На територијата на Македонија денеска до 18 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет пожари сѐ уште се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Според информациите од ЦУК, активни пожари има во општините Илинден, Босилово, Чашка, Кавадарци и Штип. Во селото Мршевци во општина Илинден гори сува трева, во Секирник кај Босилово е зафатена ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 44-годишен жител на Скопје, осомничен за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, откако ги запалил двете дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во главниот град. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 15 јуни на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кога осомничениот со своите постапки предизвикал опасност за безбедноста на ...

Во повеќе населби на територијата на Општина Карпош во тек е обновување на чешмичките за пиење вода. Од општината информираат дека во изминативе денови старите и нефункционални чешмички се заменети со нови на неколку локации. Нови чешми за пиење вода се поставени во населбите Бардовци, Карпош 3 и Влае, како и на плоштадот „Делфина“. Од Општина Карпош посочуваат дека станува збор за замена на постојни објекти кои биле оштетени, нефункционални ...

Македонскиот репрезентативец Дарко Додев кариерата ќе ја продолжи во Казахстан, откако постигна договор со екипата на Алтаи. Напаѓачот ќе стави потпис на договор со важност од една и пол година, а казахстанскиот клуб успеа да ја добие трката со неколку заинтересирани тимови кои покажуваа интерес за неговите услуги. Додев зад себе има одлична сезона во дресот на Силекс, каде што се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Првата македонска ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, за време на дебатата посветена на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, оцени дека земјава покажала значителен напредок и спровела важни реформи кои заслужуваат соодветно признание од Европската Унија. Според Вајц, реформските процеси во Македонија се видливи, а позитивните резултати треба да бидат наградени преку конкретни чекори кон подлабока интеграција со ...

Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски се води како исчезната од 11 јуни, откако утрото околу 8 часот ѝ се губи секаква трага во германскиот град Корнвестхајм, во близина на Штутгарт. Според информациите објавени од нејзиното семејство, Флоринда последен пат била видена кога заминувала на работа во локална градинка во Корнвестхајм. Од тој момент нема никакви информации за нејзиното движење или местоположба. Семејството соопштува дека ...

Македонскиот шампион Вардар ќе се соочи со финскиот првак Купс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако така одлучи денешната ждрепка одржана во Нион. „Црвено-црните“ не може да се пофалат со премногу поволна ждрепка, бидејќи меѓу можните противници имаше и селекции кои на хартија важеа за полесни ривали. Сепак, вардарци ќе мора да го минат финскиот шампион доколку сакаат да го продолжат европскиот сон. Првиот натпревар ...

Градот Скопје ова лето ќе организира наставно-научен едукативен камп за учениците од средните училишта, кој ќе се одржи во Охрид од 19 до 31 август. Целта на кампот е да им овозможи на младите да стекнат нови знаења, да развиваат креативно размислување и да создадат нови пријателства преку различни образовни и спортски активности. Информацијата ја сподели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека вложувањето во младите ...

Годинашното полагање на државната матура помина со значително помал број нерегуларности и подобра организација во споредба со претходните години, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања, таа истакна дека најголемиот дел од матурантите пристапиле одговорно кон испитите, додека организацијата била спроведена на високо ниво. „Можеме да кажеме дека оваа година државната матура помина во ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска промовираа нова странска инвестиција вредна околу 20 милиони евра, која според најавите ќе отвори меѓу 400 и 500 нови работни места. Станува збор за инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“, мултинационална компанија со повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија, специјализирана за производство на безбедносни системи, контролни кабли и механизми ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се придружи на светските лидери на самитот на Г7 во Франција, каде што најави дека ќе се фокусира на обид за прекин на конфликтите во Украина и Либан, по постигнувањето на прелиминарен договор за запирање на војната во Иран. Трамп истакна дека по договорот со Иран, негов приоритет ќе биде постигнување мировно решение меѓу Украина и Русија, како и стабилизирање на состојбата во Либан. „Вчера имавме многу ...

Палестинското движење Хамас синоќа го поздрави договорот постигнат меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија на Блискиот Исток, изразувајќи надеж дека тој ќе придонесе за намалување и евентуално запирање на насилството во Појасот Газа. Во соопштението, Хамас му упати честитки на својот ирански сојузник за, како што наведуваат, „цврстината“ во соочувањето со „притисоците и предизвиците“. Движењето истовремено оцени дека договорот може да ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека постигнатиот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран „целосно ќе го отвори патот за воспоставување траен мир и стабилност во нашиот регион“. Тој истакна дека е направен „голем чекор“ во конфликтот што, како што рече, започнал на 28 февруари по израелските провокации, оценувајќи дека со тоа напнатиот регион конечно добива можност да „воздивне со олеснување“. Изјавата Ердоган ...

Фудбалските репрезентации на Иран и Нов Зеланд одиграа возбудлив натпревар во првото коло од групата Г на Светското првенство, ремизирајќи 2-2 во Лос Анџелес. Иако пред почетокот малкумина очекуваа спектакл, двете селекции приредија интересен дуел со четири погодоци и бројни возбудувања. Иранците покажаа голем карактер, враќајќи се од негатива во два наврати и заслужено стигнаа до бод. Нов Зеланд дојде до водство уште во седмата минута преку ...

Репрезентацијата на Шпанија го започна настапот на Светското првенство со неочекуван резултат, откако одигра 0-0 против дебитантот Зеленортските Острови. Најзаслужен за историскиот бод на африканската селекција беше искусниот голман Возиња, кој со извонреден настап ги фрустрираше шпанските напаѓачи. Зад прекарот Возиња се крие Хосимар Жозе Евора Дијас, голман кој непосредно пред почетокот на турнирот го прослави својот 40-ти роденден. ...

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од неколку скопски општини. Во општина Кисела Вода, без струја ќе бидат корисниците на улицата „Банско“ во периодот од 08:00 до 13:00 часот. Во општина Илинден, прекин е најавен од 09:00 до 11:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата „10“ во населбата Кадино. Во општина Центар, исто така во периодот од 09:00 до 11:00 ...

Поради најавени технички зафати, од 09:30 часот без водоснабдување ќе останат жителите на улицата „29 Ноември“ број 59 во општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека ќе се изврши замена на водоводен приклучок со дијаметар ф-80 мм, поради што водата ќе биде исклучена до завршување на работните активности. Надлежните посочуваат дека снабдувањето со вода ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата на ...

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови на повеќе места се очекува развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу ...

Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“, играјќи нерешено 1:1 на стадионот во Сиетл. Иако Белгија важеше за фаворит пред натпреварот, Египет прв дојде до водство и долго време имаше контрола врз резултатот. Во 19-тата минута, Емам Ашур постигна погодок по одлична акција во која учествуваше Мохамед Салах, носејќи му предност на африканскиот тим. Белгија се обидуваше да се врати во игра, ...

Во Тетово е пријавен тежок случај на насилство врз тримесечно бебе, откако очевидци забележале жена како физички го малтретира детето на јавна површина и веднаш ја известиле полицијата. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен околу 16 часот, а настанот се случил половина час претходно. Граѓани кои го забележале инцидентот реагирале, го заштитиле детето и побарале интервенција од надлежните служби. По брзата реакција на ...

Полицијата го идентификуваше и приведе осомничениот за пожарот што денеска ги зафати возилата паркирани пред Амбасадата на Бугарија во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека веднаш по пријавата за пожарот, добиена во 12:13 часот, полициски екипи започнале интензивна истрага за откривање на сторителот ...

Зеленортските острови, како дебитант на Светското првенство, го направија досега најголемото изненадување на турнирот откако одиграа без голови против фаворизираната Шпанија. Африканската селекција прикажа дисциплинирана и цврста одбрана, успевајќи да го сочува својот гол и покрај постојаниот притисок од шпанските офанзивци. Шпанија имаше неколку сериозни шанси преку Педри, Аризабал, како и преку Ламин Јамал и Нико Вилијамс, но не успеа да ...

Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици, односно првенците на генерацијата 2025/2026 година од десетте општински основни училишта. Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и труд, Општина Карпош им додели парична награда од 10.000 денари, со цел поттик за понатамошен образовен развој. Како дополнително признание, учениците добија и седумдневно летување во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, по инцидентот во кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Бугарска амбасада во Скопје. Муцунски остро го осуди настанот и ја информираше својата бугарска колешка дека надлежните институции во државата веќе преземаат мерки за целосно расчистување на ...

Владата на Велика Британија најави воведување забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години, како дел од нов пакет мерки за заштита на малолетниците во дигиталниот простор. Премиерот Кир Стармер изјави дека социјалните мрежи можат да имаат сериозно негативно влијание врз менталното здравје на децата, додавајќи дека содржините што се пласираат на овие платформи често носат ризик од зависност. Според најавите, одредени ...

Полицијата во Струга соопшти дека кај „Машка плажа“ во водите на Охридско Езеро било забележано безживотно машко тело. Телото веднаш било извлечено и пренесено во Општата болница во Струга, каде лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. Според информациите од СВР Охрид, станува збор за 20-годишно лице со иницијали С.С. од струшкото село Октиси. Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои ...

Реал Мадрид официјално го потврди ангажманот на шпанскиот лев бек Марк Кукуреља, кој кариерата ќе ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“ по трансферот од Челси. Со договорот, 27-годишниот дефанзивец се обврза на шестгодишна соработка и ќе остане во мадридскиот клуб најмалку до 30 јуни 2032 година. Од Реал Мадрид оценуваат дека со овој потег долгорочно е решено прашањето на левата бековска позиција, а Кукуреља ќе биде дел од проектот на ...

Градот Скопје денеска официјално го означи почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во општина Гази Баба, еден од најзначајните и најфреквентни сообраќајни објекти во главниот град. На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалникот на Скопје и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кои истакнаа дека станува збор за долгогодишно барање на граѓаните и проект од големо значење за безбедноста и непреченото одвивање на ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека опозициите во Украина и Молдавија не работат против интересите на сопствените држави и не ја кочат работата на своите влади, коментирајќи го денешниот почеток на пристапните преговори на двете земји со Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на индустриската зона Жабени во Битола, Мицкоски направи споредба со состојбите во Македонија, чиј евроинтегративен процес и понатаму е ...

Министерството за надворешни работи на Бугарија остро го осуди палењето на две возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го инцидентот како „демонстративен чин на агресија“ што ги загрозува безбедноста, здравјето и животот на вработените во дипломатското претставништво. Од бугарското МНР соопштија дека дипломатските возила биле запалени околу пладне од засега непознат сторител. Според нив, материјалната штета можела ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.19
40%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
49%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.15
55%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.14
50%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.97
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.69
79%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
55%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.58
74%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.7
41%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 18ᴼ
0.89
60%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.34
56%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.52
93%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Калај

54.92

Алуминиум

3.19

Бакар

13.08

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Злато

129943.67

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Сребро

1853.71

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34