нема причина за тоа сè додека нема волја во ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе биде домаќин на приватна проекција на нов филм во Белата куќа во сабота, кој го документира нејзиниот живот во 20-те дена пред втората инаугурација на претседателот Доналд Трамп, изјави нејзиниот советник. „Меланија“ треба да се појави на глобално ниво на 30-ти јануари. Проекцијата во саботата ќе им овозможи на превата дама, нејзиното семејство и блиските пријатели првпат да го видат филмот во целост, ...

Во исчекување конечно да се објави во јавна расправа новиот Закон за високото образование (после кој знае колку најавувања, а потоа одложувања), единствените информации кои ги добиваме се повремените и паушални изјави на министерката Весна Јаневска, за тоа како ќе се врателе критериумите за избор во звање (па тие отсекогаш биле јасно наведени во Законот за високо образование (ЗВО), во членот 164), па потоа како ќе се зголемел бројот на ...

Новите правила за влез во шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определена област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се прошират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече вчера претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Одговарајќи на новинарско прашање, Азески истакна дека очекува ...

Дводневните разговори за постигнување мир во Украина во Абу Даби се осврнаа на нерешените прашања во мировниот план на САД, според соопштението на Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, кое го цитира руската новинска агенција РИА. „Разговорите се одржаа во конструктивна и позитивна атмосфера и вклучуваа непосреден ангажман меѓу руските и украинските претставници за отворените прашања во мировниот договор предложен ...

Со едноминутна тишина започна денешниот протестен „Марш за ангелите“ во Кочани кадешто родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ побараа рок, одлука и одговорност од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК) во врска со постапката за осомничените полициски службеници за кочанската трагедија. Протестниот марш започна од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар и Управата за јавни ...

Канцеларијата за надворешна политика на Европската унија ги доведе во прашање широките овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп врз неговиот нов Одборот (Совет) за мир, според интерен документ во кој увид имала агенцијата Reuters. Трамп ги повика светските челници да се приклучат на неговата иницијатива на Одборот за мир за решавање на конфликтите на глобално ниво, но многу западноевропски премиери не сакаа да учествуваат. Во ...

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми. Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми. Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат и ...

Едно момче починало од струен удар на станица на метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА. Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на шините под воз кој стоел. Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс ќе ги посети Азербејџан и Ерменија идниот месец, објави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Трут соушл, неколку месеци откако двете земји потпишаа мировен договор во август во Вашингтон. Трамп наведе дека Венс ќе отпатува во двете земји за да „постигне напредок во иницијативата „Патот на Трамп за меѓународен мир и просперитет“. „Ќе го зајакнеме нашето стратешко партнерство со ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе биде домаќин на приватна проекција на нов филм во Белата куќа во сабота, кој го документира нејзиниот живот во 20-те дена пред втората инаугурација на претседателот Доналд Трамп, изјави нејзиниот советник. „Меланија“ треба да се појави на глобално ниво на 30-ти јануари. Проекцијата во саботата ќе им овозможи на превата дама, нејзиното семејство и блиските пријатели првпат да го видат филмот во целост, ...

„Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на СДС, Венко Филипче и Зоран Заев. Со овој случај се покажа дека за СДС и Филипче нема ништо свето, за да остварат личен ќар и придобивка, тие се спремни да тргуваат со здравјето на граѓаните и да го злоупотребат државниот апарат за да рекетираат и уценуваат стопанственици. Освен со изнуда, притисоци, тргување ...

Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на две столици и работат за власта. Или сме заедно во оваа битка, или не сме ништо, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче во обраќањето на денешниот партиски Конгрес што се одржува во Скопје. – Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас – ...

Не го слушнавме Венко Филипче да се огради од своите и од криминалите на СДСМ во обраќањето на Конгресот што се одржува денеска во Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој. Не објасни ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази денеска огорченост поради тоа што по плаќањето кауција од затворот во Сион е пуштен Жак Морети, сопственикот на барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што избувна смртоносен пожар на новогодишната ноќ во кој загинаа 40, а 116 лица беа повредени. Морети е ослободен откако платил кауција во износ од 200.000 швајцарски франци, или околу 215.000 евра. „Го сметам ова за ...

Во Мексико е откриена спектакуларна гробница стара 1.400 години, која припаѓа на напредната домородна претколумбиска цивилизација Запотеки. „Ова е најзначајното археолошко откритие во Мексико во последната деценија“, изјави во петок претседателката Клаудија Шајнбаум. Добро зачуваната гробница со мурали, фризови и натписи од календарот е пронајдена во Сан Пабло Хуиц во јужната држава Оахака. Мексиканскиот национален институт за антропологија и ...

Ситуацијата на Гренланд и натаму е сериозна, кризата не е завршена, изјави данската премиерка Мете Фредериксен за време на нејзината посета на островот. Преговорите меѓу САД и Данска за Гренланд наскоро ќе започнат, откако американскиот претседател ги повлече воените и економските закани. Данска и НАТО ветија дека ќе ја зајакнат безбедноста на Арктикот, а властите во Гренланд велат дека САД нема да управуваат со нивните минерални ресурси. – ...

Новозеландската полиција денеска соопшти дека најверојатно нема преживеани во свлечиштето на Северниот Остров и потврди дека во текот на изминатата ноќ се пронајдени неколку безживотни тела на жртви. Шест лица, меѓу кои и двајца тинејџери, се водат како исчезнати откако обилни дождови завчера предизвикаа свлечиште на планината Маунгануи на источната страна од Северниот Остров недалеку од градот Тауранга кој е преполн со туристи. „Веројатноста ...

Спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција е во тек од рано утрово во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Икарија за пронаоѓање на четворица исчезнати мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба информираа дека акцијата е откако во конкретниот регион пристигнала група мигранти, а во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер на военото воздухопловство и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1009
weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
88%
1005
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1008
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.97
96%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1004
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1006
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
87%
1003
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1005
Currency

61.6217

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191